
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Според најновото истражување на Counterpoint, во вториот квартал од оваа година глобалниот пазар на паметни телефони, како и приходите од продажба, пораснале за осум отсто на годишно ниво. Речиси сите региони забележаа раст благодарение на подобрувањето на расположението на потрошувачите и макроекономските услови. Тоа е трет последователен квартал во кој глобалниот пазар на паметни телефони расте. Испораките на паметни телефони забележаа силен ...
До оваа година, маслиновото масло беше најпопуларно во шпанските домаќинства – покриваше 62 отсто од продажбата, а сончогледово околу 34 отсто, покажуваат податоците на шпанското министерство за земјоделство. „Јасно е дека потрошувачката на маслиново масло во Шпанија опаѓа“, изјави портпаролот на здружението. „Има домаќинства што купувале само маслиново масло, а сега за прв пат купуваат и сончоглед и маслиново масло. Во првите шест месеци од ...
„Можеби машкиот кошаркарски турнир на Олимпијадата заврши, нашата репрезентација донесе бронза дома, но тоа не значи дека навивачите нема да добијат повеќе задоволство. Нетфликс објави тизер фотографија на Платформа X (порано позната како Твитер) од претстојниот документарен филм за Олимпискиот турнир во 2024 година. Оваа информација првично беше откриена пред почетокот на натпреварите, а на навивачите им беше ветено поглед зад сцената на ...
Како и секоја година, во септември пристигнува новата генерација на iPhone Според Марк Гурман, аналитичар со многу добро познавање на ситуацијата во Apple, тоа би требало да биде на 10 септември и без некои големи изненадувања, помалку или повеќе знаеме се што ќе донесат обичните и Pro верзии на iPhone 16. Она што не треба да се очекува од овие телефони е некаква револуција, а некои технолошки новинари и блогери дури советуваат да се прескокне ...
Анис Сефиданис е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, основач на центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии и е креатор на три аватари што комбинираат хардвер и софтвер и кои припаѓаат на полето на дигиталната хуманост. Првиот е паметниот споменик на Григор Прличев кој комбинираше холографија и вештачка интелигенција, ...
Во првите седум месеци од 2024 година, производството на сончева енергија во Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Полска скокна за 55 отсто во споредба со истиот период минатата година. Kaко што пренесува Ал Џезеира производството на електрична енергија од соларните фарми расте побрзо во Централна Источна Европа отколку во другите делови на континентот, далеку над стапките на раст забележани во побогатите и сончевите региони. Во првите седум ...
Како дел од процесот за воведување на електричен јавен превоз на територијата на општина Струмица, денеска, Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, и Директорот на ЈСП „Струмица – Транспорт“, Драги Поп-Стојанов, официјално ги добија клучевите од новите електрични автобуси од добавувачот „Аутомакедонија“ АД Скопје. Со овој чекор, Струмица станува првата општина на Балканот која целосно ќе имплементира електричен и еколошки јавен ...
Министерството за економија и труд денеска објави два јавни повика согласно Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година. Како што објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, годинава за оваа Програма се обезбедени вкупно 32.500.000 денари или 530 илјади евра за субвенции за компаниите. Компаниите од денеска може да аплицираат за две мерки и да добијат финансиска ...
Марк Рендолф, ко-основачот на онлајн платформата за филмови и серии Нетфликс, смета дека тврдењето дека напорната работа води до успех е мит. Претходно овој месец, тој забележа на подкастот „Дневникот на извршниот директор со Стивен Бартлет“ дека извршните директори и претприемачите често напредуваат во нивните кариери бидејќи имаат една вештина. Според него, таа вештина е способност да се определи кои проблеми прво треба да се решат. „Мислам ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 19.8.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,611%, кај дизелот 3,788%, кај ...
Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население, пренесува агенцијата Мета.мк. Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 жители, ...
Велосипедот е совршен еко, урбан транспорт, но покрај дизајн, предуслов е инфраструктура, безбедност и култура “Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите пропратни елементи поврзани со унапредување на истото. Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ Европа и Азија, додека кај ...
Современиот земјоделски инженер со специјализација во дигитално земјоделство игра клучна улога во трансформацијата на македонските земјоделски компании преку усовршувањето на вештините за управување со новите технологии, како GPS или сензори за прецизно следење на состојбата на почвата и растенијата и слично. Студентите преку практична работа уште на Факултет се запознаваат со можностите на технолошките решенија и роботиката. Дигиталната ...
Денес, здравата исхрана и избегнувањето на традиционалните слатки десерти стануваат сè поголем приоритет. Откривањето на нови начини да ги задоволиме желбите за нешто слатко, без компромис со квалитетот и нутритивната вредност, е вистинско богатство. За среќа, можете да направите вкусен и хранлив сладолед во домашни услови, користејќи само неколку состојки и новата протеинска гранола од речиси секој супермаркет близу вас. Домашниот сладолед е ...
Програма т.н Златните унгарски визи одобрени од владата на премиерот Виктор Орбан ќе стартуваат во Унгарија од почетокот на следната година. Иако европските земји ја напуштаат програмата за „златна виза“, Унгарија повторно ја лансира во 2025 година и на богатите странци им нуди можност да живеат и работат во земјата во замена за големи инвестиции. Со други зборови, во таа земја, која е членка на Европската унија од 1 мај 2004 година, можете да ...
Боцвана е водечки светски производител на дијаманти по вредност.Канадската компанија Lucara Diamond Corp пронашла дијамант од 2.492 карати во својот рудник Karowe во Боцвана, еден од најголемите ископани досега, објави компанијата во средата навечер. Лукара не го откри квалитетот на скапоцениот камен, но неговата големина ќе го направи вториот по големина груб дијамант некогаш откриен, по 3.106-каратниот дијамант Кулинан пронајден во соседна ...
