
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Заедно со традиционалното лекување, можете да вклучите во превенција или лекување на рак неколку билки и зачини кои ќе ви помогнат со силата на природата да ја победите најстрашната болест. Освен за ракот, овие билки се многу корисни за телото – тие го зајакнуваат, го зајакнуваат имунитетот и помагаат да бидеме здрави и насмеани. Куркумата во последно време стана зачин кој најмногу ефикасно ги уништува туморите. И не случајно. Растението содржи ...
Добро е познато дека нивните зими се долги и мрачни, но жителите успешно се справуваат со нив благодарение на концептот „фрилуфтслив“ (filuftsliv). Овој збор може да се преведе како „живот на свеж воздух“. Поимот донекаде е сличен на данскиот „хиге“ (hygge), но додека данскиот поим е за добро чувство дома, норвешкиот е за уживање надвор. Фрилуфтслив е дел од норвешката традиција. Станува збор за прифаќање на животот надвор, дури и на студени ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес на 124 км југозападно од Скопје, во Егејска Македонија. Земјотресот се случи во 10.29 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Во Јужниот дел на Македонија во ...
Истражувачите од јапонскиот Универзитет во Јамагата открија 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу со помош на дронови. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за ...
Има намалување на бројот на денови со појава на дожд, а мерењата покажуваат дека лани во седум од вкупно осум градови има значително поголеми количества врнежи. Во македонските градови снегот полека исчезнува, а наместо тоа се зголемуваат деновите со магла. Продолжува несовесното користење и загадување на водните текови – водата за пиење се употребува во производните процеси во индустриските капацитети и непречистена се испушта во природата, а ...
Иако на прв поглед се чини дека мораме да избираме помеѓу благосостојбата на природата и сопствениот опстанок, негативното влијание на земјоделството на емисијата на јаглерод диоксид, потрошувачката на вода и биолошката разновидност може да се намали значително. За тоа е потребна попаметна и поодржлива реорганизација на земјата за одгледување посеви на глобално ниво, покажува неодамнешната студија која ја спроведе меѓународен тим научници од ...
Рибата во Дебарското Езеро е уловена од делот на езерото кај општината Центар Жупа. Сончарката е инвазивен вид од Северна Америка, кој, откако е доведен во Европа, е проширена во слатките води насекаде низ стариот континент. Во Македонија оваа мала слатководна риба ја има и во Преспанското и во Охридското Езеро, како и во реката Црн Дрим, од каде веројатно пристигнала во Дебарското Езеро. Пред две години сончарките беа снимени во водите на ...
„Сето ова време се зборува дека треба да има фонд за енергетска ефикасност и фонд за животна средина. Скоро сите приходи на државата по основ такси за животна средина одат во централен буџет, а доколку одат во посебен фонд ќе може со сопствени финансии да ги поддржуваме овие работи што се проблем во државата. Треба сериозно да инвестираме во спроведување на обврските кон ЕУ директивите, сериозно да почнеме со спроведување на нашите стратегии кои ...
SKA ќе биде најголемиот телескоп во светот кога ќе биде завршен во 2028 година. Неговата задача ќе биде да ги спроведе најточните тестови на теориите на Алберт Ајнштајн и да бара вонземјани. Делегации од осумте земји кои ги водат проектите учествуваат на церемонии во оддалечениот кварт Мурчисон во Западна Австралија и Каро во Северниот Кејп во Јужна Африка, а по нивното завршување багерите почнуваат со ра „Во овој момент започнува реализацијата, ...
Најмногу дожд наврнало во Охрид седум л/м2. Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, претежно во југозападните делови утринава има појава на локален дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб претежно југоисточен ветер. Во котлините е магливо или со ниска облачност. Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Наутро по котлините ќе има услови за магла. Претпладне во јужните делови ќе има појава на ...
Сечењето и палењето на трската е редовна појава на охридското и струшкото крајбрежје и тоа најчесто за бетонирање на брегот, изградба на плажи и хотелски комплекси. Од Хидробилошкиот Завод посочуваат дека ова значајно растение за живиот свет се уништува повеќе од пет децении. Во рамките на проектот „Мапирање и управување со трската на Охридското езеро“ се направени истражувања на појасот на трската на седум локации на езерскиот брег. Резултатите ...
Владата му одобри повеќе од 11,5 милиони евра буџетски пари на АД ЕСМ од изговор : справување со кризната состојба. Овие пари ќе легнат на сметката на компанијата по помалку од три месеци откако на Електрани на РМ им беа подарени 50 милиони евра што значи индиректно плаќање на струјата преку зголемените даноци и такси наместо на сметка! Инаку пред помалку од три месеци на ЕСМ му беа префрлени 3,1 милијарди денари, односно околу 50 милиони евра. ...
Долгорочните прогнози на „Maxar Technologies“ и „Marex“ укажуваат на зголемена веројатност за посвежо од нормалното време низ поголемиот дел од континентот. Студениот воздух од Арктикот ќе доаѓа на континентот барем во првиот дел од месецот поради временскиот модел познат како блокирање (кога центрите на висок и/или низок притисок ќе се населат над регионот на таков начин што ќе го блокираат преминот на други временски системи) „Студениот ...
Трудот ја опишува моменталната состојба на биодиверзитетот и еколошките карактеристики на Студенчишко Блато во поширок контекст на системот на сливот Охрид-Преспа. Исто така, ги опишува екосистемските услуги на блатото и непосредните закани за еколошките карактеристики што ги носат неодамнешните урбанистички планови. Конечно, предлага можности за понатамошно развивање на областа, оставајќи го блатото недопрено, и дури и подобрување на неговите ...
Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони. Ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо продолжи и оваа година. Единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои ...
Најмногу дож, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР. Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе. И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до ...
Избелувањето на гребенот се случува кога водата станува премногу топла, поради што коралите ги исфрлаат разнобојните алги кои живеат во нивните ткива и стануваат бели. Коралите можат да го преживеат избелувањето, но тоа негативно влијае врз нивниот раст и репродукција, што пак ја намалува нивната отпорност на климатските промени, се вели во извештајот на УНЕСКО. Научниците на УНЕСКО го посетија Големиот австралиски гребен во март, а извештајот ...
Само во 2020 година, околу 200 американски непрофитни организации за заштита на животната средина колективно собрале 3,2 милијарди долари од богати донатори и фондации. Тоа е зголемување за половина милијарди долари во однос на претходната, 2019 година, кога еко-групите пријавиле приход од 2,7 милијарди долари. Седум од најголемите донатори уфрлиле 1,8 милијарди долари во каузата. Ако не сите, тогаш многу од нив не штедат пари и за финансирање ...
Поројот од кал и остатоци уништи домови и одвлече автомобили во морето. Тоа уследи по неколку дена силни дождови во јужна Италија, но сега кога времето се смири, се забележуваат вистинските размери на уништувањето. Повеќе од 100 пожарникари, како и нуркачи се распоредени на Искија за да се обидат да ги расчистат улиците. Оштетени возила се натрупани едни врз други, додека силата на движењето на калта остави трага на уништување во инаку ...
Kога ќе ја видите листата, ќе сфатите дека луѓето навистина не се труделе многу да се заштитат. Погледнете ја топ 10 листата на најкористени лозинки во 2022 година: 1. password 2. 123456 3. 123456789 4. guest 5. qwerty 6. 12345678 7. 111111 8.12345 9. col123456 10. 123123 Покрај повторувањето на броевите, популарните термини за лозинка вклучуваат термини како „Оскари“, „Тиндер“, „Бетмен“ и други. Дали ја препознавате вашата лозинка во првите 10? ...
„Понатамошните трошоци се утврдени во опсежни консултации со бројни засегнати страни и се прецизирани првичните прогнози“, соопшти Министерството во неделата, наведувајќи ги оперативните трошоци и дополнителната инфраструктура на копно. Министерството рече дека пловечките терминали се од суштинско значење за најголемата европска економија за да се компензира колапсот во испораката на руски гас по инвазијата на Москва на Украина. Германија овој ...
Доколку Операторот ги стартува и ги стави во функција котлите на енергенс мазут, без одлагање треба да го извести Надлежниот орган, да изврши мерења на емисиите при стартување и да ги достави извештаите од мерењата до Надлежниот орган – стои во интегрираната еколошка дозвола (Б) со број 08-2598/5 што Град Скопје ја издал на топланата во јули годинава. Во интегрираната еколошка дозвола (Б) што Град Скопје ја издал на топланата се нагласува дека ...
Утрово во земјава се измерени температури над нулата и тоа еден степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Битола, Дебар, Куманово, 9 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 10 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија, Виница, Струмица, Гевгелија, Дојран и 14 степени во Штип. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е регистриран на Попова Шапка, 61 литар на метар ...
Училиштето е артикулирано како централно место на иницирање и консолидација на јавните објекти во населбата Ивања Река. „Во нагласено отсуство на јавни програми, го добива значењето на инфраструктурно ткиво, со што населбата Ивања Река станува едукативно, социјално и јавно опремена“, велат проектантите Иво-Лола Петриќ, Марија Бурмас и Јакша Калајжиќ од бирото „Субмап“ . Авторите го препознаваат потенцијалот, дека во изразеното отсуство на јавна ...
До ова откритие дошле во текот на истражување на флексибилна електроника, со фокус на одржливите материјали кои би ги замениле неразградливите. Научниот тим размислувал да користи материјали добиени од печурки за употреба во други подрачја. Притоа, установиле дека кожата на печурките ганодерма луцидум може да се користи како замена за базата која се користи во струјни кола, а која изолира и ги лади проводниците.Оваа база обично се прави од ...
На 18 ноември во 1874 година во селото Постол (Пела), Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на ...
Значи ова не се фотографиите од летниот период, иако лесно може да бидат заменети, кога поради високите температури нормално е нивото да е повлечено. Констатација: состојба – жална велат од Охрид СОС “Не дозволувајте да бидете излажани и изманипулирани, поимот “климатски промени” е измислен за да се оправдаат пресушувањата на реките и езерата се со цел да се дојде до вештачки наметната криза за храна и вода. Реките и езерата во Македонија ...
Таканаречените “климатските активисти” во Австрија, денеска осквернавија слика на познатиот австриски уметник Густав Климт во музејот „Леополд“, која е поврзаноста на овие т.н. активисти со екологијата и сквернавењето уметнички дела навистина е нејасно, а е слично со активностите кои беа организирани за време на обоената револуција во Македонија со цел рушење на државата и поставување марионетска власт. Во двата случаи со театарско-сценско ...
Тимовите за итни случаи се во Нов Јужен Велс со хеликоптери кои спасуваат луѓе од покривите и над 200 спасувања од поплавите се спроведени во изминатите 24 часа. Некои луѓе најдоа спас од поплавите во врвовите на дрвјата, според Противпожарната служба на Нов Јужен Велс. Според официјалните информации, досега со хеликоптери се спасени 67 лица. Значајните дотоци на вода во браната Вајангла на реката Лахлан предизвикаа излевање на рекордни ...