Четириесет и четири годишниот Г.Ш од Велес, вчера, десет минути пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во домот на 56 годишна велешанка се заканувал кон нејзе и на нејзиното семејство поради наводен долг на нејзиниот брат кон него. Од СВР Велес информираат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а Г.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ...

Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими. -Инвестирањето во здравствени работници е една од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно ...

Спречен нелегален изнес и внес на девизи во државата во износ од 18 илјади евра, откако во три различни случаи, царинските службеници при контрола на патници откриле поголеми износи на девизи, коишто спротивно на закон патниците сакале да ги пренесат без да ги пријават. Во два случаи станува збор за странски државјани кои на излез и на влез во државата на прашање од царински службеници не пријавиле ништо за царинска контрола. Притоа на влез во ...

Најактуелна дестинација за дочек на Нова година меѓу младите е Белград, од понудите со вклучен авионски билет најбарани се оние за Париз и Рим, додека од аранжманите со автобуски превоз најпродавани се оние за Истанбул и Италија. И покрај поскапите понуди за патување, во однос на лани, сè уште има голема заинтересираност. Како што објави Медиумската информативна агенција, од пакет – ангажманите со автобуски превоз најголема заинтересираност има ...

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил соопшти дека поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водоводна линија, прекин на водоснабдувањето ќе има во село Горно Оризари. Инаку, во Горно Оризари и вчера немало вода, но станува збор за различни дефекти, поточно вчера се отстранувал дефект на улица Благој Ѓорев, од бр. 125 до населба Превалец, со што вода немало и во населба Порцеланка, населба ...

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со медицински лица, вчера, во средното општинско училиште „Добри Даскалов“ во Кавадарци, за средношколците реализираа едукативно предавање на тема „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ “. -Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и ...

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Кога тој го виде Елефтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година го ракоположи за ѓакон, во ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.049 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 36,02 %, а 63,98 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 65,41 %, кон Итната медицинска помош 29,45%, а кон пожарникарите 3,42 % од реалните повици кон 112 во ЦУК. ...

Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 80 метри има на патиштата во Струмица, а до 100 метри во Тетово, информира Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Дума.мк Сподели: ...

Светската премиера на првиот долгометражен филм снимен во вселената – „Предизвик“ ќе се одржи во Москва на 12 април, додека белградската премиера е закажана само седум дена подоцна, на 19 април во Cineplexx. Филмот „Предизвик“ е првиот филм во историјата на светската кинематографија кој е снимен во вселената, односно на Меѓународната вселенска станица. Оваа, според се, различна филмска приказна ја водеше познатиот руски режисер Клим Шипенко. ...

На видео снимено од патник во Кина се гледа што се случило за време на лет од Шангај до Пекинг минатиот понеделник. Како што се гледа на видеото од летот на Ер Чајна, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од своите места за време на големи турбуленци. Во исто време пукнал покривот на авионот, што предизвикало дополнителна паника. Според „Дејли мејл“, по инцидентот се повредени најмалку еден патник и еден член на екипажот. Опишувајќи што ...

Ниту една технолошка револуција не донесе толку неочекувано брзи и радикални транзиции, како што тоа го направи дигитализацијата. Тоа суштински ги промени нашите животи, нашите преференци, нашите навики, а исто така и нашите можности. Дигитализацијата продолжува да се развива брзо, а веќе можеме да заклучиме и предвидиме како таа ќе ја обликува иднината на сите нас. The Digital Global Overview report за 2023 година покажува дека денес во светот ...

Со бесада за Рацин од асс. М-р Иван Антоновски, денеска, во Ликовен салон во Велес започна чествуваањето по повод 115 години од раѓањето на Коста Солев Рацин. Антоновски во својата бесада на самиот почеток пред присутните напомена дека името Кочо Рацин неразделно е заврзано со сегашноста на нашата поезија и литература. Настанот беше збогатен и со изложбата насловена „Блазе, речи на душата…“ од типографот Ласко Џуровски, на која беше промовиран ...

Прилеп беше домакин на изборното државно првенство на Македонија во борење слободен стил за пионери. Учествуваа 13 екипи а екипата на боречкиот клуб „Борец“ екипно е пета, додека поединечно освоени се по едно прво и второ место како и две трети. Борачот Ердин Зејнелов во категоријата до 75 кг. го освои првото место забележувајки шест победи во шестте борби, сите со технички туш. Тој покажа одлична подготвеност и докажа дека со право се смета за ...

Триесет и четири годишниот Д.А од Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, откако кај него била пронајдена кафеава грутчеста материја. Ова е четврто апсење по ред во Велес, во рок од една недела. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека велешанецот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Дума.мк Сподели: ...

Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ Велес и оваа година пред новогодишните празници го изврши традиционалното порибување на река Тополка. Порибени се 90 килограми рибен подмладок од видот пастрмка. Рибата е со просечна тежина од 50 грама и е пуштена во река Тополка на три локации. Ова порибување е редовна обврска на ЗСР„Бабуна“ со средства коишто се обезбедуваат од рекреативните риболовци преку нивните дозволи за риболов. Годинава, во ...

Легендарните личности и кога заминуваат од овој свет не умираат. Спомените што зад себе ги оставаат се траен белег на нивното постоење. Токму тие во сеќавањата на современиците и пренесени на идните генерации ги прават бесмртни во животот на локалната заедница, на нацијата, на државата. Една легендарна спортска личност на Велес, што се роди на 8 ноември 1972 година и живееше до вчера, 24 јуни 2022 година е Тони Шопов, еден од најдобрите ...

