Фотографиите доаѓаат околу една седмица откако Индија објави фотографии од површината на Месечината. Двете земји планираат да слетаат научни роботи на јужниот пол на Месечината во следните недели. Првите фотографии направени од руската сонда биле направени на оддалеченост од 310.000 километри од Земјата. Тие покажуваат дека сондата е во добра форма и работи според планот, изјавиле од рускиот Институт за вселенски истражувања. „Луна-25“ треба ...

Суштеството кое е пронајдено, во близина на Антартикот, помеѓу 66 и 1.170 метри под површината на морето, има 20 пипала кои се покриени со нешто што личи на пердуви. На другата страна има пипала со мали канџи на крајот, кои му помагаат да се фати за морското дно. Тимот научници кои откриле за постоењето на ова чудно суштество забележале и дека тоа може да варира во бојата, од „виолетова“ до „темно црвеникава“. Научникот Грег Роуз, професор ...

Овој пожар е најсмртоносниот во САД во последните 100 години, објави Гардијан. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“. Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Живеалиштата на луѓето се тотално уништени и ...

Во најкатастрофалните поплави кои се случиле досега во Словенија загинаа најмалку шест лица, беа уништени куќи и оставија села во урнатини. Обилните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. „Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра“, рече премиерот Голоб. Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство. Голоб ...

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше. Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. ...

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја изрази својата поддршка. „Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Повеќе од нив треба да го сторат тоа, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно бијат“, рече тој. Хирошима беше во центарот на вниманието во мај, кога јапонскиот премиер ...

Заклучно со 24 јули, 2.442 секвенци на EG.5.1 биле откриени во 36 земји ширум светот, вклучително и најмалку 18 случаи во Израел, според податоците од Outbreak.info, страница што ги собира податоците за SARS-CoV-2. Видот стана поприсутен во Обединетото Кралство бидејќи продолжуваат да растат хоспитализациите на COVID-19, соопштија британските здравствени власти во четвртокот. На социјалните мрежи, вирусолозите варијантата ја нарекоа Ерис. ...

Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз ...

Голем дел од Словенија под вода откако ја погоди силно невреме Заповедникот на цивилната заштита на Горењска, Клемен Шмид, изјави дека речиси целата оваа покраина е под вода, додавајќи дека има заглавени жители дури и во центарот на Шкофја Лока, кои се спасуваат со хеликоптери. Бројни села се отсечени од светот (Фото: Дело) „Областа на Шкофја Лока е особено погодена. Поплавени се патишта и бројни станбени и комерцијални објекти“, изјави ...

Депонијата се третира со алги со цел задушување на пожарот, а со специјална механизација делот кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја. Но, тоа не го решава трајно проблемот кој со години ги мачи жителите на Охрид.Дивите депонии се закана и за Струга, каде мештаните често алармираа за тешката миризба која што го загрозува нивното здравје. Иако во најава е изградба на регионална депонија во југозападниот дел на земјата, ...

Поранешниот советник за национална безбедност на администрацијата на Трамп, Џон Болтон, имаше остри зборови против поранешниот претседател, нарекувајќи ја неговата надворешна политика непредвидлива и неефикасна. „Доналд Трамп навистина нема филозофија, како што ние ја разбираме во политичка смисла“, рече Болтон во интервјуто во четвртокот за „The Hill“ на NewsNation. „Тој не размислува во политички термини кога носи одлуки, секако во областа ...

Имено, нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата на 1ви и повторно на 31 август. И двете полни Месечини ќе изгледаат речиси исто големи, според германската група аматерски астрономи – „Здружение на пријатели на ѕвездите“ (Vereinigung der Sternfreunde). Овој двоен спектакл е можен бидејќи циклусот меѓу две полни Месечини е 29,5 дена, а август има 31 ден. Инаку, две полни месечини во еден календарски месец се ретка појава. Од нив, ...

Активисти за заштита на животната средина се собраа на Џалан Џендерал Судирман во Џакарта, главниот град на Индонезија, на маршот наречен „Отфрлете ја пластиката за еднократна употреба“. Освен што ги повикаа луѓето да ја намалат употребата на пластика во секојдневниот живот, активистите организираа марш за да побараат од владата да ја забрани употребата на пластика за еднократна употреба и да ја поттикне повторната употреба како одржливо ...

Светскиот ден на заштитата на природата се одбележува секоја година на 28 јули со цел ширење на свеста за природните ресурси кои се наоѓаат на нашата планета Земја и кои се основа за стабилно и продуктивно општество, особено за обезбедување на благосостојбата на сегашните и идните генерации. Денес се соочуваме со бројни опасности за животната средина во која живееме, како што се: климатските промени, глобалното затоплување, дефорестација, ...

Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина. Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација. Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика ...

Првата марка која го решила сето тоа на едноставен начин, а воедно станала украс за пратките, е позната под името Пени блек. Издадена е на 1 мај 1940 година во Велика Британија во рамки на иницијативата за промена на начинот на функционирање на поштенскиот систем кој го воспостави сер Роланд Хил, учител и пронаоѓач, а подоцна и директор на поштенската служба. На неа бил ликот на 21-годишната кралица Викторија и многу наликувала на денешните ...

Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа на повеќе од 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата. „За жал, 51 кит угина во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија. „Заедно со регистрирани волонтери и други организации, се обидуваме да ги вратиме преостанатите 46 китови во подлабоките ...

Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани. – Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. ...

Некои од гените што ги идентификувавме се поврзани со сетилните патишта – вклучувајќи ги и оние за вкус, мирис и текстура – и исто така може да го зголемат одговорот на мозокот. Бидејќи генетиката игра многу помала улога во влијанието на внесот на храна од сите фактори на животната средина, треба да проучуваме стотици илјади поединци за да откриеме генетски влијанија меѓу факторите на животната средина, појасни Џоан Кол од Универзитетот. ...

Поради големиот пожар на островот Родос, 19.000 луѓе беа принудени да се евакуираат, голем дел од нив туристи, а пожари се шират и на островите Евија и Крф, засега во Егејскиот дел на Македонија е мирно и со помали забележани инциденти. На Евија, властите им наредија на жителите на четири села во јужниот дел да се евакуираат во градот Каристос кој се наоѓа на запад од територијата која е зафатена од оган. „Пожарот можеби е на 2 километри ...

Сташното невреме синоќа ја погоди Србија, кое претходно мина низ Словенија и Хрватска, оставајќи зад себе разорни штети во сите краишта Невремето беше придружено со силен ветер, дожд и грмежи, а налетите на ветерот достигнаа брзина и до 200 километри на час. Невремето ги погоди административните области Мачвански, Сремски, Јужнобачка, Јужнобанатски, Шумадијски и градот Белград. Припадниците на Одделението за вонредни состојби храбро ...

Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на ...

Поради ова, русокосата дама на интернет беше наречена „брутална русокоса“. На видеото се гледа како русокосата им вика на демонстрантите да се тргнат од патот во Ботроп, Германија, а потоа фаќа една активистка за коса и ја влече на тротоарот. По протестот биле приведени активисти, а полицијата од Реклингхаузен потврдила дека демонстрантката е полесно повредена, јавуваат локалните медиуми. Се размислува дали ќе биде поведена кривична постапка ...

Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории. – Не знаеме од каде дошла. Зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не пријавиле исчезната лавица, изјави претставник на полицијата. Сведок ѝ дојавил полицијата за присуството на големата мачка откако ја снимил во грмушките. Има и сведоштва дека грабливката уловила и убила ...

Потсетувајќи на 60.000 смртни случаи во Европа минатата година поради екстремни горештини, Клуге рече дека бројот на смртни случаи од екстремни горештини се очекува „да се зголемува од година на година“, објави „Синхуа“. „Сегашните опасни зони ги вклучуваат јужна и источна Европа“, рече Клуге повикувајќи ја јавноста редовно да ги проверува временските извештаи, да ги следи локалните упатства и да се информира за здравствените ризици поврзани ...

Таму имаат изградено раскошна вила, па денес на островчето можат да се видат темели од ѕидовите и остатоци од водоводниот систем и керамика. Во тоа старо време, на островот биле посадени маслинови дрвја и разни ароматични медитерански растенија. Во минатиот век, целиот остров бил обработуван и засаден со лозје, но денес е вистинска робинзонска оаза со само три повремено населени куќички. Две од нив можат да се изнајмат преку интернет и едно ...

Десетици милиони луѓе вчера беа засегнати од пеколните температури што ја зафатија северната хемисфера, во Калифорнија беснееја разорни пожари, додека Азија ја погодија невообичаени бури, што е нов доказ за климатските промени. Во Италија за 16 градови е издаден црвен метео аларм, со очекувана температура од 36 до 37 степени, но се чувствува уште повисока, до 40. Шпанија исто така преживеа жешка седмица, а Канарскиот остров Ла Палма викендов ...

Советот за безбедност на ОН неделава во Њујорк ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзиното влијание врз глобалниот мир и безбедност. Во текот на јули Велика Британија претседава со Советот за безбедност и се обидува да се наметне како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција. Со седницата на СБ на ОН утре ќе претседава шефот на ...

Црвениот крст соопшти дека на шести тркач му била пружена медицинска помош во амбуланта во арената во Памплона. Оваа година повредени се вкупно 35 лица, но ниту еден не е критично. Најнеобична е секако повредата на 58-годишниот Холанѓанец кој добил мала расекотина на тестисите од удар со рог. На прославата на Св. Фирмин што се одржува секоја година од 6 до 15 јули, стотици тркачи во бели маици или кошули и со црвена марама на главите се ...

„Денес година во 09.18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари, спасители интервенираше на гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво. Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран“, објавија на социјалните мрежи од од пожарникарите од Струмица. Фотографиите се преземени од фесбук-страницата на Пожарникари Струмица. ...

Вера

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
71%
1011
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
7.72
56%
1018
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
63%
1014
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.33
79%
1011
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
80%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1005
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
46%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
83%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
88%
1017
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
63%
1011
Currency

61.6317

Currency

53.3706

Currency

70.6441

Currency

36.7747

Currency

38.3017

Currency

66.6954

Currency

7.74081

Currency

0.65647

Currency

0.33594

Currency

0.52466

Currency

1.20084

Currency

0.57013

Иридиум

256711.96

Цинк

3.16

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.46

Бакар

11.09

Родиум

334367.76

Рутениум

56199.51

Кобалт

964.52

Платина

61729.43

Паладиум

44152.21

Калај

47.07

Злато

166450.52