ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува сериозна загриженост по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје што ја потврди пресудата против новинарот и уредник Насер Селмани, кој е осуден за клевета и навреда поради изнесен став во јавна дебата поврзана со медиумската независност и притисоците врз уредувачките политики. Тужбата е поднесена од ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски, соопштуваат од ЦИВИЛ. „Пресудата се темели на изјави на Селмани ...

Поранешниот шампион на Вимблдон и директор на ATP турнирот во Ротердам, Ричард Крајичек, изјави дека Роџер Федерер е најголемиот тенисер во историјата, но дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот, пренесува српски Спорт Клуб, повикувајќи се на интервјуто на холандската легенда за „Bolavip“. Крајичек нагласи дека постои суштинска разлика меѓу тоа да се биде „најголем“ и „најдобар“ во историјата на тенисот. – За мене не се работи само за бројките. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложува гласањето за двопартиски закон со кој треба значително да се заострат санкциите врз рускиот енергетски сектор, предупредија двајца високи демократски сенатори, објавија меѓународни медиуми. Зборувајќи во Кијив по викендот на Минхенската безбедносна конференција, сенаторот Ричард Блументал рече дека мерките за санкции што ги предложил со сенаторот Линдзи Греам ќе извршат „економски притисок“ ...

Украинските сили вратиле 201 квадратен километар територија од руската контрола во период од среда до недела минатата недела, покажува анализа на Agence France-Presse (AFP), базирана на податоци од американскиот Институт за проучување на војната (ISW). Според анализата, ова претставува најголемо враќање на територија во толку краток период уште од украинската контраофанзива во јуни 2023 година. Површината што Украина повторно ја презела е ...

На денешен ден, 17 февруари 1600 година, на плоштадот Кампо де’ Фиори во Рим, филозофот Џордано Бруно беше запален на клада. Неговото „злосторство“ не беше убиство, ниту предавство, туку идеја – идеја дека универзумот е бесконечен и дека Земјата не е центарот на сè. Џордано Бруно е роден во 1548 година во Нола, близу Неапол. Како млад влегол во доминикански манастир и станал свештеник. Но уште тогаш почнал да чита забранети книги и да ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во 11 часот ќе ја блокира Владата како дел од синдикалните активности за зголемување на платите, најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на прес-конференција. Ова е третата најавена блокади, откако претходно беше блокирано Собранието и Стопанската комора. Работниците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската ...

„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече вчера претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ ...

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека користел владин авион за патување на Јадранското Море, додека работниците во државата протестираат за повисоки плати и подобар животен стандард. На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека ваквото однесување претставува „срамна слика за една власт опиена од луксуз“, обвинувајќи дека премиерот користи јавни ресурси за приватни цели. „Со владин авион и парите од ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека владата мора да „побрза“ со трошоците за одбрана, коментирајќи ги медиумски извештаи дека кабинетот размислува да го помести рокот за зголемување на трошоците за одбрана на три отсто од БДП, објавија британските медиуми. „Треба да го забрзаме темпото. Треба да побрзаме (со трошоците за одбрана). Очигледно презедовме обврски, но не е само колку трошите“, рече британскиот премиер. Претходно, Би-Би-Си ...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, најави дека утре во 11 часот синдикалците ќе ја блокираат Владата како дел од синдикалните активности за зголемување на платите, соопшти ССМ на денешната прес-конференција. Трендафилов истакна дека блокадата ќе биде изведена симболично од 21 синдикален претставник, што е законскиот минимум за организирање ваква активност. „Владата утре во 11 часот ќе биде ...

Легендарниот американски актер Роберт Дувал, добитник на Оскар и една од најпрепознатливите фигури во историјата на Холивуд, почина на 96-годишна возраст, објави BBC. Дувал имаше исклучително богата кариера што се протегаше низ повеќе од седум децении, со седум номинации за Оскар. Статуетката ја освои во 1983 година за најдобра машка улога во филмот „Нежно милосрдие“, каде го играше проблематичниот кантри пејач Мак Слеџ. Легендарни улоги што ...

Роберт Дувал, легендарниот американски актер и добитник на Оскар, најпознат по улогите во „Кум“, „Апокалипса денес“ и „Tender Mercies“, почина на 96-годишна возраст, објави CNN, повикувајќи се на изјава од неговата сопруга Луцијана. Според официјалното соопштение, Дувал починал мирно во неделата во својот дом во Мидлбург, во американската држава Вирџинија. Во изјавата, објавена во име на семејството преку неговата агенција за односи со ...

На 17 февруари, Месечината останува во Водолија и го достигнува својот најинтензивен момент – третата фаза од циклусот, фазата на проверка и ресет. По деновите на освестување и свесен избор, денес доаѓа моментот кога вистината не може повеќе да се одложува. Ова е ден кога илузиите се распаѓаат, а останува само она што е вистинско. Енергијата на Водолија носи дистанца, но не како бегство, туку како начин да се види реалноста без емоционален ...

Мозокот може да задржи одредено ниво на свест и часови откако лекарите ќе го прогласат пациентот за мртов, според податоците претставени на научна конференција во американската држава Аризона, објави денеска „Тајмс“ (The Times). По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, дипломираната студентка на Државниот универзитет во Аризона, Ана Фаулер повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование и потенцираше дека водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите. „Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. ...

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, оценувајќи дека станува збор за „примитивен однос“, се наведува во соопштението на партијата. Реакцијата доаѓа по изјавите на Вучиќ на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, во кои тој ја критикуваше Шекеринска. „Сметаме за ...

