
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Територијалната против пожарна единица Велес, вчера, во 21:25 часот добила дојава за запалена куќа на улица „Кресенско Востание“ кај месноста кај велешани позната како „Соколаана“. Шест пожарникари со две против пожарни возила веднаш излегле на лице место. -Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција на нашите пожарникари, беше спречено пожарот да се прошири на околните куќи, соопштија од ТППЕ Велес. Пожарот бил пријавен и во ...
Новите шест афоризми напишани од перото на велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со сигурност ќе предизвикаат насмевка на вашето лице. Затоа, задолжително прочитајте ги новите шест понеделнички афоризми и започнете ја работната недела со позитивна енергија. Уживајте! -Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг. -Секоја нова власт со себе носи мноштво нови голтари и маргинални партиски лигуши, кои потем прераснуваат во големи ...
Центарот за управување со кризи, информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,40%, а 60,60% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 48,56%, кон Итната медицинска помош 41,97%, кон пожарникарите 8,65%, а кон АМСМ 0,41% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што ...
Најниска температура од минус пет степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со минус четири степени, минус три Берово, Демир Капија, минус два Битола, Прилеп, Претор, минус еден Охрид, Штип, Крива Паланка, нула Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, еден Тетово, Дебар, Куманово, два Скопје-Зајчев Рид, Дојран и три степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува десет сантиментри во ...
Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Јерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде ...
Центарот за управување со кризи од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добил известување за почувствуван земјотрес во Македонија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, доцна попладнево, во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес ...
Шеесет и две годишната С.Р. од Кавадарци вчера во 12:50 часот пријавила во ОВР Кавадарци, дека три дена претходно, на 24 јануари, додека го шетала своето куче по кејот во Кавадарци, таа и домашниот миленик биле нападнати од бездомно куче кое им нанело повреди. -Пријавителката се здобила со повреди, а нејзиното куче од здобиените повреди починало, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Ѓаковска исто така ...
Мора да се има предвид дека медицината е сериозна работа, како и советите. Личниот контакт со лекарот е незаменлив. Без преглед не може да се пропише лек, на телефон не може да се порачаат лекови, освен хронична терапија, која е месечна за пациентот. Примарното здравство не смее да се прескокне, а потоа и утврдувањето на потребата од дополнителна специјалистичка дијагноза, која, исто така, одредува потребна терапија, додава д-р ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 11:20 часот го лишиле од слобода Д.К.(46) од Велес, затоа што според пријава во семејниот дом по вербална расправија и упатил закани на неговата 45-годишна сопруга и на нивните деца. Тој бил приведен во Полициска станица Велес и известен бил Јавен обвинител. Вчера вечер, во 20:45 часот полициски службеници од ОВР Неготино постапиле по претходна пријава за нарушен јавниот ред и ...
„На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) на пладне, во 11:56 часот, добиен е повик за повредено лице со скршеница на нога во пределот на Горно Водно, во близина на Милениумскиот крст. Веднаш преку Секторот за операции и координација во ЦУК е покрената акција за спасување и транспорт на повреденото лице. ЦУК, од Спасителната екипа на Црвениот крст побарал интервенција, прво по можност со ...
Градоначалинкот на Општина Велес, Марко Колев, на денешната прес конференција соопшти информации поврзани со набавката на машината за бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, во вредност од 2,6 милиони денари. Како што рече, одлуката на службите за потребата од ново специјализирано возило за сопствени потреби на општината, за одбележување на хоризонталната сигнализација, била донесена по долги истражувања. -Вакви или слични машини ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја изразува својата поддршка за напорите на новинарот Марјан Николовски, главен и одговорен уредник и основач на religija.mk, во критичкото известување за религиозни прашања во полза на јавниот интерес. ЗНМ остро ги осудува обидите на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство и слободата на изразување, и велат дека ваквите активности ги поткопуваат основните принципи за независноста на ...
Со средствата собрани на хуманитарниот штанд кој беше поставен за време на одржувањето на „Новогодишниот базар“, велешки Црвен крст денеска, поделенија 18 хуманитарни пакети со прехранбени производи на лица и семејства со ниски примања во Велес и во околните населени места. Од велешки Црвен крст соопштија дека оваа хуманитарна помош е донација од граѓаните на Велес и испратија голема благодарност до нив што секогаш ги поддржуваат и донираат. Во ...
