
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На 26.12.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.К.(43) од село Калугерица, радовишко, при што биле опожарени деловен објект и помошна просторија во приземниот дел од куќата, а повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање ...
Јануари е време е за детска забава на снег и во природа, далеку од градската бука на чист планински воздух. Ресорт Маврово организира бесплатни часови за скијање за најмладите и тон забава за сите кои распустот ќе го минат на снежните падини на оваа македонска убавица. Тимот на Ресортот Маврово подготви програма со која ќе го разбуди чувството за авантура и за откривање на снежните спортови за децата и тинејџерите, а притоа ќе можe да се ...
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски на својот ФБ профил објави дека бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп донел одлука откупните цени на тутунот да се зголемат за 10 проценти од веќе договорените. Тој очекува дека и другите компании во земјава ќе го следат примерот на ТК Прилеп и да ги зголемат откупните цени од веќе договореното со производителите. Парлалелно министерот на ФБ најави дека субвенциите за прва класа ќе биде ...
Вкупно 26 граѓански организации од Струмица добија финансиски средства од Буџетот на општина Струмица во рамките на Програмата Г1 – Поддршка на ЛЕР односно проектни иницијатив од Граѓански организации, Програмата V2 – Социјална заштита како и од Програмата за еднакви можности на мажите и жените откако пролетва Општината распиша Јавен конкурс. Општината од Буџетот за 2023 на граѓанските организации им додели околу 5 милиони денари или околу 81,4 ...
Радовиш блесна во новогодишен амбиент. Централното градско подрачје е украсено во повеќе видови декоративни светлечки елементи но е поставена и новогодишната елка. Паралелно годинава новогодишната магија е освежена и со лед мрежи, светлечки црева, лед сијалици но и новогодишни украси. Според потпишаниот договор за украсување годинава ќе биде поставена и сцена со озвучување и осветлување а фирмата што ги монтираше новогодишните украси до 20 ...
Новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес добија првачињата кои настава посетуваат во населените места Василево и Нова Маала.Среќа, здравје, весели празнични денови исполнети со детски игри им посака Градоначалникот, а тие за возврат, искрено, детски му се заблагодарија со песнички.Насмевките на нивните лица беа најдобриот показател за детската радост и задоволството од подароците. ,,Децата се нашата ...
Денеска (26.12.2023), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски ...
Владата ја отпочна постапката за изградба на Откупно дистрибутивен центар за зеленчук во Струмица но и за овошје во Ресен. Министерот за земјодлество денеска го потпиша Договорот од половина милион евра со избраното консултантско партнерство на фирмите Глобалтек Десаролос, Коленко ДООЕЛ, Нју Вижен ДОО и Биро за Урбанизам Битола ДООЕЛ кои ќе треба да ја спроведат целата постапка. Овие консултантски фирми ќе треба во наредниот период да извршат ...
Во присуство на професори ,спортски работници и ученици беше предадена во употреба спортската сала при СОУ Јане Сандански. Станува збор за нова сала која е изградена на претходната која не ги исполнуваше условите за настава по спорт и физичка култура. Новата спортска сала ја градеше скопската фирма „Пирамид Билдинг Солушнс“ која го доби тендерот во декември 2021 во конкуренција на 6 фирми. Заради непредвидени ситуации на терен во јуни годинава ...
Плоштадот, градскиот парк Пеонија како и улиците Првомајска и Моша Пијаде во Валандово блесна во новогодишно руво. Поставени се над стотина светлосни портали со различнни димензи, над четиересетина светлосни фигури, светлосно небо од сто метри, опшивка на канделабри, грмушки, палми, столбови. Паралелно поставена е и Новогодишна елка од метална конструкција од 9 метри обложена со вештачко зеленило осветленеа во лед светилки и блицеви како и осум ...
Идната година ќе се тампонира полскиот пат од Ангелци кон Струмица откако Општина Василево обезбеди средства за таа намена преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“ Станува збор за полски пат во месноста Орман во должина од околу 1100 метри. Патот ќе широк 3 ...
Сегашни и поранешни членови на КУД „Гоце Делчев“ Босилово заиграа на сцената во Домот на културата во рамките Новогодишниот концерт насловен како „Секоја Нова Година е традиција“. Салата при Домот на културата беше претесна со посетителтие кои имаа желба да ги видат кореографиите на друштвото од Босилово кое е еден од репрезентите на фолклорот на Општина Босилово и овој дел на струмичкиот регион. КУД „Гоце Делчев“ функционира точно 76 години а ...
Општина Дојран планира да подигне монтажен објект – катна гаража која ќе биде на просторот помеѓу ресторан Нота и Ла тераса. За таа цел обезбедени се 30 милиони денари од Владата за што градоначалникот на Дојран Анго Ангов неодамна потпиша Договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со што се обезбедни првите средства за овој капитален објект. Како што информираше Ангов во овој монтажен објект освен катна гаража се планирани и ...
Група ентузијасти, планинари и рекреативци од Струмица и годинава ја накитија елката во дворот на манастирот Св. Илија над градот кој потекнува од 16 тиот век и кој преставува култно место за струмичани за прошетка и рекреација. Деновиве тие со себе понесоа новогодишни украси и лампиони и ја украсија природната елка висока околу 3 мети како и остнатите зелени грмушки околу неа. Како што ни кажа Весна Велкова една од учесниците во китењето, на ...
