Полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Велес спроведоа превентивна активност на повеќе локации во градот, посветена на темата „Последица од управување технички неисправно возило“. -Целта на активноста е подигнување на јавната свест за значењето на управување со технички исправно возило, како и важноста од редовни проверки и соодветно одржување. Според анализите, ...

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство во Велес при последната контрола на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна не затвориле ниту еден од контролираните сендвичари, бурекџилници или продавници за храна. Ова за Дума.мк го тврди инспекторката д-р Марија Пачемска. Според д-р Пачемска која заедно со колегата инспектор во Велес ...

Четиринаесетото издание на регионалната манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ е веќе во тек. Организаторите како и учесниците се подготвуваат за едно од најдинамичните годишни собири на стрип-авторите во регионот. Пријавувањето може да се острави преку линкот кадешто можат да се најдат и повеќе информации. Томе Трајков, стрип промотер од Велес ја изразува својата благодарност за поддршката којашто ја добил и од стрип соработниците и ...

„Поради влијание на циклонската активност од Џенова, денеска, среда, 19 ноември, во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе наврнат во западните и во југозападните предели на државата каде за 24 часа очекувам ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. И во ...

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство во Велес при последната контрола на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна не затвориле ниту еден од контролираните сендвичари, бурекџилници или продавници за храна. Ова за Дума.мк го тврди инспекторката д-р Марија Пачемска. Според д-р Пачемска која заедно со колегата инспектор во Велес ...

Педесет и пет неексплодирани детонаторски каписли биле пронајдени во кавадаречки дом. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, шеесет годишниот Љ.К пријавила дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумската просторија пронашла предмети за кои се сомневала дека се експлозиви. -Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли, ...

Велешкиот Театар „Јордан Хаџи Констанитов – Џинот“ ја носи својата хит-претстава „Госпоѓа министерка“ во Кавадарци, каде што интересот е подеднакво голем како и на велешката сцена. Во рамките на манифестацијата „Месец на Театарот 2025“, кавадаречката публика ќе има можност да ужива во актуелната и многу барана продукција оваа сабота, на 22 ноември, со почеток од 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Претставата, работена по ...

Учениците од велешкото средно училиште „Димитрија Чуповски“, заедно со професорите и вработените, беа дел од динамична и практична евакуациска вежба што го раздвижи училишниот двор. Наместо вообичаениот школски ритам, просториите одекнаа од аларм кој го означи почетокот на сценариото – симулација на пожар и организирана евакуација. По активирањето на алармот, наставниците и учениците низ претходно утврдениот план организирано ја напуштија ...

Два авиони, вчера вечер, бea пренасочени за слетување кон приштинскиот аеородром поради силен јужен ветер кој го зафати скопскиот регион. Од Дирекцијата за заштита и спасување вчера, во 19:30 часот, информираа дека други два авиона кружеле и чекале насоки за слетување. Директорот Стојанче Ангелов информира дека ветерот кој претставувал проблем за авионите бил регистриран на поголема височина. Станува збор за летовите од Берлин и Ајндховен, со ...

„Под влијание на серија големи влажни воздушни бранови од запад коишто се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во Македонија до крајот на оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме. И во ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 е 75,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за ...

На експресниот пат Лозово – Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Штип додека управувал моторно возило марка „бетли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина. „ При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ј управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од ...

Афористичарот Никола Бошков ги напиша новите осум афоризми за читателската заедница на Дума.мк. Инспирацијата и овој пат не му одзеде многу време бидејќи повод е секојдневниот живот на малиот, обичен човек, кој доколку не забележал тогаш може да прочита: „Најтешката животна патека несомнено е онаа, што ја изодуваме без насмевка.“ „Политичарите од политичкиот врв, катадневно ни ветуваат подобра иднина, но откако сегашноста ни ја земаа.“ ...

Вниманието и концентрацијата се основа на секојдневното учење, развој на самостојност и социјална интеракција кај децата. Тие не се само вештини кои им помагаат да научат читање и математика, туку ја обликуваат нивната способност да ги следат инструкции, да решаваат проблеми и да управуваат со сопствените емоции. За родителите, развојот на овие вештини може да изгледа како предизвик, особено кога станува збор за деца со попреченост, кои ...

Петнаесет сендвичарници, бурекџилници и продавници за храна, во Скопје, Битола, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Сруга, Охрид, кои се наоѓаат, во и околу, основните и средни училишта, односно таму каде учениците најчесто купуваат храна, добиле забрана за вршење на дејност од Агенцијата за храна и втеринарство. „Изречените забрани за вршење на дејност се во рамки на 445 инспекциски контроли кои АХВ ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како ...

Претставата „Синиот портокал“ на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва со почеток во 18:30 часот ќе ја гледа публика во градот Сплит, во Р. Хрватска. Актерите Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов ќе ја одиграат претставата во Градски театар на Прокуратив. Гостувањето на “Синиот портокал“ дел е од програмата на манифестацијата „15 Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во ...

