Планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, а особено оние над 2000 метри вака ќе изгледаат со новиот влажен бран кој ќе не зафати во текот вечерта, ноќта кон петок и во текот на утрешниот ден, прогнозира Славчо Поповски. „На планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, ќе има обилни врнежи од снег, со што ќе се формира и позначителна снежна покривка, особено на оние планини со надморска височина од над 2000 метри, и ...

На паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, дваесет и седум годишниот А.З од село Глумово, општина Сарај, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во седумдесет и пет годишниот неготинец С.Т кој од здобиените повреди починал на лице место. -Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото ...

Пензиите од 1-ви март ќе се зголемат за 5%. Така покажуваат бројките. Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Велковски вели дека „тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти се колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок“. Во согласност со новата методологија, усогласување на ...

Педесет и три годишниот Д.К од Росоман и дваесет и едно годишниот С.П од Росоман се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што утрово во 06:40 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман во близина на село Манастирец. Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки а управувано од Д.К и патничко ...

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајка којашто утрово се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман. На лице место веднаш излегле осум пожарникари на ТППЕ Кавадарци со две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. -Тешка сообраќајка се случи утрото на патот Кавадарци-Росоман. Три лица се повредени, од кои едно потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно, пишуваат од ТППЕ Кавадарци. ...

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Мкедонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава, објави „Метеоаларм“. -Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период ...

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајка којашто утрово се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман. На лице место веднаш излегле осум пожарникари на ТППЕ Кавадарци со две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. -Тешка сообраќајка се случи утрото на патот Кавадарци-Росоман. Три лица се повредени, од кои едно потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно, пишуваат од ТППЕ Кавадарци. ...

Од понеделник, наместо на дневно ниво паричните средства за субвенциониран студентски оброк ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка, информираат од МОН. Од следната седмица, секој студент кој го остварува правото ...

Нов детски парк со хортикултурно уредување ќе добијат најмладите жители на Општина Градско. Како што соопшти градоначалникот на општината Киро Нацков, паркот се наоѓа на веќе постоечката локација кај Комуналното претпријатие и додава дека паркот ќе се уреди хортикултурно и партерно а ќе биде поставена и урбана опрема. -Урбаната опрема вклучува детско игралиште, кошаркарско игралиште, клупи и масички за седење, како и други инсталации за играње ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 691 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,41%, а 55,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 57,98%, кон Итната медицинска помош 33,19%, а кон пожарникарите 7,98% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Од четврток до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите во петок ...

Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колоси во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па, бидејќи Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани ...

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил ги сподели своите денешни активности. Како што може да се види и од поставените фотографии вработените работеле на разни локации. -Исчитена е улицата „Белградска“ и дива депонија на улица „Хаџи Косте“. Беше реализирано и кроење и расчистување на неорганизирано зеленило во населба Речани. Фрезирање на почвата на јавна површина на улица „Благој Ѓорев“. Поставен е и контејнер за ...

Утре, во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните претедателски и парламентарни избори. Увидот во Избирачкиот список ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/. Во подрачни одделенија ќе може да се поднесуваат и писмени барања за запишување, дополнување или ...

По повод 8- ми Март, Меѓународниот ден на жената, локалната самоуправа ќе организира Базар. Сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица може да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. -Во барањето треба да наведат на која од двете локации, Младински парк и плато пред Основен суд Велес, да ги постават тезгите. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица е потребно да ...

Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен информира дека вчера, на 26 февруари, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и едно годишниот Ј.А поради сомнение дека извршил полов напад врз 38 годишна жена од Кавадарци. -Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на СВР Велес. Сабајле, во 04:25 часот, ...

На дваесет и седум локации низ главните улици во Велес ќе бидат поставени дигитално паметни паноа за рекламирање и информирање на граѓаните, соопштија од локалната самоуправа. Седум од паноата ќе бидат поставени на земја а останатите 20 на канделабри. -Ги следиме светските трендови. Модернизирањето на градот продолжува во сите аспекти а токму деталите се оние кои го прават впечатокот комплетен. За таа цел во наредниот период низ главните улици ...

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година. Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со ...

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. -Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со ...

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски очекува во иднина производството на пасоши дневно да се зголеми на 3.300. Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет. -Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го ...

Триесет и четири годишниот А.Е од Скопје, вчера, во 21:15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. – Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во текот на наредните денови времето ќе биде променливо облачно ...

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците ...

Изминатото деноноќие се евидентирани девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат од Центарот за управување со кризи. Центарот за управување со кризи информира дека во последните 24 часа имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле ...

Лицата со попреченост денеска во Јуроп Хаус Велес, заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ се дружеа и уживаа на церемонијата на донирање којашто беше завршен настан на „Добротворниот базар“ што го организираше „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ во декември месец, претходната година. Амбасадорот Гир пред присутната рече дека му претставува особена среќа што духот ...

Изградија куќи во населбата Речани за да избегаат од деградираната животна средина во Велес но наидоа на нов загадувач. Најмалку илјада жители во над 200 куќи изградени по донесениот Детален урбанистички план пред две децении, се соочуваат со загадување од инсталацијата на асфалтната база на ЈП „Македонија пат“. Дел од жителите за сериозноста на проблемот, напишаа во анкетата на Генералниот повик на проектот „Гласот на граѓаните“, објавена на ...

Во 21-от век граѓаните имаат право на поквалитетен живот во локалните заедници. Институциите, на локално и национално ниво, потребно е да создадат подобри услови за живот согласно Генерални и Детални урбанитички планови и друга планска документација. Но, реалноста не е таква, пишуваа граѓаните на Генералниот повик на „Дума.мк“. Од анализата и нивните одговори во градовите животот тече, а ништо не се менува. Оваа констатација се однесува на ...

Во Македонија со години во пораст e бројот на млади адолесценти, а се спушта животната возраст кога се посега по првиот џоинт: се регистрираат случаи дури и деца на 11 – годишна возраст кои пушат марихуана. Како што можеме да забележиме по парковите на поголем број градови има многу млади луѓе, па и деца, собрани во групи, кои имаат покрај себе повеќе шишиња пиво, вино како и „кока кола“, кои држат в раце и запалени цигари. Самите на своја рака ...

И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан ...

И денешното утро за родителите на учениците на наставна програма на македонски јазик во ООУ „Тодор Јанев“ започна со блокада на сообраќајот од двете страни на населба Чашка. Родителите поддржани од жители на населбата протестираат против, според нив, обидот на министерството за образование во училиштето да направи раздор помеѓу учениците, наставниците, родителите и жителите на општината со отварање на албанска паралелка во прво оддение во која ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
65%
1014
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.63
43%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.14
35%
1008
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
73%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
56%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
7.2
68%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
83%
1010
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74