
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Безвременскиот џинс има и своја елегантна страна. Иако најчесто го поврзуваме со поопуштен, лежерен, па и спортски изглед, кога е соодветно искомбиниран, џинсот може да долови беспрекорна елеганција. Неколку начини како тоа да го постигнете, ви посочуваме во продолжение: Фармерки со висок струк и софистицирана кошула, комбинирани со суптилен накит. Џинс во комбинација со корсет и сако, аутфит надополнет со високи потпетици. Џинс здолниште со ...
Кога високите температур, почнуваат да рушат рекорди, честопати одбираме фустани, а едни од омилените ни се оние со гол грб. Тука ставаме фокус на грбот и сензуалноста на жената, заобиколувајќи секаква провокативност. Женственоста доаѓа до израз и секоја фугира добива на значење. Ги има во секакви должини од мини до макси, како и во секаков дезен. Можете да одберете припиени модели или широки коишто ќе можете да ги носите и дење и навечер. ...
Мега популарниот бренд Луј Витон, едно од најпознатите модни имиња на денешницата му должи многу на еден куфер. Долго време пред да бидат создадени препознатливите чанти, марами, паричници, ремени и сите останати нешта со логото LV, постоеше само една генијална рачна изработка што започна сè. Куферот Луј Витон не е само дел од багаж, тој е уметност и основа за една модна империја. Самиот креатор цели 17 години изучувал како се прават куфери, ...
Во чест на 120 годишнината од Илинденското востание, Елена Андоновска денеска, ден пред празникот, на нејзиниот јутјуб канал го промовираше новиот видео запис за народната песна „Тапан чука мила мамо". Интересно е тоа што во сценариото за спотот е направен спој меѓу традиционалното и современото, доловен преку уникатната костимографија. Покрај традиционалниот фустан со кој се претставува модата од почетоците на XX век, современата мода е ...
Луксузниот моден бренд Alaïa пред некое време ни престави чанта во форма на срце, моден додаток што ја одбележа годинава. На неодоливиот романтичен изглед меѓу другите не можеа да оддолеат Дуа Липа и Селена Гомез. Популарноста придонесе за раст на продажбата за дури 39%, а и за инспирација ова срце да се најде на салонки со отворена пета. Нема да згрешиме ако кажеме дека овој модел е еден од најромантичните што биле создадени досега. Една од ...
„Мирно", песната потпишана од Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, што ја прати синергијата на Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- познат како Принц од Врање, ќе биде дел од Интернационалната вечер на „Охрид-фест". Ова вкрстено интервју на двајцата блескави вокали, само ја опишува страста со која тие ќе настапат на фестивалот. По фантастичниот дует со Тоше, во темата „1200 миља" Гоца е во дует со Принц во песната „Мирно". Како се случи овој музички „спој": ...
Ветеран меѓу модните блогерки и една од оние со најплодна кариера, Оливија Палермо сите овие години наназад успева да ни го задржи вниманието благодарение на атрактивниот имиџ и животен стил. Таа во реалната смисла на зборот е трендсетер, односно ја ужива привилегијата и авторитетот во модниот свет, да ги диктира, а не да ги следи тенденциите. Ова лето на нејзиниот Инстаграм профил е навистина забавно. Многу боја, текстури, разиграност во ...
Трејси Ли Сејер е дамa со 30 годишно искуство во модата. Таа моментално работи како модна директорка во британскиот магазин Fabulous. Трејси, која на Инстаграм можете да ја најдете како TraysLounge, има 51 година и одличен сенс за добри стајлинзи. Нејзините комбинации имаат слична база, која што потоа на уникатен начин ја надополнува со модни додатоци. Патики и чанти во впечатливи бои, а ги негува модните трендови кои владееле кога била ...
Таа е насекаде, но мора да признаеме дека што и да прави изгледа одлично. Џеј Ло повторно ги заскокотка љубопитните очи со провокативни фотографии во долна облека. Нејзината последна објава на Инстаграм вклучува неколку фотографии на коишто таа позира во сина долна облека од Intimissimi. Џенифер, која е заштитно лице на брендот, покрај синиот комплет носи и шарено кимоно што дополнително го збогатува раскошниот изглед. Мега ѕвездата повторно ...
Сино-белите пруги веројатно се првата асоцијација кога е во прашање морнарскиот стил, толку обожуван и кај модните и кај дизајнерите на ентериери. Неслучајно е така, затоа што оваа естетика дава една посебна свежина и чувство на опуштеност, како во плакарот, така и во дневната, спалната соба или на вашата тераса. Доколку сакате во вашиот дом да постигнете амбиент како постојано да сте на море, доволно е да имплементирате дел од карактеристичните ...
