Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на Светското првенство 2026. Германецот изјави дека не жали за никаква промена и дека ја презема целата одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се поизвесно ќе добие уште еден мандат на чело на Светската фудбалска федерација. Како што пишува „Гардијан“, Инфантино досега има поддршка од 200 национални федерации, пришто остануваат уште само неколку федерации кои треба официјално да ја потврдат својата поддршка. Токму затоа се очекува Инфантино без проблеми да обезбеди и четврти мандат на чело на ФИФА. Од поголемите национални федерации досега се ...

Ромел Лукаку го напушта Наполи, а американската МЛС лига се појави како нова можна дестинација за белгискиот напаѓач. Ајакс, Монако и Фенербахче покажаа интерес за него и претходно, но сега е активен интересот од САД. Наполи сака да го продаде за да ги намали високите трошоци за плата, но секој трансфер ќе зависи од тоа дали заинтересираните клубови ги исполнуваат финансиските услови за траен откуп на договорот. Според Тутоспорт, иднината на ...

Утре во Њујорк ќе се игра финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, а поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља е во центарот на вниманието поради молбата што ја упати до Доналд Трамп. Капдевиља играше за Шпанија многу години и беше дел од златната генерација што го освои Светското првенство во ЈАР во 2010 година. Овој 48-годишник е пензиониран девет години и имал намера да патува во Њујорк за да го гледа ...

Mашката кадетска репрезентација на Македонија, по успешно реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, ги продолжува завршните подготовки пред настапот на Европското првенство 2026. Низ подготовките, нашите кадети во Скопје ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Грција, кои ќе бидат последна проверка пред почетокот на Европското првенство. Првиот тест се игра веќе денеска од 18 часот, а вториот е утре со почеток ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за судија на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Веста му ја соопшти претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Словенец не можеше да ги скрие емоциите откако дозна за одлуката што претставува врв во неговата кариера. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а на Винчиќ ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Покрај ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му се поклони на Лионел Меси пред финалето на Светското првенство 2026, во кое Аргентина и Шпанија ќе се сретнат утре во 21 часот. „Сите можеме да видиме колку е добар Меси! Тој постигна три гола на еден натпревар, а тоа е многу ретко во овој ваш спорт“, изјави Трамп пред новинарите што го следеа Светското првенство. Меси одлично се снаоѓа на турнирот иако има 39 години. Капитенот на Аргентина ја ...

Францускиот фудбалски клуб Бордо , против кој играше и Вардар во Купот на УЕФА во 1995 година, е на работ да биде исфрлен од националните лиги обдувајќи се да избегне законска ликвидација. Претседателот на клубот, Жерар Лопез, ги понуди своите акции на продажба за симболичен износ од едно евро за да привлече инвеститори и да го спаси клубот од најлошото сценарио. Британскиот инвестициски фонд „Спарта“ повторно се вклучи во процесот на ...

Пелистер продолжува со подготовките за новата сезона под водство на Борче Христов кој нагласува дека максимално е задоволен од ангажманот на фудбалерите, верувајќи дека истите и тоа како ќе бидат подготвени за предизвиците кои следат. Битолчани денеска ги очекува и првиот пријателски натпревар против грчкиот Паниониос. „Ова е прв натпревар. Може да кажам дека сум задоволен од тоа што го сработивме досега, посебно од младите фудбалери кои се ...

Светското првенство 2026 ни понуди неколку незаборавни натпревари, но најважниот е пред нас меѓу Шпанија и Аргентина во битката за титулата светски шампион. Шпанците успеаја да го елиминираат првиот фаворит Франција во полуфиналето, додека актуелниот светски шампион ја победи Англија по неверојатен пресврт и дојде до ново финале на крилјата на Лионел Меси. Многумина веруваат дека ова ќе биде и „судир“ меѓу заштитните лица на Барселона, Лионел ...

МАЈКЛ Рубин, претприемач вреден околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство 2026 со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурант, една од најголемите ѕвезди на НБА, се фотографираше себеси, шпанскиот капитен Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската ...

