Полс Сколс отворено го критикуваше Лисандро Мартинез пред дербито со Манчестер Сити и прогнозираше дека ќе заврши во мрежата заедно со топкта која ќе ја испрати во гол Ерлинг Халанд, но бидејќи се случи сосема спротивното на теренот, легендарниот играч за врска мораше да го „голта јазикот“. Аргентинскиот стопер одигра извонредно во друштво на Хари Мегваер и поставија непробоен ѕид пред голот на Ламенс, па тоа го охрабри Мартинез да се огласи ...

Новак Ѓоковиќ беше доста расположен за зборување по убедливата победа која ја оствари на стартот на Аустралијан Опен, грен слем кој го почна со сигурно издание против Педро Мартинез. Српскиот тенисер му препушти само седум гејма на Шпанецот во текот на сите три сета и покажа дека може да игра извонредно на омилениот терен и во 38-та година од животот, а покрај тоа што извлече позитивни заклучоци за своето издание, Ноле го привлече вниманието ...

Манчестер Јунајтед на идеален начин ја започна приказната со Мајкл Керик, легендата на клубот кој прифати да го води истиот до крајот на сезоната како замена за Рубен Аморим. „Црвените ѓаволи“ делуваат квалитетно, организирано и заслужено го добија Манчестер Сити со 2-0 на „Олд Трафорд“. Летното засилување Матеус Куња го започна овој меч од клупата, но по влегувањето во игра даде значаен придонес за резултатот кој донесе радост во црвениот ...

Брахим Дијаз можеше да биде херој и вистински јунак на милиони Мароканци кои 50 години чекаат на титула на Африканскиот куп на нации, но наместо тоа, ