Манекенките насмеани чекорат по писта, сандалите ги носат во раце, а на себе ултра женствени комбинации – Каролина Ерера не можеше на посовршен начин да ја спои бразилската егзотика и опуштеност, без притоа да ја стави женственоста во сенка, во својата нова ресорт колекција за 2024 година. Вес Гордон перфектно ги разбира жените и им го нуди тоа што со задоволство би го носеле на себе, а тоа што се надоврза и ја продолжи приказната на Ерера ...

Летото е само по себе предизвик кога треба да се стилизираме за на работа. Секогаш сакаме да се чувствуваме комотно, убаво и да чекориме полни со самодоверба кон обврските. Топлото време и климатизираната канцеларија си наметнуваат свои правила на облекување, но добро е што можеме да се прилагодиме доколку ги одбереме вистинските парчиња. Ние склопивме неколку идеа како ова да го постигнете и да имате убаво лето и додека сте во канцеларија. ...

Одри Хепберн е непресушна инспирација за стил, елеганција и префинетост. Нејзината беспрекорна стилизираност од глава до пети честопати ги потикнува дамите да ископираат барем нешто од неа. Деновиве тоа е фризурата на легендарната актерка и модна икона, а бројни познати ликови на своите Инстаграм профили постираа фотографии во стилот на Хепберн. Станува збор за осум начини на стилизирање на косата што моментално се голем тренд кога станува збор ...

Пред седум години генијалниот музичар Принц замина во легендите. Но, денес нема да се потсетуваме на тоа. Седми јуни е за роденденот на Принц и неговата музика што засекогаш ќе се слуша. Тој го започна животот пред точно 65 години, во 1958 година во Минесота. Принц интересот кон музиката го покажува уште од мали нозе, пишувајќи ја првата песна на само седум години. Во текот на неговата богата музичка кариера, продуцираше десет платинести ...

Кристина Контова е модна дизајнерка која што својата кариера ја започнува во 2008 година создавајќи го брендот Watermelon. Првата колекција вклучува костими за капење и додатоци за на плажа. По пет години успешна модна кариера во 2013 ја преставува и својата прва колекција облека и аксесоари наречена "ckontova". Кристина е денес позната модна блогерка, а на својот профил честопати ја гледаме во облека со нејзин потпис. Ги претпочита ...

Замислете си патување со воз низ некои од најубавите европски дестинации, со книга и пијалок во рака, опуштени на удобни, меки седишта. А сега замислете си и дека добивате плата за тоа. Звучи неверојатно, но овој пат е вистинито. Компанијата Radical Storage, која што е лоцирана во Италија, објави оглас за вработување на лице кое што ќе патува со воз и ќе го документира сето тоа во форма на видеа, фотографии и записи. Со оглед на тоа што ...

Низ светот постојат најразлични верувања, обичаи, традиции, правила на однесување. Токму затоа е добро да се знае што е добро, а што не, што е дозволено, а што забрането, пред да отпатувате во некоја земја. Некои од културните разлики можеби ќе ви се чинат нелогични, чудни, помалку смешни, но сепак добро е да ги имате во предвид. Во Русија... Одбегнувајте да подарувате жолти цвеќиња. Тоа за Русите е знак за прекин на врска или измама. Во ...

Како да постигнете елегантен изглед, а притоа да се чувствувате пријатно и удобно? Еден од најатрактивните трендови за ова лето е одговорот – краток елек и широки панталони се спој кој ќе ви обезбеди удобна елеганција. Уште еден пример кој илустрира како парчињата од „машкиот гардеробер" добиваат женствена димензија. Оваа комбинација најчесто е ограничена во однос на спектарот на бои, па најприсутна е во монохроматски варијанти, црна, бела, ...

После дождот, следуваше едно магично попладне минатата недела во МКЦ, каде се одржа промоција на сликовницата „Ѕуница" од авторот Бранислав Николов и илустраторката Иванка НиБа. Сплотени во дружба и креативност, децата кои беа присутни имаа можност да учествуваат и во интерактивната работилница која беше симпатично надополнување на промоцијата, за на крај заеднички да создадат една шарена Ѕуница на пријателството. Приказната „Ѕуница", раскажана ...

Чуда се случуваат, а тоа ќе го потврди и пејачката Џеси Џеј на која што пред пет години и било кажано дека нема да може да има деца. Британската поп ѕвезда роди здраво машко бебе пред една недела и ги "истури" сите свои прекрасни емоции на социјалните мрежи. Иако Џеј постојано споделуваше објави за бременоста, никогаш не кажа кој е таткото на бебето. Кратко по породувањето се случи и тоа, Џеси му покажа на светот кој е љубовта на нејзиниот ...