Технологијата, како најбрзо растечка индустрија, нуди плејада на можности за оние кои се заинтересирани за неа. Сепак, за жените тоа е сè уште терен со значителни пречки. Иако ИКТ секторот во нашиот регион, како и во светот, бележи брз раст и отвора бројни можности за економски и социјален развој, практиката покажува дека тие често остануваат заглавени на пониска позиција поради системски, тешко забележливи предрасуди- пишува Политика рс. Тие се ...
Седум нови издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги, насмејте се и уживајте во претстојниот викенд! Ако во бракот влезете како суровини, финалната обработка ќе биде – развод! Ништо не е случајно, освен откривањето на Америка! Открив, кога комшивката ми намигнува од балкон. Кога готви јадење со запршка. Афористичарот е факир кој седи на боцки. Палтата на администрацијата секогаш се во ...
Фондацијата Метаморфозис ги презентираше резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт. Претставниците на Метаморфозис ги презентираа резултатите на Индексот на отвореност на извршно ниво. Топ три отворени институции оваа година се Министерството за одбрана со исполнетост од 89.72%, Владата која исполнува 79.14% и Министерството за внатрешни ...
Министерот за здравство Д-р Фатмир Меџити денеска го назначи Др. Зоран Арсовски,специјалист по ортопедија за нов в.д директор на ЈЗУ Општа болница Велес. Др Арсовски вработен е во велешка болница во 2015 година по завршување на приватна специјализација како завршен специјалист ортопед. Лекарот во периодот од 2011 до 2015 година,работи како Професор во средно медицинско училиште во Велес а четири години подоцна започнува со ортопедски процедури ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 22:30 часот го лишеле од слобода триесет и пет годишниот велешанец Б.З. Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата една година помлада сопруга. Б.З бил приведен во полициска станива, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Дума.мк Сподели: Поврзано: ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.661 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,25%, а 58,75% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,95%, кон Итната медицинска помош 36.13%, а кон пожарникарите 1.10%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за ...
Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а ...
Живееше како отшелник – во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но, тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијци со војска да ја нападнат Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми, па и самиот се искачи на ...
Од 1 март стартува заедничкиот пазар на труд меѓу Македонија, Албанија и Србија. Протоколите се потпишани на состанокот на лидерите од регионот во Скопје. Ова значи дека за нешто повеќе од еден месец, работниците слободно ќе се движат низ трите земји, односно ќе бараат работа и ќе се вработуваат без вообичаената процедура за странски работници. Иницијативата за слободен проток на луѓе и стока веќе станува сè поголема реалност меѓу земјите од ...
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ги откажува или ги намалува првично планираните летови до дестинации низ поранешна Југославија. Од компанијата информираат дека скратување на ротациите ќе има поради проблеми што се јавија во моторите на некои од авионите „ербас А320“, поради што повеќе ќе користи „ембраер Е190“. Откако од крајот на април минатата година ја воспостави линијата Франкфурт – Скопје, од авиокомпанијата најавуваат дека веќе од ...
Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години за автобуската несреќа што се случи во 2019 година, во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени. На одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари изречена му е казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за ...
Околу 1117 здравствени работници вработени со договор на дело ќе добијат решение за постојано вработување, ова го истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити. Според него, завршени се сите апликации од јавните здравствени установи и се поднесени во Министерството за здравство. Следно што треба да се добие е согласност од Министерството за финансии, МИОА и Фондот за здравствено осигурување. -Макотрпно работиме и со крајни напори за да се ...
На малата сцена во велешкиот театар „Ј.Х.К ЏИНОТ“, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата насловена „Кучешко срце“, според Михаил Булгаков, во режија на Ѓорши Ризески и во копродукција со независна продукција „Вортекст“. Композитор на претставата е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, додека дизајнот, фотографијата и видеото се на Александар Арсовски. Претставата „Кушечко срце“ ја играат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, ...
Во близина на клучка Неготино, на автопатот А1, Неготино – Градско, вчера, во 20:00 часот, полициски службеници од Мобилна единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност, лишеле од слобода малолетник од село Студеничани, скопско. -При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Следува период на сончево време со мала до ...
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татјана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите ...
Привршуваат градежните работи на проектот за пешачка зона со уредување на централно градско подрачје во Велес но има време за избор на новото сообраќајно решение за коешто градската власт соопшти дека ќе се одлучи до крајот на првата половина на годинава. Според општината до тогаш бил крајниот рок за реализација на овој дел од проектот според којшто граѓаните треба да добијат и смарт урбана опрема како и други елементи. Ова го соопштија ...