
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



„Амазон“ - Австралија ја објави веста за лансирањето на „Амазон бизнис“, нова Б2Б (бизнис-кон-бизнис) продавница чија цел е да им ја олесни набавката на австралиските компании од сите формати. „Амазон бизнис“ нуди избор, практичност и вредност што корисниците веќе ја познаваат од Amazon.com.au, заедно со низа нови функционалности и уникатни погодности прилагодени за деловни корисници, се наведува во соопштението на компанијата. Овие погодности ...
Испораките на вотка од Русија во Кина пораснале за 57 проценти во последните пет години, во физичка смисла, достигнувајќи 1.400 тони, изјави шефот на федералниот центар „Агроекспорт“, Иља Иљушин, објави „Танјуг“, а пренесува „Еуроњуз“. Тој истакна дека растот на извозот на рускиот национален пијалак во парична вредност е уште поголем, за речиси 87 проценти и изнесува 2,1 милион долари, пренесе „ТАСС“. Според неговите зборови, извозот на руски ...
„Амазон“ - Австралија ја објави веста за лансирањето на „Амазон бизнис“, нова Б2Б (бизнис-кон-бизнис) продавница чија цел е да им ја олесни набавката на австралиските компании од сите формати. „Амазон бизнис“ нуди избор, практичност и вредност што корисниците веќе ја познаваат од Amazon.com.au, заедно со низа нови функционалности и уникатни погодности прилагодени за деловни корисници, се наведува во соопштението на компанијата. Овие погодности ...
Испораките на вотка од Русија во Кина пораснале за 57 проценти во последните пет години, во физичка смисла, достигнувајќи 1.400 тони, изјави шефот на федералниот центар „Агроекспорт“, Иља Иљушин, објави „Танјуг“, а пренесува „Еуроњуз“. Тој истакна дека растот на извозот на рускиот национален пијалак во парична вредност е уште поголем, за речиси 87 проценти и изнесува 2,1 милион долари, пренесе „ТАСС“. Според неговите зборови, извозот на руски ...
Рускиот синџир „Лента“ објави дека го потпиша договорот за преземање на компанијата „ООО мол“, која во Чељабинската Област ги има форматите „Молнија“ и „Шпар“. Во рамките на договорот, „Лента“ ќе преземе пет хипермаркети, 18 супермаркети и 49 помали продавници „Молнија“ и „Шпар“, како и три дистрибутивни центри. Во 2024 година вкупниот приход на „Молнија“ изнесувал 20,6 милијарди рубљи (226,6 милиони евра), додека вкупната малопродажна површина ...
Скопје оваа година станува мост на единството што обединува многу спортови, култури и настани. По 33 пат се одржува Европскиот Младински Олимписки Фестивал, а Скопје и Куманово ја добија честа да бидат домаќини. Како дел од овој голем настан стои и Горска вода. Горска и Македонскиот Олимписки комитет се долгогодишни партнери и гордо се грижат за младите и спортот. Водата е од суштинско значење кога станува збор за спортувањето, па затоа еден ...
Производителот воведе нова категорија на производи наречена „Создадено за деца“, создадена како резултат на научно заснован пристап во соработка со тим нутриционисти и експерти. Сите производи на „Ледо“ кои припаѓаат на оваа категорија содржат максимум 110 kcal, 10 g шеќер и 3,5 g заситени масни киселини по порција. Нутритивно оптимизирани, производите комбинираат одговорност и вкус, обезбедувајќи им на родителите безбедност по избор, а на ...
Бројот на грла стока во Европската Унија продолжува да опаѓа и во 2024 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во официјалното соопштение се наведува дека ЕУ годинава располага со околу 132 милиони свињи, 72 милиони говеда, 57 милиони овци и 10 милиони кози. Во споредба со 2023 година, забележан е пад во сите категории – бројот на свињи е намален за 0,5%, на говеда за 2,8%, на овци за 1,7% и на кози за 1,6%. Овој тренд не е нов, ...
„Хајнекен“ потврди дека ја губи оперативната контрола врз своите објекти во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК), бидејќи влошувањето на конфликтот во регионот ја принуди компанијата да ги повлече сите преостанати вработени, објавува порталот FoodBev. Компанијата во соопштение за медиумите соопшти дека вооружени лица ја презеле контролата врз нејзините локации во Букаву, Гома и околните области. Условите потребни за одговорно и ...
Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Toj додаде дека има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена. Со извозот на пролетната зелка, укажа министерот, само од една откупна сезона имаме двизен прилив од 30 милиони ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека е во завршна фаза изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции. За производите што ќе ги содржи потрошувачката кошница и за нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, ...
Анализа на пазарењето на македонските потрошувачи и нивните навики Најкористени брендови и производи од македонско потекло во домаќинствата на кои испитаниците може да се сетат се „Витаминка“, „Бимилк“, Кристал, „Пивара Скопје“, „Жито лукс“ и Брилијант Пишува: Калина Медаровска-Михајловска, БРИМА (слика од Калина) Повеќе од тринаесет години БРИМА го спроведува омнибус-истражувањето од кое се добиени резултатите за анализата во врска со ...
Малопродажниот синџир ја прошири достапноста на својата услуга BeautyScan, технологија базирана на вештачка интелигенција која ја персонализира препаративната и декоративната козметика врз основа на фотографиите и преференциите на потрошувачите. „Магнит“ почна со тестирање на оваа технологија во 2022 година во 14 продавници на „Магнит косметик“ во поголеми градови. Во јуни годинава услугата стана достапна во повеќе од 2.500 продавници на ...
Гигантот на е-трговијата „Амазон“ нарача 5.000 електрични комбија од германскиот бренд Mercedes-Benz. Повеќе од половина од возилата ќе бидат распоредени во Германија, додека другите ќе бидат распределени во Австрија, Франција, Италија и во Велика Британија. Очекувањата се дека новите комбија ќе доставуваат повеќе од 200 милиони пакети годишно, соопштија од компанијата. Оваа испорака на речиси 5.000 електрични комбија за достава дополнително ја ...
„Дијаџио Индија“ објави планови за стекнување на мнозински удел во „Нао спиритс“, за проценета вредност од 15,2 милиони американски долари, што го прави „Нао спиритс“ подружница на компанијата. „Нао спиритс“ е основан во 2017 година од Ананд Вирмани со цел да го претстави џинот збогатен со индиски ботанички растенија во светот, создавајќи брендови како што се Greater Than и Hapusa. Greater Than, првиот индиски занаетчиски џин, е направен од ...
За да се справат со турбулентните предизвици, пиварите годинава се фокусираат на поприфатливи стилови пиво и на проверени главни (flagship) производи. Извор: daily.sevenfifty.com Алармите во пивската индустрија веќе се вклучија – продажбата опаѓа, пиварници се затвораат или се спојуваат, се зголемува конкуренцијата од производи од канабис и готови коктели. Целиот сектор се соочува со егзистенцијална криза поврзана со концептот алкохол. Дури и ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. ...
Како што соопштија од компанијата, во првата половина од оваа година, млекарницата „Целеиа“ заврши голем број важни инвестиции во модернизација на производството, кои заедно ја надминуваат вредноста од 1,2 милиони евра. Во последните месеци, важен дел од производството е автоматизиран, покрај веќе автоматизираното редење на чаши овозможено е и автоматско редење на производи во ПЕТ шишиња и Pure-pak пакување. Со палетизатор за автоматско редење ...
Трета година по ред, dm организира бесплатни дерматолошки прегледи, како дел од кампањата посветена на подигнување на свеста за женското здравје. Под слоганот ,,Го сакам сонцето, но ја сакам и мојата кожа“, овој јуни dm повторно ја упатува пораката дека прегледите се клучни за навремено откривање на потенцијални проблеми и за одржување на здравата кожа. Бесплатните дерматолошки прегледи се закажани на Школка во Градскиот парк во Скопје во ...
Вклучете се во репрезентативното годишно издание посветено на FMCG-секторот во Македонија! По огромниот интерес изминатите години, повторно имате можност да бидете дел од единствената и највлијателна публикација што ги претставува трговците, дистрибутерите и логистичарите во земјата. Искористете ја шансата да го зацврстите вашиот имиџ и позиција на пазарот. Разгледајте ги минатите изданија и уверете се зошто Мапа на трговци и Мапа на ...
