Скопје
                                    12ᴼ /
                                    12ᴼ
                                
                                Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода Васил Чакаларов” има женско лице, известува МВР. Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена ...
Крцкаво надвор, кремасто внатре – ова е идеално мезе или предјадење кое комбинира солено и благо на вистински начин. Брзо се подготвува и изгледа прекрасно на трпеза! Потребни состојки (за 4 лица): Начин на подготовка: Извадете го сирењето од саламурата и внимателно избришете го со хартиена салфета. Исечкајте го на коцки или форма по ваш избор. Во една чинија разматете ги јајцата со вилушка. Во втора чинија измешајте брашно, црвен пипер и бибер. ...
Што всушност се случува во телото кога пиеме вода? За почеток, движењето на водата низ телото не е пасивен процес, туку бара енергија на клеточно ниво. Количината на потрошена енергија зависи од количината и температурата на водата, како и од целокупното здравје и активност на поединецот. Водата поттикнува подобар метаболизам, што значи дека метаболичкиот отпад по разградувањето на мастите го напушта телото поефикасно. Без доволно течности, ...
Вчера (15.08.2025г.) во 21:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на улица „Браќа Ѓиноски” во Гостивар, во која учествувале патничко возило „форд” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Г.А.(50) од Дебреше, гостиварско и велосипед, управуван од 76 годишниот гостиварец Г.А.. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар, а увид на лице место извршила ...
Понекогаш може да биде многу тешко да се одолее на слатките и шеќерната храна, но редовната консумација може да предизвика повеќе штета отколку што мислите. Нутриционистите предупредуваат дека многу ултра-преработени производи се полни со состојки што го нарушуваат здравјето на цревата, го поттикнуваат воспалението и придонесуваат за несакано зголемување на телесната тежина. Ако сакате да го зачувате здравјето на вашиот дигестивен систем и ...
Пожарот кој вчера попладне беше ставен под контрола во пределот на тетовските села Рогачево и Јажинце, повторно е активен. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека синоќа околу 22:30 часот пожарот повторно се активирал, а утрово во 9:00 часот ситуацијата останува непроменета – пожарот и понатаму е активен. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека во текот на ноќта со помош на жителите на ...
Вчера (15.08.2025г.) во 12:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Гостивар, на крстосница од улица „ЈНА” со улица „101″, се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски таблици, управувано од 66 годишниот гостиварец Б.Б. и тротинет, управуван од петгодишно дете од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, ...
Минатата седмица, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите се реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција ...
Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција. Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром. -Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и ...
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и утре (сабота). Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со ...
Иако некој може да изгледа мирен, насмеан и присутен, зад тоа лице може да се крие тивка борба. Многумина страдаат без да побараат помош, често затоа што не сакаат да бидат товар или се плашат да не бидат погрешно сфатени. Затоа, важно е да знаеме да ги препознаеме суптилните знаци на внатрешна болка. Постојано велат дека се добро – дури и кога не се Фразите како „Добро сум“ или „Ќе се снајдам“ често се користат за да се сокрие вистинската ...
Цените во земјоделството во јули годинава бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот во споредба со цените во јули 2024 година. При тоа, според податоците на Државниот завод за статистика, во делот инпут има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2,8 отсто, и на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6,9 отсто. Во делот аутпут, пак, цените на растителното ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека од денеска негови тимови на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одлуката на Владата со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти во трговија на големо и 15 проценти во трговија на мало, која ќе важи од денеска до 15 септември 2025. -Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на ...
Времето денеска (петок) ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 16 до 29 степени. Според најавите на УХМР, во деновите од викендот што е пред нас ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе се движи околу 32 степени. Во попладневните часови ќе има услови ...
Министерството за образование и наука информира дека од утре почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Во повикот објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за ...
Пациентите од регионот на Гостивар кои се лекуваат од канцер амбулантски, терапијата ќе ја добиваат во Тетово, наместо во Скопје. Според најавите, во Тетово наскоро ќе профункционира регионален амбулантски центар за онколошки пациенти од целото полошко подрачје. На тој начин се скратува времето за патување на болните и ќе се избегнат гужвите кои се создаваат на онкологија во Скопје. „Еден од главните приоритети на Министерството се онколошките ...
