Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Питачите и чистачите се секојдневен декор на улиците посебно низ Скопје. Речиси и да нема крстосница на која нема даца кои питачат или пак ви нудат да го исчистат стаклото на автомобилот. Фото: FB gradimeidnina Здружението „Градиме иднина“ од Скопје во минатите седум месеци спроведува проект „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Според Илија Јовановиќ, претседател на здружението, за овој период се постигнати резултати, но ...
Гоце.мк минатата седмица постави прашање до нашите читатели за тоа кој носи вина за нереалните оценки на учениците. Според резултатите, најголем дел од анкетираните, односно 51,5% одговориле „Сите наведени“. 24.2% сметаат дека вината е кај родителите кои притискаат за подобри оцени и постојано се во училиштата „фаќајќи врски“. Во нашата анкета оставивме и простор нашата публика да сподели некој коментар со нас. Дел од коментарите ги пренесуваме ...
Резултатите од екстерното испитување од државна матура оваа година се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар. Секој кандидат може да ги провери резултатите со електронски најава на http://rezultati.dic.edu.mk. „Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61“, информираше ДИЦ, кој резултатите ги објавува 12 дена порано ...
Скопје, 01.07.2022– Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малата Бела Кузев уште од најрана возраст се соочува со висок ризик за настанување на една од најстрашните непријатели во денешно време- церебрална парализа. На малата Бела потребна ѝ е голема помош, затоа секоја донација е добредојдена, без разлика колку е голема, тоа е чекор напред во борбата со оваа болест. Со напредокот ...
Лежалките на плажите секоја година се поскапи, но и „војната“ за да се дојде до нив е се поприсутна. Со тек на времето, и се „побалканска“. Фото: screenshot FB Live from Greece Одморите често со себе ја носат традицијата да се стане рано наутро за да се резервира место на плажа. Неодамнешното однесување на Балканците на грчките плажи не беше толку шокантно Туристите користат различни тактики и методи за да си го обезбедат своето место на ...
Сантијаго Бернабеу, еден од најпознатите стадиони во светот, беше отворен пред точно 74 години. Домот на Реал, пак, претрпе две големи реновирања – во 1982 и 2001 година. Моментално го минува третото, а ќе биде најспектакуларната досега. Сантијаго Бернабеу Фото: Real Madrid FC Кралскиот клуб ќе има дом кој според изгледот, но и можностите, се граничи со научна фантастика. Реал Мадрид објави видео кое покажува зошто некои новиот Сантијаго ...
Згрижувачките семејства овозможуваат среќа за децата кои немаат дом, потребна е кампања за подигање на свеста за нивното значење. Ова е еден од заклучоците од промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци организиран од СОС Детско село. На промоцијата присувствуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која истакна дека ова е приоритет на Министерството. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ...
Gucci знаат да носат и домашните миленичиња, не само вљубениците во модните трендови! Светски познатата модна куќа лансираше колекција наменета токму за нашите пријатели на четири нозе. Фото: instagram gucci Домашните миленичиња сега исто така можат да уживаат во луксуз и да носат Gucci. Италијанската луксузна модна куќа ја лансираше својата прва колекција на облека, додатоци и домашни додатоци за љубителите на модата со четири нозе. Колекцијата ...
Squid game поранои од очекувањата ќе ја објави втората сезона, судејќи по објавената најава на твитер. Ако бевте дел од фановите на оваа серија, тогаш имаме добри вести за вас, односно ќе има втора сезона на Squid Game. На Twitter e објавена најава за втората сезона. Red light… GREENLIGHT! Squid Game is officially coming back for Season 2! pic.twitter.com/4usO2Zld39 — Netflix (@netflix) June 12, 2022 Креаторот на серијата претходно изјавил за ...
Ако мислите оти дек вас е жешко, елајте уф Гивгилија и ки са предомислите толко скоро шо ки сакте одман да си ојте дома. Е толко е жешко тука. Фото: Спасе Манев Дури сеа коа седум и пишум и вода тече уд мене, са мислум дали е уствари можно оште да неам са слеано. Чат пат по некуј ветар пирќе, ама и тоа един тков топал е, шо некоа пт си мислум оти е поарно и да не пирќе. Ако сајш да услабејш, а та мрзе да ојш да трчиш уф теретанта на лентата, ела ...
