Добивај вести на Viber Екстремната топлина повеќе не е само метеоролошки проблем - таа станува сериозен предизвик за транспортната, логистичката и енергетската инфраструктура низ цела Европа, како што објави „Гардијан“ . Бидејќи температурите во некои делови од континентот надминуваат 40 степени Целзиусови, експертите предупредуваат дека патиштата, железниците и електричните мрежи трпат оптоварувања за кои многу системи не се дизајнирани. ...

Добивај вести на Viber На социјалната мрежа Reddit повторно е започната дискусија меѓу корисниците од регионот и Европа за тоа каде е поисплатливо да се одмори на Јадранот ова лето - во Хрватска или Црна Гора. Темата започна од објавата на еден корисник кој напиша дека „за истите пари добил сосема поинакво искуство“ во две соседни дестинации, што веднаш предизвика стотици коментари и споредби на цени. „Хрватска е на врвот, но веќе не е за ...

Добивај вести на Viber Претставниците на транспортните здруженија на Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина денес одлучија да испратат ново заедничко писмо до Европската комисија со барање до 10 август да понудат прифатливо или преодно решение за проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Претседателот на Меѓународната транспортна бизнис асоцијација на Србија, Неѓо Мандиќ, ја објави оваа ...

Добивај вести на Viber Германската автомобилска индустрија, која со децении беше симбол на индустриската моќ на Европа, се соочува со најголемиот бран отпуштања од крајот на Втората светска војна. Компаниите кои со години беа столб на германската економија - „Фолксваген“ , „БМВ“, „Мерцедес-Бенц“ и најголемите добавувачи на автомобилската индустрија - подготвуваат нови програми за рационализација, затворање на фабрики и намалување на бројот ...

Добивај вести на Viber Плаќањето туристичка такса или користењето јавен тоалет за 50 центи долго време беше вообичаен трошок при патување во Европа. Сепак, туристите сега ги очекува ново изненадување на шпанска плажа - тушеви кои се наплаќаат по минута. На плажата Коста де ла Луз во Маталаскањас се тестира нов „паметен туш“, кој капачите можат да го користат само откако ќе платат во готово или преку QR код. Тушевите беа воведени за заштеда ...

Добивај вести на Viber УХМР вели дека од денес попладне попладне па се до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе ...

Добивај вести на Viber Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена ...

Добивај вести на Viber Првите резултати од мониторингот на плантажите со малини низ цела Србија покажаа дека во некои случаи состојбата на терен не одговара на податоците што се чуваат во официјалната евиденција. Поради утврдените неправилности, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повика производителите да ги проверат и ажурираат податоците на своите фарми во следните 15 дена, со цел да избегнат евентуални санкции. ...

Добивај вести на Viber Унгарскиот министер за енергетика Иштван Капитањи ја исклучи нуклеарната централа Пакш за два дена од регулативите што поставуваат ограничување за загревање на Дунав со цел да се спречи уште поостро намалување на производството на електрична енергија во услови на рекорден топлотен бран, објави операторот MVM. Температурата на Дунав во близина на нуклеарната централа достигна дури 30,2 степени Целзиусови во понеделник, ...

Добивај вести на Viber Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот ...

Добивај вести на Viber Google го ограничи пристапот на Meta до своите модели на вештачка интелигенција Gemini откако компанијата на Марк Закерберг не успеа да ја добие компјутерската моќ што ја бараше, објави Financial Times, додека Reuters објави дека овој потег веќе ги забавил некои од проектите за вештачка интелигенција на Meta. Според Financial Times, Google ја информирал Meta во март дека не може да обезбеди целосен капацитет за ...

Добивај вести на Viber Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва им се обрати на граѓаните на различни теми, од еднократна помош за пензионерите, можна оставка на крајот на јули до туристички ваучери. Вучиќ им рече на новинарите во Белград дека станува збор за две мерки - првата, која се однесува на намалување на партиципацијата што граѓаните ја плаќаат за лекови, која ќе биде ограничена на една година, како и нова група лекови на рецепт ...

Добивај вести на Viber Врховниот суд на САД го отфрли барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја отстрани Лиса Кук од одборот на Федералните резерви и ѝ дозволи да продолжи да служи. Со одлука од пет наспроти четири, Врховниот суд го отфрли барањето на претседателот да му биде дозволено да ја отстрани Кук од нејзината позиција како гувернер на Федералните резерви по обвинувањата за измама со хипотеки, објави CBS News. Трамп првпат ...

