На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати. Поранешниот премиер и сè уште актуелен лидер, Димитар Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција во ...

Според информации во повеќе медиуми, веќе е направена конечната поделба на директорки и заменик директорски места во новата владина коалиција. Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ ќе управува со МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Управа за водење на мМатичните книги, Државните резерви Но ВЛЕН ќе добие директорско место и во Филхармонија институција што до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во ...

Со 88 гласа “за” пред 3 часот ноќеска беше изгласан Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата на владата се зголемува за 25% односно од 16 на 20. Во двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, им се приклучи Европскиот фронт на ДУИ и ги обезбеди клучните гласови за промена на составот на владата. Пресвртот се случи претходно кога пратенички делегации на ВМРО-ДПМНЕ и ...

Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели Африм Гаши во објавата на неговиот фејсбук-профил. Тој додаде дека неговата ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска на пладне, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој вчера ги поднесе во собрание законските измени со кои треба да се реформираат министерствата и да се формираат нови. Очекува измените да бидат изгласани најдоцна во вторник. Собранието во петок, по скратена постапка, ќе расправа за законските измени што ги предложи ...

Причините за изборните порази на СДСМ во 2021 г. на тогашните локални избори и на последните парламентарни и претседателски лежат во разлојувањето на членството и не надминатите внатрепартиски пропусти во меѓувреме. Ова денеска го изјави ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска по поднесувањето на кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во партиското седиште. Излезот од ваквата ...

Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња. „Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението. Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“. „Ние ќе ги ...

Почитувани членови и симпатизери на СДСМ, Почитувани граѓани, По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на престојните внатрепартиски избори. Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината ...

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа. Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или ...

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година: – на ...

Како што најави ТВ21, убиство утрово се случило во Боговиње. Според информациите, убиен е 47-годишен маж со иницијали А.Ј. Најпрво настанала вербална расправија, по што М.М. (50) го убил, а веднаш бил приведен од полицијата. „Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој ...

Поминаа повеќе од два месеци од исчезнувањето на малата Данка Илиќ, за која подоцна беше откриено дека е убиена. Данка ја усмртија Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, двајцата на возраст од 50 години, кои се вработени во ЈКП „Водовод“ во Бор. Тој ден биле на работна задача и со службеното возило ја удриле малата Данка, по што ја удавиле во автомобилот и ја фрлиле во блиската депонија. Еден од осомничените, најверојатно со нечија помош, два ...

Околу 15 илјади ученици што завршуваат средно образование денеска ги исполнија холовите и салите во училиштата и го полагаа првиот од двата екстерни испита од државната матура – Мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој е организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по Македонски јазик и литература, 4 189 за Албански јазик и литература и 315 кандидати за ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 ...

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до ...

Лидерот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити тврди дека другата коалиција од албанскиот блок, предводена од ДУИ, не се обединила на идеолошка основа, туку за да опстанат и да бидат дел од Владата. Во интервју за албанската телевизија „A2CNN“, Меџити порачал дека од 18 пратеници на Европскиот фронт во Собранието, 3-4 пратеници веќе се дел од новото мнозинство, без притоа да спомене кои се имињата. „Европскиот фронт ...

Оркестрирана хајка се води против државната Кардиохирургија. Некој сака да ја уништи Клиниката и нејзиниот углед, но тоа вработените нема да го дозволат вели разрешениот директор на оваа установа др.Марјан Шокаровски. Кардиохирургот пред неколку денови беше обвинет од министерот во заминување Илир Демири дека на Кардиохирургија се оперирале фантомски пациенти, но и дека смртноста во последните месеци е зголемена.Министерот таа анализа не ја ...

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор. За Европскиот фронт, според Ахмети, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата. Ахмети ги повика граѓаните да се приклучат на Европскиот фронт во битката за почитување на ...

Членот и замени-претседател на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, кој е второосомничен во истрагата за примање поткуп со врховниот суд Наке Георгиев, не би требало да учествува во работата Советот и во носењето одлуки. Ова е препораката на неговите колеги кои денеска на седница дискутираа за постапката против Мемети, кои дополнително во своите излагања образложија дека во моментов немаат законска можност да го разрешат од функцијата, ...

Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, дознава Курир. Како што дознаваме, малолетниот осомничен се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград. Како што дознаваме, малолетниците се осомничени дека со неколку удари ...

Поради кандидатурата за претседател на Собранието на РСМ, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не ...

Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток, на 23 мај во 16:00 часот по средноевропско време, треба да започне расправата за Предлогот за резолуција за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше спонзорирана од триесет земји. ...

Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот, објави Слободен печат. Според информациите, нивната состојба е стабилна, а неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Потврда за пожарот стигна и од МВР: „Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа ...

Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка извршен е во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Има сомнение дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на водачот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа. Во интервју за Си-Ен-Ен, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав ...

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Euractiv“ дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во време на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор. Новата дипломатска криза меѓу двете земји избувна откако новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која доаѓа од националистичката ...

Кавадаречката полиција синоќа привела 35-годишен маж од Кавадарци кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот на општината, Митко Јанчев. Инцидентот се случил во угостителски објект. „Синоќа во 23:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н. (35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј. (43) од Кавадарци и му упатил закани“,информираат од МВР за МИА. ...

Верувам дека Албанците ќе имаат претседател на Собрание и значителен број министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари. -Верувам дека една од трите главни функции на државата, имено претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено таму каде што имаме експерти, ние како партија ВЛЕН ќе ги именуваме. Верувам дека таму застапеноста ќе биде достоинствена, со стручни луѓе – рече тој. ...

Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски мирно ја поминал првата ноќ во затворот „Скопје“, каде што синоќа беше спроведен по екстрадицијата од Турција извршена во текот на вчерашниот ден. Палевски, како што вели за „360 степени“ директорот на затворот во скопската населба Шуто Оризари, Филип Андов, е примен во затворот и досега се нема пожалено на некакви здравствени ...

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера веднаш до нејзиното гаражно место, каде што го паркира приватното возило, пронашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож, дознава „360 степени“. Претседателката на Уставен случајот го пријавила во полиција, од каде што ни го потврдија настанот и велат дека за него е известен надлежен јавен обвинител. Дополнително, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
45%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.54
48%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
48%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
42%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
49%
1018
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
33%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
43%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.5468

Currency

70.6914

Currency

37.1085

Currency

37.9577

Currency

66.6814

Currency

7.69578

Currency

0.6815

Currency

0.33014

Currency

0.52523

Currency

1.17646

Currency

0.56447

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Паладиум

48786.01

Бакар

11.79

Калај

48.20

Злато

166450.52

Алуминиум

3.51

Платина

65716.13

Родиум

327937.62

Рутениум

56199.51

Цинк

3.30

Кобалт

45.39