Иако генерација алфа сè уште е млада, сега е клучниот момент за брендовите да започнат со подготовка и ангажирање со оваа нова група. Родени помеѓу 2010 и 2025 година, генерацијата алфа е на пат целосно да ја промени потрошувачката култура и да стане моќна сила на пазарот. До 2029 година, кога ќе станат полнолетни и ќе влезат на пазарот на трудот, се проценува дека нивната куповна моќ ќе достигне неверојатни 5,5 билиони долари. Нивните уникатни ...

Увозот на работна сила може да претставува значајна можност за компаниите кои се соочуваат со недостиг на персонал. Сепак, важно е да се пристапи на овој процес критички и со разбирање. Со поставување правилни прашања за мотивацијата, разбирање на културните разлики и станување свесни за моќта во односот работодавец-вработен, компаниите можат да донесат информирани и свесни одлуки, а со тоа и да изградат добар тим. Автор: Данијела Ѓуриќ, HR ...

Малопродажбата во САД се зголеми за 0,7 отсто месечно на 724,6 милијарди долари во ноември и ги надмина очекувањата за раст од 0,6 отсто. Бројката се зголеми нагоре од ревидираните 0,5 отсто во октомври, пренесува „Анадолу агенси“. Најголем месечен раст е забележан кај продажбата на моторни возила и делови 2,6 отсто и кај онлајн продажбата 1,8 отсто. За разлика од нив, продажбата најмногу има пад кај специфични продавници (продавници за домашни ...

Осигурителниот пазар во Република Северна Македонија, и покрај економските турбуленции, од година на година бележи пораст. Во првите десет месеци од годинава, според податоците од Агенцијата за супервизија во осигурувањето (АСО), македонскиот осигурителен пазар бележи раст, како од аспект на вложувања во осигурување така и од аспект на исплатените штети. Пишува: Петар Чаушевски, petar@instore.mk Параметрите на пазарот покажуваат дека Агенцијата ...

Во октомври, во споредба со септември, германскиот извоз е намален за 2,8 отсто, на 124,6 милијарди евра, објави Федералното биро за статистика. Намалувањето е за 2,8 отсто во однос на истиот месец минатата година. Истовремено, испораките во САД, кои се главниот извозен пазар на Германија, паднаа за 14 отсто, односно за 1,2 милијарди евра. Извозот во Кина е помал за 3,8 отсто, а во надворешно-трговските односи со земјите од Европската унија ...

Компанијата „Лидл“ продолжува да ги проширува спортските партнерства преку своето ново спонзорство на фудбалското првенство за жени УЕФА ЕУРО 2025. Преку партнерството, „Лидл“ сака уште повеќе да ги зближи спортот и навивачите и да ја подигне свеста за активен животен стил и свежа и одржлива исхрана, објави компанијата. Спортот е важен дел од нашата долгорочна посветеност на здравјето и исхраната. Задоволство ни е да ги поддржиме овие цели ...

„Краш“ потпиша нов колективен договор со претставниците на Синдикатот на вработените во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанството на Хрватска, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. Новиот договор гарантира подобрување на материјалните права на сите вработени и најавува модернизација на пресметката на платите, што подразбира целосна транзиција кон бруто-договори, евалуација на сложеноста на сите работни ...

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Црна Гора, мерени преку индексот на потрошувачките цени, се повисоки за 0,2% во ноември во однос на октомври, објави „Монстат.“ Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше порастот на цените во следните групи: Облека и обувки (1,0%); Мебел, опрема за домаќинство и рутинско одржување на станови (0,9%), Останати стоки и услуги (0,3%), Превоз (0,2%), Храна и безалкохолни ...

„Албертсонс“ и „Крогер“ ја прекинаа постапката за спојување вредна 25 милијарди долари, откако Окружниот суд во Орегон и Врховниот суд во Вашингтон го блокираа договорот. Во октомври 2022 година, компаниите ја објавија веста за спојувањето, што вклучуваше продажба на избрани продавници, банери, дистрибутивни центри, канцеларии и брендови на приватни трговки марки на на „К&С Холсејлс гроусерс“ со цел да добијат регулаторно одобрение, за кое ...

Министерот за економија, Бесар Дурмиши денеска соопшти дека од вчера започна акцијата „Новогодишна кошничка“ која беше најавена од почетокот на есента. Со задоволство можам да кажам дека бројот на производи во „Новогодишната кошничка“ постојано се зголемува и до денес достигна +1000 производи. Во акцијата досега се приклучија над 90 производители и дистрибутери на производи, кои од вчера се достапни за граѓаните во 38 мрежи маркети. Нашите ...

