
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Суки Вотерхаус го чека своето прво дете со партнерот Роберт Патисон. Суки, 31 која е модел, пејачка и актерка повеќе од пет години е во врска со ѕвездата од Бетмен. Двојката ја започна својата романса во јули 2018 година и оттогаш како што вели пејачката не биле разделени повеќе од два месеци. Суки официјално објави дека е бремена додека настапуваше на концерт во Мексико, а за оваа прилика одбра краток, светкав, розов фустан дополнет со розова ...
Мис Универзум годинава беше настан за паметење - 72. издание на изборот за убавина испиша историја славејќи ги жените во сите облици и форми. За прв пат се појави plus-sized модел, Џејн Дипика, преставничката од Непал гордо чекореше на пистата во името на сите жени со облини и ги размрда стереотипите за мисиците. Taa е активист за ментално здравје и позитивен став кон телото. Освен тоа се појавија и две трансродови преставнички. Дамите од ...
Кога е во прашање соработката на Дани и ЕЛЕНА ЛУКА, резултатот е секогаш беспрекорен! Викендов, на претпразничен музички настап, Дани освен што очекувано владееше на сцена, исто така и изгледаше: моќно, а истовремено женствено во фантастичен црн дизајнерски сет од ЕЛЕНА ЛУКА. ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој создава врвна мода со карактер, а Дани е рок дива која знае како таа дизајнерска препознатливост да ја носи и да ја интерпретира на вистинскиот ...
Ненадминлива зимска класика што нуди безброј опции за комбинирање – доволна причина за „камел" капутите да се додадат на листата омилени и есенцијални зимски парчиња. Неутралната естетика е нивната предност, поради што лесно може да се адаптираат во сечиј имиџ и за различна пригода – од деловни до свечени. Последниве неколу сезони, во модниот фокус се предимензионираните модели што може лесно да ги комбинирате во слоевити аутфити, во спој со ...
Шалот едноставно не можеме да го заобиколиме кога температурите ќе паднат. Овој практичен додаток освен тоа што не грее, може да биде и делчето што недостасува за да добиеме полн моден погодок. За малку да ја освежиме и разиграме облеката, која најчесто е во наутрални нијанси, предложуваме шал во боја. Добра вест е што ги има во секоја нијанса, од двобојни дезени па се до ултра шарени. Оние кои се држат до својата минималистичка естетика, ...
Дора Калмус или како што самата се нарекуваше Мадам Д'Ора ја имаше ретката привилегија да ги фотографира големите уметници, луѓето од елитата и да биде главен фотограф на модните дизајнери. Таа успеа со својот објектив да го долови животот во два големи града Париз и Виена, местата каде се случуваа најголемите настани во светот на модата и уметноста. Дора преку своите фотографии ни ја прикажа Виена кон крајот на 19 век и Париз во 20-те и 30-те ...
Конечно се случи тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски - Врчак и официјално се „врати" на македонската музичка сцена. Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК со наслов „Посреќна" , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, ...
Ако барате минималистичка алтернатива на традиционалниот црвено-зелен празничен декор, ние ќе ви предложиме една интересна опција: црно-бело. Инспирација може да најдете на различни платформи, како Пинтерест и Инстаграм каде постои ризница од идеи како со игра на црна и бела може да направите фантастичен новогодишен декор во вашиот дом. Овој монохроматски спој може да го акцентирате со златни или сребрени детали, што ќе му дадат контраст и нота ...
Доколку патот ве носи во Словенија, наша топла препорака е да го посететите резерватот Зеленци. Причината е едноставна - ова место во зима се претвора во вистинска идилична бајка. Па ако сте љубител на природата и сакате да креирате незаборавни фото-содржини Зеленци е вистинското место. Овој предел е прекрасен во текот на целата година, но кога ќе падне снег се случува вистинска магија. Се наоѓа на северниот дел на словенскиот национален парк ...
Војвотката од Сасекс Меган Маркл е фан на кежуал естетиката, но кога должноста повикува умее да креира совршен формален или коктел аутфит. На настанот којшто им оддава почит на жените Power of Women, организиран од страна на магазинот Variety во Лос Анџелес, Меган пријатно ги изненади присутните. Војвотката беше поим за елеганција во креација на дизајнерот Проенца Шулер - макси беж тоалета на едно рамо со странични шлицеви. Едноставниот ...
