
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Талентираната Славица Ангелова од Струмица, е единствената Македонка која успеа да се пласира во финалето на „Ѕвездите на гранд". Да ѝ ја дадеме сите нашата поддршка! Со фантастична изведба на „Ти" од Александра Ковач и „Пази се" од филмот „Јужен ветер", Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд"! Оваа сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот – ...
Авторитетната адвокатка Амал Клуни, воедно и една од најстилските деловни жени на денешницата, деновиве на конференција во Мадрид се појави во одлично модно издание. Впечатлив комбинезон, во металик-жолта нијанса, во крој на едно рамо – беше нејзиниот моден избор што ги заслужува сите комплименти, а воедно може да ви послужи и како инспирација за убав повод или коктел настан ова лето. Сопругата на познатиот актер, Џорџ Клуни, неретко бира ...
Студентите на Институтот за текстилно инженерство при ТМФ, под менторство на професорката Лидија Георгиева, ја заокружија академската година со традиционална модна ревија, годинава на тема АВТЕНТИЧНОСТ. Преку нивните оригинални креации, меѓу кои и 3Д печатени дизајни, изработени за прв пат со помош на 3д принтерите во Ино Фаб Лаб – лабораторијата на институтот, се обидоа да размислат и да предложат одговор на современите дилеми на општеството. ...
Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам", која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена. Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски. Како и за сите нејзини предходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон деновиве се појави во јавноста во аутфит што е дефиниција за сведена елеганција. Иако можеби на прв поглед, белата комбинација што ја носи на себе личи на дводелен сет од плисирано здолниште и сако од твид, всушност се работи за фустан кој вклучува елемент на сако со пеплум ефект. Дизајнот е со потпис на брендот Self-Portrait и доловува ефект на безвременска класика. Принцезата од Велс, одлично го надополнила со ...
Актерката која со децении ги освојува срцата на филмската публиката со својата неверојатна способност да оживува разновидни карактери, а воедно ги освојува погледите и симпатиите на љубителите на модата со својот стил и беспрекорно чувство за елеганција, Мерил Стрип, денеска полни 74 години. Речиси е невозможно да се ранкираат најдобирите филмови на Мерил Стрип, која го држи рекордот со најмногу номинации за Оскар на сите времиња (21), од кои ...
„Патики манијата" во модниот свет, е тука за да остане. Тоа го потврдуваат и новите летни тенденции меѓу кои како најатрактивни и ова лето се различните модели на патики во беж-неутрални нијанси. Удобноста и како естетика до толку „удобно" се смести меѓу трендовите, што патики не ретко се комбинираат и во деловни и во поелегантни комбинации (онаму каде што е тоа дозволено, односно каде што не е пропишан дрес код каде опцијата патики е ...
Бијонсе, Џеј Зи, Лени Кравиц, Наоми Кембел, Ким Кардашијан и секако Ријана која се најде како заштитно лице на најавната кампања, беа меѓу атрактивната листа на гости што од првиот ред го проследија модното шоу во Париз за машката линија за пролет-лето 2024 на француската куќа Луј Витон, значајна по тоа што е прва под креативно водство на Фарел Вилијамс. Со спектакуларен концепт, деби шоуто на Фарел за Луј Витон, ја отвори Машката модна ...
Бремената мега ѕвезда Ријана, ја најави новата машка колекција на Луј Витон за пролет-лето 2024, со фотографија од кампањата за истата, каде се појавува како заштитно лице. На фотографијата, Ријана позира во кожен мантил, предниот дел е откопчан и фокусот е на нејзиниот стомак, додека во раце држи чанти во неколку бои со препознатливиот патерн со логото на брендот. Она што ја прави посебна оваа колекција е тоа што е прва под креативно водство ...
Тенденцијата на комфорна облека продолжува и ова лето. И покрај тоа што оваа летна сезона повторно ги актуелизираше припиените и тесни кроеви, сепак тоа не го исклучува фактот дека удобноста е сѐ уште меѓу приоритетите кога се креираат трендовите, затоа што едноставно потрошувачите тоа го бараат. А тоа подразбира пријатни и лесни ткаенини, опуштени вклучително и предимензионирани кроеви, а притоа со елементи од други популарни тенденции како ...
Кралицата на Шпанија, Летиција и кралицата на Јордан, Ранија, се соединуваат на многу нивоа: двете се кралици, грациозни икони на стилот, па дури имаат и сличен вкус кога модата е во прашање. Илустрација за ова е и последната нивна историска заедничка средба во Мадрид, кога во кралската палата двете беа фотографирани во беспрекорни, дамски комбинации во миди фустани со флорални дезени односно везови. И двете верни на својот препознатлив стил, ...
