Во духот на есента, како една од најпрепознатливите бои за оваа доба од годината е портокаловата боја. Таа се добива како резултат на мешање на две основни бои – жолтата и црвената. Постојат многу варијации на портокалова боја, а тонот зависи од пропорциите на жолтата и црвената боја. Потоа, за нијансирање се додава малку бела или црна боја, за да го постигнеме посакуваниот резултат. Портокаловата боја спаѓа во оние т.н. топли бои кои зрачат ...

ЕЛЕНА ЛУКА како успешна бизнис жена, менаџер и сопственик на етаблираните брендови ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА , беше вип гостинка, воедно и Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржа во Македонија, на 2-ри и 3-ти октомври во Скопје во хотел „Мериот“. Преку својот импресивен пример ...

Балконите можеби најчесто ги користиме во летниот период, но ова мало катче од домот може да биде еднакво магично и наесен. Се што треба да направиме е да ја употребиме нашата имагинација, а доколку немаме идеја, тука се секогаш онлајн предлозите. Светилките се универзални за секое годишни време, како и меките перничиња. Летните цвеќиња ги заменуваме со есенски, а додаваме и по некој сезонски украс, како на пример тиквите и дуњите. Мала ...

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром. На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на ...

Од мноштвото прекрасни места што вредат да се посетат во зимскиот период, денес го одвојуваме местото Алпска Васица. Ова бајковито алпско село се наоѓа во Словенија, на падините на популарниот ски центар Крањска Гора. Тука ќе најдете вистинска зимска магија за сите возрасти, плоштад со црква, мали улички, голем број на осветлени и украсени дрвја, куќарки со богата празнична понуда… Ќе можете да уживате во домашни јадења, да дегустирате варено ...

Украсувањето на новогодишната елка е убав момент за целото семејство. Тоа носи посебна празнична магија и топлина коишто ни ги хранат сетилата измамувајќи насмевка. Кога декември ќе чукне на врата во нас се буди потребата да го разубавиме просторот во којшто живееме. Се буди надежта за поубави утра, па колку и да ни е сив денот, овој традиционален декор ќе го осветли. Во потрага по инспирација погледнавме на Инстаграм и ги одбравме најубавите ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец, кој е симбол на македонскиот идентитет и култура, оваа година слави голем јубилеј – 75 години од своето основање. Во рамки на овој значаен настан, ансамблот одржа серија концерти како дома, така и надвор од границите на Македонија. Како круна на оваа јубилејна сезона, Танец го најавува својот последен, централен свечен концерт, кој ќе се одржи на 22 декември 2024 година (недела) во ...

По повод 30- годишнината од светски признатиот класик „Пред дождот“ во понеделникот во преполната сала на Македонската филхармонија се одржа златна гала премиера на реставрирана копија на култниот филм. Ова дело кое е културно наследство што режисерот Милчо Манчевски ѝ го подарува на Македонија предизвика лавина емоции и овации кај публиката. На премиерата имаше и странските гости од екипата кои дојдоа од Лондон, Париз и Хрватска – актерот ...

Измешани емоции, насмевки, солзи и силни ракоплескања, вака изгледаше скопската премиера на претставата „Земја на штркови“ во која костимите се креација и поддршка од ЕЛЕНА ЛУКА. Костимографијата која успеа да остави силен печат на сцената и да им помогне на актерите да ја испратат саканата порака беше уникатна и хармонична синтеза на класичен стил, модерен дизајн и авангардна естетика. „Костимографијата ја истакнува елеганцијата преку ...

Декември е познат и по празничните базари коишто ги има во голем број градови низ Европа. Пред Божиќ, на неколку недели, дел од познатите метрополи се претвораат во бајковити места и нудат уживање за сите сетила. Восхитувачки украсени улици, плоштади, излози, мали куќарки, а сето тоа дополнето со добра храна, топли напитоци и забава за сите возрасти. Некои од нив се одржуваат долги години и затоа се и толку магични носејќи една убава ...

Иако веќе 13 години не е меѓу нас, Александар Меквин и понатаму останува еден од омилените модни дизајнери. Тоа го покажува и фактот што дел од неговите скици и фотографии се продадени на аукција за 20.000 фунти. Меквин беше моден бунтовник, но и уметник кој беше пред своето време. Со своите колекции тој ги отсликуваше социјалните и општествени промени, но и сопствените емоции низ коишто поминуваше. Александар познат и како Ли, ги одбележи ...

