
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од ...
Вооружени лица со маски утрово извршиле напад врз лице од обезбедувањето на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати во Топанско Поле. Како што соопшти полицијата поради случката изутринава бил затворен сообраќајот во делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот. Фејсбук страната Зоом.мк објави видео од денешното ...
Скопје денеска е трет ден во блокади. Приватните автобуси кои беа дел од градскиот превоз веќе три дена со паркирани возила ги блокираат клучните автобуси во градот поради што сообраќајот во главниот град е хаотичен, а граѓаните трошат повеќе време за да стигнат на работа или на посакуваната дестинација. Според изјавите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, тие нема да се откажат додека Градот Скопје не им го исплати ...
Амбасадорката на САД во земјава Аџела Агелер синоќа во телевизиско гостување вели дека е збунувачки процесот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потенцирајќи дека корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија. Таа, осврнувајќи се на корупцијата во земјава рече дека нејзиното мислење е рефлексија на она што го кажуваат од луѓето во оваа земја, дека корупцијата е ...
Кинеските власти одлучија да ги олеснат мерките за карантин за заразените со коронавирус. Надлежните велат дека луѓето со асимптоматски или благ коронавирус сега ќе можат да бидат ставени во карантин дома, наместо во државни институции, што значително ќе ја олесни политиката „нулта ковид“, која предизвика гнев кај населението по неколкумесечни ограничувања. Новите мерки ќе значат дека оние кои ги чувствуваат симптомите на Ковид 19 ќе можат да ...
Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје. Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци ...
Во тешка сообраќајна несреќа во скопско Козле синоќа загина малолетно момче кое возело мотор хонда. Момчето загинало на лице место по судар во кој учествувале и автомобили ситроен и мини купер. МВР објави соопштение дека е извршен увид и е отворена истрага: -На 05.12.2022 околу 20.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, ...
Околу 200 автобуси и денеска се поставени на крстосницата кај Мавровка и кај Црвен крст, како и на булеварот Илинденска. Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје. Од Град Скопје највија дека денеска на прес-конференција ќе излезат со свој став. Вчера министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во телевизико гостување рече дека решение за проблемот на ...
Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на ...
Екипи на сообраќајната полиција, како што беше и најавено, го регулираат сообраќајот на булеварот „Илинден“ и тоа од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосницата со „8 Септември“, како и на крстосницата од улицата „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ и крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“, кај Судска палата. Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, вчера најави можна ...
Полицијата привела осумнаесетгодишен жител на Кочани, поради основано сомнение дека тој е крадецот на возилото на Итната помош, кое вчера во зори „исчезна“ од кругот на Општата болница во градот. „По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска ...
Рускиот претседател Владимир Путин наводно на германскиот канцелар Олаф Шолц му кажал дека масовните напади на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина се „неопходни и неизбежни“, додека Шолц побарал од Путин да ги повлече своите војници од Украина за да се постигне „дипломатско решение“. Како што соопшти вчера Кремљ, во разговорот што Путин го имал со Шолц, рускиот претседател ја осудил „деструктивната“ позиција на Западот, кој го ...
Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје утрово почна состанок помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов. Средбата се одржува врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза ...
„Подготвен сум да разговарам со Путин ако всушност постои интерес тој да одлучи дека бара начин да стави крај на војната. Тој сè уште не го сторил тоа“, порача американскиот претседател Бајден по вчерашната средба со францускиот колега Макрон Американскиот претседател Џо Бајден ја покрена можноста за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за преговарање за завршување на војната на Москва против Украина, но рече дека допрва треба да види ...
Координативното тело на приватните превозници одлучи утре со почеток од 6 часот наутро да ја блокира улицата Илинденска од семафорите кај Влада до семафорите кај МИ-ДА во двата правци. Ќе се блокираат само десните ленти од коловозот, соопшти денеска на прес-конференција Ленин Јовановски од „Слобода превоз“. Тој посочи дека не сакаат да направат никаде проблем се додека може да се поднесе оваа состојба. Јовановски откри дека директорот на ...
Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид, пренесува Ројтерс. Станува збор за писмо-бомба, а еден вработен во амбасадата е повреден. Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол. Ројтерс јавува дека вработениот во амбасадата е полесно повреден и моментално е во болница. Според извори на кои се повикува Ефе, писмото бил адресирано до амбасадорот и не поминало низ скенерот, туку го отворил чувар ...
Судот пресуди дека Тот починал како последица од ударите на Аџело, Андреј и Климентина која го удирала додека тој веќе лежел мртов на земја. Причината – банална – кавгата околу тоа кој ќе се вози со таксито. Анџело Ѓеоргиевски и Климентина Лефковска добија по 18 години затвор, а Андреј Костовски 16 години. За овие високи казни, судот ги зел в предвид олеснителните, но и отежнувачките околности, како што се фактот дека криеле од итната помош дека ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека дијалогот со Русија повеќе не функционира и дека мора да и се помогне на Украина со системи за противвоздушна одбрана. Столтенберг подвлече дека се неопходни контакти со Русија за да се намалат ризиците на инциденти, а во случајот тие да настанат, не треба да им се овозможи да излезат од контрола. „Во име на НАТО морам да кажам дека со години се трудевме да изградиме конструктивни односи ...
Катастарските услуги поскапени од 25 до 30%. Зголемените трошоци за струја и одржување на софтверот се главните причини за порастот на цените. Првиот човек на оваа институција уверува дека дел од услугите се намалени, кај дел цената останала непроменета, а впечатокот дека поскапувањето е големо се добива затоа што услугите се сублимирани, односно наместо 5 сега има 2 тарифници. З Вадењето имотен лист и лист за предбележување од 180 сега чини 250 ...
Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет. Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната 421 седница на Советот. – Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судски совет. За причините ќе бидете информирани преку соопштение, изјави Црвенковска на почетокот на денешната седница. Заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми, рече дека не бил запознаен со оваа одлука и ...
Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вчера ...
Приватните превозници утрово ја блокираа крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје. Велат дека го блокираат градот бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не им го плаќа долгот од 1,5 милион евра, ги остави без леб нивните семејства, нема слух за нив, шири лаги и го доведе јавниот превоз во колапс. Најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се ...
Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица. 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз. Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. Девојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобила со повреди. На местото на настанот ...
Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица. – Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови ...
Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на “Мажи на годината“ во Македонија. Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда. Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата. ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако сè уште не бил дипломиран, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа. „Од документацијата со која ...
Бугарите сочинуваат 84,6 отсто од населението, втора етничка група се Турците со 8,4, а трета Ромите со 4,4 отсто од оние што се изјасниле на пописот. За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со ...
Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин ...
Двете здрженија на градски превозници за пет години не пријавиле ниту еден продаден билет, а во ЈСП ги пријавувале само изминатите километри или вкупно околу 400 000 километри месечно за што од ЈСП фактурирале соодветна сума на пари, односно по 400 000 евра месечно. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција излезе со тврдења дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници „Макекспрес“ и „Слобода ...
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом. Тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, ...