Секоја професија, вклучително и новинарската, регулирана e со одредени етички кодекси кои служат за регулирање на општествената дејност и заштита на основните човекови права и слободи. Новинарската професија се заснова на работа со луѓе и невозможно е да се избега од општествената одговорност која им налага на медиумските работници да постапуваат во согласност со својата совест. Медиумските работници воедно имаат должност да ја вршат својата ...

Од каде да почнам… не знам и јас, толку многу се насобрало што мислите се измешани, несредени, лутаат од една тема на друга, бараат решенија..излез од безизлезна ситуација, од темните облаци кои надвиснале над ова парче земја. Тука одамна се изгуби радоста, среќата, безгрижните денови, љубовта па дури и слободата. Го нема детскиот џагор кој како слабо ехо одекнува одвреме навреме низ тесните улички. Ја нема секојдневната рутина во пиење кафе со ...

Во заедничка спасувачка акција на полициски службеници на ОВР Неготино, специјалната полициска единица „Тигар“ и двајца алпинисти на Алпинистичко друштво „Скала“ од Струмица, вчера од бездна во местото викано „Просек“ крај Демир Капија го извлекоа човечкиот леш. Лешот беше пријавен од случајни минувачи во Одделението за внатрешни работи Неготино пред пет дена. Поради специфичноста на местото и непристапноста во бездната извлекувањето се оддолжи ...

Имале среќа патниците од Велес коишто вчера патувале со патничкиот воз којшто тргнал од Скопје во 14,30 часот во Битола. Тие во Велес стигнале навреме но, патниците кои патувале кон Битола заглавиле пред Богомила. Таму се расипал возот кои сообраќа на оваа железничка дестинација. За Апла.мк, патници сведочат дека вчера вечер дома стигнале дури во 21 часот. Тие раскажале дека возот се расипал кај Богомила и како чекале пет часа. Кога на крај ...

Авто Мото Сојуз на Република Македонија соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Но, појава на магла во видливост од 100 метри има од Велес до Демир Капија како и во Битола – Кичево и Македонски Брод. Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Последиците врз здравјето од повеќе децениското загадување на воздухот, водата или почвата од тешката индустрија, од асвалтна база и од свињарски фарми, депониите со смет и шут, недоволната грижа за јавната хигиена, нефункционалните урбанистички планови и повеќегодишно чекање за легализација на објекти како и трома јавна администрација, партиски наместо вработувања според квалификации и знаења, се дел од приоритетните проблеми на граѓаните ...

Здравата животна средина е основно човеково право загарантирано со Устав во секое демократско општество. Државните и локалните институции имаат обврска да обезбедат здрава и чиста додека граѓаните да покажат грижа и одговорност кон заштита на животната средина. Ништо помала не е ниту одговорноста на компаниите. Особено тие коишто спаѓа во категоријата на тешка и загадувачка индустрија. Сепак за квалитетот на воздухот, водата, почвата и здравјето ...

„Во сметката за вода на ЈКП „Дервен“ во Велес да се додаде ставка за одржување на прифатилиште која не би изнесувала повеќе од 10 денари и не би претставувала дополнителен товар на буџетот на граѓаните“. Вака пишува во предлогот на граѓанин чиј одговор стигна на јавната анкета што тимот на Дума.мк ја објави на веб порталот и на социјалните мрежи. На тој начин, според предлогот, бенефит ќе имаат сите, уличните кучиња ќе добијат хуман третман и ...

По ставањето на катанецот на влезната капија на велешка „Порцеланка“ велешанката Смиљка Крстевска дел од својот работен век го посвети токму на изборот на решение за лична самореализација. Тоа што во одреден, краток дел на работата, во декоративното одделение на оваа македонска фабрика за производство на порцелан, ја имала можноста во раце да ја држи четката со којашто прецизно се украсуваа порцеланските производи се чини дека потајно ја ...

Менталното здравје на граѓаните ја вклучува емоционалната, психолошката и социјалната благосостојба на граѓаните и влијае на нивното севкупно, секојдневно дејствување и функционирање. Доколку позитивните емоции се силно изразени и психолошката состојба е одлична поточно единката или групата на граѓани ужива во социјален благодет тогаш и нивното ментално здравје поттикнува да се постигне недостижното поточно да ги постигнат целите и резултатите ...

Тројца пациенти добија нова шанса за живот, откако денеска им беше извршена трансплантација на срце и бубрези, информираше министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити. „Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до ...

Претседателот Стево Пендаровски денес лично го одликува прославениот актер Гоце Тодоровски со Орден за заслуги за Република Северена Македонија. Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција. -Бард на македонското глумиште и еден ...

Цели триесет години ветераните одбојкари на „Борец“ една од своите средби во годината ја посветуваат на дружење по повод испраќањето на старата и пречекот на новата година. Освен што ги полнат личните албуми со фотографии, овие средби, ветераните ги користат за да се присетат на сите успеси коишто ги постигнуваа додека на себе го носеа дресот на екипата којашто во 80-тите години се натпреваруваше во Прва Југословенска лига. Влегувањето на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.68
68%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
75%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
64%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52