Ако до петок вработените во ЈП Паркиралишта Струмица не ја добијат јулската плата, синдикатот ќе започне со подготовка за генерален штрајк. Вака соопшти Фидан Методиев претседател на синдикалната организација на ЈП Паркиралишта од Струмица откако вработените од менаџментот на претпријатието добиле известување дека сметката е блокирана. Методиев вели дека не се знае кога ќе им биде исплатена платата. Сметката им била блокирана поради долгови кон ...
За новонастанатата состојба во ЈП Паркиралиша каде се вработени околу 25 лица и немаат добиено плата за јули, се огласи и СДСМ Струмица кој изгрази загриженост и го повика првиот човек на општината Костадин Костадинов итно да најде решение за да се нормализирааат работите во ова јавно претпријатие. ,,ОО СДСМ со политиките во минатото е препознатлив по ажурноста и редовното сервисирање на обврските кон јавните претпријатија, па затоа ИТНО ...
По најавата дека вработените во ЈП „Паркиралишта“ Струмица спремаат штрајк доколку не се одблокира сметката на претпријатието и не се исплати јулската плата, првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов за Дрнка.МК вели дека општината редовно пушта пари кон ова јавно претпријатие. Како што ни одговори, во текот на вчерашниот ден биле пуштени милион денари кон Паркиралиша, но како општина ќе излезат во пресрет за да ова претпријатие ...