Водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи и за миење чинии, прибор за јадење, чаши и останати кујнски садови, појаснија надлежните во одговор на новинарско прашање „За што точно може да се користи водата во Гостивар откако е одобрена за техничка употреба“. Забраната за пиење и подготовка на храна останува. Надлежните уверуваат дека водата е прочистена од фекалии. Експертот од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија ...

По десетдневната забрана, од денеска водата може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите, но сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна. Техничката вода што од денеска тече од чешмите во Гостивар е без присуство на колиформни бактерии. Надлежните смируваат дека постојано се прават нови анализи и ситуацијата се следи. За тоа кога водата ќе биде безбедна за пиење засега немаат информација. ...