Кога ќе ги погледнете одблизу ќе дознаете зошто водопадите привлекуваат толку многу туристи. Восхитот не може да се скрие пред овие грандиозни уметнички дела. Со својата убавина и неверојатна сила ве тераат да размислувате за моќта на природата. Токму затоа голем дел од водопадите во светот се заштитени и од УНЕСКО. Од Кина и Исланд, па сè до Замибија и Австралија, погледнете ги најубавите водопади на планетава. Викторијини водопади на границата ...
Август е за лелеави фустани, транспарентни ткаенини, романтични дезени и лежерни кроеви. Август е и за песочни нијанси и за сончеви тонови. Модата во август има некој посебен шарм доловен преку убава и пријатна летна енергија. Тому затоа и сме послободни во изборот на облека: од опуштени линии до мини должина, преку пастелни бои до сламени детали. Еве го нашиот избор на 31 комбинација која секој ден од август ќе ви го направи стилска ...
Исончаниот тен е она што многумина сакаат да го постигнат за време на летото. Кожата првенствено треба да е здрава, чиста и да изгледа убаво. Грижата треба да биде на прво место, а потоа да се потрудиме за тенот. Оние кои го сакаат сончањето, сакаат и тенот подолго да им трае и секако повеќе да го истакнат. Боите што можеби најмногу одговараат со исочан тен се топлите нијанси од типот на корално црвена, портокалова и светло жолта. Тука можеме ...
МОДА и АРХИТЕКТУРА... Модата и архитектурата заедно му даваат форма, суштина и визија на светот околу нас. Каде што модата ја пресретнува архитектурата, креативноста и визионерството не познаваат граници. Динамичната интерпретација на линии, текстури и форми е релација меѓу модата и архитектурата толку есенцијална, што е силно присутна во секојдневието. И во времето и во просторот. И естетски и функционално. Овие два различни света, на многу ...
Дали би пробале бургер-сладолед? Можеби е тешко да си замислите како воопшто може да постои нешто такво, но додека вие се прашувате една продавница за сладолед во Макарска веќе на големо го продава овој специјалитет. Местото се вика едноставно Ice cream shop и изобилува со најразлични вкусни сладоледи како бадем со фстаци и темно чоколадо, смокви и лимон. Освен тоа има и сладоледи без глутен, вегански варијанти како и посебен сладолед за ...
Ким Кардашијан уште еднаш го привлече вниманието на сите, овој пат благодарение на најскапата чанта на светот, која ја понесе со себе на фудбалски натпревар. Ријалити ѕвездата отпатува дури до Осака Јапонија, каде го следеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Ал-Наср. Ким секогаш знае како да биде во центарот на случувањата, а нејзината Хермес Хималаја Биркин чанта даде екстра доза на луксуз на навидум едноставниот аутфит. Чантата инаку е една од ...
Мишел Јо, актерката која годинава го понесе оскарот за најдобра женска главна улога за нејзината изведба во Everything Everywhere All at Once, стапи во брак со својот избраник. Интересно е тоа што Јо и поранешниот директор на Ферари Жан Тод, беа свршени уште од 2004 година. Поминаа 19 години пред парот конечно да размени брачни завети. Мишел 60 и Тод 77, кои се верија по само два месеци врска, ја одбраа Женева како место за нивната ...
Она што ни треба во лето е удобна и лесна облека во која ќе можеме слободно да се движиме. Тука на сцена стапуваат таканаречените палацо панталони кои се одлична спојка на лежерност и елеганција. Ја издолжуваат фигурата и носат доза на префинетост. Без разлика дали негувате минималистички стил или ве привлекуваат боите и дезените, палацо панталоните ќе најдат место во вашиот стајлинг. Елегантниот крој по којшто се препознатливи ги прави совршени ...
Некогашниот дом на легендарниот дизајнер Хјуберт де Живанши, со сета своја француска елеганција е на листата најпосакувани места за изнајмување на Airbnb. Апартманот, во којшто живееше модниот аристократ се наоѓа во Венеција, a веб страната за патувања Condé Nast, го стави на листата Најдобри преноќишта во Италија. Умешното преплетување на современите стилови и единствената традиција на италијанскиот град го прави овој простор примамлив за ...
Честопати ја забораваме моќта на природата сè додека таа на некој начин не нè потсети на нејзината грандиозност. Понекогаш силата доаѓа во форма на непогода која што може да ни го разниша светот за час, но природата знае да биде и многу дарежлива, да ги надмине смртните уметници создавајќи неверојатни ремек дела. Од сите нејзини креации денес ќе одвоиме малку време да се восхитуваме на неколку острови што таа ги распослала онаму каде што мислела ...