Пеп Гвардиола наскоро би можел да се повлече од тренерската работа. Еден од најуспешните експерти во историјата на фудбалот призна дека во моментов не чувствува потреба да се врати на клупата и дека сака да го проживее малку животот надвор од спортот што ја одбележа неговата кариера. Гвардиола веќе еднаш направи пауза од фудбалот. По четири исклучително успешни години како тренер на Барселона, кога освои речиси сè што можеше со каталонскиот ...

Француските репрезентативци сакаа да имаат слободен ден во Мајами пред натпреварот за третото место на Светското првенство 2026, но Дидие Дешамп го одбил нивното барање. Франција ќе игра против Англија денеска во 23 часот, а тоа ќе биде и последниот натпревар на 57-годишниот тренер на клупата на националниот тим. Како што пишува „Л’Екип“, повеќето играчи побарале да имаат слободен ден по пристигнувањето во Флорида за да се релаксираат и да ...

Струга ТЛ имаше успешна „генералка“ пред стартот на новата 2026/27 сезона во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против албанскиот суперлигаш Скендербег во Корча. Стрелец на победничкиот гол за стружани беше Арби Воша во 50. минута од средбата. На стартот од новата сезона во ПМФЛ, Струга ТЛ следниот викенд го пречекува новиот тим во елитата, Шкендија Арачиново. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на Шампионите, а младиот стратег не отстапува од идејата да дава шанси на млади фудбалери кои правилно се развиваат во најголемите шпански клубови. Тоа се покажа како вистински потег со Нико Паз од Реал Мадрид, па Фабрегас и Комо денеска завршија уште една одлична работа, носејќи го Андрес Куенка од Барселона. Станува збор за млад дефанзивец кој ги мина сите младински категории на ...

Едерсон требаше да биде првото засилување на Манчестер јунајтед летово, беа договорени сите детали со Аталанта, но Бразилецот имаше проблеми на лекарските прегледи, по што „црвените ѓаволи“ се премислија и решија да го доведат Сантош како ново засилување на позицијата последен играч за врска. Челниците на Аталанта веднаш изразија подготвеност да го задржат овој одличен фудбалер во Бергамо, беа почнати преговори за продолжување на соработката, ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз на првиот од двата договорени контролни натпревари против Бугарија, одигран во Софија. Во израмнет и неизвесен натпревар, домашната селекција славеше со 65:64, откако двете репрезентации водеа голема борба во текот на сите 40 минути. Селекторот Дејан Стојановски им даде можност за настап на 12 кошаркари, а најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој забележа ...

Франција сонуваше за ново мундијалско злато, полуфиналниот пораз од Шпанија се уште ги боли „триколорите“, кои сепак најдоа мотив за утрешниот дуел за третото место против Англија. Килијан Мбапе денеска се појави пред новинарите, јасно ставајќи до знаење дека Французите ќе сторат се за да победат – во чест на селекторот Дидие Дешамп кому тоа ќе му биде последен натпревар на клупата на националниот тим. Од претходно беше јасно дека Дешамп ќе ...

Џеред Боувен е еден од ретките примери за „романтика“ во фудбалот откако офанзивниот ас покажа лојалност – останувајќи во Вест Хем и покрај испаѓањето на лондонскиот клуб од англиската фудбалска елита. Тој постигна девет гола и 11 асистенции минатата сезона, Боувен веднаш доби неколку интересни понуди, но ги одби без многу размислување. Згора на тоа, офанзивецот денеска потпиша нов договор со „чеканите“ со нешто пониска плата што ќе ја добива ...

ФИФА утровообјави дека Славко Винчиќ ќе ја има честа да ја дели правдата на големото финале меѓу Шпанија и Аргентина што е на програмата в недела, одлука што е изненадување за многумина ако се земат во предвид проблемите со законот што словенечкиот судија ги имаше пред неколку години кога мина неколку дена зад решетки. УЕФА му искажа поддршка во тој период, а светската куќа на фудбалот сега му ја укажа најголемата можна доверба – давајќи му ...

Македонскиот фудбалер Георг Стојановски, инаку внук на прославениот стратег Ѓоко Хаџиевски се најде во центарот на вниманието на бугарската јавност. Токму Стојановски е стрелец на првиот гол во новата сезона во Бугарија, откако млладиот напаѓач стрелаше прецизно од половина терен на дуелот меѓу неговиот тим Спартак Варна и ЦСКА 1948. Обидот на Стојановски беше прецизен, но не премногу силен, но благодарение на несмасната интервенција на ...