Добивај вести на Viber Среде трагедијата што ја погоди Венецуела по двата силни земјотреси, од урнатините пристигнаа сцени кои го обиколија светот и вратија надеж дека животот понекогаш победува и во најтешките моменти. По разорните потреси, со јачина од околу 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, спасувачките екипи со часови пребаруваа низ урнатините на срушени згради, надевајќи се дека под бетонските плочи и прашината сè уште има ...

Добивај вести на Viber Собранието ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија. Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за ...

Добивај вести на Viber Најавата на лидерот на опозицијата дека СДСМ нема да ги поддржи измените на Изборниот законик, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како доказ дека неговата главна цел е да се спротистави на законите од Реформската агенда и како алиби за поразот што оваа партија би го имала на следните избори. - Филипче преку најавата за блокада бара можно алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните ...

Добивај вести на Viber Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, утре во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци, Владо Јаневски. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме ...

Добивај вести на Viber Од 1 јули, во Европската Унија стапуваат во сила нови царински правила кои значително ќе го променат начинот на кој европските граѓани купуваат производи преку интернет од земји надвор од Унијата. Со реформата се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност до 150 евра, што значи дека практично сите комерцијални стоки увезени во ЕУ ќе подлежат на царинска постапка. За да се поедностави обработката ...

Добивај вести на Viber Почина Кирил Митровски, некогашен Претседател на Одборот на директори на Македонска берза, кој беше и едено од првите брокери. По трагичната загуба, се огласија од Македонска берза на социјалните мрежи. - Последен поздрав од Македонска берза АД Скопје за г-дин Кирил Митровски, брокер од првата генерација, долгогодишен член и поранешен Претседател на Одборот на директори на Берзата. Изразуваме искрено и длабоко ...

Добивај вести на Viber Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани денеска, изјави доктор Ана Џарева од Брза помош - Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош - Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. - Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми - појасни докторката. ...

Добивај вести на Viber Пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во вооружен инцидент во градот Штаде, северна Германија. Портпаролот на полицијата соопшти дека по инцидентот приведени се две лица, од кои едниот е осомничен за пукањето. Инцидентот се случи во близина на Центар за мајки и деца. Истражителите веќе собираат докази и испитуваат сведоци. Според полицискиот службеник на местото на настанот, осомничениот стрелец бил уапсен на ...

Добивај вести на Viber Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен ...

Добивај вести на Viber Разочарани сме што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатија нашите апели. Изгласувањето на законот за игри на среќа и покрај нашите предупредувања и забелешки е јасна и сурова порака за нас вработените. Веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции. Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во наредните две ...

Добивај вести на Viber Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две години отворивме неколку десетици, а како резултат на тоа очекуваме бројот на превезени патници оваа година да достигне 3,5 милиони. Ова го посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања, додавајќи дека аеродромите веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-ина проценти ...

Добивај вести на Viber Фонтаната која некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи, фонтаната која беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање, конечно се враќа во функција, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „ Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на ...

Добивај вести на Viber По успешната минатогодишна сезона, кога повеќе од 10.000 посетители уживаа во филмови под отворено небо, ROOFTOP OPEN AIR CINEMA повторно се враќа на покривот на Skopje City Mall, носејќи уште едно незаборавно филмско лето во организација на Cineplexx и Skopje City Mall. Новата сезона започнува на 3 јули со спектакуларната проекција на епскиот филм „Troy“ (2004), остварување кое и повеќе од две децении по својата ...

Добивај вести на Viber Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации. Со оглед на тоа што Јаневски беше и долгогодишен жител на оваа ошптина, од општината велат дека во знак на почит кон неговиот уметнички ...

Добивај вести на Viber Електродистрибуција информира дека делови од општина Центар, Дебар Маало, зградата на Владата и околните објекти во Скопје се без електрична енергија. Од компанијата посочуваат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот. Засега нема дополнителни информации за причината за прекинот, ниту кога точно ќе биде нормализирано снабдувањето со електрична енергија. Добивај вести на Viber ...

Добивај вести на Viber Иван Стоиљковиќ најави заминување од министерското место во Министерството за односи меѓу заедниците. Тој вели дека министерството е средено и организирано ќе му го остави на неговиот насленик. „НАМЕСТО КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ. Пред веќе извесното заминување од МОЗ нека остане забележано дека од “сива зона” на системот денеска Министерство со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник. Од ...

Добивај вести на Viber Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34