Џоди Бураж, тенисерка од Велика Британија го одбележа првиот натпреварувачки ден на Вимблдон откако помогна на момче кое собираше топки. Фото: Tennis365 Бураж направи потег достоен за епитетот херојски. На сред меч против Украинката Лиза Тсуренко видела дека момчето кое собира топки не се чувствува добро. Несреќниот млад човек не можел адекватно да застане на нозе, изгледал нестабилно пред да почне да паѓа. За среќа, Британката навремено ...
Протестот на професорите на УКИМ закажан за 30 јуни се одлага. Ваква одлука донесе Сојузот на синдикати на УКИМ, по добиениот одговор од Владата и МОН. Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје го одлага протестот што беше најавен за 30 јуни. Во соопштението на синдикатот на УКИМ се вели дека ваква одлука е донесена бидејќи добиле одговор од Владата дека за нивните барања ќе разговараат со надлежните министерства. –Ве ...
Лидерите на Г7 на самитот во Германија најдоа време и да се шегуваат, на сметка на рускиот претседател Путин. Лидерите на групата седум богати нации на состанокот во Германија ги исмеваа мачо-фотографиите на рускиот претседател Владимир Путин. Додека лидерите на Г7 седеа на инаугуративната седница на самитот, можеше да се слушне од британскиот премиер Борис Џонсон како прашува дали треба да ја соблече јакната или не. „Сите мора да покажеме дека ...
Агенција за млади и спорт (АМС) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) го објавија Конкурсот за доделување на Наградата за младинско учество. Целта на наградата е да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Сите заинтересирани можат да поднесат номинација за Наградата за младинско учество со пополнување на формуларите на линковите за трите категории: индивидуална категорија – млади ...
Текстилниот отпад во модната индустрија – приказна која има што да понуди! Тоа го направија студентите на ТТФ на УГД на Модниот викенд Скопје 2022. Студентите од Технолошко -техничкиот факултет при УГД- Штип, по успешната ревија на 25 јуни одржана во Скопје, за Гоце.мк ја раскажаа подетално приказната која се криеше во нивните модели и зошто е знајачно да се подигне свеста за текстилниот отпад. “Целта на оваа ревија беше доближувањето на фактот ...
Мелани Иванова, млада поетеса од Штип која ужива додека нижи стихови. Неодамна, со својата творба „Заточени души“, ја освои наградата за најубава поетска творба на литературниот Kонкурс распишан од страна на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“. Наградената песна ќе биде дел од новиот број на списанието за литература „Зенит“. Освоената награда претставува дополнителен стимул за работа на Иванова. „Наградата од ...
Без разлика колку и да се спремате за вашето интервју, присуството на стресот е неизбежно. Затоа Google воведе нова алатка која ќе ви помогне да го поминете вашето интервју без стрес и потенцијално ќе ви ги зголеми шансите за вработување. Тоа е алаткa која користи вештачка интелигенција. Photo by Firmbee.com on Unsplash Google AI, всушност, ви овозможува да „вежбате“ пред интервју со потенцијален работодавец, поставувајќи ги на корисниците оние ...
Приказната за дисфункционалното семејство на суперхерои го освои светот кога прв пат се појави, па сега може да уживате и во третата сезона. Новата, трета сезона на серијата The Umbrella Academy дојде на Нетфликс изминатите денови. Приказната за дисфункционалното семејство на суперхерои го освои светот кога првпат се појави затоа и не е изненадување што публиката ја очекуваше и третата сезона. The Umbrella Academy е базирана на стрипот на ...
РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со своите активности се со цел подигнување на сообраќајната култура на повисоко ниво. Денес во Охрид се реализира превентивната кампања – „Носи кацига, вози безбедно!“. Таа е наменета пред се за возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети. Фото: rsbsp.org.mk „РСБСП во соработка со МВР и Факултетот за безбедност од Скопје ја реализираат кампањата за велосипедисти, мопедисти и ...
Француската телевизија беше дел од снимањето на документарниот филм „Претседател, Европа и војна“, во чии рамки за првпат ќе бидат прикажани разговорите меѓу Емануел Макрон и Владимир Путин само неколку дена пред почетокот на руската инвазија на Украина. Премиерата на филмот е закажана за 30 јуни, а покрај размислувањата на францускиот претседател за војната во Украина, јавноста за прв пат ќе биде запознаена со деталите од разговорите меѓу ...