Кошаркарите на Струмица есенскиот дел од првенството во Третата лига го завршија на лидерското место откако во последното првнествено коло славеа нагости против тимот на Феникс Спорт со 87:72 додека непоразената Гевгелија киксна на свој терен во пресметката со Бутел па дозволи избраниците на Ики Христов да презимат на лидерското место. Струмичани во 10 првенствени кола забележаа 9 победи и еден пораз токму од Гевгелија која има идентичен скор ...
Утрово околу три часот по полноќ во Полициската станица Радовиш биле приведени пет лица кои на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш во непосредна близина на спортската сала и Голдмак се степале при што го нарушиле јавниот ред и мир. Како што соопшти полицијата станува збор за три лица од Радовиш и две од Сулдурци против кои ќе биде поднесени и соодветни пријави. ,,На 24.12.2023 година во 02.40 часот во Полициската станица Радовиш биле ...
Гевгелија блесна во предновогодишната магија. Овие денови во централното градско подрачје и на повеќе јавни места се поставени украсени елки и светлечки фигури кои што ги симболизираат новогодишните празници. Паралелно во Гевгелија се одржува и Новогодишен базар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. ...
На 22.12.2023 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ж.М. (48) од село Куклиш, струмичко и Л.М. (46) од Струмица. Лицата се сомничат дека 12 часа претходно извршиле тешка кражба во куќа во селото Куклиш. Едното лице директно од куќата одзел метален сеф со пари, златен рачен часовник и други предмети, додека другото лице се сомничи дека му помагал да го прикрие украденото. Ж.М. се сомничи дека на ...
На 21.12.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.С. (26) од струмичко. При преглед на патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од негова страна, била пронајдена марихуана. И.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор извршен со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Р.О. од Радовиш. На 22.12.2023 полициски службеници од ОВР Радовиш ...
Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон. На 04.12.2023, В.Т. – заповедник во ...
Крајот на годината е период кога се потсетуваме на сите наши успеси, предизвици и моменти моменти кои сме ги доживеале низ годината. Дали постои подобар начин да се прослават сето тоа и да се започне новата година од присуство на предновогодшен концерт? И не било каков концерт, туку концерт со најдобрите македонски хитови кои ќе бидат испеани во живо, од извонредни музичари и оркестар. На 28.12.2023 година, Камерен Оркестар на Битола гостува во ...
Гевгеличани Новата 2024 година ќе може да ја дочекат на Градскиот плоштад, соопштија општинските власти кои ја објавија и програмата што ќе се случува на 31 декември вечерта во центарот на Гевглеија. Според најавите новогодишниот дочек ќе биде со богата културно- забавна програма со локални музички групи и уметници. ,,Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на ...
Министерството за земјоделство ги потсетува земјоделците дека во тек е аплицирањето за финансиска поддршка односно за дополнителните средства од субвенциите за 2023 согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството ова година. Станува збор за субвенции за пријавените површини, за кои земјоделците во мај аплицираа и ќе добијат авансната исплата од 30 % додека за останатите 70 % ќе мора до 25 декември повторно да аплицираат и да дадат ...
Општина Струмица за реализација на проектот „Социјална населба“ ќе добие нови 65 милиони денари . Градоначалникот Костадин Костадинов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го потпишаа Договорот за финансирање на овој капитален проект на кој веќе се работи во делот на инфраструктурата. Лани во октомври фирмата Жикол го доби тендерот за реализација на првата фаза од овој проект . Таа за 1,5 милиони евра треба да изведе сообраќајна ...
Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти. Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата до 50.000 денари месечно, почнувајќи од декември ќе се исплаќаат по 1.200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26 декември. Кандидатите треба да се пријават во ...
Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево дваесетина и повеќе денови, во континуитет спроведува активност на насипување со крупен чакал и тампонирање на локални земјени улици низ населените места на општината. Според информација од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој на стартот на оваа активност која започна на крајот од претходниот месец изврши увид во текот и напредокот на работите, досега се опфатени улици ...
На 18.12.2023 година, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода И.Г.(41) и Т.Г.(41) од село Просениково, струмичко. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Охридска фирма ќе ги уредува Младинскиот дом „Мите Танов-Коми“ во Богордица и Домот на културата во населното место Моин. На распишаната јавна набавка фирмата Тане 2007 Охрид го доби тендерот откако во конкуренција на други три фирми од Скопје, Битола и Штип достави најниска цена. Договорите со Општина Гевгелија се склучени минатиот месец со важност од една година а рокот за испорака на стоките е во рок од 90 дена од дбовиањето на налогот за ...
Општина Василево со свечена седница го одбележа Денот на која свое обраќање имаше градоначалникот Славе Андонов кој подвлече дека е потребен ангажман од сите граѓани за да Општина Василево стане наш сигурен и просперитетен дом. Како што подвлече Општината се сака со дела и затоа сите нејзини граѓани, секој во својот делокруг на активности, во рамките на своите знаења и можности, секој во своето населено место, треба да се однесува одговорно и ...
Општина Конче разработува проект за формирање пензионерски центри во четири населени места, со кои ќе бидат опфатени 400 пензионери, колку што ги има во оваа општина. Како инвестиција, проектот ќе стартува со целосно учество на Општина Конче, а истовремено се работи на тоа тој да влезе во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). „Планираме проектот да биде наменет за постарите жители и тоа во четири населени места, Дедино, Долно ...