
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Чоколадата на компанијата „Монделез интернешнл“, Cadbury, ќе се пакуваат во амбалажа направена од 80% од сертифициран рециклиран материјал. Новата амбалажа, која содржи 80% сертифициран рециклиран материјал, е добиена со користење на напредна технологија за рециклажа. Овој пристап овозможува користената пластична амбалажа повторно да се преработи во флексибилна пластична амбалажа погодна за контакт со храна. Иницијативата се заснова на ...
По повеќе од три недели реконструкција, повторно е отворен маркетот „Гомекс“ во Бачки Петровац, на адреса Народна револуција бр. 14. Со цел да се унапреди искуството при купување, објектот е опремен со нов ентериер, пофункционален распоред и модерна опрема. Сега купувачите, на старата адреса, можат да уживаат во новиот амбиент и поволностите кои ги нуди современо опремен простор, соопштија од компанијата. Маркетот продолжува со работа според ...
Кафето во Германија поскапува. Потрошувачките цени на кафето во зрно во април се зголемиле за повеќе од 12 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Скокот е значително поголем отколку кај храната во целина, која поскапела за 2,8 отсто, како и од општата инфлација која изнесувала 2,1 отсто, соопшти Сојузниот завод за статистика. На среден рок, потрошувачките цени на кафето во зрно во април биле дури за речиси една третина повисоки ...
Во рамките на општествено одговорниот проект „Да донираме за училиштата и храната која се сака“, „Подравка“ – БиХ, реализираше финансиска донација во вредност од 30.000 конвертибилни марки (15 339 евра). Донацијата е наменета за обнова на кабинетите за практична настава во шест средни угостителски училишта низ Босна и Херцеговина: ЈУ Средно училиште Јабланица, ЈУ Антун Бранко Шимиќ – Груде, ЈУ Туристичко – угостителско училиште Тузла, ЈУ ...
Во рамките на општествено одговорниот проект „Да донираме за училиштата и храната која се сака“, „Подравка“ – БиХ, реализираше финансиска донација во вредност од 30.000 конвертибилни марки (15 339 евра). Донацијата е наменета за обнова на кабинетите за практична настава во шест средни угостителски училишта низ Босна и Херцеговина: ЈУ Средно училиште Јабланица, ЈУ Антун Бранко Шимиќ – Груде, ЈУ Туристичко – угостителско училиште Тузла, ЈУ ...
Вкупната надворешнотрговска размена на Србија за периодот јануари-април 2025 година изнесува 24,8 милијарди евра, што претставува раст од 10,6% во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Републичкиот завод за статистика. Извезенa е стока во вредност од 10,9 милијарди евра, што е за 8,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Увозот на стоки изнесувал 14,1 милијарда евра, што претставува зголемување од 12,5% ...
Компанијата „Кока Кола Хбц“ го именува Душан Митрев за нов генерален директор за Украина, Ерменија и Молдавија. Митрев носи богато искуство во областа на комерцијалната стратегија и лидерството и сме уверени дека нашиот тим под негово водство ќе достигне нови висини, објави компанијата на „Линкедин“. Митрев има повеќе од 15 години искуство во FMCG индустријата, од кои повеќе од 11 години ги поминал во компанијата „Пивара Скопје“, извршувајќи ...
На позицијата генерален директор, Вујошевиќ доаѓа од функцијата директор за продажба за пазарите на Србија, Босна и Херцеговина и јужниот Адриа регион, каде што постигнал силни резултати и придонел за развојот на работењето во овој дел од регионот. Вујошевиќ има повеќе од 15 години искуство во компанијата „Монделез интернешнл“, а својот раст во организацијата го остварил преку неколку клучни улоги во различни сектори како финансии, развој на ...
Во последните неколку години, поимите дигитализација, дигитизација и дигитална трансформација стануваат сѝ почесто дел од речникот на менаџерите во FMCG индустријата. Сепак, постои суштинска разлика помеѓу овие термини и разбирањето на нивната поврзаност е клучно за секоја компанија која сака да остане конкурентна на пазарот. Автор: Јован Димитров, сертифициран експерт за дигитална трансформација (CDTE) Дигитизација – Првиот чекор ...
