Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно ...

Најчесто пиперките ги полниме со месо, но сега за време на постот може да ги подготвиме на поинаков начин. Една од опциите како да ги подготвиме се полнетите пиперки со компири, а нивниот рецепт е подолу. Потребни состојки: Подготовка: Извадете ги семките од пиперките, добро измијте ги и оставете ги добро да се исушат. За тоа време ситно исечкајте ги кромидот и лукот, па пропржете ги во тавче, а кога ќе ја променат бојата додадете ги излупените ...

Во операција што ја надминува воената тактика од современото доба, повеќе од 800 руски војници и доброволци спроведоа невообичаен маневар, навлегувајќи во позадина на украинските сили преку подземен гасовод. Според извештаите на руските воени извори и новинарката Анастасија Кашеварова, операцијата започнала на 8 март, кога специјални единици претходно се движеле околу 15 километри низ празниот гасовод Уренгој-Помари-Ужгород, кој до 1 јануари ...

Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Македонија. Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми – Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику беа избрани за судии на Основен суд – Гостивар. За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски. За судии на Основен суд – Гевгелија беа избрани Ива Цоневска – Вангелова ...

Нашите мускули, хормони, метаболизмот и другите телесни системи се менуваат со возраста. Накратко – ситуацијата е сложена. Но, овие пет главни фактори во продолжение би можеле да бидат причината зошто вашата облека станува се позатегната. Ја губите мускулната маса По 30-тата година, почнуваме да губиме помеѓу 3 – 8% од мускулната маса по деценија – процес познат како саркопенија. Ако сте помалку активни поради здравствени проблеми како артритис ...

Иранскиот пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден и веќе казнет со 74 удари со камшик, како дел од спогодбата за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година, за противзаконското објавување песна, во знак на протест, наречена „Твојата шамија“, и тоа на првата годишнина од протестите под наслов „Жени, живот, слобода“. Според британски ...

Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, ги информира Управата за јавни приходи (УЈП) даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност. -Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (9.03.2025) во 19.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека со употреба на сила и погоден предмет, од резервоарот на механизацијата во ХЕС „Маврово“ била одземена нафта. „По преземени мерки, во 19.20 часот на регионален пат во Маврови Анови, на место викано „Улазна“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.З.(56) од гостиварски Вруток, ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер во гостување на ТВ Сител, зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството. “Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 6 до 20 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на следните денови од работната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и ...

Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До полноќ, девет биле сѐ уште активни, во општините Прилеп, Демир Хисар, Ново Село, Гевгелија, Охрид, Сарај, Желино и Тетово. – ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а ...

За големината, силата и мудроста на жените треба да се зборува секојдневно, но секако Меѓународниот ден на жената, 8 Март е особен повод за тоа. Го искористивме овој значаен датум од човековата историја, да направиме видео интервју со една исклучителна жена од Гостивар, која меѓу луѓето важи за голема професионалка и грижлива докторка, активна, хумана и посветена во заедницата, добра пријателка… Со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог во ...

„Вака ќе направев на твое место“, „Па, зошто не пробаш да го направиш поинаку“, „Сега ќе ти објаснам како требало, ќе видиш колку е лесно“ – секој од нас барем еднаш кажал вакво нешто, а потоа се нашол во идентична или слична ситуација и заглавил на истото место. Како е тоа, ако советот што го дадовме на друго лице беше многу значаен? Зошто не можеме само да го примениме на себе? Ова е таканаречениот Соломоновиот парадокс. Многу е полесно да ...

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено, по суви коловози, соопштуваат надлежните служби. Фреквенција на сообраќај Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата. Задолжителна зимска опрема Потсетуваме дека од 15 ноември 2024 година е во сила законската обврска за задолжително ...

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир. ...

Меѓународниот ден на жената е пред нас. Идејата за одбележување на овој ден се појавила на почетокот на 20 век. Брзата индустријализација и економски раст резултирале со лоши работни услови, што довело до протести. Токму поради лошите услови за работа, жените вработени во текстилната индустрија јавно протестирале на 8 март 1857 година во Њујорк. Протестите биле растерани од полицијата. Истите жени два месеци подоцна формирале синдикат. ...

Културата на пиење кафе во секоја земја е различно, но вообичаено, речиси секаде, шолја кафе се служи придружена со чаша ладна вода. Но, имајте предвид: Има и места каде што, ако нарачате вода со кафето – и таа ќе се најде на сметката. Занимливо е што чашата вода до кафето првично не била за пиење. Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот Султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика се ...

Без разлика дали го користите за слушалки, во вашиот автомобил, за тастатура или глушец, Bluetooth стана незаменлив дел од секојдневниот живот. Оваа безжична технологија со краток домет овозможи поврзување на уредите без потреба од кабли од 1998 година и стана суштинска за работа на различни уреди од конзоли до медицинска опрема. Но, како Bluetooth го добил своето необично име – и тоа нема никаква врска со сината боја. Име инспирирано од ...

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ...

Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите. Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто. Според Стојкоски, освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети. Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на ...

Министерството за европски прашања денеска ја поздрави одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона. Членството во СЕПА, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања, значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе ...

По ведрото, но студено утро, времето денеска (петок) ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 19 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со температура која ќе се ...

Секој корисник има право да побара корекција на фактура телефонски, преку е-пошта и во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција, велат од компанијата и додаваат дека Електродистрибуција инвестира во модернизација и унапредување на дистрибутивната мрежа, а во рамките на овие инвестиции целосно е реконструирана мрежата и во Арачиново и Сингелиќ. -И покрај инвестициите во овие региони граѓаните ја уништуваат ...

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. Најмногу заболени се пријавени во Скопје, а 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години. Директорката на ...

Коскената срцевина е мека, масна супстанција која се наоѓа во шуплините на коските во вашето тело. Содржи клетки кои произведуваат крвни зрнца и тромбоцити и е одговорна за создавање милијарди нови крвни зрнца секој ден. Коскената срцевина игра клучна улога во одржувањето на здравјето на вашето тело бидејќи обезбедува основни крвни компоненти потребни за транспорт на кислород, борба против инфекции и контрола на крварењето. Каде се наоѓа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, на 4 март 2025 година, го одржа своето прво обраќање пред Конгресот, кое траеше нешто помалку од еден час и 40 минути, поставувајќи рекорд за најдолго прво обраќање на заедничка седница во историјата на САД. Во говорот, кој започна во 21:19 часот по локално време, Трамп зборуваше за клучни теми, вклучувајќи ја војната во Украина, економијата, имиграцијата и националната безбедност, истакнувајќи дека ...

Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден ...

МВР информира дека вчера (5.03.2025) во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1005
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
26%
1003
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
0.0
75%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1008
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
17%
1005
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
27%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
86%
1006
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
22%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641