
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Колку пати сте се запрашале како некои ограничени луѓе стигнале на позиции, а интелигентните се во сенка? Науката се обидела да бара одговор и на оваа дилема. Многу високо интелигентни луѓе се свесни, со сè што знаат, за тоа колку повеќе можат да научат, па затоа се преиспитуваат и се сомневаат во себе. Колку пати сте се запрашале како одредени луѓе на моќни позиции стигнале таму? Овде не зборуваме за завист или љубомора, туку за ...
Законот за младинско учество и младински политики или скратено Закон за млади ги уредува формите на младинско организирање, можностите за учество на младите во процеси на носење одлуки и креирање на политики. Тоа е краткото објаснување на законот. Ајде да видиме кои се другите можности и што вие како млади можете да искористите од тоа? Photo by Hannah Busing on Unsplash Според овој закон во рок од 5 години е предвидено во секоја општина да има ...
Кире Лазаров, еден од најдобрите ракометари во историјата смета дека Европското ракометно првенство годинава е нерегуларно. Photo: Goran Stanzl/PIXSELL Во интервју за хртатскиот портал “Индекс”, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров се огласи за тековното Европско првенство. Македонија со три порази ( со Данска, Словенија и Црна Гора), настапот на ЕП го заврши во првата фаза, како 22 од 24 држави. ...
Осум лица загинаа во стампедо пред фудбалскиот натпревар Камерун – Комори на Африканскиот куп на нации. Фото: CDE News Владата на Камерун соопшти дека осум лица загинале при стампедо на стадионот во Олембе. Сето тоа се случи пред натпреварот од Купот на Африканските нации меѓу домашната селекција и Комори. Исто така, соопштено е дека има 38 повредени, од кои седум се посериозни. ФИФА упати длабоко сочувство до семејствата и пријателите на ...
Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 препорачува кратење на периодот на изолација од десет на седум дена. За конечна одлука треба да се произнесе Владата соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста. Фото: Влада РСМ Главниот координативен кризен синоќа штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. На ...
Како верификувана институција за образование на возрасните Сојуз за младинска работа објавува повик за учесници на обука за Работници со млади, врз основа на Стандардот на занимање – Работник со млади. Обуката ќе биде спроведена во период февруари – мај 2022 година. Часовите ќе се одржуваат во попладневните часови и за време на викенди. Програмата започнува на 15ти февруари, а точните термини за часовите ќе бидат споделени ...
Ако вашето време е ограничено и барате кратки серии, тогаш на вистинско место сте – еве наш предлог за три кои вреди да ги погледнете. Преостануваат уште многу малку денови од овој месец, а ние топло ви препорачуваме неколку серии со кои ќе го исполните вашето секојдневие. The wheel of time Фото: Den of geek За сите авантуристи и љубители на научна фантастика и хорор, ова се топ три кратки серии од кои ќе ве полазат морници. The wheel of ...
Има ли разлика помеѓу професорите на Балканот и оние на запад? Дали и овде западот е понапреден, или ние сме умни глави што се нашле на погрешно место? Photo by NeONBRAND on Unsplash Приказната на Мича Асчериќ Познатиот српски Тик – Токер Мича Асчериќ преку лична интересна случка, ја доловува суштинската разлика меѓу професорите во неговата земја и Швајцарија. На својот Тик – Ток профил вели: „Размислувам колку е голема ...
Објавена е поетската книга „Антарес“ од младиот македонски поет Матеј Фенер, а во издание на „Бата прес“. Збирката поезија е поделена на пет циклуси, а во секој циклус има по 16 песни. Тој е поет кој сака да направи спој на традиционалното и метафизичкото. „Матеј Фенер е освежување во македонската поетска сфера. Неговата определба се семиотиката и знаците на тајното писмо. Тој се претставува како поет кој се среми ...
Администрацијата на претседателот Бајден е на мислење да испрати голема бројка на војници во Источна Европа. Висок претставник на администрацијата на Бајден потврдил дека се размислува за вакво нешто. Целта е да се зголеми военото присуство во пресрет на најавата од инвазија на Русија врз Украина. Американските трупи можат да се упатат кон Романија или Полска. Не е исклучена можноста голем број на војници да се распоредат евентуално и во ...