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната дневна ќе достигне 19 степени, соопшти УХРМ. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава ...

Полициски службеници вчера утро, во 08:12 часот, го лишиле од слобода С.Ј.(24) од Велес затоа што возел автомобил со над дваипол пати поголема брзина од дозволената на улица, во населбата Шорка. „На 14.11.2025 во 08:12 часот на улица „Вардарска“ во Велес, при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека С.Ј.(24) од Велес управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 ...

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври, на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против ...

Ученици, наставници и вработени во ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски” Велес учествуваа во показна вежба за справување со реална ситуација на пожар во зградата на училиштето. Во симулација на повредени беа три ученици на кои им беше укажана прва помош. Вежбата што се одржа беше именувана како „Начин на однесување во кризни ситуации“. „Целта на вежбата е учениците да се запознаат со начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анализата која ја спроведе комисијата по доставени пријави од граѓани и здравствени институции. Од првиот ден се водиме од начелото на транспарентност и отчетност и токму затоа изминатиот период презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на ...

Овој петок ги објавуваме 10-те најнови афоризми на велешанецот Атанас Крлевски, познат македонски афористичар и сатиричар. Афоризмите се создадени на теми коишто се секојдневни и се дел од животот на граѓаните. Перото на авторот ги напишало со цел да испрати пораки! „Љубовта е пасош, а довербата виза за брак.“ „Моите очи гледаат едно, а мојот грб друго.“ „Ако возрасните сме попослушни, на децата кај ќе им е крајот?“ „Оценувај, а не ...

Педесет годишната М.М пријавена е за исчезната во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи Велес. Нејзината четири години помлада сестра А.М, вчера, четврток, 13 ноември, во 14:45 часот пријавила дека М.М која има здравствени проблеми се оддалечила од дома и не се вратила. -Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес. Семејството, во неколку затворени групи на Фејзбук, сподели информација и ...

Покрај тимот средношколци од велешката „Гимназија Кочо Рацин“ кои се натпреваруваат со проектната идеја „StreetSafe!“, во рамки на натпреварот „Милионер“ уште два тима од истото училиште успеаја да се пласираат меѓу најдобрите 50 во Македонија. Тоа се тимовите „EduLink“ и „EduVerse“, составени од млади гимназијалци кои преку своите проектни решенија носат нова визија за образование и дигитална поврзаност. Тимот средношколци зад проектната ...

Велешанецот Сашко Трајковски веќе две децении е истакнат играч од прв ред – солист во Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Годинешниот работен јубилеј на Трајковски претставува потврда за неговата фолклорна посветеност и љубов кон македонската традиција. Во разговор за Дума.мк, Трајковски ги откри своите фолклорни почетоци во далечната 1990 година, како играорец во Пионерски дом „Ѓоре Органџиев“ во Велес се до ...

„Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник, 17 ноември, облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник,18 ноември, ќе започнат обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец. Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени. ...

На државното сениорско првенство во кајак – дисциплина спуст, спринт и класик, одржано на река Вардар во Скопје во неделата, натпреварувачите на Кајак кану клубот „Арка-Борец“ од Велес прикажаа врвна форма и возбудливи борби за титулите. Во индивидуалните настапи во спринт, кајакарот Љубомир Спасиќ оствари најдобро време и се закити со титулата државен шампион на Македонија, оставајќи зад себе одлична конкуренција. Второто место му припадна ...

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, вечерва со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе ја прикаже претставата „Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов во режија на Микица Илова. Претставата ја прикажува смешната и апсурдна природа на луѓето кога се водени од гордост и ситни интереси. Наместо љубов, сцената е исполнета со кавги, нервни напади и апсурдни ситуации – типично за хуморот на Чехов, кој со ...

Тимот средношколци на „Гимназија Кочо Рацин“ Велес кои во натпреварот „Милионер“, автори се на проектна идеа „StreetSafe!“ составен е од Кристијан Трајковски, Дора Димова, Тијана Павлова и Сара Јорданова. Тие се млади ентузијасти кои веруваат дека технологијата може да го направи нашиот Велес и останатите градови да бидат побезбедни. „Со идејата StreetSafe, создадовме концепт за иновативна платформа која им овозможува на граѓаните да ...

Учениците од основните и средните училишта во Велес кои во изминатата година биле дел од државни, меѓународни и олимписки натпревари беа наградени на манифестација којашто се одржа во салата на Општина Велес во рамки на одбележувањето и чествувањето на 9 Ноември – Денот на Општината. Вкупно 167 ученици, од кои 123 од основните и 44 од средните училишта, како и нивните ментори – 44 во основното и 22 во средното образование, добија признанија ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.22
86%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
3.13
88%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
88%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
93%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.41
93%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
97%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.18
67%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.43
80%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
92%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
69%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
2.38
91%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Паладиум

38805.95

Бакар

12.61

Калај

54.25

Злато

139164.58

Алуминиум

3.60

Иридиум

253540.09

Рутениум

49769.36

Платина

57067.58

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

258813.51

Сребро

2181.05