Во Брисел денеска почнува дводневниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој, меѓу другото, ќе даде појасна слика за неколку земји кога станува збор за кандидатскиот статус за ЕУ. Во „барабанот“ се Украина, Молдавија, Грузија, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Photo by Guillaume Périgois on Unsplash Според неофицијални информации и медиумски увид во нацрт-документот што ќе го усвојат лидерите на 27-те ...
Книжевните великани имаат само датум на раѓање. Во чест на роденденот на Петре М. Андреевски, одвојте две минути и слушнете ја оваа песна. Петре М. Андреевски е роден на 25 јуни, 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Бил поет, раскажувач, романсиер, драмски автор. Неговото дело има големо историско-книжевно значење за македонската книжевност затоа што ја смени свеста за литературата и македонската критичка свест кај нас. Неговите ...
Аеродромите со многу проблеми влегуваат во летната сезона – се повеќе гужви, одложувања, откажувања на летови. Причини има повеќе. Photo by Phil Mosley on Unsplash Она што се случува на европските аеродроми во последните недели сугерира дека е „загрозувачко“ среде летната сезона. Пред се, на патниците ќе им треба многу трпение. Гужвата на шалтерите на германските аеродроми, но и во другите европски земји, се подолги. Главната причина е ...
Давењето е трета водечка причина за ненамерни повреди во светот со учество од седум отсто во групата повреди. Photo by Blake Cheek on Unsplash За време на Светското првенство во пливање во Будимпешта за малку ќе се случеше трагедија кога една пливачка се онесвести во базенот за време на натпреварувањето во синхронизирани пливачи. Пливачката Анита Алварез (25) почна да се дави, но брзата реакција на тренерот ја спаси. Овој случај покрена многу ...
Билионер – категорија на богат човек која е проблематична дури и за пресметување за обичните граѓани, но секогаш интересна за анализа. Пред се, од аспект на тоа кои се луѓето кои се богати, и кои на пример први ќе станат токму билионери! Exchange photo created by rawpixel.com – www.freepik.com Кога беше објавен првиот милијардер во 1916 година, оваа колосална бројка секако изгледаше понеостварлива отколку што е денес. Сепак, 83 години подоцна, ...
На американската пливачка Анита Алварез и се слошило за време на тренингот на Светското првенство, по што тренерот Андреа Фуентес скокнала во базенот, ја извлекла и и ҆ го спасила животот. Анита за време на тренингот се онесвести и почна да тоне. Во изјава за медиумите таа вели дека нејзината реакција била инстинктивна. За време на натпреварот во синхронизирано пливање, Анита изгубила свест и почнала да тоне, а за среќа веднаш реагирала ...
Гоце.мк и оваа седмица ви поставува едноставно прашање и сака да го слушне вашето мислење за одличните ученици во Македонија. Јавноста се крена во „детектирање“ на причините за нералното оценување. Одличните ученици паднаа на меѓународните тестирања и останаа одличини само за дома. Резултатите од јавното мислење ќе ги објавиме следната недела. Гоце.мк ве слуша вас! Кажете го вашето мислење, а напишете го и вашиот став кој би можеле и да го ...
Вториот Social Friday оваа година ќе се организира на 24-ти јуни. Компании, непрофитни организации и студенти ширум светот ќе се здружат за да го посветат своето петочно попладне на волонтирање, социјален ангажман и заедништво. Во многу земји низ Европа, бизнисите, организациите и студентите ќе се здружат за да работат заедно и да иницираат позитивни промени во општеството. Швајцарско-македонската компанија BREON заедно со компанијата Zero ...
Свидетелствата и годинава доцнат, основците и средношколците нема да ги добијат на крајот на јуни. Од Бирото за развој на образованието се повикуваат на законските одредби според кои доделувањето на свидетелствата се одвива до крајот на учебната година, а тоа е до август. Така, уште еднаш се потврдува дека и образованието, како и многу други области, ни е „заплеткано“ во бирократија и процедури. Уште повеќе, се потврдува дека за секоја ...
Минатата недела, Европската агенција за заштита на животната средина [EPA] објави ново советодавно предупредување дека дури и мали количини на некои хемикалии пронајдени во водата за пиење може да претставува голем ризик и да на се безбедни. Научниците наоѓаат таканаречени PFA хемикалии насекаде. Кога производите со овие хемикалии завршуваат на депониите, овие загадувачи навлегуваат во нашата почва, воздух и вода за пиење. Така PFA завршуваат во ...