Денеска во СЦ Борис Трајкоски беше одржана прес-конференција по повод Европското Првенство во танци 2023. Истата беше можност за организаторите да ја споделат својата визија, да ја истакнат важноста на настанот и да дадат дополнителни детали за првенството. Почитувани членови на организацискиот одбор во состав Карстен Рот, супервизор на првенството, Кирстен Дан Јенсен, Генерален секретар на Интернационалната танцова федерација, Предраг Катаниќ, ...

Кејт Мидлтон е позната по нејзиниот беспрекорен стил кога и да се појави на формални настани и собири од кралски калибар. Еден од омилените дизајнери и е Александар Меквин и честопати ја гледаме во негови креации на црвениот тепих. Ги сака и винтиџ фустаните на Алесандра Рич и честопати стајлингот до дополнува со скапоцен кралски накит. Денес ќе ја видиме принцезата од Велс во едно кежуал, опуштено издание. Според нејзината насмевка се чини дека ...

Летото е совршено за мини фустаните. Топлото време секогаш оди заедно со тоа парче облека, кое само по себе носи една леснотија, свежина и комфор. Сезоната ни носи и разни настани, концерти и забави на отворено за кои што мини фустанот е вистинското решение. Фустаните се клучен момент на секоја добра летна комбинација, а кога се во мини варијанта тогаш можете посебно да се истакнете. Кога станува збор за боите, ова лето акцент се става на ...

Трендот Mermaid core којшто сублимира сè што потсетува на вода, лето и сирени е моментално вистински хит, а своето место го наоѓа и кај маникирот. Социјалните мрежи промовираат нокти лакирани и декорирани токму во овој стил, а со оглед на тоа дека летото е сè поблиску сирена трендот ќе доминира. Светкав финиш, капки вода, нокти што рефлектираат светлина, детали во знакот на морето и летото, седафаст сјај... се само дел од начините да го добиете ...

Една од омилените холивудски актерки Анџелина Џоли вчера наполни 48 години. Уште кога за прв пат се појави на филмското платно, на само на четири годишна возраст, ги маѓепса сите. Преслатката Џоли со своите руси кадрици и продорно сините очи изоде долг пат, со ред подеми и падови. Светот ја виде во разни фази од нејзиниот живот, но она што остана непроменето беше нејзината убавина. Анџелина од секогаш го имала елементот на бунтовност, на силна и ...

Со еден клик дознајте како ќе изгледа вашиот дом од соништата. ELENA LUKA HOME на своите клиенти им овозможува интерактивна презентација на нивниот нов атрактивен станбено-деловен објект DOMINIUM, со што добиваат конкретна визуелна претстава за секој тип на стан, неговиот распоред, функционалност и детален приказ за секоја просторија. Презентацијата може да ја погледнете на овој линк. Станбениот дел на DOMINIUM го сочинуваат вкупно 100 стана, ...

Ова се трендовите во внатрешното уредување за 2023 година: Боите го менуваат светот Огнометот од бои ни ветува живи, разиграни ентериери. Докажано е дека боите влијаат на расположението, а оние во внатрешноста влијаат и на квалитетот на животот. Од топли, пастелни бои до светли тонови, различни дизајни – мебелот внесува топлина и му дава карактер на просторот. Смелите комбинации на бои ги рушат естетските предрасуди и поттикнуваат постојано ...

Ова лето нека биде обоено во женственост со сите нејзини перспективи и нијанси... Кога ќе се сплотат сите безвременски симболи на женственоста во една модернистичка и урбана колекција, ја добивате новата ХИТ летна линија на ЕЛЕНА ЛУКА „WannaBe". Сѐ што жената е: моќна и нежна, романтична, сензуална и силна, своја, посебна, секси, самоуверена, величествена во секој поглед – интерпретирано во модерна женствена колекција која сигурно ќе му даде ...

Домот е местото каде што ни е срцето. Таму се чувствуваме опуштено релаксирано, таму ја пронаоѓаме харомонијата. Уредувањето на домот честопати e предизвик, од причина што сакаме да го направиме уште подобар, поубав и подготвен за нови спомени. IKEA е една од компаниите која што 80 години наназад нуди едноставни и креативни решенија за внатрешно и надворешно уредување. Идејата на основачот Ингвар Кампрад потекнува уште од 1943-та, односно кога ...

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело - MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет. Победничка, односно World Next Top Model за 2023г е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ...

