Квалитетот на македонскиот судија Зоран Митровски е потврдуван во бројни ситуации изминатите години, тренд што продолжи и на европското првенство за кошаркари до 20 години – Б дивизија што се одржува во Словачка, каде Митровски ќе биде дел од судиската тројка што ќе ја дели правдата на големото финале. Македонецот судеше беспрекорно на сите натпревари на кои беше делегиран на овој шампионат, што беше препорака тој да ја добие одговорната ...
Уште едно големо признание за македонската кошаркарска судиска школа. Македонскиот интернационален судија Зоран Митровски е делегиран да ја дели правдата на финалниот натпревар Украина-Исланд, од Европското првенство за играчи „Под 20“ години, Дивизија „Б“, кое денеска завршува во Братислава. По одличните оценки за своите настапи во текот на шампионатот, ФИБА Европа му ја довери најважната судиска задача на првенството, што претставува уште ...

