Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Реал Мадрид повторно покажа интерес за Феран Торес, напаѓачот на Барселона и стрелецот на одлучувачкиот гол за Шпанија во финалето на Светското првенство 2026. Неговите настапи на турнирот го привлекоа вниманието на неколку европски клубови, а ситуацијата, според „Л’Екип“, сериозно ја следи раководството на Реал. Торес има договор со Барселона до јуни 2027 година, па каталонскиот клуб се соочува со одлука. Тие можат да го продадат во овој ...
Атлетико Мадрид нема намера да отстапи од цврстиот став во „случајот Хулијан Алварез“, децидно порачувајќи дека нема да биде исполнета желбата на Аргентинецот да му биде дозволно да се пресели во Барселона летово. Каталонците испратија понуда од 100 милиони евра плус клаузули и уште чекаат официјален одговор, иако од мадридскиот клуб веќе им порачаа дека нема да го добијат Алварез ниту за двојно повеќе пари. Алварез сериозно размислува за ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...
Шведскиот ракометен репрезентативец Џим Готфридсон изненади многумина со одлуката, од бројните понуди на маса да заигра во втората шведска лига и да го облече дресот на ИФК Јиштад. Готфридсон минатата сезона го раксина договорот со Пик Сегед, по што летово имаше опција да се пресели во тимови кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите. Одличниот бек не само што не го стори тоа, туку се реши за камбек во татковината и тоа во тим што не е дел од ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Вистински, нескриено, внимание предизвика финалето на Светското првенство 2026 во моментот кога се дознаа финалистите. Затоа што магнетот за секој вљубеник во фудбалот беше фактот дека ќе ги гледаме: Шпанија која демонстрираше убедливо најдобри игри на турнирот и ...
Силно вложувајќи и во најмладите свои категории, гевгелиски КК Кожув информираше дека како нов младински координатор на тимот е ангажиран Перо Блажевски, легендата на македонската кошарка. „Со особено задоволство го претставуваме Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа“ – информираат од КК Кожув и дополнуваат: „Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на ...
Барселона комплетираше изненадувачки трансфер откако каталонскиот гигант успеа да го доведе на „Камп Ноу“ тинејџерот Џес Бисиву од редовите на Бриж. Брзоногиот крилен офанзивец важеше за еден од најголемите таленти на Бриж, но се најде во немилост на управата откако одби да потпише нов договор со белгискиот клу. Поради тоа овој 18-годишник воопшто не настапи на завршницата од младинската ЛШ за својот тим, Бриж летово го стави на ...
Лука Модриќ планира да игра фудбал уште една година, но тоа ќе се однесува само на клупски, не и на репрезентативен план. Легендарниот Хрват веќе ги договорил деталите за новиот едногодишен договор со Милан, каде сака да мине уште 12 месеци пред и официјално да му каже збогум на фудбалот. Новиот хрватски селектор Славен Билиќ веднаш стави до знаење дека планира да разговара со Модриќ и да го убеди да продолжи да ги брани боите на ...
Вардар се соочува со огромни проблеми во пресрет на утрешниот натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига во кое македонскиот првак за противник ќе ја има Рига. „Црвено-црните“ по елиминацијата од Купс веќе немаат право на нова грешка во европските купови, но задачата да се стигне до позитивен резултат со Рига значително се компликува со новите повреди во таборот на македонскиот шампион. Најдобриот дефанзивец Дарко ...
Партизан конечно стартуваше со конкретни потези летово, најпрвин беше официјализиран трансферот на центарот Хејс од Монако, а денеска беше потврден и новиот договор што клубот го потпиша со капитенот Вања Маринковиќ. Фантастичниот шутер заработи тешка повреда на тетивата поради која се уште е во „аут“ и ќе го пропушти стартот на новата сезона. Сепак, управата на Партизан не ја криеше желбата да го задржи, што на крајот резултираше со потпис ...
Репрезентативецот Андреј Маслинко (29 год, 208 см) и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година. За крилниот центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата ...
