Овие показатели ги објави проф. д-р Хусеин Торос од Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU) за ТВ Хабертурк. Податоците беа собрани во рамките на студија спроведена од специјализиран тим. Според научникот, за зголемување на атмосферското загадување придонеле и температурните рекорди забележани во првите седум месеци од оваа година. Студиите на тимот покажаа намалување на честичките и зголемување на сулфур диоксид, озон и јаглерод моноксид. ...

Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи. „Повеќето од нив не се опасни за луѓето… Нема причина да се верува дека којотите за коишто станува збор се нездрави (заболени или заразни, з.п.) или претставуваат закана за безбедноста на луѓето. Меѓутоа, како и со сите диви животни, ...

Очигледна е намерната и организираната тенденција да се носат кучиња скитници по градовите во Македонија, истите со камиони се истовараат на пример на главниот плоштад во Скопје. Кои од институциите се надлежни да ги откријат сторителите, бидејќи организирано се сака да се постигне грда слика и страв кај граѓаните. Нашата редакција има информации и за поплаки од странски туристи кои биле нападнати. Проблемот не е ограничен само на Скопје. И ...

За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња. Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден. Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници. Пред почетокот на маршот, ...

Оваа година изложбата се состои 25 фотографии од 19 автори ,а темата на конкурсот беше „МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА “ – Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година. Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии ...

Студија од февруари 2024 година, објавена во списанието „Nutrition Research Reviews“, покажа дека јаткастите плодови како бадеми, кикиритки, фстаци и ореви можат да им помогнат на луѓето полесно да ги постигнат своите цели за губење на тежината , пишува „Health“. Студијата покажа дека јаткастите плодови можат да бидат дел од исхраната на оние кои сакаат да ослабат бидејќи тие придонесуваат за губење на тежината, вели авторката на студијата ...

На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента. Според очевидци, лицето најверојатно било адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет. Се очекуваат официјални информации од МВР. Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено. На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека ...

Во првите седум месеци од 2024, бројот на продадени плаг-ин хибриди во Кина е пораснат за 70% во однос на истиот период лани. Најголемиот кинески производител BYD ја има зголемено светската продажба за 13 односно 44 проценти. Во Европа на месечно ниво продажбата во јули е намалена за 7,8% а за седум месеци е останата иста како лани. Во Германија, најголемиот европски пазар за електрични возила, продажбата во првите седум месеци паднала за ...

Astroscale соопшти дека во вторник ќе потпише петгодишен договор со Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) за отстранување на отпадот од орбитата на Земјата. Иако не е познато кој стои позади оваа компанија и каде ќе завршат парите, сепак идејата е одлична за бизнис зделка Притоа, тие ќе развијат ново вселенско летало наречено ADRAS-J2, кое ќе го опремат со технологија за роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се ...

Вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на 64-то издание на фестивалот Охридско лето, ќе имате можност да го проследите концертот на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано. Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да ги инспирира независно од нивните културни различности. ...

Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните ...

„Рекордот за максимална температура на површината на морето беше срушен вчера во Средоземното Море, со дневна просечна температура од 28,90°C“, соопшти водечкиот шпански Институт за поморски науки. Претходниот рекорд е забележан на 24 јули 2023 година, со просечна вредност од 28,71°C. Овие прелиминарни наоди се земени од сателитски податоци од програмата Copernicus на Европската Унија за набљудување на Земјата. Тоа значи дека две ...

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот. Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.08.2024 до 16.08.2024 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. ...

Македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, Руска Федерација, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешка Република, ќе ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, а 81 учесник на 51. Меѓународна научно конференција ќе ја развиваат македонистиката како наука. Како што е најавено, свеченото отворање на 57. Летна школа на МСМЈЛК ќе биде утре во Конгресниот ...

„Воениот рок ќе трае два месеца. Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на вооружените сили од досега. Ставот на владата е дека нема простор за штедење кога станува збор за вооружените сили на Хрватска“, изјави Анушиќ. Хрватска никогаш не го укина воениот рок, туку го замрзна во 2008, со што во земјата веќе постојат законодавство и пракса според која обуката се одвиваше порано, се правдаат од министерството. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Како што соопштија од УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен ...

Украинските сили не можат да користат британско оружје на руска територија освен кога се бранат, изјави Министерството за одбрана. „Јасно појаснуваме за време на процесот на подарување дека опремата треба да се користи во согласност со меѓународното право“, додаваат тие. Но она што изрично се забранува е употреба на британски ракети со долг дострел.Политиката значи дека на руското бојно поле може да се видат противтенковски ракети, ...

Власта има индиции дека одредени структури со голем капитал се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички инциденти и конфликти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Мицкоски апелираше до јавноста да остане смирена и да не подлегнува на провокации и нагласи дека сторителите на таквите провокации ќе одговараат пред надлежните органи. „Имаме индиции за елементи коишто располагаат со огромни милионски суми пари. ...

Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке. Од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, ...

Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 15.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Централна Македонија и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информира Сеизмолошката опсерваторија. Земјотресот се случи ...

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август. Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку ...

По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници. – Во отсуство на центар за ...

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување. Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед. Нуклеарната катастрофа во ...

Активни пожари има кај Јасен – Белица каде гори борова шума, потоа кај селата Пресека и Цера каде гори борова шума и папрат, на Галичица – на исток во правец на селата Лескоец и Стење, односно на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, каде гори шума и нискостеблеста вегетација. Пожар има и кај селото Дебреште кое се шири кон селата Рилево и Зрзе, како и кон селото Карпа каде гори нискостеблеста деградирана шума и сува ...

Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки. -Овие временски услови се непогодни за сите ...

Според податоците на ЦУК сѐ уште е критично во Македонски Брод каде горат два краци, едниот кон Националниот парк Јасен и другиот кон селото Белица, иако, како што информираше Ангелов пожарот кон Јасен е ставен под контрола. „Пожарот кај Општина Пехчево вчера беше ставен под целосна контрола, но за жал утрово повторно се разгори. Пожарот е заокружен од три страни и нема можност да избега од тие страни. Од четвртата страна има помала река која ...

Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините. Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините – рече Ѓорѓиевски. Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и ...

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
62%
1008
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
73%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
50%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
57%
1008
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.8
52%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
33%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
6.17
60%
1006
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
36%
1004
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
36%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
1008
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
79%
1014
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
55%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.7916

Currency

70.9319

Currency

36.8772

Currency

38.6441

Currency

67.2372

Currency

7.78293

Currency

0.66168

Currency

0.33727

Currency

0.52497

Currency

1.20986

Currency

0.57012

Иридиум

256711.96

Злато

166450.52

Бакар

11.09

Родиум

334367.76

Платина

61729.43

Калај

47.07

Паладиум

44152.21

Цинк

3.16

Рутениум

56199.51

Кобалт

964.52

Алуминиум

3.46

Сребро

2840.84