Директорот на Австралија ОПЕН Крег Тејли, говорејќи за ситуацијата со Новак Ѓоковиќ посочи дека тенисерот број еден нема да покрене тужба против нив. Тој ја уверува јавноста дека Ѓоковиќ ќе игра на турнирот следната година. Директорот на Австралија Опен беше доста актуелен изминатиот период, токму поради случајот со најдобриот тенисер на светот. Иако Ѓоковиќ доби одобрение да игра токму од Австралија Опен, сепак на крајот судот ја поништи ...
И покрај лошиот крај на македонската репрезентација на ЕП во ракомет, дефинитивно, ги имаме најдобрите навивачи во светот! Европското првенство во ракомет, 2022 година, кое се одржува во Унгарија и во Словачка, е во тек. Ракометната репрезентација на нашата земја, ги заврши настапите на ЕП, по трите порази, забележан е и најлошиот пласман во историјата на континенталните собири. Нашата селекција заврши на 22.место од вкупно 24 учесници на ЕП. И ...
Дали знаевте дека во Македонија има места до кои можете да дојдете само по вода? Не само што ги има, туку се и значаен дел од убавините на Македонија! Фото: ФБ Macedonian coalition Денеска повторно се дружиме со Христијан Аџиовски, туристички придружник и водич и дипломиран професор по македонски јазик кој ќе ни каже каде може да пловиме низ Македонија. Гоце.мк – Кај Македонски Брод има наоѓалиште за сол, Кратово лежи на злато, пештерата ...
Во времето на пандемијата и претходната година се поставува прашањето дали генерација Z е изгубена генерација? Во Европа секојдневно се губат по три млади животи поради ментални здравствени проблеми, посочува УНИЦЕФ во извештајот “The State of the World’s Children 2021: On My Mind”. По прогласувањето на 2022 година за Европска година на младите во декември, пленарната сесија на Европскиот парламент ја отвори првата дебата за ...
Тик Ток потврди дека ја тестира поддршката за платена претплата. На овој начин, креаторите на популарна платформа ќе можат да наплаќаат за содржината што ја објавуваат. Компанијата не објави никакви детали за тоа кога функцијата би можела да биде достапна, колку креатори ја тестираат или како би можела да изгледа структурата на претплатата. Доколку функцијата биде прифатена, тоа ќе биде уште еден потег на Тик Ток кој ќе има за цел да им помогне ...
Теми Родригез од Конектикат ги тужеше Инстаграм и Снепчет, тврдејќи дека „негативните и опасни производи на социјалните мрежи“ се одговорни за самоубиството на нејзината 11-годишна ќерка. Photo by Christian Wiediger on Unsplash Таа наведува дека нејзината ќерка страдала од депресија, несоница, нарушувања во исхраната и желба да се повреди благодарение на мрежите на Мета и Снеп. Според извештајот и документите, Селена почнала да ги ...
Новиот сој на Корона вирусот, Омикрон се шири многу брзо низ светот со слични симптоми како да сте настинати. Но, како може да препознаеме дали станува збор за настинка или Ковид? SARS-CoV-2 Coronavirus Variant Omicron cell delta on green background 2021 2022. Класични ковид симптоми: Кај некои луѓе, Ковид – омикрон се јавува и како настинка со симптоми како што се главоболка, течење на носот и болки во грлото. Гоце.мк – Невидливи, ...
Повеќе од 12.000 родители се обединети дека маските се штетни по здравјето на децата под иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата“. Родителите поднеле Барање за укинување на маските во училиштата до властите. Иницијативата е поддржана од повеќе лекари кои го делат мислењето како родителите и јавно зборуваат за штетноста на маските кои ги носат децата за време на часовите. Гоце.мк – Уницеф: Затворањето на училиштата ...
Министерството за образование и наука објави повици за стипендии за додипломски и постдипломски студии во Грција и за стипендии за магистерски и докторски студии во Грузија. https://mon.gov.mk/content/?id=4466 Европската организација за јавно право со седиште во Атина известува за можноста за доделување 20 целосни и 20 парцијални стипендии за додипломски и последипломски студии на Школата/Универзитетот за европско право и управување при ...
Дали Идрис Елба ќе биде новиот Џемс Бонд? По заминувањето на Даниел Крег од вечната класика на Џејмс Бонд, повторно расте интересот за тоа кој ќе го заземе неговото место. Многу имиња се појавуваа и исчезнуваа во дебатите, но едно е сепак особено истакнато – Идрис Елба. Се повеќе обожаватели на оваа култна класика го гледаат Елба на местото на новиот агент 007, а сериозно размислуваат и продуцентите кои го ставија на листата на најтесниот ...
