МЗТ Скопје сериозно се активира на трансфер-пазарот, актуелниот првак веќе го договори репрезентативецот Лука Стојановски, а во тек се преговорите за ангажман на уште двајца членови на нашиот сениорски национален тим. Првиот е Адем Мекиќ, крилниот кошаркар кој во неколку наврати ги бранеше боите на аеродромци, а сега е на добар пат да се врати назад во дресот на МЗТ. Преговорите се веќе во тек и наскоро би можеле да завршат со потпис на ...

МЗТ Скопје полека се екипира за новата сезона и го подготвува ростерот за предизвиците кои следат, а денеска ја извести јавноста за ангажман на лице кое е добро познато во клубот. „Штрковите“ се пофалија со потписот на повремен македонски репрезентативец, односно играч кој ќе биде дел од ротацијата на бековските позиции во првиот тим. – Никола Василевски повторно во сино-белото јато! Поранешниот младински репрезентативец е нов кошаркар на МЗТ ...

Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото. Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од нашиот втор тим – МЗТ ...