Полуматурантката Марија Николова од ООУ,,Видое Подгорец“ од Колешино под менторство на наставничката Атина Манчева ја понесе првата награда на распишаниот конкурс од весникот Нова Македонија рубриката Колибри за преставување на таленти. Николова напиша статија за талентот кои го поседуваат нејзините соученички Сара Јанева и Ана Арсова кои имаат постигнато успеси во познавањето на мајчиниот македонски јазик. Во текстот Марија ги опишува Сара ...

Екипата на Брера Струмица – генерација 2008 која се закити со двојната круна во категоријата У16 од 14 до 16 јуни ќе зеде учество на силниот меѓународен турнир ,,Играј фудбал, живееј го животот“ ( “Igraj fudbal, živi život” ) што се одржува во Сараево Босна и Херцеговина . Станува збор за екипата У 16 на Тони Атанасов – помлади пионери, кои оваа сезона беа доминантни и во првенството и во Купот и преставува огромен потенцијал за струмичкиот ...

Од СВР Струмица информираат дека синоќа околу 21:30 часот на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран денеска и утре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. И Скопскиот и Вардарскиот регион овие два дена ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт – подготвеност), па во овие региони ќе важат општите препораки. -Од Институтот за Јавно здравје и ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со дел од членовите на Кик бокс клубот К1 Арена, кои од 14.06 до 16.06. 2024 година, во Унгарија, Будимпешта, ќе учествуваат на 29-тиот Светски куп во Кик бокс. Нивното учество на ова натпреварување е поддржано и од членовите на Советот на општина Василево, кои на последната Седница донесоа Одлука за финансиска поддршка на овој клуб. „Се сретнав со нашите ...

Заради стимулација на приватното претприемништво, уметничките способности, иновативноста и индивидуалниот талент – општина Босилово за прв пат оваа година ќе организира „БАЗАР ФЕСТ – 2024„. Се повикуваат сите граѓани на општина Босилово и пошироко од регионот, кои се занимаваат со изработка на традиционални ракотворби, плетеници, уметнички слики, природна храна, изработка на мали и невобичаено интересни производи дека ќе можат истите да ги ...

Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дел од горивата.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, додека цената на бензините останува иста. Литар дизел од полноќ ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар. Со ...

Утре и задутре во осум општини од Југоистокот ќе се изврши теристична дезинсекција против возрасни комарци. Како што соопштуваат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион прскањето од земја против комарци ќе се реализира на 11 и 12 јуни во периодот од 20 часот до полноќ и тоа во следниве општини: ,,Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат . Се известуваат сопствениците на ...

Следната сезона РК Радовиш повоторно ќе игра во Супер лигата откако во бараж мечот во Скопје против Пелистер 2 славеше со 26:27. Победата ја донесе Здравко Постолов кој биеше прецизно од ударот за 9 метри и ги надмудри блокот но и голманот на битолачни за големо славје на теренот и на трибините. Радовишани имаа негатива по првото полувреме и во поголем дел од второто, но одиграа најдобро кога беше најпотребно па во самиот финиш успеаја и да ...

Во Полициската станица Гевгелија, синоќа околу 2 часот, било пријавено дека на крстосницата од ул.“Коле Неделковски“ и ул.„Љубљанска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа. Учествувале автомобил „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од Б.Ј.(20) од Гевгелија и мотоцикл „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од малолетник од с.Прдејци, гевгелиско. ,,Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле ...

Општина Василево во соработка со Нула отпад доби контејнери за селекција и рециклирање на стара електроника и батерии. Информацијата за оваа донација, преку својот ФБ профил ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов „Достапност на услугите за селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии за граѓаните на општина Василево. Поставена инфраструктура од 5 (пет) контејнери за селекција и рециклирање на старата ...

Младинците на Брера Струмица обезбедија пласман во четвртфиналето од КУПОТ на ПРИЈАТЕЛСТВО во Златибор откако и во вториот меч забележаа пбоеда. По славјето над белградски партизан момците на Стојчев, Алаѓозовски и Апостолов славеа против Железничар од Сараево – Босна со 3:1 Живко Крстев и Каменчо Андоновски беа стрелци на трите гола за младите на Брера откако босанскиот состав го отвори резултатот. Струмичани покажаа максимална посветеност на ...

На 04.06.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, Г.Б.(64) од с.Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од З.П.(40) од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василевои и по документирање на случајот ...

Mладинскиoт состав на Брера Струмица со победа над Белградски Партизан го отвори меѓународниот турнир ,,КУП на Пријателство“ во Златибор – Србија. Момците предводени од стратешкото трио Мартин Алаѓозовски, Ѓорѓе Стојчев и Борче Апостолов беа доминантни во текот на целиот натпревар и заслужено славеа со 2:1 и ги освоија првите бодови на турнирот. Одиграа борбено, квалитетно без многу респект при што беа создадени многу шанси пред голот на ...

Од 28 до 30 јуни, на повеќе сцени на отворено во Дојран, ќе се одржи традиционалниот „Д фестивал“, со домашни, балкански и странски музичари, објави на прес конференција „Пасворд продукција“. „Имаме пораснато многу генерации за овие 14 години, имаме донесено над 400 музичари досега. ‘Д фестивал’ стана еден познат туристички бисер, и ја негува културата. Годинава, еднa од нашите главни акции е ‘Не биди дедо’. Со купени 4 влезници, петтата се ...

Дваесетгодишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром. Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалија. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

На 29.05.2024 во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со ...

ФК Брера има одличен потенцијал и Струмица не треба да се плаши за својата фудбалска иднина. По генерацијата У 16, КУП титула освоија и фудбалерите родени 2007 година или екипата У 17. Тие денеска во финалето од КУП натпреварувањето против битолски Пелистер демонстрираа борбеност, дисциплинираност,сигурност. Регуларниот дел од финалето заврши без победник. Пелистер го отвори резултатот во раната фаза од мечот. Но тоа не ги демотивираше надежите ...

Младите фудбалери од генерацијата 2008 (помлади пионери) на ФК Брера Струмциа се закитија со КУП титулата откако денес во големото финале остварија победа против своите врсници од Пелистер од Битола. На стадионот Борис Трајковски во Скопје момците предводени од стратегот Тони Атанасов славеа со 3:0. Головите во големото финале за нова титула во витрините на Брера Струмица ги постигнаа Матеј Сејменов, Мартин Стоиловски и Албан Рочи. Со ...

На 28.05.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода П.К.(36) и К.К.(40), двајцата од Струмица. При претрес во домот во с.Банско, во кој привремено престојува П.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР. Додека, при претрес во ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за Директните плаќања за 2024 година. Сите регистрирани земјоделски стопанства во ЕРЗС во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Во овој период се поднесуваат барања за: – растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за ...

На 30-ти мај, во организација на Јуроп хаус Струмица, Гевгелија ќе биде домаќин на незаборавна музичка вечер по повод „Денот на Европа 2024“. Прославата ќе започне во 18:00 часот со концерт на детскиот интернационален фестивал „Калинка“, а ќе заврши со незаборавен концерт на отворено насловен „Рок Симфонија“, кој ќе биде во изведба на Камерниот Оркестар на Битола. Концертот ќе започне во 20:00 часот и ќе се одржи на Плоштадот во Гевгелија а два ...

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организира конференција за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ. На Конференцијата насловена како „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ беа презентирани размислувања како одговор на прашањето „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“ и беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од ...

Доматите во нареднава недела да се откупуваат по цена од 30 и 35 денари за килограм а инспекторите да ги засилат контролите на откупните пунктови. Ваков договор падна меѓу откупувачите и дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски откако прозиводителите од Струмичко три дена реагираа и протестираа за ниските откупни цени. ,, Откупувачите дадоа цврсти гаранции дека до понеделник идната недела, откупната цена на црвениот ...

Три лица се полесно повредени попладнево во сообраќајката што се случи кај раскрсницата кон Градашорци на патот Струмица – Радовиш. Сообраќајката се случи попладнево околу 18 часот при што едно возило беше превртено на коловозот. Веста ја потврди и портпаролот на струмичката полиција Александра Трајанова која соопшти дека во сообраќајката учествувачле три возила при што три лица се полесно повредени. Полицијата изврши увид и ќе ги утврдува ...

Струмичанецот Љупче Дориев стана еден од најефикасните фудбалери во Узбекистанската Супер лига, откако во последното коло со својот тим Согдијана против Бунјодкор постигна три гола. Со тоа тој стана вториот македонски играч кој постигнал хет трик во историјата на првенствата на Узбекистан откако во сезоната 2010 Ставица Ристиќ го направи тоа со тимот на Бунјодкор. Со последните три гола, Дориев на своето конто има вкупно постигнато осум гола од ...

Младата Ангела Влинтовска од Скопје студентка на музичката академија која ја отпее песната ,,Темјана“ песна на Огнен Неделковски, Ванчо Димитров и Љупчо Соколовски ја понесе првата награда или е победник на 37. издание на фолк фест „Валандово“ . Таа ја понесе и наградата за најдобар дебитант бидејки за првпат настапува на овој реномиран фестивал. Втората награда на Фолк фест Валандово ја однесе песната „Љубовта е оган“ на дуетот Софија Пуровска ...

Потенцијалниот министер за земјоделство а сегашен дополнителен во техничката Влада, Цветан Трипуновски, најави борба против зелената мафија во Струмица. Според него имало неколку откупувачи и трговци кои печалат врз маката на земјоделците и мора да се стави крај на сето тоа. Трипуновски ова го најави на денешниот протест на прозводителите на домати во Струмица. Тие веќе трет дена реагираат барајки повисока откупна цена на стартот од бербите но и ...

По повеќе од две децении во Богданци повторно ќе се игра второлигашки фудбал откако ФК Вардарски во бараж мечот славеше со 3:2 против Кораб од Струга. Адам Стојанов беше двоен стрелец за Вардарски, а еден гол постигна капитенот Славе Танов. За стружани головите ги постигнаа Ујкан Муча и Фатјон Леши. Вардарски заслужено славеше иако играа под притисок оти влогот беше голем – Втора фудбалска лига. Имаа контрола на резултатот и играта а стратегот ...

Младинскиот состав на Брера утре во Струмица може да се промовира како Шампион на Македонија ако слават против младите на Прилепска Победа. Мечот почнува во 13 часот и е последен меч од младинската Супер лига и со победа струмичани ќе може да ја потврдат својата доминација и со титула пред скопски Вардар. На табелата имаат само бод предност пред младите на Вардар. По 21 првенстено коло младите струмичани предводени од стратегот Мартин ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.22
83%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
0.0
85%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
1.34
67%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
87%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
94%
1023
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599