
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Денеска во 56-та година од животот почина ирската пејачка Шинед О'Конор, пренесуваат странските медиуми. Музичката легенда почина по долгогодишна борба со менталното здравје и година ипол по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн. Стекна светска популарност во 1990 година со нејзиниот голем музички хит „Nothing compres to you". Таа јавно говореше за нејзиното тешко детство во проблематичното семејство. Нејзините родители се развеле кога имала ...
На Инстаграм профилот @stylerior, сите вљубеници во минималистичкото ентериерно уредување, ќа наидат на возбудлива инспирација. Бесконечен „грид" со фантастично концептуализирани ентериерни решенија што ја следат софистицираната минималистичка естетика. Едноставни и елегантни форми, суптилна колор карта, комбинација на природни материјали, топли тонови, изобилство на природна светлина, модернистички детали... Доколку планирате преуредување на ...
Ако некогаш сте за запрашале која е најголгата плажа во Европа и каде се наоѓа, одговорот малку појужно од нас. Станува збор за грчката плажа наречена Монолити која што се простира на цели 22 километри во пределот Превеза во западниот дел на Грција. Започнува од местото Митикас на север па се до селото Кастросикиа на југ. Самото име Монолити преведено од грчки значи "еден камен", а се однесувало на карпа што се издигнувала десет метри над морето ...
Кога зборуваме за летна облека во која се чувствуваме максимално убаво и комотно, не смееме да го заборавиме фустанот на преклоп. Токму ова парче облека може да го носи секоја жена, од причина што се прилагодува на секаква фигура. Можеме сами да го контролираме затегнувањето и со тоа да добиеме модел каков што сакаме. Фустаните на преклоп се удобни и можат да се носат во секакви прилики, од утро до вечер. Најчесто се прават од лесни материјали, ...
Ракотворбите од нашата традиција и плетенините што ги изработуваа нашите баби, во модниот свет оживуваат во една сосема поинаква димензија. Тенденцијата „плетките на баба" ова лето ги ужива своите нови „5 минути". Техниката на деликатни, нежни плетки со памучен, односно свилен конец, интерпретирани во различни форми, не е нешто непознато во моден контекст, но дефинитивно ова лето доживува ренесанса. Плетенините оваа сезона стануваат заедничка ...
Славните ја имаат таа привилегија да летуваат каде сакаат, па така најдобрите летни дестинации се секогаш на нивната листа. Од Италија и Франција, па сè до Филипини и Порторико, познатите актери, ријалити ѕвезди, музичари и спортисти уживаат во некои од најегзотичните места на планетава. Софија Вергара реши да замине за Италија по разделабата од сопругот, Хајли и Џастин Бибер летуваа во Франција, Камила Кабејо го одбра Порторико, а Кристијано ...
Таа беше една од оригиналните супермодели од 90-те. Заедно со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарглингтон, Клаудија Шифер беше и сè уште е голема инспирација за младите модели и модните дизајнери. Нејзиниот изглед како снежна кралица, беше еден од најдоминантните на модните писти и списанијата. Продорни сини очи, широка насмевка, златни кадрици и секако извајана фигура и ден денес се заштитен знак на Шифер. За точно еден ...
Том Форд во ноември 2022 година, го продаде својот бренд на компанијата Есте Лаудер за 2,8 милијарди долари, а во април годинава ја презентираше и својата последна колекција како креативен директор. Со овој потег легендарниот американски дизајнер започна нова ера за модниот бренд Том Форд, каде на главната позиција како креативен визионер останува до крајот на годината, а потоа го наследува Питер Хокингс, кој досега беше главен дизајнер на ...
Дизниевата Снежана ќе добие нова филмска адаптација. Сепак, уште од стартот на снимањето филмот наиде на низа контроверзии. Голем дел од коментарите се однесуваат на менувањето на оригиналната приказна. Имено во оваа верзија, која ќе биде мјузикл, ќе нема седум џуџиња туку седум магични суштества, со различна големина, етничка припадност и пол. На негодување наиде и главната актерка, 22 годишната Рејчел Зеглер, која има латиноамериканско ...
Инстаграм профилот @sansnovazuhause зад кој што стои млада креативка од Хамбург, ни овозможува да видиме како изгледа ентериер уреден во уметнички стил. Пастелни бои во нежни нијанси, уметнички дела, рестарвиран мебел и внимателно одбрани детали. Освен тоа просторот го карактеризираат и високи тавани и минималистички пристап на уредување. Совршена комбинација на едноставни дизајнерски предмети со уметнички дела и рачни изработки. Во станот се ...