Луксузен парфем е многу повеќе од формула која ќе ја напрскате набрзина наутро пред да излезете од дома или пак да го носите на себе како фамозен краен финиш пред вечерното излегување. Тоа е мирисна сензација од комбинација на ретки состојки кои се испреплетуваат меѓу себе, создавајќи незаборавно олфлакторно искуство. Во буквален превод од англиски јазик, Creed значи вероисповед, или накратко вера. Niche парфемскиот бренд не го носи името ...
Едно од оние парчиња кои се препознатливи за лето и без кои летната сезона не поминува... Кафтанот со својата лежерна естетика е совршеното парче во кое опуштено ќе ги поминете деновите на плажа, но не е исклучен ниту од секојдневната мода во текот на целата летна сезона. Широкиот крој дозволува безброј начини на комбинирање, од опуштени летни аутфити во комбинација со бермуди или широки ленени панталони, до варијанти на кафтан-фустан со ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон присуствуваше на традиционалната голема церемонија „Trooping the Colour", со што годинава беше одбележан првиот роденден на кралот Чарлс откако застана на британскиот трон. Кејт Мидлотн и овојпат беше модно впечатлива, во елегантен зелен капут-фустан потпишан од Andrew Gn соодветно комплетиран со дамска шапка. Изборот на впечатлива зелена боја за овој стајлинг, воопшто не е случаен и реферира на улогата на Кејт ...
На 22. јуни на медиумската платформа HBO започнува да се емитува второто продолжение на „„And Just Like That..." со три од четирите хероини на „Sex and the City", во главните улоги... Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) се враќаат постилски од кога и да е! Ако првата сезона ја подели публиката и нејзините впечатоци околу содржината, факт е дека нивото на модата од „Sex and the city" не само што е ...
Цветот како референца оваа сезона е апсолутно доминантна во модниот свет. Флоралните дезени на ткаенините, 3Д цветните форми во скулптуралното моделирање на дизајните, цветови како принтови и како украси и на модните додатоци. Омилените летни сандали на високи потпетици, секако не се исклучени од листата. Оваа сезона добиваат романтична нота, стилизирани со различни варијанти на цветни апликации или 3Д флорални форми. Еве ги нашите фаворити: ...
Хрватската ѕвезда, Данијела Мартиновиќ завчера во близина на Загреб, ја промовираше својата автобиографска книга "Tuširanje duše", во друштво на нејзиното семејство, пријатели и соработници. „Навистина е тешко да се опишат нијансите и распонот на расположение и состојби низ кои поминував додека ја пишував оваа книга, но она што треба да се нагласи е дека настана без предомислување. Настана од мојата длабока креативна, морална, а пред се ...
Голем е бројот на холивудски мајки и ќерки кои зачекориле по нивните стапки, без разлика дали станува збор за актерство, музичка кариера или моделинг. Можеби и со самиот факт што славата ја осетиле уште од мали нозе, одбирањето на шоубизнисот за младите дами не е ништо ново и неочекувано. Од Ава Филип и Зои Кравиц, до Каја Гербер и Блу Ајви, погледнете кои славни двојки на мајки и ќерки се најдоа на нашата листа. Синди Крафорд и Каја Гербер ...
За колекцијата есен 2023 американскиот дизајнер Кристијан Сириано се инспираше од легендарната Одри Хепберн. Класичниот стил повторно е во фокусот ресорт колекцијата, а овој пат инспирација е уште една стилска икона – принцезата Дијана. Сириано започна да работи на колекцијата кога беше во посета на Англија и Ирска, за да присуствува на изложби во музеи. Кралско сини, макси тоалети што слободно паѓаат и смарагден фустан на долги ракави се ...
Двете холивудски актерки и долгогодишни пријателки Скарлет Јохансон и Марго Роби уште еднаш воодушевија со својот стајлинг. На премиерата на филмот Asteroid City во Њујорк, двете дами се појавија во синхронизирани креации. Скарлет, 38, се одлучи за бела тоалета со мал ретро вајб, дело од ресорт колекцијата 2024 на Каролина Ерера. Монохроматскиот макси фустан со голем бел цвет на горниот дел, беше комплетиран со бисерни обетки и PVC потпетици со ...
Како би изгледале елементи од традиционалната македонска носија во футуристички Баленсијага дизајни? Одговорот го има Инстаграм профилот @surrealpineapple, зад кој стои креативецот Петар Антевски – Дигитален креатор кој имено ја користи вештачката интелегенција (AI) за да создава фантастична дигитална уметност. Првата објава на овој релативно нов Инстаграм профил, е токму 3Д дизајн во кој се спојуваат минатото и иднината, односно ...
