Нашиот виртуоз на пијано Симон Трпчески својот уникатен проект „Македонисимо" ќе го изведе во живо и во родното дело на неговата мајка, Секирник – струмичко, во подножјето на планината Беласица. Концертот на отворено ќе се одржи на 26 август, со почеток во 20 часот, а влезот ќе биде слободен. „Ве поканувам на концерт во родното место на мојата мајка - Секирник (Струмичко), на 26 август 2023 година, да прославиме уште една убавина со уникатниот ...

„Долче и Габана ги заменија кристалите со плетенини", вака гласи еден од насловите на Харперс Базар посветен на последната Алта Мода колекција на италијанскиот двоец промовирана неодамна во егзотичното Арбелобело. И кога од Долче и Габана неминовно ги очекувате за нив препознатливите луксузни скапоцени камења нашиени на ексклузивни ткаенини, тие направија пресврт и очекувањата ги заменија со изненадување, позитивно во секој случај. Понудија ...

За сите оние кои сакаат да ја истражат Македонија, еве каде можете да поминете дел од својот викенд: Смоларскиот водопад Смоларскиот водопад е највисокиот водопад во нашата земја, 39,5 метри, и се наоѓа над селото Смоларе во Ново Село. Прекрасниот пејзаж што ќе ве пречека овде е вистинско уживање. Винаријата Тиквеш Покрај доброто вино, овој предел ја има можеби најдобрата клима под нашето небо. Тука може да се почувствуваат медитерански долги ...

Познатиот музеј во Њујорк Метрополитен ќе има изложба на креации од женски дизајнери коишто оставиле свои печат во 20-от век. Метрополите којшто е и домаќин на познатата Мет Гала, во декември годинава ќе изложи 80-на креации на дизајнерки кои создавале ремек дела низ историјата. Women Dressing Women ќе прикаже дела на Медлин Вајонет, Клер Мекардел, Вивиен Вествуд, Мучиа Прада, Хилари Тејмур, Јеоли Тенг, Симон Роча и Реи Кавакубо. Изложбата ќе ...

Хрватска станува една од најскапите и поексклузивните дестинации за летување во Европа. Дополнително, цените ги креваат и светските ѕвезди кои често ја одбираат оваа балканска убавица за своја летна дестинација. А годинава, меѓу бројните познати туристи во Хрватска се и Кејти Пери и Орландо Блум, кои деновиве беа фотографирани во Дубровник. Парот, во друштво на уште неколку познати личности меѓу кои и Џеф Безос со вереницата Лорен Санчез, ...

Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак" на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал. Актерката Ана Стојановска со екипата на „Кајмак" заедно со режисерот Манчевски, колегата Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев, пред проекцијата во програмата Open Air во која на отворено се прикажуваат хитовите на годината. „Кајмак" ќе продолжи да игра и во кината низ ...

Годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници" на режисерот Горан Столевски. На денешната конференција за новинарите која се одржа во „Хотел Парк и спа", директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски го соопшти добитникот на Златна камера 300 за животен опус, а претседателот на Друштвото на ...

Таа е моментално една од најпопуларните пејачки во музичката индустрија, а од неодамна ја претстави и својата прва линија на облека за Версаче. Дуа Липа, 27, веќе ги диктира модните трендови, а нејзините фанови со нетрпение чекаат да ѝ ги видат објавите на Инстаграм. Можеме да забележиме дека нејзина слабост се фустаните коишто ги има во секакви бои и дизајни. Од секси мини до макси тоалети, од класични до металик комбинации, летните фустани се ...

Некогашната поп сензација Бритни Спирс се разведува од сопругот Сем Ашгари, по само 14 месеци брак. Спирс, 41 и Ашгари, 29, се запознаа во 2016-та додека го снимаа видеото за песната Slumber Party. Парот ја објави својата свршувачка во септември 2021-ва, а венчавката се случи во јуни следната година. На забавата во Лос Анџелес имаше околу 60-на гости меѓу кои Дру Баримор, Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез. Според тамошните медиуми, разводот ...

Сакајќи да им покаже на фановите како изгледа без шминка, Џеј Ло објави видео на својот Инстаграм профил на коешто вели дека се чувствува подобро од било кога. Ѕвездата, која неодамна наполни 54 години, го покажа своето лице кое мораме да признаеме изгледа навистина свежо и полно со енергија. Како што и самата вели, тоа е вистинската Џеј Ло, без филтри, која многу време поминува грижејќи се за својот изглед. View this post on Instagram A post ...