Костимите за капење се составен дел од летото. Иако ги носиме краток период, сепак тие се важен дел од летната гардероба. Како и секојдневната облека така и костимите сакаме да ни се удобни, убави и да одговараат на нашата фигура. Едноделни или дводелни, изборот е ваш. Ги има во толку многу варијанти и бои, од едноставниот црн костим за капење, до кропиран модел, костими на риги, во цветни дезени, со панделки, карнери... За денес одбравме ...
Барби феноменот ја одбележува оваа година, а тоа најмногу се должи на долгоочекуваниот Barbie филм што месецов ја имаше својата премиера. Но, пред Марго Роби и Рајан Гослинг да завладеат со розовиот свет, Барби и Кен беа брат и сестра. Да точно, овие две мега популарни кукли се всушност именувани според Барбара и Кенет, децата на Рут Хендлер која всушност ја создаде барбиката во 1959 година. Рут гледајќи ја својата ќерка Барбара како игра со ...
Во денешниов свет каде технологијата може да прави чуда, некои многу добро знаат како истата да ја искористат. Кога треба да се направи добар маркетинг, социјалните медиуми играат голема улога. Квалитетот што го имате треба да го презентирате, но притоа да одберете каде и на каков начин. Instagram и Pinterest, се две платформи коишто во денешно време се честа инспирација кога бараме стилски комбинации или локации за патување. Понекогаш се ...
Деловниот стил знае да биде предизвик, особено ако брзаме рано наутро, а не сме размислиле што да облечеме претходниот ден. Секогаш сме во потрага по нешто убаво и комотно, а деловниот изглед бара и почитување на одреден дрес код. Фустан и патики можат да бидат одлично решение, но и широки панталони со висок струк и рамни чевли. Сепак она најважното е вашата комфорност во тоа што го носите. Оделата се исто така супер избор за деловен стил, ...
Во современото домување, многу често кујните се поврзани со дневниот престој во еден отворен простор. Доколку ова решение е случај и во вашиот дом, а сте во потрага по начин како практично и визуелно да ја одвоите кујната од дневната, тогаш ќе ви дадеме насока како тоа да го направите на најкреативен начин. Модерните ентериери нудат бројни опции кои вклучуваат различна изведба и различен тип на материјали. Еден од најпопуларните начини е со ...
Принцот Џорџ вчера го прослави својот 10-ти роденден на семејна забава во кралската резиденција, палатата Кенсингтон. Најстариот син на принцот Вилијам и принцезата Кејт, кој е втор во редот за престолонаследник, традиционално си го доби својот роденденски портрет, овојпат за јубилејниот роденден. На портретната фотографија, младиот принц позира во лежерно издание во карирана кошула и зелени панталони, додека зад објективот е фотографката Мили ...
Неверојатната Џеј Ло денес полни 54 години. Латино дивата која со своите многубројни таленти освојува фанови низ целиот свет е родена на 24 јули во Бронкс, во семејство со порториканско потекло. Џенифер Лопез е пајечка, актерка, танчарка, ТВ лик, продуцент, моден дизајнер, претприемач. Дама со прилично богато портфолио кое што постојано се дополнува. Уште како мала имала желба да стане славна, па започнала да зема часови по танц. За прв пат се ...
Вирален летен хит на Инстаграм ова лето е комбинацијата од ленен елек и ленени бермуди. Сет во кој се пресретнуваат елеганцијата и удобноста, па воопшто не е изненадување зошто е омилен меѓу дамите. Флексибилноста при комбинирањето е дополнителна предност поради која оваа комбинација често ја гледаме во уличната мода. Лесно се адаптира и за преку ден и за вечерен изглед, а може да го носите дури и на плажа. Најчесто во неутрални, земјени ...
Лудовица Саназаро е 21 годишна девојка, која на Tik Tok споделува видеа од нејзиниот живот во замок. Да, оваа млада италијанка со нејзиното семејство живее во средновековен замок којшто има 900 годишна историја. Зданието било комплетно изградено во 1277 и оттогаш се наследува од една генерација на друга во семејството. Со тек на времето замокот претрпел неколку реконструкции, а таткото на Лудовица, Џузепе, го наследил грандиозниот Саназаро во ...
Кога станува збор за комбинирање на бои постојат неколку комбинации што секогаш изгледаат одлично. Спојувањето на бои може да биде смело, да излегува од комфор зоната или пак да ја следи линијата на суптилноста, кон која се придржуваат минималистите. Сепак има една спојка која што им одговара на сите, а летото е совршено време кога можеме да ја носиме. Станува збор за кралско сина боја и безвременската бела. Впечатливата нијанса на сина ќе ги ...