Компанијата „Алберт Хеин“ освои награди за приватна трговска марка на годината како дел од церемонијата на доделување на наградите за „Избрани производи на годината“ во Холандија. Компанијата свои награди за 14 производи, меѓу кои и влажни марамчиња, органски пене тестенини, кола сок, хумус и протеински јогурт од јагоди. Покрај тоа, блендерот и ерфраерот од асортиманот на трговецот на мало „Блу хом“ исто така ја освоија наградата за „Избрани ...

Компанијата „Алберт Хеин“ освои награди за приватна трговска марка на годината како дел од церемонијата на доделување на наградите за „Избрани производи на годината“ во Холандија. Компанијата свои награди за 14 производи, меѓу кои и влажни марамчиња, органски пене тестенини, кола сок, хумус и протеински јогурт од јагоди. Покрај тоа, блендерот и ерфраерот од асортиманот на трговецот на мало „Блу хом“ исто така ја освоија наградата за „Избрани ...

На 9 декември dm и театарот „Керемпух“ предадоа донацијата од 13.193 евра на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ кои ќе се искористат за истражување на ракот на простата. Оваа донација е остварена како дел од деветтото издание на кампањата Мовембер, чија цел е да се подигне свеста за болестите кои ги погодуваат мажите, како и да се поттикнат редовни превентивни (само) прегледи. Докторот, специјалист, Давид М. Смит, од Институтот „Руѓер Бошковиќ“ изрази ...

„Лидл“ – Словенија шести пат ќе ги прославува празнциите без галама, што значи дека и годинава во нивната понуда нема да има пиротехнички средства. Во 2019 година, како дел од одржливата иницијатива „Создаваме подобар свет“, „Лидл“ - Словенија беше првиот трговец на мало во Словенија што ги отстрани од своите полици петардите, ракетите и други пиротехнички производи, поради кои секоја година страадат многу животни, а многу млади луѓето ...

Институтот за светска економија (ИФВ) соопшти дека и во следната година веројатно е германскиот економски раст да стагнира. Се предвидува бдп годинава да се намали за 0,2 отсто и во 2025 година да биде во мирување. Германската економија се бори со намалување на конкурентноста преку бавните вкупen економски учинок, што едвај овозможува било какви импулси за закрепнување, изјави Стефан Кутс, истражувач од ИФВ. Од институтот велат дека растечката ...

Синдикалната потрошувачка кошничка пресметана од Сојузот на независни синдикати на Босна и Херцеговина за месец ноември 2024 година изнесува 3.107 конвертибилни марки (1.587 евра) Според последните податоци објави од Федералното биро за статистика просечната плата исплатена во БиХ за месец септември 2024 година изнесува 1.369 KM (6.999 евра). Минималната плата според пдлуката на Владата на БиХ е 619 конвертибилни марки (316 евра). Покриеноста ...

Во пресрет на празниците и оваа година „Томи“ одлучи да не продава пиротехнички средства. Продажбата и користењето на овие средства во Хрватска се дозволени во одредени периоди согласно со одредбите на законот. Меѓутоа, компанијата „Томи“ како и во претходните две години, односно од 2022 година, во своите продавници не продава пиротехнички средства. На овој начин сакаме да покажеме општествена одговорност и да дадеме сопствен придонес во ...

Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи. „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи. Од 15 декември до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти. Сакам да ...

Како дел од групацијата „Едека“, една од водечките компании на германскиот пазар „Нето маркен дискаунт“ нуди искуство за купување под мотото „Вредност за избор“, без компромиси по однос на прашањето за избор на брендови. Благодарејќи на регионалната структурираната организација на набавки во „Едека“, „Нето“ нуди широк асортиман на производи од локално потекло, посебно во категориите на свежа храна. Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл ...

Годишно во Србија се фрлаат или се губат 770.000 тони храна, додека 90 отсто од тој отпад и натаму завршува на депониите емитувајќи гасови со кои се создава ефект на стаклена градина, а паралелно со тоа се загадуваат и водните ресурси. За да ги инспирира своите потрошувачите да се ги преиспитаат своите навики во готвењето, нагласувајќи ја важноста од користењето на вишокот на храна во секојдневниот живот, „Нестле“ и нивниот бренд С, кој е ...

