
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Православните верници денеска одбележуваат празник Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и ...
Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и прв пат електронски, соопшти денеска ...
Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Сите граѓани, се навдува во денешното соопштение од МВР, кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети ...
Неможноста за наоѓање добра работа, политичкото влијание при вработување, недовербата во правниот систем, пристапот до стипендии и образованието, корупцијата…Истражување спроведено меѓу млади лица, покажало дека ова се главните причини поради кои младите од полошкиот регион се иселуваат од родниот крај. Резултатите од истражувањето беа презентирани денес во Гостивар на јавна дебата. Половина од младите веднаш по завршување на средното училиште ...
Вообичаена заблуда за здравата храна е дека таа мора да биде скапа. Иако велнес културата често промовира скапи „суперхрани“, вистината е дека многу од најздравите намирници, како месото, овошјето, житарките, зеленчукот и мешунките, сè уште се достапни за сите нас. Секојдневната храна во продожение е преполна со хранливи материи кои го поттикнуваат вашето тело и го поддржуваат долгорочното здравје, а се одобрени од нутриционистите. Ореви Оревите ...
Во пресрет на новогодишното празнување, локалната самоуправа на Гостивар ги прави последните подготовки за украсување на градот. Гостивар ќе добие празничен лик, а плоштадот и булеварите ќе бидат разубавени со декорации, светилки и слично. Зависно од завршувањето на административните процедури, украсувањето би требало да почне викендов или на почетокот на наредната седмица. „Планирано е новогодишно украсување на Гостивар. До крај на оваа недела ...
Симболично на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември во мултифункционалната работилница за репарација „Прогрес“ во Гостивар, започна обуката со окупациона терапија наменета за овие лица. Учесниците во период од три месеци ќе имаат можност низ најразлични активности да развиваат креативност, вештини, да ја подобрат својата моторика, да научат многу нови нешта, да се дружат и социјализираат. Обуката, која е бесплатна, е овозможена ...
По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани беа во посета на Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар. Направија обиколка, се запознаа со условите и функционирањето на центарот и поразговараа со родители на деца кои ги користат услугите на оваа установа. „Ова е ден кој нѐ потестува на нашата обврска и одговорност дека сме ...
Општината не може да пристапи кон изработка на нови урбанистички планови сѐ додека не се донесе Закон за ре-прогласување на Национален парк Маврово и не се усвојат зоните на заштита, додека состојбите на немање на урбанистички планови и неможноста да се издаваат решенија за градење придонеле на територијата на општината да се изградат голем број на бесправно изградени објекти, стои во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ...
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248 293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор. Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку ...
Општината не може да пристапи кон изработка на нови урбанистички планови сѐ додека не се донесе Закон за ре-прогласување на Национален парк Маврово и не се усвојат зоните на заштита, додека состојбите на немање на урбанистички планови и неможноста да се издаваат решенија за градење придонеле на територијата на општината да се изградат голем број на бесправно изградени објекти, стои во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ...
За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра ...
Витаминот Д игра суштинска улога во поддршката на здравјето и развојот кај доенчињата, децата и возрасните. Неговото влијание опфаќа бројни аспекти, од зајакнување на имунолошкиот систем до изградба на здрави коски и мускули. Кај доенчињата, витаминот Д е од особена важност за развојот на основните функции и одржување на општото здравје. Зошто витаминот Д е важен за доенчињата? За новороденчињата, витаминот Д е клучен за градење силен имунолошки ...
Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа објави помилување за својот син, Хантер Бајден, кој беше обвинет за затајување даноци и поседување оружје додека бил под влијание на дроги. Помилувањето го ослободува Хантер од овие обвиненија, како и од сите потенцијални кривични дела што можеби ги сторил од 2014 до 2024 година. Оваа одлука ја потврди и самиот Хантер Бајден, кој потпишал изјава за примање на помилувањето. Реакциите на ова помилување се ...
Решавањето на овие прашања бара фокусирани напори за намалување на невработеноста и неформалната работа, особено кај жените Ромки. Создавањето можности за пристојно вработување и економска независност е од клучно значење за подобрување на социо-економскиот статус на ромската заедница. На оваа тема зборуваме со Елена Силјаноски, активистка со долгогодишно работно искуство во невладиниот сектор за унапредување на положбата на Ромите во општеството ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти. Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките ...
Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на ...
Народната банка денеска преку соопштение ги предупредува граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско ...
По првпат во последниот половина век, откриен е нов вид терапија против напади на астма. Тоа е лекот „Бенрализумаб“, којшто, како што се истакнува, се покажал многу поделотворен од постојните лекови при лекување тешка астма и напади на тн. хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), објавија научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија. Лекот се инјектира кај пациентите, при што се смируваат деловите од имунолошкиот систем што ...
Американците на „Црн петок“, потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Adobe Analytics. Компанијата наведува дека на „Црн петок“ Американците направиле најмногу онлајн купувања на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо. Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна ...
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...
Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 101 извршител за работа на неопределено време. Како што е наведено во огласот се бараат: – 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и – 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно ...
Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде умерено до значително облачно со појава на слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 6 степени. Во вторник и среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка ...
Центарот за управување со кризи извести дека од 112 во 13:05 часот добиено е известување дека по трет пат се јавиле службени лица од Територијалната противпожарна единица Гостивар кои се заглавени со службеното возило помеѓу Хотел Радика, Леуново и Бунец. Според јавувачот сѐ уште нема пристигнато возило за да им помогне да ги извлече, а со нив се и околу 20-тина други коли кои се заглавени од рано утрото, стои во известието на ЦУК. Баарат од ...
Со оглед на неодамнешниот пораст на биткоинот, платформата „BCHMiner“ претставува атрактивна можност за оние кои сакаат да заработат преку т.н. клауд мајнинг (рударење со криптовалути). Во оваа статија на „BCHMiner“, се објаснува како да започнете да ја користите платформата „BCHMiner“ и да заработите пасивен приход преку дневни награди. Придобивки од користење на „BCH miners“ Ова го олеснува и го прави поисплатливо реинвестирањето на профитот, ...
Во студените месеци се движиме помалку и лесно е да почнеме да јадеме повеќе од потребното. Во овој период некои избираат храна која всушност не е добра за организмот, влијае на намалување на енергијата и слично. Сепак, една храна која многу луѓе сакаат да ја јадат како ужина е всушност добар избор за зимска исхрана односно кикиритките. Диететичарите ги издвоија кикиритките како таква храна и во продолжение имате шест причини зошто повремено ...
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за октомври да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки. Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3.949 даночни обврзници. Законскиот рок за плаќање на оваа обврска беше до 25 ноември. ...
Центарот за управување со кризи информира дека на бројот за итни повици 112 во 10:21 часот утрово, од Територијалната противпожарна единица Гостивар добиена е пријава за заглавени лица во снегот кај селото Леуново. „Исто така, во 11:43 часот, добиена е пријава и за заглавено возило (семејство со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, Леуново.“, наведува ЦУК. Семејството ќе остане на безбедно додека се расчисти патот и се обезбеди проодност. ...
Вчера (30.11.2024 година) во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар постапувајќи по претходна пријава го привеле Т.К.(36) од Гостивар. „Приведениот на улицата „Сретко Крстески“ почнал да вика на висок тон и агресивно да се однесува кон плициските службеници додека тие извршувале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.“, информира СВР Тетово. Во ...