Дане Јованов, сопственик на „Дане Хермес вајн естејт“ Еден од најголемите предизвици е балансот меѓу традицијата и иновацијата – како да се почитуваат наследството и природата на винскиот регион, а истовремено да се воведуваат современи технологии и трендови што ја прават винската приказна конкурентна и препознатлива на глобалниот пазар. Разговараше: Данче Драгинова-Камчева, danche@instore.mk Од 2020 година нашиот соговорник Дане Јованов ...
Борис Цветковиќ е назначен за нов извршен директор на „Перутнина Птуј-Пипо“ - Чаковец. Цветковиќ е искусен менаџер со повеќе од 15 години искуство во водење на тимови за продажба и маркетинг во прехранбената индустрија, каде што држел водечки позиции во клучни компании во хрватската прехранбена индустрија како што се „Гавриловиќ“ и „ПИК Врбовец Плус“, се вели во соопштението на компанијата. Ќе продолжиме да инвестираме во нови производи што ги ...
Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Првите четири банки ќе почнат со извршување на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. ...
„Балфин Груп“ и „Флајинг Тајгер Копенхаген“ склучија стратешко партнерство, кое ќе им овозможи отворање на 50 продавници низ целиот Западен Балкан во текот на следните четири години. Првата продавница треба да се отвори во октомври 2025 година во Скопје, Северна Македонија, со понатамошно отворање продавници во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Врз основа на нашето силно присуство низ Европа и нашиот успешен влез во Турција во ...
Компанијата „Данон“ свечено ја пушти во употреба новата производствена линија во погонот во Џексонвил, Флорида, инвестиција вредна 65 милиони долари. Како што соопштуваат од компанијата, објектот со површина од 10.686 квадратни метри е проширен за да го поддржи порастот на производственото портфолио на „Данон“ во категоријата кафе и кремови, вклучувајќи ги и брендовите International Delight и STōK Cold Brew Coffee. Новата линија располага со ...
Аквизицијата на повеќе од 300 продавници на „Рими“ од страна на „Селинг груп“ означува значајна промена во малопродажбата на прехранбени производи во балтичките и скандинавските земји. Договорот го зајакнува регионалниот дострел на групацијата и поставува основа за посилна конкуренција со дисконтниот гигант „Лидл“. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритеил аналитичар, sebastian.rennack@aletos.eu Стратешката рамнотежа во малопродажбата на ...
МАПАТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ е специјално годишно издание на InStore и „Кликер маркетинг“ во кое е дадена финансиска анализа на 37 македонски производители на храна, пијалаци, средства за лична хигиена и средства за одржување на домот... Глобалното производство на FMCG-производи е значаен сегмент во светската економија, со вредност од 4,72 трилиони американски долари во 2024 година. Очекувањата се дека до 2033 година пазарот ќе порасне на 7,56 ...
„Пепсико“ ги прекина производствените операции во фабриката „Фрито-Леј“, во Јужна Калифорнија, со што завршија пет децении од производството на оваа локација, објави FoodBev. Иако производството ќе престане, компанијата потврди дека нејзините тимови за магацин, дистрибуција, возен парк и транспорт ќе продолжат да работат на локацијата. Компанијата не откри колку вработени се погодени од затворањето. Вистински сме благодарни за целата поддршка ...
За дополнително поттикнување на развојот на кариерата во малопродажбата, „Меркатор“ го почна новиот проект „Менаџер на еден ден“, во рамките на кој на вработените им беше дадена можност да ја преземат улогата на менаџер за еден ден и, со поддршка на ментор, да стекнат вредно искуство од прва рака. Во проектот учествуваа 25 менаџери кои го споделија своето знаење и искуство со 34 колеги кои покажаа интерес за оваа позиција. Учесниците на тој ...
Италијанската компанија „Лаваца“ ја разгледува можноста да ја преземе германската компанија „Далмајр“, со седиште во Минхен. Потенцијалната зделка е во рана фаза, а преговорите ги води инвестициската банка „Голдман Сакс“. Планот за интеграција предвидува замена на акции, при што „Лаваца“, семејна компанија основана во Торино во 1895 година, би стекнала мнозински удел во минхенската компанија. „Лаваца“ досега не излезе со официјален коментар. ...