Велешанецот Атанас Крлевски, пет децении пишува афоризми. Помеѓу велешани неговите афоризми се познати како „крлевизми“. Овој афористичар, сатиричар и поет, до сега има издадено 14 книги од кои 10 со афоризми и 3 со хаику поезија. Шеесет и седум годишниот афористичар сега очекува од печат да излезе 11-тата збирка со афоризми на којашто и дал наслов „На кркуш“. Автентичениот и разбирлив наслов за велешани, за останатите читатели би бил загадочен, ...

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот, беше на теренска обиколка на планината Плачковица од Радовишка страна над највисокото село Коџалија. Во рамките на завршниот Регионален семинар ,,Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА ...

Шеесет и седум годишниот А.А од село Бузалково, вчера, во 15:00 часот бил пиведен од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес и Полициско одделение Чашка. Тој бил затекнат како во атар на село Бузалково, велешко, во корпа прикачена на трактор „имт“ без регистарски ознаки товари исечени огревни дрва без документација. -Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес за ...

Минитерството за надворешни работи потврди дека на листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат пет државјани на Република Северна Македонија. -Во Газа имаме вкупно пет наши државјани. Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца, кои имаат македонско државјанство, наведуваат од МНР. Вчера беше ...

Во здружението на пензионери во Велес се одржа активност со која се извршија бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крва кај лица од трето доба. Од велешки Црвен крст соопштија дека на бесплатните прегледи организирани во здружението се појавиле околу 60 лица. – Освен преглед тие добија и совети за своето здравје, додадоа од Црвен крст Велес. За време на реализацијата на активноства биле вклучени и тројца волонтери од ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот на Владата и новинарот Горан Момировски, а уредник на емисијата беше колегата ...

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарекува „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува ...

Почна исплатата на повратот на ДДВ за третото тримесечје, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Повратот ќе биде во износ од околу 790 милиони денари кои ќе ги добијат 459.670 граѓани. -Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење. Од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на ...

Во поглед на пожарите, според информациите во Секторот за операции и координација (СОК) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) можеме слободно да кажеме дека како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено, а есента започна и зимата е пред нас. Месец октомври го завршивме со дневен биланс од 21 пожар на отворено до 31 октомври, во тек на едно деноноќие, а од вчера месец ноември го започнуваме со 10 пожари на отворено и покрај тоа што ...

Со вкупна сум од над шест милиони денари се реализира реконструкција на улицата „Илинденска” со краци кон соседните улици во Росоман, соопшти министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при посетата на општината. По средбата со градоначалникот Стојан Николов министерот исто така кажа дека оваа општина има голем потенцијал за развој и можности за подобрување на условите за живеење за граѓаните. – Развојот на општините и подобрувањето на условите ...

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец, со ...

Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и на свети Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во ...

Асфалтирање, реконструкција на улици, реализација на повеќе капитални проекти. Изборната програма е реализирана 90 отсто рече меѓу другото денеска градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, давајќи отчет за сработеното во две години од мандатот. Се заблагодари за соработката на советниците, општинските служби, јавните претпријатија, граѓаните. Најави реализација на бројни проекти до крај на мандатот. „ За среќа, реалноста е далеку ...

Студентите кои не се пријавиле или не го оствариле правото на убвенциониран студентски оброк преку претходните повици, од денеска можат да аплицираат преку веб-страницата Е-услуги. Од Министерството за образование и наука информираат дека крајниот рок за пријавување е 7 ноември. „По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, ...

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска излезе на слобода, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело. Ваквата одлука ја донесе Апелацискиот суд на 12-ти октомври минатиот месец. Според соопштението на Апелација, судот ги ценел личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ...

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во текот на вчерашниот ден, на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи. -Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 возила ја пречекориле ...

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, биле приведени четворица крадци од Кавадарци. Во првиот случај, полициските службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци во 13:30 часот ги лишеле од слобода К.К и Г.С, поради обид за кражба од имот на правно лице во Кавадарци. Неколку часа подоцна, поточно во 16:15 часот биле лишени од слобода и триесет и осум годишниот Т.К и дваесет и шест годишниот Р.А, поради ...

Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови. Во два посебни случаи мобилните тимови открија 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од државата преку преминот Табановце без да ги пријават, криејќи ги во чорапи и на различни места во возилата. Во првиот ...

Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско заедно со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во основното општинско училиште „Даме Груев“ во Градско одржаа едукативна работилница на тема ,,Насилство во училиштата“. -Посебен акцент беше ставен на „сајбер булинг“ и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, со учениците се ...

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени, а максималната ќе достигне 25. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе ...

Во тек е пријавувањето за учество на 14 регионална манифестација „24 ЧАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИПОВИ“ која е отворена за стрип автори од регионот до 9 ноември,годинава. Томе Трајков,програм координатор на Стрип центар на Македонија, соопшти дека 14-тото издание на регионалната стрип манифестација ќе се одржи, во сабота, на 11 ноември 2023 година. Ќе започне во 12 часот и ќе трае до наредниот ден, 12 ноември 2023 ,исто така, до 12 часот. „Стрип ...

Да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постоечките европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се става јасен воден печат на комуникациските материјали од Владата, за нивниот извор да ѝ биде јасен на јавноста, да се воведе законска регулатива против стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPPs), да се ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина ...

Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера вечер во 23: 00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Тој еден час претходно, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, со патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот. Полицијата М.Б го затекнала во неконтактибилна состојба и при укажување на помош во Итна ...

Заклучно со денеска уплатени се 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во одговор на новинарско прашање информираше дека вкупната уплатена сума е 2.210.108.927 денари. ...

Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари годишен бруто доход. Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи. Директорката на УЈП Сања Лукаревска, информираше дека највисокото лично примање по основ на извршена ...

Со цел да се зајакне свеста на граѓаните во општината за постоењето на бесплатната правна помош, денеска, пред горниот влез на градскиот пазар, беше поставен инфо штанд кадешто граѓаните добиваа флаери за тоа каде можат да се обратат за бесплатна правна помош и имаа можност директно да постават прашања до правниците коишто се конслутантити на советот на Европа и веднаш да добијат одговор. Граѓаните се соочуваат со различни правни проеблеми, но ...

Натпреварот, 11 Куп на ЗСР „Кркушка“, се одржа на патеката на река Вардар, крај Мало мовче, во централното градско подрачје на Велес со уество на 12 екипи од Србија и Македонија. Екипен победник е велешка „Бабуна“ пред екипата на „Нишава“ од Ниш и „Пчиња“ од Куманово. Поединечно најдобар беше Никола Џампалов од „Бабуна“ пред клубскиот соиграч Владо Тодоровски додека третото место му припадна на Тодор Алчев од „Кркушка“. Организаторот заслужуба ...

Македонските домаќинства повеќе сакаат да штедат отколку да се задолжуваат. Во банки и штедилници, нивните вкупни депозити се 5,4 милијарди евра, во согласност со последните податоци заклучно со септември, покажуваат податоците на Народната банка. Наспроти депозитите, кредитите се со помал износ и се 3,7 милијарди евра. „Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9 проценти во поголем дел поради зголемените ...

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1011
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
64%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1010
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1012
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.85
81%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
86%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1010
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
68%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
63%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
53%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
60%
1011
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57