Во својата зимска колекција за минатата сезона, Миуча Прада го врати трендот на транспраентни ткаенини. Па, во своите линии го актуелизираа и Валентино, Алберта Ферети, Коперни, за подоцна да стане вирален и да ја освои и уличната мода. Ова лето беше една од најдоминантите тенденции, а исто толку актуелна ќе биде и претстојната есен. Но, транспарентните фустани, здолништа, панталони или комбинациите кои повеќе откриваат, не се за секого – ...

За ова лично дуо мајка и ќерка можеме слободно да кажеме дека крушата под круша паѓа. Убавината на Синди Крафорд се пренесе на нејзината ќерка Каја Гербер, која го наследи и талентот за моделинг и доминација на модните писти. Од очите со костен боја и прекрасната густа коса, па сè до извајаното тело и шармирачката насмевка Каја го има сето она по што мајка ѝ е препознатлива и денес. Каја не живее во сенката на легендата Крафорд, туку напротив ја ...

Доколку претпочитате неутрална естетика имаме одличен ентериер за вас. Овој берлински стан кој што припаѓа на дама која и самата е дизајнер на ентериери, дава чувство на топлина, опушта и го восхитува секој што е љубител на јапанди стилот. Станот, којшто изобилува со светлина, ја дефинира складноста и удобноста на најдобар можен начин. Централно место во дневната соба има мекиот кауч, а покрај него се наоѓа фотелја од ратан. Трпезаријата е ...

И додека летото е уште тука, а се надеваме дека ќе потрае и следниот месец, вистинско време е да видиме кои бои ќе преовладуваат во сезоната што следи. Есента сама по себе е препознатлива по одредени нијанси, но сепак да ги видиме модните прогнози. Слонова коска Крем нијансите, слоновата коска и снежно белата ќе бидат можеби најголем хит за есенската сезона. Овие бои го пратат тивкиот луксуз за којшто можеме да кажеме дека безвременски тренд. ...

Како изгледа ова лето на загребските улици? Одговорот ни го дава фото објективот на хрватскиот фотограф Синиша Бужан, кој на својот инстаграм профил @street_stylezagreb редовно нѐ „апдејтира" со фотографии од уличната мода во Загреб. Многу атрактивна, забавна, експресивна и разнолика, со силно изразена индивидуалност, летната мода во Загреб не е ништо подалеку од она што го гледаме и на улиците на Милано или Париз. Најчесто бирани се летните ...

Кралицата на поп музиката, Мадона, е родена на денешен ден 1958 година. На свои 65 години, можеме да кажеме дека мега ѕвездата достигна слава за којашто сигурно не сонувала како мало девојче кое растело без мајка. Токму таа празнина и борбата да се успее во животот ја донесе ултра амбициозната Material Girl онаму каде што е сега. Мадона е позната по тоа што постојано се реосмислува себе си. Низ времето нејзината кариера имаше голем број на ...

Речиси и да не можеме да замислиме барем една деловна комбинација во текот на неделата која што не вклучува панталони. Тие се некаде и задолжителен дрес код од причина што се класични, безвременски, практични, а истовремено елегантни и софистицирани. Панталоните ги има во секакви бои, но кога зборуваме за деловниот стајлинг најчесто мислиме на неутралните и пастелни нијанси, како белата, црната, тоновите на сива и беж. Најдобро одат со кошули, ...

Тенката коса знае да биде проблем кога сакаме да ја направиме посакуваната фризура. За овој тип на коса секое влакно треба да биде на свое место, особено ако истата не е густа. Целта на дамите со ваква коса е да постигнат екстра волумен и текстура за да изгледа што побујно. Токму затоа во продолжение предложуваме три фризури со коишто ќе го решите проблемот со тенката коса. Пикси фризура Една од фризурите што најдобро прилегаат на тенка коса е ...

Брачниот пар Лидија и Казимир Лешиќ вложувајќи го својот труд и креативност до максимум создадоа совршен ентериер во рустикален стил со доза на луксуз. Куќата која што веќе може да се изнајмува за престој има интересно име [L]ISSA, а се наоѓа на малиот хрватски остров Вис. Засега располага со четири големи соби со сопствено купатило, а во иднина парот планира да ги прошири капацитетите. Долниот дел ќе стане голема просторија за дневен престој со ...

Повеќе од една декада како Викторија Бекам направи успешен трансфер од музичката во модната индустрија, а сето тоа имаше огромно влијание и на нејзиниот личен стил. Како поп ѕвезда често експериментираше со имиџот, но откако сериозно навлезе во модниот бизнис, успеа да изгради елегантен, префинет и женствен стил, со кој би се идентификувале современите дами од деловниот свет. Всушност, она што таа го носи на себе не е далеку од естетиката на ...

Инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени Современата технологија ги трансформира задачите и работните места на пазарот на трудот, па многу земји имаат недостиг од работници со вештини што се неопходни. Недостигот од работна сила, пак, влијае на нарушување на економијата со тоа што го влошува тесното грло во снабдувањето и предизвикува зголемување на инфлацијата. Овој предизвик, врзан за ...

Високите потпетици обично ги резервираме за свечени прилики или доколку работното место има таков дрес код. Кога станува збор за поголема удобност најчесто ги одбираме рамните чевли, коишто доколку се комплетираат со вистинскиот аутфит, резултираат со совршен стајлинг. Има неколку модели на рамни чевли, коишто изгледаат тренди со правите модни парчиња, а како тоа го постигнуваат модните блогерки погледнете во продолжение. Елек+панталони со висок ...

Рита Ора и нејзиниот избраник Таика Ваитити стапија во брак пред една година, но тогаш јавноста не беше почестена со фотографии или подетални информации за венчавката. Поп ѕвездата и Ваитити кој е сценарист и продуцент од Нов Зеланд прв пат се запознаа во 2018-та, кога група пријатели се собрале во домот на Таика на скара. Сепак врската ја започнуваат три години подоцна, кога и двајцата имале снимање во Австралија. Она што е интересно е дека ...

Македонската манекенка Горјана Кулишевска – Џоја неодамна во Милано изработи лукбук за престижниот светски моден бренд Александар Меквин. Фотосесијата за истиот беше организирана во главните простории на модната куќа во Милано, е фотографиите се наменети за познатата групација Net-a-Porter. „Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на ...

Летно време доколку сме во можност сакаме да јадеме на отворено, а овој пат, во дестинации вредни да се посетат, ќе одвоиме еден прекрасен ресторан во Соренто, Италија. Станува збор за O’Parrucchiano каде секој сладолед, тестенини, пица и коктели имаат посебен шмек. Отворен е уште во далечната 1868-ма година од страна на свештеникот Ентони Ерколано, како место за готвење, кое подоцна станува и малечка траторија со име La Favorita. Ентони по ...

Американскиот бренд The Row зад којшто стојат сестрите Олсен, креираше везен топ кој што чини речиси 5.000 евра. Извршната директорка за мода и убавина на Вог, Лиса Ајкен, како и моделот Роузи Хантингтон Вајтли веќе го закачија во нивниот гардеробер. Везениот топ е инаку дел од летната колекција 2023, на близначките Мери Кејт и Ешли, а се состои од две споени парчиња со бела и зелена боја. Моделот е изработен рачно во Италија, но сепак ни тоа не ...

Деновите од 11 до 18-ти август се резервирани за 29-то издание на Сараевскиот филмски фестивал. Овој културен настан ги обединува најзначајните регионални и светски имиња од сферата на кинематографијата и нуди фестивалска атмосфера еднаква на онаа на светските филмски фестивали. Препознатлив по учеството на големи имиња од шоубизнисот, годинава специјален гостин е фронтменот на популрната група U2 Боно Вокс. Фестивалот беше отворен со ...

Ријана и нејзиниот партнер A$AP Rocky станаа родители по втор пат. Како што пишуваат тамошните медиуми Рири роди девојче, а мајката и бебето се добри и одмараат во својот дом во Лос Анџелес. Пејачката од Барбадос ја објави својата втора бременост во февруари на годинешниов Супербол. Бебето наводно личи на нејзината мајка, па дури ги има наследено и прекрасните светли очи на Ријана. Ѕвездата, која неодамна претстави и своја линија на трудничка ...

Фармерките и блузата се две парчиња облека што одлично се спојуваат. Никогаш нема да ни здосади нивната комбинација без разлика во која форма доаѓаат. Широки или тесни фармерки, еднобојна или шарена блуза изборот е голем, а најдоброто е што секогаш е и вистинскиот. Крајот на летото и есента, но и пролетната сезона се измислени за овој совршен спој. Од опуштен ручек со пријателите, па сè до вечерни забави на отворено, џинс и блуза се дуо за ...

Хрватска е една од најпримамливите дестинации за летен одмор, а во еден од приморските градови на земјата, Трогир, на одлична локација во центарот на градот се наоѓа луксузната вила со пет ѕвезди Бјанкомар. Она што воодушевува е самата градба која што зрачи со луксуз спакуван во минималистички дизајн. Нејзиниот прозрачен ентериер влева чувство на оптимизам и релаксираност во еден интимен и комфорен амбиент. Светлите нијанси и природните ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
0.0
74%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.26
59%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
36%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
69%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
73%
1015
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71