Трговскиот синџир „Теди“ продолжува со ширењето на својата продажна мрежа низ Хрватска со отворање на нова продавница на адреса Свилајска улица 35б во Осиек, во трговскиот центар „Ретфал“. Ова е 90. продавница на овој трговски синџир, таа има продожен простор од над 840 квадратни метри. Во неа на купувачите ќе им биде достапен широк асортиман од над 17.000 непрехранбени производи, вклучувајќи артикли за забава, подарок пакети, производи за ...

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци ( тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои ...

„Универекспорт“ го отвори својот прв маркет во Смедеревска Паланка на адреса Вељко Влаховиќ, 11. Новиот маркет нуди разновиден асортиман на производи, меѓу кои се истакнуваат производите од сопственото производство на „Универекспорт“, како што е свежото месо и деликатеси Bačka, бреднот Organa, како и производите од домаќинството „Вучуревиќ“. Покрај богатата понуда, на полиците на маркетот се истакнуваат и производите од трговските марки Baš Baš, ...

„Ахолд Делез“ соопшти дека добил одобрување од романските регулатерни тела за аквизација на трговскиот синџир „Профи ром фуд СРЛ“ од компанијата „МидЕуропа“. Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на тимот на „Профи“ во нашето семејство на одлични локални брендови. Романија е атрактивен пазар кој бележи континуиран раст на потрошувачката моќ, поддржан од силни економски основи. Нашите тимови се подготвени за следните чекори, со цел да ...

Компанијата „Метро кеш & кери“ – Хрватска, отвори нов големопродажен центар во Пула, кој се наоѓа на улицата Индустриска 23. Новиот центар во Пула се наоѓа на многу поголема парцела, што овозможи проширување на капацитетите и модернизација, се вели во соопштението на компанијата. Според компанијата, продажната површина на центарот е за 60% поголема што овозможува уште поширок асортиман на производи, зголемување на капацитетот за испорака и ...

Заклучокот од ноемврискиот извештај што вчера го објави Институтот за економски истражувања „ИФО“ од Минхен е дека сѐ повеќе германски компании во трговијата на мало сакаат да ги зголемат цените во блиска иднина, особено на храната и пијалоците. Според извештајот, индексот што ги мери очекувањата за раст на цените во германската малопродажба се зголеми од октомвриските 21,9 на 26,4 поени, а во секторот храна и пијалаци од 39,7 на 50,8 поени. ...

Инфлацијата во САД во ноември бележи пораст за 2,7 отсто, додека Федералните резервен систем го разгледува темпото на намалување на каматните стапки. Овој процент е согласно со очекувањата на економистите кои ги анкетираше „Блумберг“ но е повисок од октомвриската стапка која изнесуваше 2,6 отсто. Податоците од Бирото за статистика во средата на нагласија загриженоста поради инфлацијата откако имаше зголемување во октомври,пренесува „Фајнешл ...

„Асда“ започна со пробен период воведување на електронски цени во својата „Асда експрес“ продавница во Манчестер. Компанијата во соработка со „Вижн груп“ инсталираше 3.000 електронски цени, со што на вработените им беше полесно да ги менуваат цените на лице место, што сега можат да го направат за помалку од 15 секунди, се вели во соопштението на компанијата. Пробниот период ќе трае 12 недели и ќе вклучува тестирање на електронските цени во ...

„Сарајевска пивара“ пријави вкупен приход од 21,3 конвертибилни марки (10.731.339) во првите девет месеци, што е за околу 1.533.048 евра повеќе во однос на истиот период од минатата година. Расходите имале значително помала стапка, од 18,1 милион конвертибилни марки (9.249.392 евра) на 18,9 конвертибилни марки (9.658.205 евра). Пиварницата остварила добивка од околу 2,15 милиони конвертибилни марки (1.098.684 евра). Во последните неколку години ...

Компанијата „Кауфланд“ отвори нова продавница во Сплит на адреса Полјачка цеста, која воедно е 11 продавница во Далмација и 50 продавница на компанијата во Хрватска. Продавницата се протега на површина од 2.800 квадратни метри и во неа на потрошувачите им се нуди широк асортиман на производи и дополнителни содржини како што се „Гастро рибарница Брач“, „Виндија“, „Месарницва Спајиќ“, „Био планет“, „Фармација“, „Хрватска пошта“, „Тисак“ и „Кафе ...

МВР Билтен

12 минути - МИА
weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
33%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
48%
1014
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
6.69
41%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.77
45%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
44%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1015
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
43%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
31%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
41%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.9615

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.48

Кобалт

42.99

Никел

15281.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.14

Сребро

1156.61

Злато

107167.78

Бакар

9.84

Паладиум

33340.32

Платина

37340.87

Родиум

179240.41

Цинк

2.65