Цените во мај во Германија останаа стабилни, па според прелиминарните податоци инфлацијата се задржа на ниво од 2,1%, соопшти Федералниот завод за статистика „Дестатис“. Храната повторно поскапе над просекот, додека потрошувачите повторно плаќале помалку за енергенси, наведува „Дестатис“. Енергенсите во мај беа поевтини за 4,6% во споредба со истиот месец минатата година, по априлското поевтинување од 5,6%. Се очекува понатамошно намалување на ...
Прометот во малопродажба во Република Србија во април 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8% по тековни цени и за 0,4% по постојани цени, соопшти Републичкиот завод за статистика. На месечно ниво, е забележан раст на прометот од 6,3% по тековни цени и 6,2% по постојани цени. Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун на годишно ниво е зголемен за 6,1% по тековни и за 0,7% по постојани цени, ...
Трговскиот синџир „Алди“ склучи договор со компанијата „CTП“ за изнајмување на складиште со површина од 43.000 квадратни метри во рамките на „CTПарк Варшава Емилианов“, во близина на Варшава. Новиот дистрибутивен центар, како што објаснуваат од компанијата, ќе ја оптимизира логистиката на дисконтерот во Полска и ќе ја поддржи растечката мрежа на продавници. Специјалната зона за ладење ќе овозможи околу 25% од испораките да се вршат во услови со ...
Прометот во малопродажбата во Хрватска во април забележа раст од 1% на месечно ниво, продолжувајќи го трендот на раст веќе 25-ти месец по ред, соопшти Државниот завод за статистика.nПрометот од малопродажба на прехранбени производи во овој период се зголемил за 5,4%, додека прометот од малопродажба на непрехранбени производи (освен трговијата со моторни горива и мазива) пораснал за 1,5%. Во април 2025 година, во споредба со истиот месец минатата ...
Во малопродажниот пејзаж каде што форматите со голема површина постепено губат на значење низ Европа, „Костко“ се шири со модел што му пркоси на тој тренд. Американскиот големопродажен гигант ќе го отвори својот втор магацин во Шведска, во близина на Малме, во јули 2025 година. Посетата на првата и единствена „Костко“ локација во Северна Европа, која се наоѓа кај Стокхолм, открива стратегија за раст: едноставен бизнис модел, ограничен асортиман ...
Расположението на американските потрошувачи порасна во мај по пет последователни месеци на пад, се наведува во извештајот на деловната организација Конференцискиот одбор. Вредноста на индексот што го мери потрошувачкиот сентимент во мај се зголемила од априлските 85,7 поени на 98 поени, се додава во извештајот. Дополнително, краткорочните очекувања на Американците во врска со нивните приходи, деловни изгледи и пазарот на труд исто така се во ...
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Босна и Херцеговина, измерени со индексот на потрошувачки цени, во април 2025 година во споредба со претходниот месец, во просек се зголемени за 0,3%, соопшти Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина. Поголеми цени во април во однос на претходниот месец се евидентирани во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци (1,2%), Алкохолни пијалаци и тутун (0,3%), Облека и обувки ...
Никола Маљановски е оперативен директор во компанијата „Колид С“. Најголемиот дел од неговите работни обврски се поврзани со логистиката, организацијта на работата во синџирит на набавка, складирањето и доставувањето на производите на „Колид С“. Во разговорот за InStore, Маљановски нѐ запознава со неговата кариера, предизвиците со кои се соочува и најновите решенија кои компанијата ги имлементира во работењето. Разговарал: Петар Чаушевски, ...
Инфлацијата на цените на прехранбените производи во Обединетото Кралство достигна највисоко ниво во последните 15 месеци, откако порасна на 4,1% во текот на изминатите четири недели (до 18 мај), што е највисоко ниво од февруари минатата година, соопшти компанијата „Кантар“. Овој процент се споредува со инфлацијата од 3,8% во минатомесечниот извештај и го одразува зголемувањето на трошоците поради повисоки даноци на плати во супермаркетите, како ...
По повод месецот на подигнување на свеста за целијакија, во Студентскиот центар во Загреб се одржа панел-дискусија под наслов „Студентска безглутенска исхрана“, во организација на здружението „Целивита“– Живот со целијакија. Партнер на настанот беше „Лидл“ Хрватска, а во организацијата учествуваа и Студентскиот парламент на Универзитетот во Загреб и здружението на студенти од Прехранбено-биотехнолошкиот факултет - Пробитион.Целта на панелот беше ...