Нема ништо поубаво кога за празниците ќе се собере целото семејство и пријателите. Искрените желби за поубава година, прегратките и насмевките се бесценети. А кога на сето тоа ќе се подари и нешто внимателно одбрано и со драго срце среќата станува поголема. Кога зборуваме за подароците често размислуваме и како да ги завиткаме, а тука на помош ни се креативните идеи што ги наоѓаме на интернет. Изненадувањето е уште поголемо кога подарокот ...

Eдна од најпознатите елки во светот е таа во Рокфелер центарот во Њујорк. Традицијата на осветлување и китење трае речиси еден век, а почетокот бил прилично скромен. Првата елка била украсена само со лименки, хартиени венци и брусници, а за прв пат елката свечено се осветлила во 1933-та. Во 1936 имало две елки за да се прослави отворањето на лизгалиштето во центарот. Со годините Божиќното дрво стануваше сè поголемо и побогато со декорации, а ...

„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе се изведе в среда на 25 декември во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. „Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното. Како Светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Овие добро ...

Бидејќи на светот му треба повеќе убавина. А ЕЛЕНА ЛУКА речиси две децении светот го прави поубав. 2023 година, етаблираниот моден бренд успешно ја заокружи со два нови ексклузивни продажни салони во Скопје и Тетово. Новиот showroom во Тетово, со концепт и изглед по светски стандарди, беше официјално отворен со спектакуларна модна ревија која беше една перфектна рефлексија на уметноста, уникатноста и гламурот што ЕЛЕНА ЛУКА го креира со ...

Замислете си желба и ќе ви биде остварена – новата Bridal колекција на ЕЛЕНА ЛУКА ви ја носи магијата на исполнувањето. Со секој детаљ, со совршеноста на изработката, со љубовта во создавањето секоја креација е приказна за себе, како што е и секоја невеста на нејзиниот посебен ден. Дизајни што ја слават највозвишената емоција, венчаници што ја дефинираат елеганцијата, раскошот и сета убавина на еден нов почеток. Bridal колекцијата на ЕЛЕНА ...

Познатото хрватско дуо Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, кое што стои зад модниот бренд eNVy room, ја претстави својата нова колекција на венчаници. Колекцијата го дефинира непретенциозниот гламур, безвременската елеганција и женственоста, преку длабоки шлицови, разголени грбови, транспарентни материјали… Оваа бела бајковита приказна е дополнета со предимензионирани панделки, романтични набори и интересни текстури како еко пердуви и сјани ...

На сите ни е познато дека балансиран начин на исхрана е најдобар начин за да му обезбедиме на организмот да ги добие сите потребни нутриенти на дневно ниво за нормално функционирање. Но исто така знаеме и дека со овој брз начин на живеење, некогаш самата храна не е доволна, па затоа мора да внесуваме и витамини одобрени од експерти на ова поле, за ефективно да го суплементираме нашиот организам. Ако планирате да почнете да внесувате витамини ...

Во лето, кога температурите се многу високи како сега, најважно е да останеме хидрирани. Хидратацијата е клучен фактор за да успееме да функционираме нормално, но и да имаме доволно енергија за сите активности кои треба да ги завршиме. Ќе ви предложиме еден многу лесен рецепт за освежителна вода која ќе придонесе да се чувствувате енергично и полесно да ги поминувате топлите денови. Знаејќи дека на многу луѓе им е многу тешко да ја вклучат ...

Потрагата по среќа и баланс во животот е она кон што се стремиме секојдневно. Но, во ова стресно и брзо време не е така лесно да се пронајде рамнотежата која ни е потребна за хармонично функционирање. Древните народи и култури имале свои начини како да се справат со проблемите во животот, а една таква филозофија ни доаѓа од Јапонија. Станува збор за древна вештина наречена Јутори, којашто не учи малку да забавиме и да пронајдеме задоволство ...

Храната е од исклучително значење за здравјето на луѓето. Затоа треба да бидеме добро запознаени со нејзината нутритивна вредност. Одредени намирници можат да бидат и лек, па дури и да ни го продолжат животот. Токму на таа тема зборува и еден документарец на Нетфликс, наречен Netflixu Live to 100: Secrets of the Blue Zones, којшто открива што јадат 100 годишниците за да го доживеат фамозниот трицифрен број. Еве во кои намирници лежи тајната. ...

Секоја сезона си има своја боја, но октомври е посебен. Тој е розовиот месец, посветен на женственоста, автентичноста, храброста, непрестајната борба и поддршка. Во октомври жените борци си подаваат рака, се обединуваат и порачуваат дека ниедна не е сама. Розовата боја го означува женското заедништво и затоа овој месец го посветуваме на жените кои се соочиле со рак на дојка. Секоја победа значи многу, а ние сакаме да ги извојуваме сите. Дами ...

