Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им се обрати на членовите на фудбалското семејство зборувајќи за важноста на глобалниот развој на најважната споредна игра во светот. Инфантино особено ја истакна одлуката за проширување на Светското првенство 2026 на 48 репрезентации, нагласувајќи дека овој потег им отворил врата на повеќе земји и им овозможил на новите генерации фудбалери да сонуваат за најголемата сцена. „Проширувањето на 48 ...

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, очигледно, ќе ја продолжи кариерата во редовите на турскиот Бешикташ. По Мохамед Салах и Леандро Тросар, истанбулскиот гигант Бешикташ е многу блиску до доведување на уште еден напаѓач. Веќе се поизвесно, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе оди во Турција. Црно-белите му упатија официјална понуда на 26-годишникот пред неколку недели. На масата се девет милиони евра нето годишно, плус бонуси, и огромни провизии ...

Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер потврди дека по завршувањето на Светското првенство 2026, ФИФА ќе ги анализира задолжителните паузи за хидратација, што предизвика бројни реакции од навивачите, тренерите и стручната јавност. Задолжителните паузи за хидратација беа една од најкоментираните вести на Светското првенство, кое се игра во САД, Канада и Мексико, а сега има потврда дека ФИФА ќе ја разгледа нивната иднина по турнирот. Ова ...

Кумановски Башкими конечно ги почна подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, под палката на новиот тренер Гајур Реџепи. На само седум дена пред стартот на сезоната Башкими конечно ги почна подготовките. На првиот собир Реџепи повика на обединување на сите во тимот, и максимално сериозен пристап во наредниот период како би се надополнило се загубено. Башкими ќе има многу промени во тимот ако се знае дека голем дел ...

Финалето на Светското првенство 2026 се игра вечерва од 21:00 часот на стадионот „Метлајф“ во Њујорк. Пресметка на Шпанија и Аргентина. Ова е прв пат во историјата актуелниот европски и јужноамерикански шампион да играат во финалето на СП, а Аргентина ја брани и светската титула освоена пред четири години. За прв пат во финалето на Светското првенство ќе ги видиме и првиот тим (Аргентина) и вториот тим (Шпанија) според најновата ранг-листа на ...

Повремениот македонски репрезенаттивец Бојан Илиевски e пред официјална промоција во дресот на албанскиот суперлигаш Тирана. По завршувањето на соработката со Струга ТЛ, Илиевски имаше можност за продолжување на кариерата во Хрватска, но според последните информации од Албанија, тој е веќе договорен со Тирана. Илиевски претходно во својата кариера настапуваше за Пелистер, Макеонија ЃП и Работнички, а за репрезентацијата на Македонија одигра ...

МЗТ Скопје сериозно се активира на трансфер-пазарот, актуелниот првак веќе го договори репрезентативецот Лука Стојановски, а во тек се преговорите за ангажман на уште двајца членови на нашиот сениорски национален тим. Првиот е Адем Мекиќ, крилниот кошаркар кој во неколку наврати ги бранеше боите на аеродромци, а сега е на добар пат да се врати назад во дресот на МЗТ. Преговорите се веќе во тек и наскоро би можеле да завршат со потпис на ...

Синоќа, Франција беше поразена од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 со 6-4. Во Мајами гледавме незаборавен натпревар каде што видовме дури десет гола, а на крајот Англичаните успеаја да го освојат бронзениот медал. Сепак, она што е главна тема е пристапот на француските играчи на мечот, посебно во првото полувреме. „Триколорите“ изгледаа целосно незаинтересирани за првиот дел, што го докажува и фактот дека ...

Жоан Капдевиља, светски шампион со Шпанија во 2010 година, требаше да го пропушти денешното финале на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, и покрај поканата на неговата феедерација да присуствува во Њујорк. На поранешниот репрезентативец му беше одбиено електронското овластување за патување ЕСТА, поради што не можеше да патува во САД во рамките на безвизната програма. Поради забраната, Капдевиља јавно му се обрати на ...

Квалитетот на македонскиот судија Зоран Митровски е потврдуван во бројни ситуации изминатите години, тренд што продолжи и на европското првенство за кошаркари до 20 години – Б дивизија што се одржува во Словачка, каде Митровски ќе биде дел од судиската тројка што ќе ја дели правдата на големото финале. Македонецот судеше беспрекорно на сите натпревари на кои беше делегиран на овој шампионат, што беше препорака тој да ја добие одговорната ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Ова е прво мундијалско финале во кое се среќаваат актуелниот шампион на Европа со актуелниот првак на Јужна Америка. Шпанија е првата репрезентација во мундијалската историја што не ...

