Ноќеска во 01.50 часот после полноќ, на ул. „Питарница“ во Гостивар, полициски службеници ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И. (36) од Вруток, поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела кражби сторени во текот на овој и минатиот месец во гостиварско подрачје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата. Ноќеска во 01.50 часот после полноќ, на ул. „Питарница“ во Гостивар, полициски ...

На 19.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, Н.Ч.(44) од Гостивар пријавил дека околу 12:10 часот во двор на гостиварско осново училиште, каде што учел, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик од истото училиште, соопшти СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, наведува полицијата. На 19.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, Н.Ч.(44) од Гостивар пријавил дека околу 12:10 часот во двор ...

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во февруари пораснале за речиси 1.000 денари во споредба со јануари, покажуваат најновите податоци од синдикалната потрошувачка кошничка. Според пресметките, минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 67.382 денари, што е за 969 денари повеќе отколку во јануари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци се искачуваат на 82.757 ...

Министерството за здравство информира дека се подготвени повеќе измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР за сугестии и предлози. -Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени во предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита. Од ...

Од 17 февруари 2026 до 5 февруари 2027 година, според кинескиот календар, започнува периодот познат како година на Огнениот Коњ – седмиот знак во циклусот на кинескиот зодијак. Иако хороскопските толкувања се популарни, историчарите и културолозите укажуваат дека значењето на овој симбол оди многу подлабоко од астрологијата и претставува важен дел од источната традиција и митологија. Коњот во кинеската цивилизација имал силна практична и ...

По неодамнешните поплави што зафатија делови од Гостивар и околината, надлежните служби спроведоа вонредни анализи на водата за пиење. Според резултатите од испитувањата, водата е безбедна за пиење и ги исполнува сите законски параметри. Како што информира д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена во Центар за јавно здравје Гостивар, веднаш по поплавите екипи на Центарот излегле на терен и извршиле увид на водоснабдителните објекти во ...

Депонијата Русино кај Гостивар, кадешто се одлага ѓубрето од деветте полошки општини нема да се дислоцира, како што пред неколку години беше најавувано. На таа локација е предвидено да се гради Регионален центар за отпад, еден од петте во земјава. Ова го потврди министерот за животна средина, Муамед Хоџа на вчерашниот настан за пуштање во употреба на нова механизација за потребите на депонијата. „Во фаза сме на реализација на Регионалните ...

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што е зголемување за 7,6 % во однос на декември 2024 година. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на ...

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, донесе одлука за именување на Ристе Попоски за нов вршител на должност (в.д.) директор на Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Маврово“. Попоски доаѓа на местото на Дијана Давидовски. При именувањето, градоначалникот Јакупоски му посака успешна работа на новиот директор, нагласувајќи дека приоритет на општината останува подобрувањето на ефикасноста на комуналните ...

Вчера (19.02.2026) во 12:30 часот во ОВР Гостивар, 46-годишник од гостиварско село пријавил дека биле злоупотребени неговите лични податоци. „Имено, пријавителот, кој работи во Швајцарија, при разговор со извршител во Гостивар бил информиран дека се води постапка против него како сопственик на фирма за долг од 5.085.079 денари кон банка во стечај. Воедно, биле барани заложени товарно возило „ман“ и работна машина багер. Исто така, тој ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Според прогнозата на синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека поради врнежи од снег утринава се воведени забрани за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, како и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, кадешто се случила и сообраќајна несреќа. Исто така, од 07.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за камиони и ...

Вчера (18.02.2026) во 07:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Градец, поточно во Дебреше, гостиварско, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.А.Ш. од Дебреше, удрило во бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А.Ш., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира полицијата. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...

Кафето не е само сласт и навика, туку и мал ритуал за мозокот, а науката го потврдува тоа. Во текот на речиси 40 години, научници следеле околу 132.000 возрасни Американци кои редовно пиеле кафе или чај. Резултатите се прилично интересни: оние што секојдневно консумирале повеќе кафе имале дури 18 проценти понизок ризик од развој на деменција во споредба со луѓето што ретко посегнувале по овој пијалок. Но, придобивките не застануваат тука. ...

Македонскиот алпинист Виктор Петков на 57. позиција ја заврши првата трка на велеслаломот на Олимписките игри 2026. Гостиварецот Петков патеката ја помина за 1 минута 27 секунди и 36 стотинки, односно заостанување од 13.44 секунди зад лидерот Лукас Пинеиро. Петков избори настап и во втората велеслаломска трка на која ќе сe појават 60 скијачи. Првата трка јa завршија вкупно 73 натпреварувачи, осум не стигнаа до целта. Македонскиот алпинист ...

На регионалната полошка депонија „Русино“ ќе се работи со нова специјализирана механизација. За побезбедно третирање на отпадот и поголемо ниво на хигиена набавени се компресор, трактор со цистерна, камион кипер и утоварувач со вкупна вредност од над 1 милион евра. Возилата се обезбедени во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст, преку заем од Европската банка за обнова и развој и денес на јавен настан беа официјално пуштени во ...