Иако за Мерилин Монро е пишувано многу, нејзината животна приказна никогаш не досадува. Таа беше и засекогаш ќе остане лик што сакаме да го гледаме, насмевка на која ѝ се восхитуваме, шарм пред кој се поклонуваме. Норма Џин беше преубаво девојче со несреќна судбина да расте по туѓи домови, без родителска љубов, без фундаменталната сила што го храни секое дете. Родена на денешен ден, 1926-та, Норма растеше во свет далеку од Холивудскиот луксуз и ...

Втората сезона на „And Just Like That...", започнува да се прикажува од 22 јуни на медиумската платформа HBO, а она што медиумите веќе го најавуваат како големо изненадување е враќањето на Ким Катрал во серијата во ликот на Саманта Џонс. Веста ексклузивно ја пренесе магазинот Variety, посочувајќи дека Саманта ќе се појави само во една сцена во последната епизода и наводно дека притоа немала никаква средба со другите главни протагонистки во ...

Оскаровецот Ал Пачино во 82-та година од животот, повторно ќе стане татко, по четврти пат. Неговата девојка, 29-годишната продуцентка Нор Алфала е во осмиот месец од бременоста и заедно го очекуваат нивното прво задничко дете, пренесуваат таблоидите откако веста беше потврдена од претставник на легендарниот холивудски актер. Парот е во врска од април 2022 година, а честопати се забележани заедно во Лос Анџелес. Интересно е што оваа вест доаѓа ...

Фризурата што ќе биде вистински хит ова лето е неуредна, а сепак изгледа одлично. Станува збор за еден тип на растурена пунџа, со прамени кои слободно паѓаат настрана. Идеална е за оние кои имаат долга коса и шишки, но можат да ја носат сите со поголема должина на косата. Во 90-те Памела Андерсон беше девојката од која се црпеше инспирација, а токму таква пунџа носеше додека беше најславна. Канаѓанката која се прослави како Си Џеј во култната ...

Беж бојата, заедно со црната и белата е најчест избор за оние што сакаат да играат на сигурно и ја обожаваат минималистичката естетика. Оваа нијанса од секогаш била поим за елеганција и софистицираност, а многу брендови го имаат изградено и својот визуелен идентитет на различни нијанси на беж боја. Со оглед на тоа што летото е сезона на прослави и свечени случувања беж бојата е секогаш полн погодок. Можат да се комбинираат со црна, бела или пак ...

Не е едноставно да се направи спој на облека која истовремено е лесна за носење, а е доволно впечатлива и интересна. Но, очигледно на Викторија Бекам тоа ѝ оди од рака. Тоа го прикажа и во новата ресорт колекција 2024, каде повторно успешно ја употреби формулата – креирам она што носам. Дека може да се биде секси и во широка кошула, дека џинсот може постојано и одново да биде возбудлив и покрај тоа што е модна класика, дека деталите прават ...

Една од природните атракции во Словенија е неверојатниот водопад Козјак, којшто дефинитивно е место коешто вреди да се посети. Според многумина ова е најубавиот водопад во земјата, а неговата висина изнесува 15 метри. Го формира потокот Козјак, којшто тече низ тесна клисура пред да потоне во голем базен. Козјак извира на височина од 2142 метри, тече низ неколку корита и се спушта по шест водопади, од кои само два се достапни за посетители. Освен ...

Фустаните во коишто можеме да го поминеме целиот ден, а згора на тоа дозволуваат стилизирање на повеќе начини се секогаш полн погодок. Летото е совршено за белата боја којашто што сама по себе носи свежина и расположува, а белиот летен фустан е едно од тие парчиња кои сакаме да ги носиме. Кога станува збор за монохроматска комбинација, модните додатоци можат да бидат разнобојни. Белите фустани ги има во секакви модели, од кратки до макси верзии, ...

Поп феноменот Spice Girls на некој начин ги одбелeжаа 90-те. Петте девојки, Ема, Гери, Викторија, Мелани Б. и Мелани С. со своите хит песни, сценските изведби и видео записи направија вистински глобален бум. Петорката беше толку популарна што резултираше и со филм во којшто беа вклучени некои од најпознатите британски актери. Последен пат Спајсиците се собраа пред 11 години, кога пееја за време на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. Секоја ...

Рачно насликани, со интересни пораки и во десетина различни уникатни модели – новата специјализирана линија марами за миленици на ЕЛЕНА ЛУКА беше одлично изненадување за сите кои чуваат миленици и присуствуваа на роденденската забава на Луна Пет Шоп, добро познатата продавница за миленици која викендов го прослави 7-от роденден. Во супер забавна и позитивна атмосфера, со слатка маса за кучиња, со 7 свеќи на роденденската торта и во одлично ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
53%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52