Селекцијата за кошаркари до 20 години на Македонија го освои деветтото место на Европското првенство – Б дивизија што се одржуваше во Словачка откако нашата млада селекција славеше во денешниот последен меч над БиХ со убедливи 91-81. „Црвено-жолтите“ ги одиграа во висок ритам сите натпревари од доигрувањето за пласман, бележејќи серија убедливи победи по кои останува да се жали што немавме среќа на стартот од шампионатот, каде падот на ...

По долго чекање, Партизан денеска конечно го официјализираше првиот трансфер за наредната сезона, потпишувајќи двогодишен договор со Кевариус Хејс. Искусниот 29-годишен центар доаѓа во редовите на белградските црно-бели од таброот на Монако, а претходно има настапувано во Евролигата и во дресот на Жалгирис, Париз и Асвел. Партизан прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, a Хејс доаѓа на местото на Бруно Фернандо, кој се пресели во таборот на ...

Приоритет за Работнички летово ќе биде чистење на големите долгови од изминатите години, но „центарци“ веќе почнаа и со планирање на тимот за наредната сезона. Прво засилување за „црвено-белите“ е Фатјон Реџа, а договорена е соработката и со американски поентер добро познат во мак-баскетот. Станува збор за Дарин Говенс, искусниот Американец кој неколку години со голем успех ги бранеше боите на ТФТ. Говенс дури и беше малцински акционер во ...

Аргентина и Шпанија ќе излезат вечерва на теренот во мегдан за големото финале, Шпанците да стигнат до втората светска круна во својата историја, „гаучосите“ во обид да станат само втора земја во историјата што ја одбранила светската титула (по Италија во далечната 1938 година). Ако се навратиме на историјата на финалните натпревари од последните светски шампионати, огромни се шансите овој меч да не биде решен по 90 минути игра. Фановите ...

Лионел Меси ќе ја предводи Аргентина во нова финална битка, но легендарниот фудбалер прави се за да го намали притисокот врз својот тим во пресрет на дуелот со Шпанија. Така, Лео синоќа на својот профил на инстаграм објави писмо со кое потсети дека оваа аргентинска генерација веќе испишала историја, јавно заблагодарувајќи се на сите оние кои беа дел од овој успех. „Најдобар ден од сите овие години никога не беа само титулите, туку самата ...

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го освои 20. место на европското првенство што се одржуваше во Романија. Во денешниот последен меч нашите „црвено-жолти“ за противник ја имаа Србија, меч во кој дозволија противникот да доминира и да стигне до триумф од 30-34. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што противничката селекција го доби со убедливи 12-20. Во продолжението Македонија заигра ...

Хулијан Алварез е фокусиран да го предводи нападот на Аргентина во вечерашното финале, но веднаш по завршувањето на овој мундијал се очекува аргентинскиот гоглетер да влезе во сериозен конфликт со раководството на својот клуб Атлетико Мадрид. Причината е добро позната – желбата на Алварез да се пресели во редовите на Барселона, трансфер за кој во Атлетико не сакаат ни да слушнат и пред неколку дена преку видео-изјава на претседателот Черезо ...

Дидие Дешамп на својот последен меч како селектор на француската репрезентација виде две различни лица на „триколорите“, првото во кое беа целосно надиграни и губеа со 0-4 и второто во кое за малку ќе се вратеа, откако се доближија до 3-4, за на крајот да го загубат овој драматичен натпревар со 4-6. „Поразот боли, но да не заборавиме дека губевме со 0-4. Одигравме ужасно прво полувреме во кое не покажавме ништо. Одговорноста за тоа е моја ...

Букајо Сака за првпат на овој светски шампионат одигра 90 минути на еден натпревар и одговори на најдобар можен начин, станувајќи само четврти англиски фудбалер со мундијалски хет-трик. Со тоа, веднаш се поставија прашањата зошто асот на Арсенал не доби поголема минутажа на овој шампионат, со оглед на одличната форма што ја покажува со години наназад. „Дали сакав да играм повеќе? Апсолутно, но тоа не е мој избор. Јас сакам да сум на теренот ...

Франција го загуби натпреварот, но кога ќе се урне рекорд како што тоа го стори Килијан Мбапе, јасно е дека членот на „кралскиот клуб“ го заслужува епитетот херој. Да се биде најдобар стрелец во историјата на мундијалите, и тоа со само три одиграни светски првенства (Меси има шест), да се имаат 22 гола на 22 меча на мундијалите, да се има десет гола на СП 2026 (последен пат до ваква бројка на СП стигнал Герд Милер во 1970)… само ја ...