Системот кој ќе ги следи влезовите и излезите во Европската унија – EES конечно ќе биде пуштен во употреба на 10 ноември, потврди еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.. Овој систем требаше да биде лансиран за прв пат во 2022 година, но се соочи со повеќе пречки поради ИТ проблеми и доцнење во инсталирањето на автоматските бариери потребни на сите меѓународни копнени, морски и воздушни граници во Шенген зоната. Некои граѓани ќе мора да ...
Интервју со професор Матеј Макарович, декан на Факултетот за информациски студии во Ново Место, Словенија Професор Макарович, на вашиот факултет траат уписите за сите три степени на студии (додипломски, магистерски и докторски студии). Кои се вашите очекувања за упис – што нуди ФИШ за студентите да се одлучат и да се запишат на овој факултет? На сите нивоа на студии, ФИШ нуди содржина која е суштинска за успешна кариера во дигиталното општество, ...
ББС ги oбјави резултатите од истражување кое вклучува 250 000 жители на Велика Британија кое било спроведувано цели 5 години, а според кое возењето велосипед има многу големи бенефити за нашето здравје. Како што прекесува Кариера.мк, ова истражување се обидело да направи споредба меѓу активните и неактивните граѓани, со посебен акцент на оние кои на работното место оделе со велосипед, односно кои возеле велосипед околу 30 часа во текот на ...
Нискобуџетната авиокомпанија Визер во последниот квартал од годинава планира да го намали капацитетот на превоз на патници од скопскиот аеродром за 22,6% (125.726 седишта во однос на лани) и од охридскиот за 32,6% (17.858 седишта), пишува порталот EX-YU aviation news. Според порталот авиокомпанијата во последниот квартал од годинава планира да намали 330.000 седишта од пазарот на Поранешна Југославија. Од Белград ќе го намали својот вкупен ...
Парламентот на Република Бугарија во прво читање ги усвои законските измени што долго ги очекуваа адвокатите, со кои би се отстранила забраната тие да ја рекламираат својата дејност и да привлекуваат клиенти преку посредништво. Како што пренесува порталот Маркетинг 365, доколку помине целиот процес, бугарските адвокати ќе добијат право да се рекламираат, но тоа ќе мора да биде во согласност со одредбите на законот и Етичкиот кодекс на нивната ...
Според Слободна Далмација поинаку е кога сте во некој град на поминување а сосема друго е да живееш таму преку целата година. Ова е списокот на најдепресивни градови, причините варираат од невработеност, ментално здравје, загадување на животната средина, економска нестабилност… 10. Скадар, Албанија 9. Зеница, Босна и Херцеговина 8. Нови Сад, Србија 7. Приштина, Косово 6. Бања Лука, Босна и Херцеговина 5. Тирана, Албанија 4. Подгорица, Црна Гора ...
Во вторникот во Дрезден стартуваше изградба на фабрика за чипови, заедничка инвестиција од 10 милијарди евра на Taiwan Semiconductor Manufacturing Company Limited (TSMC) и Bosch, Infineon и NXP Semiconductor. Оваа фабрика би требало да поттикне стратешка промена во производството на полупроводници во ЕУ. Европската комисија во вторникот објави дека одобрила германска субвенција од пет милијарди евра за изградба на фабрика за чипови во Дрезден. ...
ПроКредит Банка направи уште еден чекор во дигитализација на своите процеси со цел на своите клиенти да им понуди уште побрзи, поедноставни и побезбедни услуги. Банката воведува нова услуга – отворање на платежна сметка и услуги без потреба од посета на банка, по пат на електронска идентификација и дигитално потпишување на договори преку апликацијата OneID. Ова значи дека секое физичко лице кое за прв пат отвора сметка во банката може тоа да го ...
Битола повторно ќе биде во бело со долгочекуваното 12-то издание на „Широк Сокак во бело” кое ќе се одржи во викендот кој доаѓа, на 23 и 24 август. Оваа година, настанот носи изменет концепт, нови локации и уште повеќе магија за сите посетители. Белата ноќ на Широк Сокак започнува во петок, на 23 август, на плоштадот Магнолија. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција ...
Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO – РИКО) објави дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на RYCO – Superschools (РИКО – Суперучилишта). Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1.300 ученици, додека РИКО ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и ...
Хрватска е рангирана како најбезбедна земја во Европа за ноќно пешачење, со безбедносна оцена од 75,21. Без разлика дали уживате во тивката вечерна прошетка низ нејзините шармантни градови или ги истражувате живописните села, Хрватска нуди безбедно и удобно опкружување за сите патници. Ова ја прави идеална дестинација за оние кои бараат убавина и мир на умот. Во однос на безбедностс, првите пет земји се Хрватска, Словенија, Исланд, Естонија и ...
Научниците од Корејскиот институт за машини и материјали одлучија да ги подобрат спецификите на тркалото, еден од најстарите човечки пронајдоци, при возење на нерамен терен и над високи препреки, со нов дизајн инспириран од површинскиот напон на течностите. Благодарение на нивниот дизајн и технологија, состојбите на тркалата можат да се менуваат во реално време меѓу цврста кружна форма за брзо движење на рамен терен и мека деформирачка состојба ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,50%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ...
Штедењето е многу паметна финансиска одлука, бидејќи имањето заштеда значи сигурност што е повеќе од добредојдена во денешно време. Но, покрај тоа што обезбедуваат сигурност, заштедите можат да донесат и приходи доколку не се чуваат „под перница“, туку се вложат во банка. Каматните стапки на штедните влогови почнаа да растат, па идеална можност е ваквиот период да се искористи и да се креира штеден влог, а воедно и да се одбере банка – ...