Баерн Минхен осигура уште еден важен потпис откако го договори останувањето на Конрад Лаимер на „Алијанц Арена“ до јули 2029 година. Австрискиот ас е член на Баерн од 2029 година, подеднакво добро се снаоѓа и во средината на теренот и како десен бек (каде тренерот Компани почесто го користи), баварците долго време се обидуваа да ја продолжат соработката, за на крајот да биде најден заеднички јазик крунисан со потпис. „За мене е посебно ...
Мaкедонскиот клупски ракомет се искачи на 11. место на најновата ранг-листа што денеска беше објавена од страна на ЕХФ, откако резултатите на македонските клубови придонесоа да ја прескокнеме Словенија во ова рангирање. Најновиот пласман ќе значи и две загарантирани места во новата Лига на Европа, нешто што во моментов не е случај бидејќи сезонава ќе имаме само еден учесник во второто по ранг европско натпреварување. Со овој скок, ...
Италијанскиот сон да биде ангажиран Пеп Гвардиола како предводник на „аѕурите“ за наредните четири години траеше многу кратко, откако трофејниот стратег ја одбил понудата на Италијанската Фудбалска Федерација. Паоло Малдини во придружба на советникот Леонардо имаа состанок со Пеп во обид да го убедат да стане селектор на Италија, презентирајќи му го планот со кој каталонскиот стручњак би бил клучна фигура за кревање на италијанскиот фудбал на ...
Шпанците урнаа низа рекорди при освојувањето на СП 2026, но еден од најимпресивните сигурно е оној на Алекс Баења, кој освои три големи пехари во периодот од 2024 до 2026 година. Баења беше дел од шпанската репрезентација на Евро 2024, но истото лето се стави на располагање на националниот тим и за ОИ во Париз, каде Шпанците исто така стигнаа до големиот пехар. Баења е единствениот од тој олимписки состав што се најде на списокот на Де ла ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња цврсто одлучи да го напушти Реал Мадрид ова лето, поради што сам ќе ја плати клаузулата од својот договор. По сезона без освоен трофеј, која во ниту еден поглед не беше успешна за „кралскиот клуб“, хрватскиот кошаркар одлучи да ја промени средината. Кога Хезоња го потпиша повеќегодишниот договор, важна ставка беше клаузулата што му овозможува заминување во НБА по завршувањето на сезоната. Во понеделникот, ...
Иако ги освои светската и европската титула како селектор на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте (65) не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на ова Светско првенство. Според извештајот на британскиот весник „Мирор“, пренесен од шпанските медиуми, од 48. селектори кои учествуваа на Светското првенство, Луис де ла Фуенте го зазеде 15. место според висината на платата. Селекторот на „фуријата“, чие продолжување на договорот беше ...
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран во наредната година ќе настапува како позајмен играч за Бенфика. Вистинска „птица преселница“, така накратко може да се опише кариерата на Џон Дуран. Од 2019 година, кога имаше 15 и пол години, тој смени дури шест клуба, а Бенфика ќе биде неговиот седми. Бенфика ќе му плати шест милиони евра на Ал Наср (чиј член е Дуран) за позајмицата, со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната за 30 милиони евра. ...
Енцо Фернандес упати емотивна порака по финалето на Светското првенство, натпревар на кој доби црвен картон во 90 минута. Аргентинскиот играч за врска истакна дека резултатот не е единственото мерило за успех и потсети на се што оваа генерација му пружила на националниот тим. „Како што минува времето, сфаќате дека постои нешто многу поголемо од резултатите. Со години, оваа група ја претставуваше земјата на најдобар можен начин“, напиша ...
Шпанија е нов светски шампион, откако во драматичното финале успеа да ја совлада селекцијата на Аргентина и да стигне до својата втора историска титула. Еден од клучните архитекти на овој голем успех на „црвената фурија“ беше феноменалниот Ламин Јамал, кој одигра уште еден импресивен турнир и се етаблираше како светска суперѕвезда. Иако сите очи беа вперени во него поради неговите мајстории на теренот, еден исклучително емотивен момент веднаш ...
Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, го привлече вниманието на јавноста откако се појави со видливо изменет изглед. Според бразилските медиуми, 26-годишниот фудбалер за време на одморот по Светското првенство се подложил на естетска процедура со која одлучил да ги нагласи и обликува брадата и вилицата. Станува збор за процедура позната како „хармонизација на лицето“ – популарен третман во естетската медицина ...
Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски тренери дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци – Светислав Пешиќ. Станува збор за тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ...
Шпанија стана светски шампион по втор пат во историјата откако ја победи Аргентина со 1-0. Голем успех беше прославен во поголемиот дел од земјата, но сепак има делови од земјата каде што луѓето што излегоа на улиците беа жестоко нападнати. Во Баскија се собраа голем број луѓе кои сакаат регионот да се отцепи од Шпанија, напаѓајќи ги оние што слават. „Шпанци, ку*вини синови“, ечеше по улиците на Баскија. Во Шпанија велат дека ова не било ...
Светската фудбалска федерација ФИФА продолжува со скандалозните одлуки во корист на фудбалската федерација на Аргентина. Два дена по финалето во кое гаучосите ги покажаа најлошите работи во фудбалот и уште еднаш покажаа дека се лоши губитници доаѓа нова скандалозна одлука од ФИФА. Леандро Паредес човекот кој не заслужува да се нарече фудбалер нема да добие дополнителна казна за циркузот што го направи по крајот на финалето. Откако прво го ...
Аргентинската репрезентација пристигна во Буенос Аирес по поразот од 1-0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Претседателот на фудбалската федерација Клаудио Тапија, заменик-капитенот Николас Отаменди и селекторот Лионел Скалони први излегоа од авионот. За вицешампионите на светот беше поставен црвен тепих и почесна стража. Голем број навивачи ги пречекаа на улиците на главниот град. Првично беше планирано да се користи обичен ...
Еден ден откако Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство, ФИФА потврди дека Дисциплинската комисија отворила истрага за инцидентите што се случија по крајот на натпреварот. „По разгледувањето на сите релевантни извештаи поврзани со финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а во согласност со член 36 од Дисциплинскиот правилник на ФИФА, Дисциплинската комисија на ФИФА покрена истрага за можно кршење на ...
Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар го очекува двомеч против летонска Рига во 2. квалификациско коло од најмладото клупско натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА. Директорот на Вардар, Миленко Неделковски ја информира јавноста дека фудбалерите ќе добија премија од 100.000 евра ако успеат да го минат летонскиот шампион и да се пласираат во 3. коло од ова натпреварување. Првиот натпревар од двомечот меѓу Вардар ...
Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиони луѓе на улиците на Мадрид откако ја освои титулата светски шампион на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанските фудбалери се вратија дома еден ден откако ја победија Аргентина со 1-0 по продолженија во финалето на Светското првенство и ја освоија титулата светски шампион по втор пат во историјата. Голот за одлука го постигна Феран Торес во 106. минута. По ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално го објави најдобриот тим на штотуку завршеното Светско првенство во 2026 година. Како што се очекуваше, финалистите, Шпанија и Аргентина, имаат најголем број претставници во идеалните единаесет. На листата се вклучени по тројца играчи од редовите на новите светски шампиони Шпанија и од вицешампионот Аргентина. Франција е претставена со двајца фудбалери, додека Англија, Норвешка и Парагвај ...
Англискиот репрезентативец Морган Роџерс стана најскапиот Англичанец во Премиерлигата по комплетирањето на трансферот во Челси. Фудбалерот од средниот ред веќе ги мина лекарските прегледи пред официјализацијата на трансферот од Астон Вила во Челси. Тимот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 117 милиони фунти за да ги добие услугите на 23-годишниот Роџерс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...