Компаниите од групацијата „Шварц“ остварија вкупен приход од 175,4 милијарди евра во фискалната 2024 година, што претставува пораст од 4,9% во однос на претходната година. Во рамките на групацијата беа отворени речиси 20.000 нови работни места, со што вкупниот број вработени во 2024 година се зголеми на 595.000 ширум светот. Синџирите „Лидл“ и „Кауфланд“ во овој период ја проширија својата мрежа за околу 300 нови продавници, достигнувајќи ...
Онлајн купувањето во Австрија станува сè подоминантен облик на потрошувачка дури 97% од граѓаните редовно нарачуваат производи преку интернет, покажува Извештајот за Е-трговија 2024. Според извештајот, минатата година во оваа земја се потрошени околу 30 милијарди евра на онлајн трговија. Најбарани производи биле облека, обувки и козметика, а сè повеќе се купуваат и прехранбени производи и лекови. Најголем дел од парите дури 10,7 милијарди евра ...
Компанијата „Фереро“ планира да инвестира речиси 100 милиони евра во проширување на производствените капацитети на северот на Франција, известува порталот „Ле фигаро“. Имено, групацијата ќе вложи 95 милиони евра во фабриката во Вилер-Екал, која е воедно и најголемата фабрика за Nutella во светот и покрива околу една четвртина од глобалното производство.Инвестицијата вклучува замена на одредени компоненти од производната линија, како и завршување ...
Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против. Според биографијата доставена во предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, проф. д-р Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Студирал на истиот универзитет, а бил ...
„Шпар“ - Словенија претстави нова функција во рамки на својата мобилна апликација „Spar plus“ – дигитални фискални сметки. Како што објаснуваат од компанијата, со активирање на опцијата за примање дигитални сметки, купувачите избираат повеќе да не добиваат хартиени сметки во продавниците на „Шпар“, туку сметките ќе им бидат прикажани исклучиво во апликацијата. Дигиталните сметки потоа можат да се споделуваат како PDF документи преку СМС, е-пошта ...
На 27 мај 2025 година, во просториите на компанијата „Везе Шари“ во Тетово, се одржа значаен настан посветен на циркуларната економија, управувањето со отпад и развојот на зелените вештини, организиран од М6 Едукативниот центар во соработка со швајцарскиот проект „Образование за вработување“. На настанот присуствуваа претставници од Швајцарската амбасада, Хелветас, М6 Едукативниот центар и претставници од компаниите членки во Одборот на ...
Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности. Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат приватниот сектор на Северна Македонија преку идентификување на мерки за клучните приоритети и области на имплементирање на политиките, кои треба да ја зајакнат конкурентноста. Овие напори се поддржани преку Програмата Приоритети за политиката на конкурентност за Западен Балкан финансирана од ЕУ преку Инвестициската програма за Западен Балкан (Western Balkans ...
Прехранбениот гигант „Крафт Хајнц“ ги најави плановите за инвестиција од три милијарди долари за модернизација на 30 производствени погони низ САД, пренесува „Ројтерс“. Според агенцијата, ова е најголемата инвестиција на компанијата во производствени капацитети во последните десет години. Денес го споделивме нашиот план за значајна инвестиција во нашиот синџир на снабдување во САД. Оваа инвестиција поставува нов стандард за оперативна ...
Прехранбениот гигант „Нестле“ ги објави плановите за укинување на Nutri-Score ознаките од своите производи во Швајцарија. Како што објаснуваат од компанијата, во 2019 година тие беа пионери во усвојувањето на Nutri-Score системот и неговата примена на целиот свој асортиман во Швајцарија. Сепак, од тогаш, поддршката за оваа нутритивна ознака во земјата значително опаднала, а денес брендови на „Нестле“ често се единствените кои ја носат ...
Компанијата „Гомекс“ отвори нова продавница во Вршац, на адреса Стефан Немања бр. 46, со што дополнително ја прошири својата малопродажна мрежа во јужен Банат. Станува збор за модерно опремен објект кој се простира на 180 квадратни метри, а кој, со прегледно поставени производи и функционално уреден простор, целосно е насочен кон ефикасно и пријатно купувачко искуство, се наведува во соопштението на компанијата. Во новиот маркет купувачите ги ...