Многумина тешко успеваат да останат сити и да изгубат килограми. Тоа се чини и речиси невозможно, но експертите кажуваат друго. Постојат одредени намирници коишто се прилично моќни во борбата против килограмите, а доброто е што можеме да ги купиме секаде и нема да не чинат многу. За некои од нив не е потребно никакво готвење, а освен губење на килограми го продолжуваат и животот. Содржат здрави масти, растителни влакна и немасни протеини ...

Во ладните зимски денови нема ништо подобредојдено од топол напиток и храна што ќе ве загрее. Кога температурите паѓаат и под нула, а концентрацијата треба да се задржи во текот на работниот ден, еве што треба да консумирате. Ѓумбир Не само што е здрава намирница, ѓумбирот го загрева нашиот организам, го забрзува метаболизмот и протокот на крв. Чај од ѓумбир е одличен за будење и раздвижување кога ви е ладно. Сладок компир Слаткиот компир ...

Во Македонија многу се зборува, а малку се прави за лицата со попреченост- вели Оливера Савеска од невладината организација „Созвездие“, мајка на дете со попреченост. Според неа иако се бележи мал напредок во унапредување на условите за живот на лицата со попреченост, сепак постојат горливи проблеми кои со години се таложат и не се решаваат. „Да се биде родител на дете со попреченост е голем и тежок предизвик. Во нашето родителство нема етапи ...

Нова студија истакнува дека консумирањето кафе може да влијае врз разновидната заедница на микроорганизми кои живеат во дигестивниот тракт. Истражувачите откриле дека луѓето кои редовно пијат кафе имаат повисоки нивоа на специфичен вид бактерии, Lawsonibacter asaccharolyticus, во споредба со оние кои не пијат кафе. „Оваа студија дополнително ја потврдува врската помеѓу храната што ја консумираме и микробите во нашите црева,“ изјави Келси ...

Падот на температурите претставува вистински тест за нашиот имунитет. Затоа е важно да консумираме здрава храна која е богата со хранливи материи. Ги издвојуваме зимските намирници кои се одличен избор за во студените денови, како со својата нутритивна вредност така и со вкус. Доколку овие намирници бидат дел од вашата трпеза со сигурност ќе уживате во бројни здравствени придобивки. Кељ Ова лиснато зелје е присутно во зима и е богато е со ...

Охриѓанката Елеонора Лабоска со нејзиното Beauty Studio Nora ја доби престижната награда NAJUSPEŠNIJE DAME I BRENDOVI 2024 (Најуспешни дами и брендови 2024) во Белград. Во организација на една од највлијателните радио телевизии FOCUS TV во Hyatt regency belgrade се одржа четвртото издание на престижната манифестација за Успешни Дами и Брендови во 2024 година. Со седумгодишно искуство во светот на убавината, Елеонора не е само шминкерка, ...

Кејт Мидлтон, на радост и задоволство на целата јавност, се појави на финалето на престижниот тениски турнир Вимблдон во Лондон. Принцезата од Велс беше дојдена со ќерката Шарлот и со својата сестра Пипа Мидлтон. При влегувањето на Централниот терен, таа беше пречекана со стоечки овации од публиката. 42-годишната принцеза, која претходно оваа година имаше јавно обраќање за нејзиното соочување со рак, беше облечена во прекрасен виолетов миди ...

CHANEL ја прогласи својата долгогодишна амбасадорка, Марго Роби за култно лице на легендарниот CHANEL N°5. Роби е амбасадор за брендот од 2018 година и логичен чекор беше токму таа да биде главна улога во новата кампања за парфемот. Заедно со неа во филмската реклама глуми и актерот Џејкоб Елорди. Насловен како See You at 5, кампањскиот филм отсликува средба на двајца која всушност и не се остварува. Марго добива порака “See you at 5”, (се ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
95%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
43%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
64%
1006
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.16
96%
1003
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
71%
1012
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
80%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1002
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
94%
1003
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
66%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1005
Currency

61.645

Currency

53.4257

Currency

70.65

Currency

36.9065

Currency

38.3888

Currency

66.8794

Currency

7.75905

Currency

0.66616

Currency

0.33483

Currency

0.52502

Currency

1.20096

Currency

0.57481

Сребро

2284.78

Рутениум

56199.51

Бакар

11.14

Калај

48.02

Злато

148766.80

Паладиум

46489.98

Платина

61697.28

Алуминиум

3.51

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

324722.54

Цинк

0.00