
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи На 2 мај во селото Слупчане свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи, кој воедно објави и видео поврзано со конфилктот од 2001 година. „На 2 мај сите патишта водат кон гробиштата на мачениците во Слупчане, а манифестацијта ќе биде уште повеличествена со откривањето на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да присуствува на самитот на Групата 20 во ноември од земјата домаќин Индонезија. Претседателот Џоко Видодо вчера изјави дека го поканил Зеленски да присуствува на самитот, на кој рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ќе присуствува. Видодо беше под притисок од западните земји да ја исклучи Русија, членка на Г20, по нејзината инвазија на Украина, но Џакарта тврди дека мора да остане ...
На 29.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје. По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од ...
10 илјади евра оштета ќе треба да плати пчеларот од охридското село Долно Коњско, бидејќи неговите пчели пред осум години каснале охриѓанец. Ова е одлуката на Битолскиот апелационен суд за пчеларот Лазе Грозданов на кој Охридскиот суд претходно му пресуди 15.000 евра. После жалбата на обвинетиот судот во Битола само ја намали паричната казна. Пчеларот Грозданов и по пресудата вели дека не чувствува апсолутно никаква вина. „,Мојата совест е ...
Бизнисменот Орце Камчев, иако со спогодба е осуден на казна затвор од една година, за случајот “Империја”, сепак тој треба да одлежи околу 7 месеци во затвор. Казната во старт се намалува, бидејќи во неа се засметува и времето кое бизнисменот го помина во куќен притвор. Па така, тој во притвор влезе на 10 ноември 2018 година, а излезе на 27 декември. Од истиот датум пак замина во куќен притвор, кој му беше укинат на 29 март 2019 ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез. Породувањето го изврши примариус д-р ...
Полицијата приведе две лица на возраст од 22 и 24 години, осомничени дека му го запалиле возилото на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Инцидентот се случи на 9 март. Она што е несекојдневно во настанот, според објаснувањето на Обвинителството е тоа што двајцата осомничени, делото го договарале додека со кантата полна со бензин, се возеле во такси. Прв во возилото влегол првиот, а потоа во Козле влегол и вториот, па почнале да ...
Новинарката и продуцентка на Радио Слободна Европа, Вера Гирич, загина во Киев откако руска ракета вчера ја погодила нејзината куќа, соопштија од медиумската куќа. Нејзиното тело утрината беше пронајдено под урнатините на куќата. Вира Гирич започнала со работа во киевското биро на Радио Слободна Европа на 1 февруари 2018 година. Пред тоа, таа работела во водечките украински ТВ канали. „Во длабока тага сме поради смртта на нашата вработена ...
Никола Груевски падна и на Врховниот суд. Највисокиот суд го отфрли како недозволено неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со нарачаното насилство во Центар. Вака пресуди Врховен зашто барањето го поднел адвокатот Петар Тимовски, кој го бранеше Груевски по службена должност. Но, адвокати по службена должност немале овластувања да бараат вонредно преиспитување на правосилна пресуда. Тоа можело да го стори само адвокат ...
За влез во Грција од 1 мај нема да биде потребно приложување на задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест. Ваквата одлука била донесена по препорака на Комисијата на епидемиолози која меѓу другото побарала суспензија на ковид пропусницата, заедно со враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот. Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а според насоките од ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека најновите ракетни напади во Киев се најдобар доказ дека Украинците не можат да ја спуштат својата стража и дека мора да продолжат да се борат. Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека проектилите полетале во главниот град веднаш по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Руските ракетни напади врз Украина, Киев, Фастив, Одеса и други градови уште еднаш ...
Истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември лани, при што во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, е при крај и деновиве, за брзо време очекувам Основното јавно обвинителството во Тетово да донесе одлука за овој настан, соопшти денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на пратеничко прашање до каде е случајот и дали ќе има кривична одговорност. ...
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на молскавична одмазда доколку другите земји се вмешаат во конфликтот во Украина, додека европските лидери ја обвинија Русија за уцена поради нејзината одлука да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Русија им наложи на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, велејќи дека големите испораки на оружје од Запад го поттикнуваат конфликтот. Обраќајќи им се на пратениците во Санкт ...
Оперскиот пејач и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски денеска со протестен перформанс одбележа пет години од настаните на 27 април. Тој седеше зад импровизирани решетки пред Собранието на Македонија, во паркот Жена борец, со трака на устата. Имаше натпис: Молчењето е злото. На денешен ден пред пет години толпа од граѓани, меѓу кои и водачите на „За заедничка Македонија“ упаднаа во ...
Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, утрово изјави дека се проверува дали има вистински прекин на испораката на руски гас и рече дека повеќе информации ќе соопшти по состанокот во Владата Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека целосна ја прекинала испораката на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат во рубли, јави ...
Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, пријателите и саканите. Овојпат Игор преку својот инстаграм – профил им се обрати на сите соптвеници на дискотеки и локали кои како што вели тој „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“: ...
Штрајкот на СОНК продолжува и понатаму откако денеска членството на синдикатот ги одби од синоќа понудените 12 проценти зголемување на платите. ГИ ЗНАЕТЕ ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ ТОЧКИ КОИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ БЕА ПРЕДЛОЖЕНИ ДО НАШЕТО ЧЛЕНСТВО, НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН СЕ ИЗЈАСНУВАШЕ ПО ОДНОС НА ПРЕДЛОЗИТЕ. ОД ВКУПНО 480 СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ДАДОА ПОДАТОЦИ ЗА НИВНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ, 388 БЕА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ШТРАЈКОТ, А САМО 83 БЕА ЗА ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 2,29 отсто. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, Еуродизел БС-98 ќе се продава за 86, а Еуродизел (Д-Е V) за 85,5 денари за ...
Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на Управата за матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк. -Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад две недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд и сега размислува да го врати на старото место. -Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална. „Не сакам вештачки да се зголемуваат овие ризици, иако многумина би сакале. Опасноста е сериозна, реална. И тоа не смееме да го потцениме“, изјави Лавров за руската државна телевизија, пренесува Интерфакс. Лавров рече дека Москва ќе ги ...
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во понеделникот постигнал договор за купување на Twitter за 44 милијарди долари. Со овој договор социјалната мрежа Твитер е целосно под контрола на најбогатиот човек на светот. Претходно, извори изјавија за Ројтерс дека Твитер е подготвен да се согласи да биде продаден на Илон Маск за околу 43 милијарди долари во готовина, цена што извршниот директор на Тесла ја нарече „најдобра и последна ...
По неколкунеделни преговори СОНК и Владата постигнаа компромисно решение за покачување на платите на наставниот кадар во училиштата, како и за вработеите во градинките. Синдикатот за образование, наука и култура попладнево информираше дека со Владата успеале да договорат зголемување на платите за 12 проценти. „Се усогласивме со ставовите во рамки на условите на државата и што може да се издвои за платите и дојдовме до процент што ќе ...
Попладнево во 16 часот закажана е нова рунда преговори на СОНК со Владата, потврди синдикалниот лидер Јаким Неделков. На средбата ќе присуствува и Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите на образованието која претпладнево изјави дека е дојдена во Скопје за да ја поддржи синдикалната борба на наставниците. Владата ќе биде претставена од премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. ...
Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба. Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството. Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да ...
Емануел Макрон е реизбран за француски претседател, според првите проекции на изборните резултати во кои актуелниот лидер се спротивстави на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му честитаа на Макрон. „Почитуван ...
Почвата во областа на Херцеговина не се смирува, а последните земјотреси се забележани попладне и вечерва во Невесиње со јачина од 2,8 и Столац со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар во 20.02 часот регистрираше земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала во областа Столац, поточно 12 километри од тој град и 36 километри од Мостар. Претходно, уредите во Центарот за ...
Екипата на телевизијата N1 во Столац ја следи состојбата, а утрово го посети градот Кукавац каде се наоѓа семејната куќа во која е загината девојка. 27-годишната девојка им подлегна на тешките повреди откако огромна карпа паднала врз семејната куќа. На првите фотографии се гледа штетата нанесена на куќата за време на земјотресот, но и едно од неколкуте парчиња карпа што синоќа паднаа врз домот на младата девојка. Таа се здобила со сериозни ...
По 23 часот, силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Босна и Херцеговина, со епицентар во местото Струпиќе. Според информациите на корисниците на социјалните мрежи, земјотресот се почуствувал од Македонија до Хрватска, но и во некои градови на источниот брег на Италија. Најмногу материјална штета е пријавена во местата Љубиње, Билеќа и Столац, каде од здобиените повреди почина една девојка (28) откако ...
Околу први во месецот се подготвуваат платите за просветните работници, а на 15-ти мај треба да ги добијат. Но, прашањето е од кого? Министерката Тренчевска веќе изјави дека СОНК треба да ја исплати нето платата, а Владата придонесите. СОНК пак повикувајќи се колективниот договор за основно образование велат дека работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајк во висина од основната плата на работникот, ...