Хрватскиот остров Лошињ е уште еден во низата бисери на Јадранот. За него и Vogue има кажано дека е "место каде што ќе искусите чист хедонизам". Од преубавото сино море и густите шуми кои ги прегрнуваат плажите, па сè до чистиот воздух и врвните гурмански специјалитети овој остров е местото каде што ќе посакaте да бидете. Но, тоа не е сè. Токму тука се наоѓа и едно од местата каде што се прават најдобрите Инста фотки. Станува збор за скали, кои ...
58-годишната Американка, Мелиса Мајерс е креаторка на дигитални содржини каде особен фокус става на мода, убавина и здрав начин на живот. И токму нејзината професија е во блиска релација со нејзиниот инспиративен имиџ кој што добива посебно внимание на Инстаграм, благодарение на нејзиниот пристап кон модата кој е ослободен од ограничувања и очекувања. Токму затоа нејзиниот стил е инспиративен за жени од различни генерации, за кои слободата во ...
Birkin чантата од Hermès, Jackie од Gucci и Lady Dior од истата модна куќа имаат нешто заедничко. Сите се поврзани со три познати дами кои ќе останат запаметени по својот извонреден стил, актерката Џејн Биркин, првата дама Џеки Кенеди и принцезата Дијана. Тие се симбол на безвременски дизајн и статус и се чест избор на оние со подлабок џеб. Сепак еден модел, успеа да ја скриши оваа традиција, а тоа е Mayfair чантата од лондонскиот бренд Aspinal. ...
Огромни тобогани на надувување сместени пред некои од најголемите атракции во градот на светлината. Летна уживанција за сите генерации, насмеани лица, спој на летна забава и историска уметност. Звучи одлично и веднаш би посакале да се телепортирате во Париз, нели? Сепак и овој пат вештачката интелигенција успеа за кратко да не измами. Нема никакви тобогани, туку интересна замисла на француски уметник кој се претставува под називот If Only на ...
Британката Хана Страфорд – Тејлор е модна блогерка која што негува префинет и романтичен изглед. Таа својот стил го опишува како софистициран, елегантен, а сепак носив во секојдневни комбинации. Покрај беспрекорниот стајлинг, Хана обожува модни додатоци. Летото е време кога сакаме да заблескаме, а таа и тука може да помогне со своите инста објави на модни додатоци во боја на злато. Самата боја се поврзува со елеганација и раскош, а нијансата ...
Има едно парче облека кое што постојано ја дефинира елеганцијата. Со што и да го комбинирате тоа секогаш ќе донесе екстра доза на софистицираност во стајлингот. Станува збор за слип здолништето, кое што е безвременско решение, а го има речиси во сечиј гардеробер. Можеби порано комбинациите на ова парче облека биле ограничени, но денес може да го носите со што и да посакате. Миди или макси варијанта, ваше е да одберете а материјалот треба да ја ...
Кендал Џенер додава уште еден козметички бренд во своето богато портфолио. L'Oréal Paris ја одбра токму неа за нов глобален амбасадор, а 27 годишната Џенер не можеше да ја скрие својата среќа за претстојната соработка. Супермоделот, од септември ќе биде заштитно лице на кампањите за декоративна козметика на брендот. Од компанијата велат дека Кендал е совршен избор од причина што таа е етаблирана модна икона, познато медиумско лице и сè она што ...
Голиот фустан можеби го имаше своето деби кога Мерилин Монро му ја испеа на Џон Кенеди Happy birthday Mr. President. Уште од тогаш почна да привлекува контроверзни погледи и изјави, а секако имаше и зошто. Секоја дама која низ историјата го облече таканаречениот Naked dress или голиот фустан предизвика лавина на реакции. Џејн Биркин од која светот се прости завчера беше најозборуваната жена во 1968 токму поради тоа. Изработени се од проѕирен ...
Речиси 20% од родилките во Македонија се соочуваат со постпородилна депресија. Чувство на беспомошност, песимизам, незаинтересираност, без воља кон емоционалните задоволства се симптоми кои укажуваат на оваа загрижувачка состојба кај мајките која бара сериозен професионален пристап од стручни лица, но и многу љубов, поддршка и разбирање од најблиските. Од клучно значење е навременото детектирање на состојбата, а тука најмногу може да помогнат ...
Линдзи Лохан стана мајка. Актерката, 37, која на почетокот од март ја објави веста дека е бремена, роди здраво машко дете. Таа и нејзиниот сопруг инвеститорот Бадер Шамас се пресреќни, велат од нејзината ПР служба. Момчето има необично име Сон Луаи што на арапски во превод значи штит, односно заштитник. Бебето е родено во Дубаи, но точниот датум сè уште не се знае. Според мајката на Лидзи, Дина, актерката има силен мајчински инстинкт и некое ...