Клои Роуз Маутер е модна блогерка со беспрекорен и префинет стил. Покрај креирањето на дигитална содржина на Инстаграм, таа обожува да уредува и ентериери и да дава совети за мода, нега и убавина на своите следбеници. Нејзините комбинации се дефиниција за класика со модерна нота, а омилени бои и се белaта и нијансите на беж. Од макси фустани до класични панталони и блејзери, нејзиното модно портфолио е вистинска инспирација за дамите што го ...
Запознајте го DOMINIUM ALFA 58m² Dominium Alfa е едно сосема поинакво доживување. Со своите 58m² совршено испланирани во простран дневен простор, широка и комфорна спална соба и балкон со одличен поглед. Ентериерот на овој стан е комбинација од елементарни бои, фини светли дрвени површини преку разни текстури и детали. Топлите нијанси на бела боја и акцентирањето на текстурите на ѕидовите и секако завршно осветлувањето го прави ALFA смирен и ...
Дали се сеќавате на трендот со маички на врзување од 2000-те? Сега, 20 години подоцна повторно ги гледаме овие модни парчиња низ улиците и по социјалните мрежи. Многумина од вас ќе се присетат на комбинациите што ги вклучуваа токму овие маички и на тогашните ИТ девојки кои ја диктираа модата. Парис Хилтон, Бритни Спирс, но и Сара Џесика Паркер, како култната Кери Бредшно во Сексот и градот, се само неколку од дамите што го прошетаа овој тренд ...
Летните фустани со ситни отвори или „перфорирани" фустани, се интересен спој на романтика и функционалност. Таквиот дизајн овозможува телото и кожата природно да „дишат" што во лето особено е добредојдено, а истовремено овој тип на фустани се женствени и сензуални па може да ги носите и за време на топлите летни денови и за навечер во поелегантни изданија, со високи потпетици. Од белите памучни фустани со перфорирани флорални детали до плетените ...
Првиот семеен дом на легендарниот Волт Дизни, во Лос Анџелес, каде што помина голем дел од својот живот со сопругата и двете ќерки изгледа навистина бајковито. Волт со своето семејство живееше во двокатната куќа од 1932 до 1950. Зданието изгледа како да е излезено од некој од неговите добро познати цртани. Се вели дека токму детали од домот го инспирирале да создаде некои од најпознатите ликови, како Снежана, Вини Пу и Мери Попинс. Куќата што се ...
Предимензионираните блејзери и одела, односно oversized облеката има свој посебен моден шмек доколку правилно се носи. Холивудската џебна Венера,Ева Лонгорија, може слободно да држи лекции на оваа тема. Ѕвездата од Очајни домаќинки, навистина умее да носи oversized, и што и да облече секогаш изгледа беспрекорно. Очигледно ваквите блејзери и одела совршено им прилегаат на дамите со поситна градба, а Ева е доказ за тоа. Предимезионираните одела ...
Холивудската актерка со австралиско потекло, Наоми Вотс, се омажи за својот колега актер Били Крудап. И додека повеќето ѕвезди одбираат гламурозна венчавка, Вотс и Крудап, 54, се одлучија за интимна, тајна, венчавка во една судница во Њујорк. Невестата за приликата одбра романтична венчаница од тантела и гипур, безвременски избор за летна венчавка. Венчаницата на Вотс е дело на њујоршкиот дизајнер Оскар де ла Рента. Цветниот мотив беше во ...
Хрватската пејачка Нина Бадриќ е дама која што одлично ја разбира модата. На нејзиниот Инстаграм профил ја гледаме во секакви комбинации, од колоритни до класичните црно бели тонови, но она што ги обединува сите е начинот на кој Нина ги носи. Воедно таа на социјалната мрежа објави и дека на претстојниот фестивал Melodije Jadrana ќе пее заедно со колегата Петар Грашо. Нумерата е насловена Немој, а и двајцата се воодушевени што конечно ќе отпеат ...
Познатиот екс-супермодел Клаудија Шифер е очигледно воодушевена од убавините на грчките острови, Годинава, како и лани, го одбра нашиот јужен сосед за летна посета, поточно островот Спетсес, близу Атика. Таа овој пат е во друштво на нејзината блиска пријателка Ута Хјуз. Двете дами, на фотографијата што Шифер ја сподели на Инстаграм, изгледаат видно расположени. Пријателките се потрудиле да го усогласат и стајлингот за прошетка и шопинг, па ги ...