Романтика, лежерност и лето опишани во една комбинација? Бел аутфит нагласен со сламени детали. Врв на летната софистицираност. И покрај плажа и на жешкиот градски асфалт. Целосно бели комбинации со пријатни и лесни ткаенини, акцентирани со сламени модни додатоци се секогаш сигурен избор за лето и од практичен и од естетски аспект. За овој викенд, одберете токму таков изглед, а ние ве инспирираме со неколку супер идеи. Фото: Пинтерест ...
Американско-кубанската пејачка Камила Кабејо со својата последна фотосесија за потребите на магазинот Ellen Von Unwerth е дефиниција за сексапил. Дваесет и шест годишната темнокоса девојка реши да позира топлес криејќи ги градите со рацете и заведувајќи со погледот. На фотографиите кои Камила ги објави на Инстаграм пејачката позира во неколку различни стајлинзи. Ја гледаме во проѕирна црна наметка, во бела тоалета со тул, како и тиркизен блејзер ...
Овој бренд, основан од страна на Kilian Hennessy, наследникот на познатото семејство кое го произведува познатиот коњак Hennessy, ни носи извонредно богатство на ароматични доживувања низ мирисите кои се неодоливо интригантни и привлечни. Kilian Hennessy е внук на коосновачот на најголемата светска групација на луксузни брендови LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Со такво потекло, Kilian Hennessy после студиите за јазици на Сорбона и неколку ...
Во последно време модата се насочи кон широки модели фармерки како на модните писти така и на улиците. Тука можеби се наѕира одредена носталгија кон 2000-те години кога ова парче облека беше must have. Денес кроевите се пошироки, струковите се спуштаат подолу, а рабовите се до подот. Помеѓу дизајнери кои годинава им оддадоа чест на широките фармерки беа Живанши, Бурбери и Ботега Венета, кои со своите тексас модели покажаа дека трендот е повторно ...
Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија, нашиот убавец Христијан Стојаноски – Крис, не застанува со големи проекти и ангажмани. „Помеѓу последните негови поголеми модни успеси ги извојуваме кампањата за спортскиот бренд Фила како и модниот едиторијал за престижниот магазин Даман. Фотографиран во најмагичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис ги носеше фантастичните парчиња на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada. ...
Високите температури не му влијаат благотворно на телото и секој се труди на свој начин да ги преживее 40+ степени. Често посегнуваме по течности и храна што хидрира со цел да ја изгаснеме жедта, односно да спречиме дехидрирање на организмот. Знаме дека водата е секогаш број еден во борба против горештината, но дали знаете што треба да се одбегнува кога е времето е многу жешко? Одоговорот во продолжение. Кафе и чај Иако звучи малку веројатно, ...
Кога станува збор за модни комбинации има два типа на дами, оние кои ја сакаат класиката и не експериментираат и оние кои не се плашат да испробаат нешто смело. Денес ќе споиме бои за кои мислевте дека не се комбинираат, но и такви кои одамна си го нашле својот "партнер". Модните блогерки се секогаш тука за инспирација, а нивните спојки се добредојдени кога немаме идеи. Црната и белата се секогаш идеални една со друга. Тие бои се безвременски ...
Резиденцијата на Ив Сен Лоран во Мароко, каде што легендарниот дизајнер честопати престојуваше со својот партнер Пјер Берж, доби нова намена. Таканаречената вила Мабрука, што на арапски значи "среќна вила", стана хотел. Лоран го купи имотот уште во 1990-та година, а заедно со Берж дадоа насоки да се уреди во стилот на 50-те со доза на ексцентричност. Вилата која со децении беше скриена од љубопитните очи сега ќе биде отворена за гости. ...
Дамата која стои зад Инстаграм профилот @fusunlindner не импресионираше со својот беспрекорен стил. Без разлика за каква прилика станува збор таа едноставно со леснотија изгледа прекрасно. Фусун ги спојува елеганцијата и модерниот изглед со безвременски парчиња. Класични кошули, панталони и неутрални бои, софистицирани фустани заедно со тренди чанти и сандали се модните парчиња на кои оваа блогерка најмногу става акцент. Издвоивме неколку добри ...
Џеј Ло знае како да приреди добра забава. Латино дивата пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден со пријатели, малку танцување на маса, секси фотографи во бикини и честитки од сите страни. Таа ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со нејзиното позитивно расположение и секако одличната фигура што опасно им конкурира на многу помладите колешки. Џенифер внимава на своето тело и е многу посветена на специјална фитнес програма. Во една ...