Лео Меси и Ламин Јамал ќе водат битка на фудбалските генијалци во големото финале, но подеднаков придонес за конечниот исход ќе има и изданието на двајцата голмани, Емилијано Мартинез кај Аргентина и Унаи Симон кај Шпанија. Симон за првпат доби шанса како голман на Шпанија во 2020 од страна на Луис Енрике и оттогаш е незамеnлив на голот на „црвената фурија“. Блескаше во Лигата на Нации, беше меѓу најзаслужните и за круната на ЕВРО 2024, а во ...

Рома успеа да ги задржи Кристанте и Манчини како лидери на тимот за наредната сезона, а „волчицата“ е на добар пат да доведе и врвно засилување што ќе ја освежи навалната линија на екипата предводена од Џампјеро Гасперини. Прва желба на римјаните беше Мејсон Гринвуд, но откако асот на Олимпик реши да замине во Фенербахче челниците на Рома вниманието го насочија кон Крисенсио Самервил, брзоногиот крилен офанзивец кој се наоѓа на излезна врата ...

Килијан Мбапе урна бројни рекорди на овој светски шампионат, но остана без она најпосакуваното – да се бори за големиот трофеј и по вторпат во кариерата да се израдува на титулата светски првак. „Индивидуалните награди значат, но да бидам искрен, веднаш би ја менувал наградата за најдобар стрелец, само за да играм финале“, изјави Мбапе. Тој има два погодоци повеќе на СП 2026 во однос на Лео Меси, но Французинот е свесен дека оваа битка уште ...

Сите погледи на спортската јавност денеска се насочено кон големото финале на СП 2026 во кое силите ќе ги одмерат Аргентина и Шпанија. Златан Ибрахимовиќ како стручен аналитичар го следи овој мундијал, а легендарниот голгетер нема дилема – Шпанија ќе биде селекцијат ашто ќе се радува на крајот на финалето. „Шпанија ќе биде сигурен сум во тоа. Шпанците со стилот на игра можат да ја запрат оваа Аргентина. Што ќе се случува? Шпанија ќе го игра ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Ова беше првиот мундијалски меч со десет или повеќе погодоци уште од 1982 година, кога Унгарија го совлада Ел Салвадор со 10-1. Последниот дуел со најмалку десет гола во нокаут фазата од мундијалите е оној од 1954 година во кој Австрија славеше над Швајцарија со 7-5. Букајо Сака е само втор англиски ас ...

Големината на играчите се гледа токму во најважните моменти, токму затоа уште поимпресивна е статистиката на Лионел Меси, кој традиционално блеска токму на клучните натпревари, како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Впрочем, најдобар доказ за тоа е статистиката која вели дека аргентинскиот генијалец има одиграно вкупно 43 финалиња во кариерата, славејќи на 30 од нив, импресивни 69% на успешност во мечеви за трофеи со врвни ривали. ...

Реал Мадрид нема ниту еден свој фудбалер во шпанската репрезентација, но затоа „кралевите“ доминираат во останатите селекции на овој светски шампионат. Најдобар доказ за тоа е неверојатниот рекорд што Реал го постави, фудбалерите на „кралскиот клуб“ постигнаа дури 22 погодоци на овој мундијал, повеќе од било кој клуб досега на било кој светски шампионат. Листата ја предводи Килијан Мбапе со десет, пред Белингем со седум, а меѓу стрелците се ...

Деклан Рајс одигра уште еден одличен натпревар за, постигнувајќи гол и асистенција во спектакуларната победа од 6-4 над Франнција во дуелот за третото место на СП 2026. Асот на Арсенал не крие дека е импресиониран од квалитетот што го поседува англискиот состав, потенцирајќи дека е време оваа селекција конечно да направи чекор наред. „Ова е најдобрата група на играчи, најдобриот тим што Англија го имала долго, долго време наназад. Тоа е факт ...

Килијан Мбапе синоќа против Англија го одигра својот 22. мундијалски натпревар, со што францускиот ас на вечната листа го мина легендарниот Диего Армандо Марадона. Аргентинската легенда имаше 21 меч на светските првенства во својата белскава кариера, еден помалку од фантастичниот Французин. Мбапе во полуфиналето со Шпанија го мина Хуго Љорис и стана француски репрезентатиец со најмногу мундијалски мечеви, за на последниот дуел зад себе да го ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34