Астон Вила го урна клупскиот рекорд за најскап трансфер откако плати 52 милиони фунти за Јохан Манзамби од Фрајбург. Младиот Швајцарец беше еден од „бисерите“ кои блеснаа на овој светски шампионат со добри игри за својата репрезентација, со што значајно скокна и неговата цена на пазарот. Њукасл долго беше во водство во трката за потписот на овој 20-годишен фудбалер, но „црно-белите“ повторно не финишираа, па извисија во последен момент, Вила ...

Стандардниот дефанзивец на репрезентацијата на БиХ, Тарик Мухаремовиќ донесе одлука за иднината, изненадувајќи многумина со преселбата во Премиер-лигата во редовите на Лидс јунајтед. Овој фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Сасуоло, со што го привлече вниманието на гигантите Интер и Јувентус. „Старата дама“ поседуваше 50% од правата врз Мухаремовиќ, но тој одби да се врати во Јуве, во меѓувреме ги откачи и „нероаѕурите“ и на крајот за ...

Пеп Гвардииола веќе еднаш се повлече од фудбалот, иако само на една година. Имаше 41 година и, по четири незаборавни сезони на клупата на Барселона, одлучи да отпатува во Америка и да им се посвети на семејството, на себеси и на личното усовршување. Една година подоцна се врати како тренер на Баерн Минхен. Оттогаш не застанал. По три сезони во Минхен, следеше цела деценија во Манчестер. Логично е што фудбалскиот свет се прашува кој ќе биде ...

Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Реал, соопшти шпанскиот клуб. Како што беше објавено, досегашниот играч на Басконија потпиша договор со раководството на Реал до јуни 2028 година. Пред Басконија, Луваву-Кабаро (31) настапуваше, меѓу другите и за Мега, Асвел и Олимпија Милано. Французинот зад себе ја има најдобрата сезона во професионалната кариера во дресот на Басконија, во текот на која се етаблираше како еден од ...

Според турските медиуми, Мохамед Салах и Бешикташ водат сериозни преговори. Напаѓачот неодамна го напушти Ливерпул по девет многу успешни години и сега е во потрага по нов клуб. Иако сите очекуваа тој да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, би можел да ги изненади сите и да замине во Турција. Бешикташ му испрати профитабилна понуда на египетскиот напаѓач, која сепак е пониска од она што би можел да го заработи во некој од клубовите од ...

Само два дена пред големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, организаторите и локалните власти се соочуваат со неочекуван проблем, влошување на квалитетот на воздухот во областа на Њујорк. Чадот од шумските пожари во Канада повторно ја обвитка пошироката метрополитенска област, поради што здравствените власти упатија предупредување до жителите. Се препорачува ограничување на престојот на отворено и намалување на ...

Македонскиот голман Столе Димитриевски во интервју за шпанските медиуми зборуваше за продолжувањето на договорот со Валенсија, но и за случувањата во неговиот приватен живот и свадбата со неговата долгогодишна партнерка. Тој вели дека продолжувањето на договорот со клубот од „Местаља“ и потписот на документите за брак со неговата сопруга се двата најсреќни моменти во животот. Прво беше потписот со Валенсија, а потоа со сопругата. Едно од ...

Македонскиот вицепрвак Шкендија го засили својот напад со ангажманот на 26-годишниот напаѓач Марко Ѓорѓиевски. По испаѓањето на романскиот клуб Херманштат во понизок ранг, Ѓорѓиевски експресно пронајде нова средина и одлучи да се врати во домашниот шампионат. Напаѓачот претходно во Романија настапуваше и за екипата на Клуж, каде замина по одличната авантура во Силекс, каде што се закити со титулата најдобар стрелец во Првата македонска ...

Легендарниот италијански напаѓач Кристијан Виери очекува спектакуларен крај на Светското првенство, а посебно внимание посвети на дуелот меѓу Шпанија и Аргентина, кој ќе го одреди новиот светски шампион. Поранешниот италијански репрезентативец говореше во Њујорк и истакна дека во големото финале ќе се сретнат две селекции со сосема различни квалитети. Според него, Шпанија со години гради препознатлив стил на игра на кој е исклучително тешко ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32