За некои луѓе, гладот може да биде многу сложен и не мора да значи дека е секогаш физички, што произлегува од потребата за енергија туку е предизвикан од други механизми. Освен „вистинскиот“ глад, постојат и други подеднакво интензивни видови глад. Секој од нив има свои предизвикувачи, улога и влијание врз здравјето, а препознавањето на разликите меѓу нив може да биде клучот за подобра контрола на апетитот. Ако вашите мисли за храната го ...
Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор. Станува збор за мерката позната како „Училишна кошница“ која ја спроведуваме втора година по ред и нејзина цел е заштита на животниот стандард, посебно на граѓаните кои имаат деца кои се ученици и студенти. Очекувам заштеда за семејствата од 800 до 2.000 ...
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. ...
На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата Девич – ...
Најразлични неправилности во здравствените установи пријавуваат граѓаните преку електронската алатка која Министерството за здравство ја воведе минатиот месец. Како што рече министерот Азир Алиу дел од пријавените нерегуларности се пренасочуваат кон други институции, додека Министерството за здравство реагира за оние за кои има надлежност. „Базичните неправилности кои зависат од нас, за кои сме надлежни веќе ги процесуираме. Во случај каде не ...
Средината на август традиционално ја носи една од најубавите небесни глетки – метеорскиот дожд Персеиди, познат и како „Солзите на Свети Лаврентиј“. Тоа е небесен спектакл што се случува кога Земјата, на своето патување низ вселената, наидува на трага од ситни честички оставена одамна од кометата Свифт–Татл. Овие честички, патувајќи со неверојатна брзина од околу 59 километри во секунда, согоруваат при влез во атмосферата и создаваат брилијантни ...
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, го одобри главниот концепт на претстојната голема воена офанзива – инвазија насочена кон освојување на градот Газа, објави денеска израелската армија. „Тајмс оф Израел“ пренесува дека концептот бил разгледан на состанок со Генералштабот на ИДФ, претставници на безбедносната служба Шин Бет и други офицери. Планот е одобрен во согласност со ...
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба посветена на боречката кариера и успесите на олимпискиот шампион Шабан Трстена. Пред публиката беа претставени четириесетина носталгични спортски фотографии кои опфаќаат 20 години од неговиот живот на светските спортски арени. Присутните исто така можеа да ги погледнат и двата освоени олимписки медали, златен и сребрен. „Ова е изложба за една значајна спортска историја ...
Како приоритетни инфраструктурни зафати кон кои ќе се насочи управата на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар во наредниот период се средување на паркинг просторот и реновирање на гинеколошко-акушерското одделение. Ова го најави директорот на здравствената установа, Емри Бајрами при денешната посета на болницата од страна на министерот за здравство Азир Алиу. „Наш приоритет е подобрување на инфраструктурата, внатрешна, но и надворешна. ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со спроведување засилени активности кон даночните обврзници од градежниот сектор, во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година. Од УЈП информираат дека градежниот сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, поради пазарните трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово. Во изминатиот ...
„Мобилниот кабинет“ што го спроведува Министерството за здравство, денес се организираше во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Граѓаните кои пројавија интерес имаа можност да ги кажат проблемите со кои се соочуваат како пациенти директно на министерот Азир Алиу, како и да дадат некои свои предлози и идеи. „Вакви средби почнавме да одржуваме во Скопје во петоците. Целта е да се разговара за проблеми, идеи, за еко системот во ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево од 18 часот ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Македонија гостува кај Унгарија и по стартниот пораз во Куманово од Романија првата победа ќе се „брка“ на гостински терен. Селекторот Марјан Илиевски за Унгарија, а потоа и за Романија ги однесе истите 15 играчи кои беа и во комбинација за дуелот во Куманово. – Против Унгарија, треба да се држиме ...
Во текот на вчерашниот ден (12 август) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возила и возачи. Во Гостивар се откриени и санкционирани 21 сообраќаен прекршок, од кои 3 за непрописно паркирање, сите подигнати со специјално возило „пајак“, и 18 други видови прекршоци. На целото подрачје на СВР Тетово биле регистрирани вкупно 80 прекршоци, од кои 20 за непрописно паркирање (6 со „пајак“) и 60 други видови сообраќајни ...