Еден од најпознатите холивудски парови Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс прославија 23 години брак. Двојката која зедно има две деца, Дилан и Керис, ја започна својата врска во 1999-та. Разликата од 25 години не ги спречи, заедно ја пребродија и тешката дијагноза на Мајкл, рак на грлото, а успеаја да ги надминат разликите во 2013 кога накратко беа разделени. Свадбата која чинише 1,5 милиони долари се случи на 18 ноември во хотелот Плаза во Њујорк, ...
Лондонскиот бред DeMellier, којшто е основан пред само пет години од страна на Мирела Лусија-Линд, за брзо стана ултра познат благодарение на прекрасните чанти. Она што ги прави посебни овие парчиња е минималистичкиот дизајн, безвременската елеганција и естетиката на тивок луксуз. Голем број познати дами кои важат и за модни икони веќе поседуваат вакви чанти. Некои од нив се Кејт Мидлтон, Меган Маркл, Софија Ричи, Ирина Шајк и Алесандра ...
Студените денови се веќе тука, а што подобро може да нè стопли од плетенините. Џемпер, шал, капа, ракавици и фустани кои ни се омилени во зимската сезона. Комфор, топлина и елеганција во исто време е токму тоа што ни треба кога температурите ќе паднат. Плетените фустани се прекрасно парче облека и можат да се комбинираат со секакви јакни, капути, кошули, хеланки и модни додатоци според желбите. Патики, рамни чизми или елегантни модели на ...
Празникот на шопингот кој на сите љубители на луксузното и убавото им е заокружен со црвено на календарот - Black Friday, во парфимериите Belodore од година во година расте во традиција на која е тешко да се одолее. Тоа е прилика да откриете нов парфемски потпис во кој ќе уживате многу подолго од една сезона и вашата златна карта за уживање во раскошни мирисни композиции, кои за таа прилика се на атрактивни попусти. Уживајте во единствената ...
На премиерата на својот најнов филм May December, Натали Портман се појави во фустан којшто потсетуваше на креацијата што ја носеше во филмот Black Swan. Оскаровката, која го доби ова признание токму за улогата во филмот на Дарен Ароновски, позираше заедно со својата постара колешка Џулиен Мур која исто така глуми во May December . Црниот, мини, светкав фустан без прерамки, имаше длабоко деколте и еден впечатлив детаљ во форма на бодликав ...
Оскаровката Ен Хатавеј е ликот на декемвриската насловна на магазинот Porter. Ен која што пред неколку дена наполни 41 година ја започна актеркската кариера уште како дете. Во интервјуто кое што е вклучено во Porter таа споделува со читателите дека добивала демотивирачки пораки како Кариерата ќе ти заврши на 35 години и дека тоа им се случува на голем број жени. Сведок на слични вакви изјави била уште една оскаровка, Никол Кидман, која има ...
Дури и во зима, не мора да се лишиме од задоволството да носиме фустани на работното место. Напротив, постојат толку многу опции, модели и комбинации што ни отвараат различни можности како да комбинираме фустани во зимски деловни комбинации. Во однос на моделите, приротитетот е на оние фустани изработени од пријатни и топли материјали и плетенини. Плетените миди и макси фустани, се најчестиот избор, бидејќи лесно може да ги комбинираме со ...
Кејт Мидлтон е несомнено модна икона. Уште од првото нејзино појавување како војвотка од Велс па натаму, таа воодушевува со изборот на облека. Покрај официјалниот стајлинг, кон којшто мора да се придржува, Кејт умее да изледа и како девојка од соседството и неретко се појавува и во кежуал варијанти. Од она што можеме досега да забележиме, едно е сигурно - принцезата сака парчиња во впечатлива боја. Смарагдно зелена, кралско сина, мистична ...
Адел е последната во низата познати кои се одлучиле да се испробаат во козметичката индустрија. Ријана, Аријана Гранде, Селена Гомез, Џенифер Лопез, Лејди Гага се само неколку од дамите кои веќе имаат свои козметички линии. Фановите на популарната пејачка се воодушевени од најавата на Адел и со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе можат да поседуваат производ од нејзината линија. Уште откако стапна на сцената Адел остави впечаток со својот ...
„Кофер ко кофер.... Празан", една од легендарните реплики на големиот Мето Јовановски во „Тетовирање" (1991). За жал, оваа актерска легенда денеска не напушти, во 77-та година од животот. Голем број негови колеги веќе се збогуваат соп него, со емотивни пораки на социјалните мрежи. Мето Јовановски (роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско) беше еден од најплодните македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1971 година завршил ...
