
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



По настанот со Андреа Коевска, која го фрли македонското знаме на земја, јавниот сервис МРТ ја соопшти својата одлука за санкциите кои планира да ги преземе. Како што наведуваат во соопштението, одлучиле Андреа да настапи на манифестацијата, а откако делегацијата ќе се вратела од Италија, членовите ќе поднеселе извештаи за случувањата, па ќе се одлучело кои решенија и дисциплински мерки ќе бидат преземени. Поради негативниот имиџ, известуваат ...
Незапамтено убиство се случи во Зрењанин.46-годишна жена, со нож го избодe нејзиниот сопруг С.П. (42), а потоа го исекла со моторна пила. Таа прво го заспала, го заклала со нож, а потоа го исекла со моторна пила по нозете. Тоа се случи синоќа. Тоа се случило додека нејзината ќерка била во куќата . Убиениот пред неколку години бил во затвор поради семејно насилство.. На Т.П и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде ...
Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат. Првиот човек на Регулаторната комисија Бислимовски за Утрински брифинг вели дека операторите имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука. Билсомовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и се очекува цела оваа ...
Се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички натпреварувања низ светот – Евровизија, а претставниците на 17 земји дадоа се од себе за да се пласираат во финалето. Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток на 12 мај кога и треба да ...
Како што се наведува во владиното соопштение, Владата донела Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта и со неа е утврдено дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година Владата на денешната седница донесе одлука дека нема да има продолжување на оваа учебна година, прашање ...
Бизнисменот Орце Камчев затворската казна за случајот „Империја“ ќе ја издржи во затворот во Струга бидејќи во судот доставил промена на адреса на живеење од Скопје во Охрид. На ист чекор се одлучил и Ненад Јосифовиќ, исто така осуден во „Империја“. -До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е ...
Четворицата водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, денеска ќе бидат изведени пред Трибуналот за злосторства на ОВК во Хаг за да се изјаснат за новите наводи во проширеното обвинение кое ги товари за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и Албанија во 1998-1999 година. Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи посебно ќе бидат изведени пред ...
САД– „Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија. Украински новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија, соопшти менаџерката на Пулицеровата награда Марџори Милер. Според неа, овогодишната награда за известување од јавен интерес е ...
Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи. САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс”. Големото ѕвоно на ...
Познатата пејачка и водителка Јулија ги повика сите кои ја познаваат нејзината ќерка да се помолат за спас. Ќерката боледува од карцином и животот и виси на конец. Нејзе и е дијагностициран карцином на коските и црниот дроб. По една години хемотерапии и лечење девојката се крена на нозе , но сега повторно болеста се врати. “Драги мои пријатели , помолете се за моето девојче , за мојата хеорина, за мојата светлина. Молете се за Божје чудо , ...
ВМРО-ДПМНЕ од утре и официјално ја почнува активната блокада во законодавниот дом која ќе се однесува на сите како што велат штетни закони, но и на начинот на кој ќе се прави ребалансот на буџетот. Пратеничката група на најголемата опозициска партија денеска на средба со нивниот лидер Мицковски во партиското седиште да го потврдат старт на активностите кои ќе ги превземат а за сите нови дополнително ќе известуваат. Крајната цел велат е пад на ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, обраќајќи им се на војниците на Денот на победата во Москва, рече дека Западот се подготвувал да ја нападне Русија, додека Русија секогаш се борела за безбедноста на меѓународната заедница. „Западот не сакаше да ја слуша Русија, имаше други планови“, рече Путин на парадата на Црвениот плоштад во Москва. НАТО создаваше закана за нашите граници, додаде рускиот претседател. „Неприфатлива закана ...
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија. Националниот координатот д-р. Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за ...
Се стравува дека 60 лица загинале во воздушен напад врз училиште во областа Луганск, кое служело како засолниште за цивили, јави ДПА. -Во училиштето засолниште од нападите побараа околу 90 лица, изјави Сегеј Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, додавајќи дека 30 лица се извлечени од под урнатините, а седум од нив биле повредени. Во урнатините досега се пронајдени две тела, изјави утрово Хаидаи, додавајќи дека „веројатно е ...
Жени групно ќе врескаат денеска во 15 часот кај споменикот на Стефан Немања пред Собранието и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Станува збор за уметничка изведба наречена „Брн/аут“, што се преведува како прегорување. Изведбата била осмислена од уметницата Деа Џанковиќ. – Прегорувањето ни се случува како последица на ритамот на животот кој ни е наметнат и очекувањата кои секој поединец мора да ги исполни за да преживее ...