Вчера (17.02.2026 година) во 19:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат во Градец, патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(30) од Добридол, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Ш.(31) од Добридол, констатирани во Медицински центар Гостивар, извести полицијата. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР ...

Сите сопственици на домашни миленици, кучиња, да ја исполнат законската обврска за нивна идентификација со микрочип и регистрација во Информативниот систем на Агенцијата, апелира Агенција за храна и ветеринарство, додавајќи дека со микрочипирањето се издава и пасош за домашен миленик, кој претставува официјален документ за идентитет и здравствен статус на животното. „Апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а чипот останува со ...

Според прогнозата на метеоролозите времето денеска (четврток) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вториот дел од денот облачноста ќе се зголемува. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и утре (петок). Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи ...

Периодов во тек се огласи за вработувања на државни службеници во неколку Министерства, општини, Владата и други јавни институции и установи. Во Владата во канцеларијата на премиерот отворени се две работни места на позиции: Државен советник за правни прашања и за стручно административни прашања, кои се со полно работно време и плата од 49.980 денари. Петнаесетина вработувања се предвидени во Министерството за транспорт на различни позиции. ...

Обичен момент на маса, ручек со семејството или пријателите, некој малку погласно сркнува супа. За некого тоа е безначајно, за друг симпатично, а за трети силно иритантно. Но, кај одредени луѓе ваквите звуци можат да бидат вистински „окидач“: за секунда се забрзува срцето, телото се напнува, а низ мислите поминува бран на силна нелагодност и бес. Оваа состојба има име – мизофонија. Таа се опишува како преосетливост на одредени звуци, најчесто ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денеска одржаната седница разгледуваше и оценуваше извештаи за работата на судовите за четвртиот квартал од 2025 година и постапуваше по точки за формирање комисии по објавени огласи, како и по предлог за времено упатување судии. Во рамки на расправата беше ставен предлог судиите од Апелацискиот суд Гостивар, Емине Мурати, Даут Рустеми, Ханиф Зендели од кривична област, како и Африм Јакупи, ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (17.02.2026) во 20:00 часот во ПС Гостивар, А.И. (38) од Гостивар, пријави дека нејзината 16- годишна ќерка во близина на средно училиште во Гостивар била нападната со метален предмет од страна на А.М., кој и го оштетил и телефонот. Полицијата додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово соопшти дека вчера (17.02.2026) во 20:00 часот во ПС Гостивар, А.И. (38) од Гостивар, пријави дека ...

Најновите мерења на снежната покривка за 18 февруари 2026 година покажуваат стабилна и зголемена висина на снегот на повисоките планински подрачја во земјава, при што Попова Шапка бележи највисока висина на снег во Македонија. Според снежните извештаи, на Попова Шапка измерени се околу 97 сантиметри снег, со дополнителни врнежи регистрирани во последните 24 часа. Ниските утрински температури од околу -8°C придонесуваат снежната покривка да ...

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива ...

Нивото на реката Вардар во полошко е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање, а патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи, Општина Теарце паднати се две бандери од Телеком. Во село Нераште бандерата е падната покрај патот и не го ...

Електродистрибуција информира дека поради изведување на зафати во мрежата во наредните денови ќе има прекини во снабдувањето со струја во регионот на Гостивар. Планирани се следните прекини: 18 февруари (среда) – дел од ул„Боге Велјаноски“ – Карагач од 9 до 12 часот 19 февруари (четврток) –делови од Неготино полошко, Сенокосе, Калиште, Ѓурѓевиште, Ломица од 9 до 10.30 часот и од 9 до 15 часот дел од ул„Боге Велјаноски“ 20 февруари (петок)- од ...

Вчера (16.02.2026) во 20:40 часот во ОВР Гостивар, Б.С.(60) од Равен пријавил дека околу 17:40 часот во спортска сала на основното училиште во селото, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од четворица соученици. СВР Тетово извести дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Вчера (16.02.2026) во 20:40 часот во ОВР Гостивар, Б.С.(60) од Равен пријавил дека околу 17:40 часот во спортска сала на основното ...

Овој зимски десерт е совршен за студени денови – топол, ароматичен и хранлив. Комбинацијата од сочни јаболка, цимет и крцкав овесен посип создава баланс помеѓу удобност и здравје, а се подготвува лесно и брзо. Состојки: 1 кг јаболка 100 грама овесни снегулки 100 грама брашно 80 грама ладен путер 50 грама ситно сечкани ореви 4 лажици мед 1 лажица цимет Подготовка: Јаболката излупете ги, исчистете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги директно ...

Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. Дотогаш ...

Вера

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1008
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
69%
1012
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
54%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
70%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.62
60%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
88%
1000
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
34%
1000
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
51%
1004
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
54%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
9.26
47%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.3706

Currency

70.6441

Currency

36.7747

Currency

38.3017

Currency

66.6954

Currency

7.74081

Currency

0.65647

Currency

0.33594

Currency

0.52466

Currency

1.20084

Currency

0.57013

Бакар

11.33

Родиум

324722.54

Кобалт

45.39

Платина

63465.57

Иридиум

256711.96

Цинк

3.18

Алуминиум

3.48

Калај

45.82

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Паладиум

46895.77

Сребро

2840.84