Климатските промени, глобалното затоплување и топењето на мразот влијаат на појавата на вируси кои се невидливи, некои опасни и многубројни. Овие фактори предизвикале и појава на заборавените, таканаречени палеовируси и бактерии од кои можат да се предизвикаат болести опасни по човекот. Photo by CDC on Unsplash Палеовирусите не се закана за луѓето Во јули на Тибет, во стопен мраз, научниците изолирале околу триесет вируси стари и до 15 000 ...
Сојот Омикрон е доминантен вид на Балканот и се шири со голема брзина. Ова е болест која се задржува во горниот, респираторен тракт. Досегашните податоци укажуваат дека Омикрон предизвикува лесна клиничка слика, особено кај оние кои се вакцинирани против Ковид-19. Сојот Омикрон наликува на обична настина – која исто така може да биде форма на корона вирусот. Пандемијата – богатите побогати, сиромашните посиромашни Фото: The sun ...
Вежбањето како рутина е корисна, но некогаш мора и да прескокнете тренинг, со цел да му го дадете на телото потребниот одмор. Ова не значи дека треба да смислувате изговори за да не вежбате. Но, постојат ситуации кога одморот треба да го ставете на прво место. Еве неколку од нив: Photo by Victor Freitas on Unsplash Д–р Стојменов: „Ништо што е посебно и вредно не е создадено за краток период“ Доколку имате симптоми на настинка ...
Покрај Новак Ѓоковиќ, само уште еден тенисер во ТОП 100 рангирани тенисери не е вакциниран против ковид 19. Фото: Tennis world Се почесто се зборува дека на турнирите ќе можат да учествуваат само вакцинирани тенисери. Од тие причини, британски Телеграф истражуваше колку играчи не се вакцинирани, покрај Новак Ѓоковиќ. Покрај светскиот рекет број еден, како што тврдат Британците, само уште Американецот Тенис Сандгрен се уште не се одлучил за ...
Високите функционери на Русија и САД преку нови преговори бараат решение за растечките тензии околу Украина. Тие денес треба да имаат состанок откако серијата состаноци меѓу претставниците на двете страни минатата недела не постигнаа напредок. Блинкен и Лавров Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Женева на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по турнејата низ Европа за да ги убеди американските ...
Со години наназад работа во Германија е нешто што ги окупира младите во Македонија и голем дел од нив заминуваат таму. Од една страна е студентската работа во Германија од друга страна работа за квалификувани работници. Photo by Maheshkumar Painam on Unsplash Летна работа vs. Работа за квалификувани работници Летната студентска работа во Германија е многу популарна и за истата има бројни агенции кои посредуваат при регулирањето на виза, работа и ...
Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда за прв пат се огласи по контроверзиите кои се случија во Австралија. Словачкиот тениски стручњак бил добро информиран за ситуацијата и во интервју за Sport Aktuality откри неколку детали кои ги загрижија фановите на Новак Ѓоковиќ. “Доживеав шок, страдање и силни емоции. Не знам како ќе можев да издржам ако бев таму. Дури и дома во Братислава го почувствував тоа и не можев да спијам и да верувам што ...
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот број еден, открива дека не употребува парфеми. Таа е позната во светот дека е голем љубител на животните и борец за нивните права. Токму тоа е причината зошто избегнува користење на парфеми. Сопругата на Новак ова го откри на својот Инстаграм профил, одговарајќи на прашања од своите обожаватели. Фото: Инстаграм Ѓоковиќ купил компанија која развива лек за корона Прашањето се однесуваше на нејзиниот изглед и ...
Ерик Адамс е градоначалникот кој прв добива плата во криптовалути. Њујорк е центарот на светот и сакаме да биде центарот на криптовалутите, рече градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Крипто – манијата ги обзема и младите во Македонија – што треба да знаете за „копањето“ и тргувањето? Фото: Fox News Градоначалникот својата прва плата ќе ја добие во криптовалути и тоа во Етериум или во Биткоин. Со ова тој уште еднаш ...
„Патентниот фонд за лекови (МПП) потпишал договори со 27 генерички компании за производство на орален антивирусен лек против корона-молнупиравир и снабдување на 105 земји со низок и среден приход“, соопшти МПП, пренесува Ројтерс. Фото:The Indian Express Меѓународната организација MPP, со седиште во Женева, има поддршка од Обединетите нации. Агенцијата за патенти на ОН склучи договори со речиси 30 фармацевтски компании за производство ...