57-годишниот пациент, кој преживеа два месеца по подложувањето на трансплантација на свинско срце, почина од свински грип, изјави неговиот хирург минатиот месец, пренесува „Блиц.рс“. Во јануари, Дејвид Бенет, мајстор што страдаше од срцева слабост, беше подложен на многу експериментална операција во Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд, во која лекарите му го трансплантираа генетски модифицираното свинско срце. Бенет ...
Британската кралица Елизабета се храни здраво, па не е ни чудо што го прослави својот 96. роденден. Дарен Мекгрејди, кој е нејзин личен готвач, постојано го истакнува тоа во различни интервјуа поврзани со навиките во исхраната на Елизабета. Иако кралицата стана хит во медиумите кога нејзиниот лекар ѝ нареди да се откаже од коктелот пред да си легне, таа всушност се придржува до здрава исхрана, со малку слатки. Она што го јаде секој ден не се ...
Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите. Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на корона вирус се негативни.- – Само во понеделникот беа пријавени над 100 нови заразени, пишува списанието Феникс. – Доколку има повеќе ...
Украинскиот новинар Олександар Махов, кој се пријави во армијата по руската инвазија на Украина, загина во борбите со руските или близу градот Изум во североисточниот дел на Украина. Веста за смртта на 36-годишниот новинар ја објави украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеообраќање. „Секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот“, истакна Зеленски во обраќањето утрово. Украинскиот претседател порача дека Русија ќе ...
Обивинтелството поднесе обвинение против Борис Стојменов и неговата фирма за бесправно градње кај објектот Беко. Во соопстението пишува : Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик. Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, ...
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно влегуваат во клинч околу предвремените избори, обвинувајќи се меѓусебно дека ги штитат само теснопартиските интереси. Најголемата опозициска партија се закани дека од 10 мај ќе го блокира Собранието, откако лидерот на СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски, го одби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за лидерска средба на која би го одредиле датумот за предвремени парламентарни избори. „Активната блокада на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. ...
Вработените во Управата за водење матични книги нема да го прекинат штрајкот пред да се исполнат нивните барања. Од таму велат дека се издаваат изводи за новородени, починати и венчани само во итни ситуации. Сител објави дека извештајот за работата на Управата покажува дека само во 2019 година се издадени вкупно 21.957 погрешни изводи, а граѓаните велат дека мораат неколку пати да одат за една иста работа. Таков случај е и склучениот брак меѓу ...
Од денес се укинуваат сите преостанати мерки против Ковид-19, а на сила останува само мерката за задолжително носење на заштитни маски во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и центри за нега на стари и со посебни потреби. Одлуката за укинување на ковид мерките беше донесена на денешната владина седница. Заменик премиерот Артан Груби информираше за одлуката, истакнувајќи дека таа е донесена по констатацијата на Комисијата за заразни болести ...
Оригиналната, неофицијална мнозинска одлука на судот што протече во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот „Ро против Вејд“, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД, објави американскиот портал Политико. Новинарот на „Политико“ Џош Герштајн, кој ги објави наодите, прецизираше дека мислењето на судијата, објавено на 10 февруари, можеби во ...
Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп. Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат ...
Mузичарот и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина пред една година, а сега по повод роденденот на неговата сопруга Оливра премиерно беше пуштена неговата необјавена песна „Роденденска“. -Само еднаш бурно реагирав. Секогаш пишуваше за некои промашени, несреќни љубови, како љубовта не победува, како не стигнал или доцна стигнал кај нејзините сватови и така. И тогаш му реков: Напиши песна дека си заљубен во баба. Секако ми упати еден од оние ...
Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на ...
Рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе оди на операција oд рак, тврди „извор од Кремљ“, а пишуваат западните медиуми како „Дејли Мејл“ и „Мирор“. На должноста, наводно, ќе го замени секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев. 70-годишниот Патрушев се смета за клучен архитект на досегашната воена стратегија и човек кој наводно го убедил Путин дека Киев е преполн со неонацисти. Овие ...
Компанијата Stellantis, која е сопственик и на италијанскиот Fiat, во четвртокот објави дека во фабриката во Крагуевац во Србија ќе инсталира нова платформа за електрични возила, чие производство би стартувало кон средината на 2024 година. Како што беше најавено, Србија ќе има клучна улога во стратешкиот план „Stellantis Dare Forward 2030“, кој е насочен кон електрификација на производната гама на возила од сите марки кои работат во ...