Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. -Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Во Берово во 7 часот изутринава се измерени минус девет степени, во Скопје-Петровец минус седум, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово минус шест, а минус пет во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 отсто, а 1,95 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 42,19 отсто, кон Итната медицинска помош – 45,70 проценти, кон пожарникарите 10,16 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. – Инаку, 1.234 повици за итни случаи на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до минус десет, а максималната ќе достигне осум степени. Денес и утре времето ќе биде ...

Утрово до 07:30 часот измерени се минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран. Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охриди во Гевгелија. Висината на снежната покривка во ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5. Како што соопштија од Сеизмолошка ...

Пред ноќен клуб во Велес, рано утринава, во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.Ј.(38) и Д.Н.(28) од Велес откако ги пријавил О.Б.(22) од Велес. Според пријавата на О.Б, лиѓените од слобода двајца Велешани, во близина на ноќниот му го оштетиле патничкото возило марка „јагуар“ и П.Ј. физички го нападнал пријавителот како уште едно лице. – Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 35,06%, а 64,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,55%, кон Итната медицинска помош 37,23%, кон пожарникарите 6,49% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што ...

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 650.670 патници. -Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез оствариле 310.981 патници, од нив странци 234.757 и 76.224 македонски државјани. Во исто време излез оствариле 339.689 патници, 281.343 странци и 58.346 македонски ...

Триесет и девет жени, минатата година, во Полициска станица на Секторот за внатрешни работи Велес, пријавиле дека биле жртви на семејно насилство. Најголем број од нив за насилник го пријавиле сопругот. Ако се анализира годишната статистика на полицијата се доаѓа до сознание дека не само жени туку жртви на семејно насилство биле и мажи како и деца. Во одговорот на новинарските прашања на Дума.мк портпаролката Билјана Ѓаковска соопшти дека ...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека сегашните лични карти, кои се внатрешна употреба, ќе важат и после рокот од 12-ти февруари. За пасошите, рече дека не се вадат заради институциите, туку за да можат граѓаните да патуваат. -Јас кажав дека секоја иницијатива може да биде разгледана. Секако дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење. Ние во различни и одвоени средби имаме разговарано на поединечно ниво за тоа, кажа премиерот, ...

Судот во Кичево му одреди триесетдневен притвор за Ф.Д кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка во Кичево. Ф.Д на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево ја натепал двегодишната ќерка при што и бил скршен черепот и ребрата и имала крварење во мозокот. Детето било пренесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна ...

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, на 12 јануари, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на Автопатот „Пријателство“ во патен правец Велес – Неготино, санкционирале возач кој управувал патничко возило со 211 км/час на место кадешто брзината е ограничена на 120 км/час. Покрај оваа казна, биле изречени и други мерки за возење со поголема брзина од ...

Зголемен е бројот на прегледи во Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. За само девет дена од почетокот на новата 2024 година, лекарите од Брза помош Велес прегледале вкупно 1.026 пациенти во амбуланта и на терен. Поточно, 755 граѓани побарале лекарска помош и биле прегледани во амбулантата на Брза помош Велес и 271 прегледи биле извршени на терен. Началничката на Итна медицинска помош Велес, д-р Васе Поп Стефанова Панова, вели дека ...

Петок е ден за издумани Крлевизми. Прочитајте ги новите седум афоризми на велешкиот афористичар Крлевски, насмевката е загарантирана! -Жена ми многу ме сака. Најмногу на Балеарите! -Сѐ е под контрола, освен контролорите. -Кога се вртев по здолништа, немав вратни шилци. -Верува во своите раце, но исклучиво на лактите. -Ме водат емоциите. Така ми вели разумот. -И кај триумфалната капија влезот е и излез. -Малите пензии имаат и добра страна. ...

Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир. Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго ...

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот. Тоа синоќа, е рапортот, поточно, кусата повратна информација од терен по спасителната акција на Доброволна планинска спасителна служба ДПСС „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани. ...

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почуствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката ...

Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена ...

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, ...

Александар Темелков, младиот велешки пеач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ на 9 јануари, годинава, се оствари во најважната улога во животот – стана татко. Тој радосната вест дека заедно со неговата сопруга Сара станаа родители ја сподели веднаш на своите социјални мрежи како фејсбук и инстаграм. На фејсбук за помалку од еден час собра повеќе од 1000 лајкови и коментари со искрени честитки од своите роднини, пријате и фанови. „Почитувани ...

После 22 дена борба за живот, во болница починало двегодишно девојче од Кичево. Полицијата го сомничи нејзиниот триесетгодишен татко Ф.Д. дека ја претепал по што таа од повредите починала. Полицијата, вчера, го лишила од слобода Ф.Д. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во ...

Седумдесет и шестгодишен маж почина утрово во пожар во скопската населба Аеродром, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Како што претходно соопшти Центарот за управување со кризи пожарот избувнал во стан на шести кат во зграда на улицата Пандил Шишков. „Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита ...

Сектор за внатрешни работи Велес, преку својот дневен билтен информира за три пријавени случаи во текот на вчерашниот ден во Одделение за внатрешни работи Неготино. Првата пријава во ОВР Неготино пристигнала од 51 маж којшто го пријавил својот 29 годишен син поради семејно насилство. -На 10.01.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко, затоа што, ...

Авиокомпанијата „Визер“ од средината на јануари привремено ќе ги укине летовите Скопје-Луксембург и Скопје-Болоња, како дел од намалувањето на капацитетот на својата мрежа поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“, објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“. Се намалува и бројот на неделните летови од Охрид до Виена од првично планираните четири на три. Покрај двете авиолинии од Скопје, ќе биде укинат и летот ...

Пресметките покажаа дека во декември на едно семејство од двајца родители и две деца ученици им се потребни 56.522 денари за подмирување на основните месечни потреби. Потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошница е поскапа за 21.324 денари поради трошоците за станарина, вода, струја и греење. Доколку се спореди со минималните трошоци во декември 2022 година пресметани според старата методологија, разликата е ...

Утрово во 06:33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице. На терен излегле и екипи од Итна медицинска помош и од МВР. Во ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка минус 12 степени и во Берово минус десет, во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица и Маврови Анови се измерени минус шест, во Виница, Кавадарци, Крушево минус пет, во Гевгелија минус четири, Прилеп и Дојран минус три, Битола и Куманово минус два, во Скопје минус еден и нула во Охрид, соопшти УХМР. На Попова Шапка има шес сантиметри снег, во Пожарена два, а во еден сантиметар во Ѓуриште. Дума.мк ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Јерусалим за да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена доследно. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги ...

Кил Бил

29 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
60%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
59%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.15
55%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
64%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.63
63%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
6.17
46%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 13ᴼ
6.69
50%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52