Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со срество за убивање паразити. Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано. Како што пишуваат медиумите во Србија, мајката се капела себе си и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и ...
Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево. Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено ...
Европската Унија очекува од новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, рече денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано. Стано, на новинарско прашање да ги повтори позициите на ЕУ во однос на условите за натамошен напредок на Северна Македонија кон европската интеграција, рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ќе го оствари првиот официјален настан по преземањето на функцијата. Како што информираат од Кабинетот, таа во 14:00 часот ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје. Државава вчера го доби шестиот претседател и воедно прва претседателка од ...
Од партијата жестоко ги отфрлија неоснованите обинувања и тактиките за поттикнување на страв која според нив ги користи Демократската унија за интеграции, а притоа изјавија и дека македонскиот народ непосредно на избори се изјаснил преку демократскиот процес, а секој обид за поткопување на неговата волја, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив. „Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на ...
Ќерката на новоизбраната претседателка на Македонија Гордана, Марија Давкова Јордановска, објави песна и моќна порака на својот фејсбук профил. Имено таа сподели музичко видео од Бигорскиот манастир со наслов „Разумна молитва“ и посака просперитет за земјава. – Нека убоста и просперитетот бидат главната одлика на нашата земја во наредните години, декади и столетија, драги земјаци. А слогата и соживотот нека постанат наша навика. Амин! – ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ честиташе на Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори. „Честитки за Гордана Силјановска Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги ...
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честита победата на претседателските избори на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Гир додава оти со новата шефица на државата очекува тесна соработка за европската иднина на С Македонија. „Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за ...
Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со ...
Според последните податоци и симулацијата на ДИК, нема промени во бројот на пратенички места што ги освои СДСМ – 18, а идентичен е случајот и кај коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, која, како што покажуваат првичните резултати, останува со 19 пратеника ВМРО-ДПМНЕ има освоени 58 мандати во новиот пратенички состав. Ова го покажува последната симулација на Државната изборна комисија (ДИК), објавена утрово врз основа на обработени ...
Од обработени 92,13 отсто или 3 232 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори е 4,32 отсто. За парламентарните избори на обработени 92,87 отсто или 3229 избирачки места од вкупно 3477 места излезеноста до 9 часот, според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, кои се ажурираат сукцесивно, излезеноста до 9 часот е 4,70 отсто. Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по два часа ...
Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница. Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип. Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ ...
Обвинителен предлог против актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, неговиот претходник на функцијата Дарко Каевски, како и за првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и за уште 9 лица е поднесен во врска со доделувањето на таканаречените спортски ваучери. Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење. „Постапувајќи по ...
Традиционално и оваа година на 7 мај, во градот на поезијата, во Струга ќе се одржи сенародната Струшка Еордија (Литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, неговата чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Богородица. На раскошно украсени епитафи, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, ...
Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување како што пренесува ФОКУС денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите: –Светол патот, татко мој. Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност. Како што во минатото за ,,Фокус” изјави сопругот на ...
Србија денеска (5 мај) одбележуваат една година од масовното убиство во основното училиште во центарот на Белград. Годишнината се одбележува со еднодневна комеморативна програма наречена „Будење“. Пред училиштето „Владислав Рибникар“ се собираат голем број роднини и пријатели на убиените, како и граѓани кои во текот на целиот ден ќе може да остават цвеќе и да се запишат во спомен книгата за сеќавање на деветте ученици и училишниот чувар кои ...
Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски. На Фејсбук статус Лога напиша: „Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“ Палевски е осомничен за двете убиства на ...
Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово окол во 7.42 минути е регистриран во регионот на Кладово во Србија, соопшти српскиот хидрометереолошки завод. Интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје. Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета. Земјотресот што го погоди Кладово е ...
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија. Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна ...
Од вчера има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата. Новите цени се повисоки за 15 отсто и се однесуваат за автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста. Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари, според новите цени за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Оние со возила со мотор од 55 ...
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот ...
Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни. Со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше ...
Првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија донесе убедливо водство на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова и неочекувано лоши резултати за актуелниот претседател, Стево Пендаровски кој останува во трката за втор мандат. „Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај“, порача Пендаровски, откако стана извесно дека неговата противкандидатка има двојна ...
Излезеноста на гласање во првиот круг од претседателските избори до 9 часот изнесува 3,85 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кажа дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места. До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на Комисијата, сите гласачки места се отвориле навреме. ...
Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во четвртата изборна единица, Венко Филипче, денеска во објава на Фејсбук најави дека ќе го тужи за клевета својот противник во истата изборна единица од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Ова следува откако Николоски од посетата на село Новаци, меѓу другото, говорејќи за носителот на СДСМ во „четворката“, праша од каде му се пари за хациенда на Водно и дали со ...
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во ...
„Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот. Тие се чудовишта, тоа што го доживуваме цело време е неописливо. Само родител може да го разбере тоа“, изјави за „Телеграф“ Милош Илиќ, таткото на убиената двегодишна Данка. Тој заедно со сопругата Ивана дојде во Вишото јавно обвинителство во Зајечар да даде исказ. Несреќниот татко и мајка беа во солзи. -Полицијата ни дојде неколку пати, ѝ ги одзеде работите ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави тужба за клевета против скопската градоначалничка, Данела Арсовска. – Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска – изјави денеска министерката Костадиновска-Стојчевска. Според неа, обвинувањата дека таа знаела за пожарот, но не пријавила веднаш, се само измислена приказна. – Таа самата детално ќе објасни во ...
„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти гневни на министерот Демири зашто се обидел да ги исполитизира нивните барања. Младите специјализанти продолжуваат со штрајкот. Тие се револтирани и се чувствуваат понижени. Велат дека тие ја работат „измеќарската работа што докторите не сакаат да ја работат“, вклучително со целата административна работа, а дежурствата им се исплаќаат со редовно доцнење.Револтот им е ...
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството. Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените. – Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ. Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се ...