Циклонската активност со центар над Средна и над Источна Европа останува да влијае на времето во Македонија, и таа постојано кружи над споменатите области од континентот, како и над Македонија, но и над целиот Балкански Полуостров, условувајќи чести врнежи и потпросечни температури за месец септември. -Во ваква ситуација, во нашата Македонија, ни следуваат нови пообилни врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи, како и со засилување ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од ...

Трета година по ред во Општина Лозово се организира Атлетска трка насловена Маратон „11-ти Октомври“ којашто се организира во чест празникот, Ден на народното востание на Македонскиот народ. Ќе бидат организирани четири различни трки на кои учество покрај возрасните можат да земат и деца од 7 до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15км ќе изнесува 120 минути од стартот на трката. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, ...

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. ...

Велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник до редакцијата на Дума.мк испрати фотографии од плоштадот Панко Брашнаров. Фотографиите се направени до различни агли и на нив покрај споменикот се гледаат и високо катниците кои се специфични за тој дел од градот. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница. Дума.мк Сподели: ...

Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, ...

Осумнаесет годишниот Х.С од село Дреново, Кавадарци и девет години повозрасниот Б.Д од Кавадарци, вчера вечер, половина час пред полноќ биле донесени во ургентна единица при ЈЗУ Општа болница Велес со повреди здобиени по сообраќајна незгода кај Неготино. -По укажана итна медицинска помош се упатени кон Оддел за радиодијагностика. На Х.С. му е направена компјутерска томографија на цело тело, на Б.Д компјутерска томографија на абдомен. Кај Х.С се ...

-Љубов е она, што многумина луѓе ја очекуваат од туѓа жена. -Родители, ако улицата ви ги воспитува децата, тогаш треба при раце секогаш да ви биде…ПЛАНОТ НА ГРАДОТ. -“ГОСПОДАТА”, кои денес безмилосно и бесрамно ограбуваат и се богатат, несомнено се оние истите, искомплексирани момчиња, кои во детството-како голтари, немале ниту денар за џепарлак. -Ако власта не започнеше секојдневно да вработува свои партиски послушници, разно-разни роднини и ...

Педесет годишната М.М од Крива Паланка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто вчера, на 10 септември, се случила кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје. Таа била сопатничка во возилото коешто излеталот од автопатот. Како што информира портаролката на велешка болница Марина Андова, жената околу 15:00 часот била донесена во болница и била упатена кон Одделот за радиодијагностика. -Направено е ...

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Предлогот, како што вчера најави министерот за ...

Нови 15 Издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк и вели „И овој петок читајте Издумани Крлевизми! Можете да ги читате и меѓуредови“. Уживајте! -Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам! -Ме фатија во тесно. Долга и широка! -Само на нарцисоидните им доликува да се колнат во вечна љубов. -Правдата е брза. Ние сме бавни! -Лекција од народот со две букви: Уа! -Веќе не живеам ден за ден. ...

Десет средношколци коишто успешно ја завршија втората по ред Летна Младинска Академија којашто ја спроведуваше Младински центар Велес, денеска, во Јуроп хаус свечено ги добија и своите сертификати. Тие во текот на летниот период учеа на темата „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив“, посетуваат предавања коишто траеа и по два ипол часа, пишуваа домашни, стекнуваа нови знаења и најбитно се дружеа. Сертификатите им ги додели ...

Спречен обид за криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари. Царинските службеници ги открија штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени позади тапацирот во ...

Во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ вчера беше промовирана книгата „Убиецот кој не ме уби“ од роднокрајната авторка Ивана Милошевска. Ова е прво дело на младата велешанка коешто го напишала во моменти додека се бори со тешка болест. Делото ја опишува нејзината лична борба поттикнувајќи надеж и сила кај сите кои се соочуваат со слични предизвици. Директорката на библиотеката Снежана Бошевска на почеток од промоцијата рече дека ...

Во летната бавча на Вински музеј, во Градски парк, во Кавадарци, вечерва, ќе се оддржи концерт насловен како “60 години рок музика во Кавадарци“. На концертот ќе настапат повеќе рок групи и рок музичари кои низ изминатите 60 години го музицирале овој жанр. Некои од нив се и денес активни и испишуваат нови рок страници. Ќе настапат групи и музичари од повеќе генерации со нивниот оригинален репертоар. Организатор на настанот е Дом на култура “Иван ...

Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. -Токму така, позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното ...

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена. Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила ...

Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Осново јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и две годишната кавадарчанка В.Ѓ.М поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека кавадарчанката со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 ...

Педесет и четири годишниот кавадарчанец А.К, во сообраќајна незгода во Неготино се здобил со тешки телесни повреди констатирано во болницата во Кавадарци. Незгодата се случила на крстосницата од улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“ кога дваесет и девет годишниот Ф.А од Виница со патничко возило „пасат“ со винички регистарски ознаки се удрил со А.К којшто возел мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки. Во Одделение за внатрешни работи ...

Велешанецот Атанас Крлевски испрати нови фотографии за категоријата граѓански фото објектив. Во изминатиот период тој го посетил селото Војница коешто е родно место на поетот и револуционерот Коле Неделковски. -Старите куќи во Војница, село кое Војничани сакаат да го заживеат. Дали ќе успеат, да оставиме на времето, вели Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот ...

Во Општинското училиште Ресурсен Центар “Маца Овчарова“ Велес , денешниот е ден за изведување на редовна настава за учениците со попреченост и за потпишување на 100 договори со исто толку избрани образовни асистенти коишто во учебната 2024/25 година ќе им бидат на располагање и ќе пружаат помош на оваа категорија на ученици. Станува збор за образовни асистенти во основните училишта во вкупно 12 општини поточно во Лозово, во Велес, во Чашка, во ...

За два и пол дена, велешанецот Благој Љамњов го снимил својот втор албум насловен „Носталгична љубов 2“ во студиото „Гула“ во Малме, Шведска. Зад секоја песна во новиот албум стои вистинска приказна и секоја од нив има име што посебно му значи и емотнивно е поврзано со Љамњов. Повеќето од песните ги има напишано тој лично, инспириран од прекрасната музика што веќе ја имаме во нашиот свет, но на албумот ќе се појават и неколку традиционални ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки со седум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. -Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е! -Кога го слушам постојаното „лаење” на некои партиски потпароли, имам чувство дека станува збор за некоја клонирана, за нас се уште непозната сорта…крвожедни кучиња. -Учебната година е во тек. Некои професори ќе започнат да заведуваат оценки а ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки со седум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. -Можеби звучи прадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е! -Кога го слушам постојаното „лаење” на некои партиски потпароли, имам чувство дека станува збор за некоја клонирана, за нас се уште непозната сорта…крвожедни кучиња. -Учебната година е во тек: некои професори ќе започнат да ЗАВЕДУВААТ ОЦЕНКИ а ...

Во 10:17 часот, денеска, во Територијалната противпожарна единица примена била дојава за чад кои излегува од стан на една од главните градски улици, поточно на „Благој Ѓорев“ со број 125. Таму веднаш се упатиле едно противпожарно возило и пет пожарникари. „ По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот. Благодарение на навременото пријавување и брзата интервенција на нашите колеги не е дозволено пожарот да се прошири и да ...

Со наредба на Основен суд Кавадарци, полициските службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и од ОВР Кавадарци, вчера претпладне, во 9:45 минути, извршиле претреси во домот на С.Н (49) во Неготино а потоа и во село Бојанчиште, кавадаречко. Во претресите биле пронајдени и одземени оружје, машинки, опрема и пиротехнички средства. Поточно одземени се два карабини „застава“, кои што С.Н ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утрово, во 2:40 минути, го лишиле од слобода триесет и седум годишниот З.С. од село Оморани, општина Чашка. Тој осмничен е за употреба на сила и влегување во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, од каде што одзел пари. -Осомничениот З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана ...

Повторно на сцената на велешки Амфитеатар ќе застанат музичарите на традиционалните староградски македонски инструменти, какви што се чалгиските инструменти, џумбуш, ут, виолина, кларинет, тарабука,хармоника и дајре заедно со пејачки групи за да ги изведат најубавите македонски песни. По 20 пат во градот, надалеку познат по чалгаџиската музика и староградските песни, Ансамбл „Распеани Велешани“ одржува целовечерен концерт. Освен домаќините гости ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука за нова цена на горивата и нафтените деривати која треба да стапи на сила од полноќ на 7-ми септември. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година ...

По речиси две години работа и вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“, креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.46
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
76%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

255598.44

Цинк

3.03

Калај

41.29

Платина

59937.34

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.88

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Паладиум

50830.33

Сребро

2049.55

Злато

138322.05