Студените денови ја наметнуваат потребата од јакна или капут. Некои го преферираат едното наспроти другото, но има и такви кои подеднакво ги носат и двете топли парчиња облека. Капутот е малку поелегантна верзија од јакната и најчесто го одбираме кога сакаме да изгледаме поотмено. Јакната важи за поспортска варијанта на зимска облека, па ја поврзуваме со покежуал прилики. Сепак и тука имаме малку поместување на границите - еден оversized капут ...
Заедно со убавата претпразнична атмосфера ни се наближуваат новогодишните прослави, на коишто сакаме да оставиме убав впечаток. Тоа е одлично време да се заблеска во интересна креација, на која никој нема да остане рамнодушен. ЕЛЕНА ЛУКА има одличен предлог за дамите – светкав сребрен костум со изразено деколте. Овој дводелен ексклузивен сет составен од сако и панталони во широк крој е идеално решение за вечерни забави за сезоната што следи. ...
Финска, меѓу другото е позната по прекрасната Аурора или поларната светлина. Ова е една од причините што туристите ја посетуваат оваа земја и тоа најчесто додека трае празничната атмосфера. Во срцето на едно финско село, коешто се наоѓа во Лапонија, има еден комплекс со стаклени иглоа, којшто пружа неверојатно романтично искуство. Levin Iglut се состои од повеќе стаклени иглоа коишто го имаат најубавиот поглед на поларната светлина. Иако на прв ...
Модната куќа Баленсијага чијшто креативен директор Демна Гвасалија е познат по своите апсурдни и ултра скапи дизајни, уште еднаш си ја потврди репутацијата со најновото дизајнерско парче. Станува збор за крпа-здолниште на преклоп, дел од колекцијата пролет 2024 која што поттикна интересна дебата по социјалните мрежи. Дизајнерското парче за многумина е една сосема обична крпа што сите ја имаме во бањата, па оттаму и критиките за ултра високата ...
Модата продолжува да биде инспирација како на малите така и на големите екрани. Apple TV+ продуцира уште една модна серија, овој пат под името The New Look чијшто фокус е ривалството помеѓу двајцата еминентни француски дизајнери Коко Шанел и Кристијан Диор. Коко од една страна како веќе етаблирана модна дизајнерка и Диор од друга како новодојденец кој го раздрмува светот на високата мода со неговиот New Look. Тоа беа два дијаметрално различни ...
Кога ќе се спојат црната и сивата боја веднаш добиваме безвременост, класичност, елеганција и една убава дефиниција за тивок луксуз. Сивата боја е веќе голем тренд за сезонава, а црната е тоа што ѝ треба за да ја имаме добитната комбинација. Фановите на минимализмот ја обожуваат оваа префинета спојка, која е одлично решение за многу прилики. Сивата припаѓа на неутрални и таканаречени "тивки" нијанси, па затоа е лесно да се искомбинира со друга ...
Луксузно, отмено, а непретенциозно. Токму овие карактеристики на кадифениот костум, го прават бесмртен низ годините, сезоните и трендовите. Дури и Коко Шанел, во 1938 година направила отстапки од својот вообичаен дизајн со твид и на светот му го претставила женското кадифено црвено одело со здолниште, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како дизајнерка која ги преместува границите. Во кадифено одело се појавуваат светските ѕвезди на ...
Ким знае како да привлече внимание, да го промовира својот бренд и како да оствари одлични соработки со големи имиња. Последниот нејзин подвиг е за машкото списание GQ каде се појавува на декемвриската насловна страна заедно со интервју и моќна фотосесија. Со ова таа се приклучува на низа успешни жени како Ријана, Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Скарлет Јохансон, кои ја имале честа да го красат магазинот. Ким исто така ја понесе титулата Tycoon ...
Многу често кога купуваме трошиме повеќе од планираното. Ова особено важи кога ќе ги посетиме трговските центри со поголема понуда на којашто тешко остануваме рамнодушни. За среќа има неколку трикови коишто можат да ни помогнат околу заштедата на пари. Направете список Пред да излезете задолжително направете список и не отстапувајте. Колку и да ви се гледа некоја понуда примамлива сетете се дека не е на списокот. Попусти Секогаш користете ги ...
Празничната сезона е пред нас, а во некои метрополи веќе на големо се чувствува и гледа. Секоја година празничниот декор нè расположува, па колку и да не ни е погоден денот, сакаме да погледнеме убаво украсени ентериери, дворови и плоштади. Еден таков е и ресторанот Daphne's којшто се наоѓа во Јужен Кенсингтон, Лондон и секоја година мами воздишки со декорациите. Тука едноставно не можете да останете рамнодушни, а магијата на празниците е ...