Вкупно 15 сервисирања на велосипеди на возрасни Велешани и на нивни деца успеаја за два часа да реализираат велосипедистите на „Велес Бајкинг“ изминатава сабота, на 9 март, во Младински парк. Исто така сите присутни сопственици на велосипеди присуствуваа на едукација за правилно одржување и користење на ова превозното средство. -На двочасовниот настан имавме одличен одзив од заинтересирани сограѓани. Не радува фактот што со татковците дојдоа и ...

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и ...

Понеделнички шест нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка. -Доаѓа пролетта, природата штотуку започна да се буди, а со неа и желбата на многуте луѓе…за флерт. -Во недостигот на ГЕНИ и ТАЛИИ на своите суштински кандидати, лидерите на некои политички партии за претседателското столче промовираа…сенилни баби. -На многумина луѓе им успева во животот да постигнат се со ...

Со низа настани посветени на економската, политичката и општествената борба за рамноправност на жените, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Иако има напредок, сепак жените се уште не се рамноправни со мажите за што говорат податоците дека е помал процентот на жени на раководни функции, а различно се вреднува и трудот меѓу мажите и жените за исто работно место. Во Северна Македонија, според податоците објавени на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 000 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 45,00%, а 55,00% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,15%, кон Итната медицинска помош 30,56%, а кон пожарникарите 3,13% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 112 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен ...

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а повремено наместа ќе има услови за слаб локален дожд. ...

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да ...

Пред утрешното одбележување на меѓународниот ден на жената мал е бројот на продавачи на цвеќе на плочникот пред Основен суд Велес. Нив можете да ги изброите на прсти. Сепак понудата е разноврсна и создава убава глетка и покрај раскопаниот тротоар на централната градска улица „8 Септември“ како и големиот број на паркирани возила на коловозот на улицата. Дождот и калта до искршените скали на плочникот се уште една препрека за заинтересираните ...

Животот со дијабет воопшто не е лесен но исто така и престојот на деца кои од најмала возраст се соочени со болеста и престојуваат во градинка не е едноставен. Воспитувачките и негувателките имаат голема одговорност кон сите но треба да прифатат дополнителна одговорност за овие дечиња. Тие мора да бидат едуцирани за да одговорат на предизвикот и да интервенираат во моментите кога шекерот во крвта се покачил или намалил. Исто така и да умеат брзо ...

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“. Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице ...

Сите 58 вработени во подружница Шумско стопанство „Бабуна“ Велес се на работните места но не ги извршуваат работните задачи. Тие не работат затоа што стапија во штрајк. Работниците штрајкуваат поради не исплатени две плати, за јануари и февруари, годинава, редовна исплата на наредните плати како и исплата на надоместоците за теренска работа. Овие се приоритетни барања на синдикалната организација на ССМ во велешката подружница на ЈП “Национални ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 054 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,48%, а 58,52% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 30,89%, а кон пожарникарите 2,87% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 207 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен ...

Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. ...

Овој голем апостолски маж се роди како незнабожец. Во верата Христова го воведе и го крсти светиот Јован Богослов. Во раното детство Поликарп остана сираче, а една благородна вдовица по име Калиста, според еден нејзин сон, го зеде, го израсна и го воспита како сопствен син. Поликарп беше благочестив и милосрден од детството. Се трудеше со животот да го подражава свети Вукол, тогашниот епископ во Смирна, а и Светите апостоли Јован и Павле, коишто ...

На десет поставени тезги во Младински парк Велес изложени се различни рачно изработени предмети кои се прилагодени да бидат подароци за претстојниот празник, Меѓународниот ден на жената – 8ми март. На осмомартовскиот базар поточно може да се купат рачно изработен накит, рачно изработени цветови, украсни свеќи, честитки и интересни цветни предмети. Базарот во Младински парк е отворен денеска, па се до петок, 8ми март од 12:00 до 19:00 часот. ...

Европејците, и мажи и жени, се едни од највисоките луѓе во светот. Специјализираниот статистички сајт „Landgeist“ објави нова анализа, споредувајќи кои Европејки се највисоки. Според податоците на „NCD-RisC“, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација, Холанѓанките се највисоките жени во, не само Европа, туку и во целиот свет, со просечна висина од 170,4 цм. Тие се пред Црногорките (170,0 ...

Цените на угостителските услуги во февруари годинава, во однос на февруари лани, се зголемени за 6.3 %. За периодот јануари – февруари 2024, пак, во споредба со истиот период од минатата година, е забележан раст од 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во февруари годинава во однос на јануари угостителски услуги поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1 %. Дума.мк Сподели: ...

Оваа нова загатка не се разликува од многуте што сте ги решиле досега, но е предизвик. Ако сте доволно храбри да ја тестирате брзината на вашата моќ на набљудување, еве една таква задача. Во оваа оптичка илузија, секој може да ja забележи мачкaта која вешто се сокрила. Единственото прашање е дали можете да ja најдете за само 15 секунди. Пробајте да најдете обична мачка во толпата ракуни. Доколку ви треба помош, во продолжение може да го видите ...

Четириесет и четири годишниот неготинец Г.Ц, кој агресивно се однесувал и ги малтретирал неговите две малолетни ќерки, вчера, во 11:20 часот бил лишел од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот биле известени Центарот за социјални работи Неготино и јавен обвинител, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,56%, а 61,44% за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 71,09%, кон Итната медицинска помош 23,47%, кон пожарникарите 1,70%, а кон АМСМ 0,34% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 162 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што ...

Триесет и пет жени, ликовни автори од повеќе градови на Македонија, вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе ги изложат своите ликовни дела на изложбата насловена „Женско писмо“. Како што соопштија од „Иван Мазов Климе“, оваа изложба се организира во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8-ми март. -Со свои дела на изложбата учествуваат: Македонка Димова – Кавадарци, Т. Алексовска – ...

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска треба да расправа за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања. Министерот за економија Крешник Бектеши очекува законот да биде на пленарна седница на 11. или 13. месецов и да биде изгласан, по што по објавата во Службен ...

Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради ...

Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 ...

Дански турист кој утрово со група скијачи бил дел од „фри рајд“ скијање, поточно, скијање надвор од скијачки патеки, во месноста Јелак на Шар Планина бил нападнат од мечка. Поточо, таа со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот кој го сметала како опасност за своите две мали мечиња кои биле во нивна близина. Директорот на Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов излегол на лице место и во видео изјава ги соопшти ...

Вкупно 17 крвни единици беа собрани на денешната крводарителска акција спроведена во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“. Од велешки Црвен крст велат дека посебно ги радува тоа што на оваа крводарителска акција вкупно 12 ученици за прв пат дарувале крв и станале дел од најголемото хумано семејство. Крводарителската акција заеднички ја реализираа хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, заедно со Црвен крст на РСМ – Општинска ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, ...

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 18:50 часот на улица „Јордан Хаџи константинов Џинот“ ги привеле педесет и шест годишниот Л.М и четиринаесет години помладиот З.Б, двајцата од Велес. – При преглед во патничко возило „цитроен“со скопски регистарски таблички, кое го управувал Л.М., а З.Б. бил сопатник, кај З.Б. бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, пишува во ...

Бојан Велевски и Марјан Георгиевски низ Македонија со стенд ап предизборна кампања! Текстот „МОЖЕВМЕ (мало сутра)“ е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски. Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура. Митингот во Велес е закажан ...

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
57%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
64%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.96
37%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.12
32%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
51%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
62%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
83%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74