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, изјави дека нема видено докази дека вонземјани воспоставиле контакт со Земјата, појаснувајќи ги своите претходни коментари кои станаа вирални на социјалните мрежи, објави CNN. Обама привлече големо внимание откако во интервју за подкастот на Брајан Тајлер Коен, на прашањето дали вонземјаните се реални, одговори: „Реални се, но јас не сум ги видел. И не се кријат во… како се викаше? Област 51. Нема ...

СДСМ обвини дека власта не дава одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија, оценувајќи дека станува збор за „најголемиот нарко скандал“, се наведува во соопштението на партијата. „16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал“, наведуваат од СДСМ. Од партијата тврдат дека наместо ...

Групата Лелк со песната „Андромеда“ победи на Дора 2026 и ќе ја претставува Хрватска на Евросонг, кој оваа година ќе се одржи во Виена. Победникот беше одлучен со комбиниран систем на гласање, во кој жирито и публиката учествуваа со по 50 проценти. По гласањето на осумте жири-комисии – четири домашни од Загреб, Сплит, Риека и Осиек, и четири меѓународни од Обединетото Кралство, Луксембург, Сан Марино и Норвешка – Lelek веќе беа во водство. ...

Повеќе од 1,5 милијарди меѓународни туристи патувале во странство во 2025 година, што претставува глобален раст од 4% и сигнал дека туризмот повторно се приближува до предпандемиските стапки на раст, според најновиот Барометар на светскиот туризам на UN Tourism. Додека Европа останува најпосетуваниот регион со речиси 800 милиони пристигнувања, најголемиот подем доаѓа од нов бран дестинации со силен идентитет и брз раст. Бразил го предводи ...

Специјалните единици на американската морнарица се качија на нафтениот танкер Veronica III во Индискиот океан, откако го следеле од Карипското Море поради сомневање дека помага на Венецуела да ги избегне американските санкции, објави BBC. Ова е втора ваква операција на американските сили во Индискиот океан во последната недела и доаѓа во време на засилен притисок од администрацијата на претседателот Доналд Трамп врз извозот на венецуелска ...

Фудбалскиот клуб ФК Победа – Прилеп информира дека сениорската екипа нема да може да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска фудбалска лига, поради, како што се наведува, крајно тешка финансиска состојба и блокирана сметка. Од клубот соопштуваат дека во април 2025 година дошло до промена на мнозинскиот акционер, но новиот сопственик изразил став дека не сака да го води клубот. Поради тоа, на единственото легитимно и законско ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја критикуваше заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оценувајќи дека „многу работи што ги кажа немаат многу смисла“, пренесе РТС. Вучиќ реагираше на изјавите на Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на НАТО и дека нивната воена соработка има за цел да придонесе за регионалната стабилност. ...

Руската противвоздушна одбрана соборила 18 дронови кои летале кон Москва, објави градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, пренесе државната агенција РИА Новости. Собјанин наведе дека итните служби интервенираат на локациите каде што паднале остатоците од беспилотните летала, без да прецизира дали има жртви или материјална штета. Поради безбедносни причини, московскиот аеродром Домодедово привремено ги ограничил доаѓањата и ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција на Антикорупцискиот тим на партијата обвини дека фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје добила 74 тендери вредни 17,6 милиони евра за период од две години, оценувајќи дека станува збор за сериозни сомнежи за наместени јавни набавки. „53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери ...

Месечината на 16 февруари продолжува да се движи низ Водолија и денес ја носи втората фаза од овој лунарен престој – продлабочување и свесен избор. Она што се активираше вчера како чувство на дистанца или потреба за промена, денес добива форма на јасна одлука. Ова е момент кога емоциите повеќе не ве контролираат – вие ги гледате од дистанца и разбирате што значат. Водолијата не бара драматични реакции, туку освестување. Се појавува способност ...

Израелската армија најверојатно распрскува глифосат во високи концентрации долж границата со Либан, што предизвика силно негодување поради можните последици врз здравјето и животната средина, јавува Дојче Веле, повикувајќи се на извештај на германската јавна телевизија ARD. Видео-снимки од јужен Либан покажуваат мал авион кој лета ниско над земјоделски површини и распрскува хемикалии. Портпаролката на мировната мисија на ОН во Либан (UNIFIL), ...

Познатиот британски готвач и ТВ-ѕвезда Гордон Ремзи изјави дека Бруклин Бекам е „заслепен од љубовта“ и дека се обидува да изгради сопствен идентитет, коментирајќи го неговиот јавен конфликт со родителите, Дејвид и Викторија Бекам. Во интервју за The Sun, Ремзи рече дека ситуацијата е „тешка“, но истовремено изрази разбирање за однесувањето на најстариот син на Бекам. „Тешко е, нели, кога си заљубен? Љубовта е слепа. Така велат со причина“, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод празникот Св. Трифун упати честитка до лозарите, но истовремено ја критикуваше Владата, обвинувајќи дека со намалувањето на субвенциите директно им наштетила на земјоделците. „Го честитам денешниот празник на лозарите и посакувам успешна година, богат род и достоинствена заработка за вашиот труд“, објави Филипче од Моклиште, Кавадарци. Тој оцени дека состојбата во земјоделството е загрижувачка ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
42%
1019
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
33%
1023
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
39%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
39%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
7.54
44%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
6.17
43%
1021
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
52%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
8.94
37%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
36%
1022
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1014
Currency

61.64

Currency

52.5688

Currency

71.0401

Currency

37.5703

Currency

38.4418

Currency

67.0149

Currency

7.69168

Currency

0.69864

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Цинк

0.00

Родиум

323115.00

Сребро

2433.77

Платина

64687.30

Злато

151522.95

Алуминиум

3.60

Бакар

12.11

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

47711.71

Калај

50.49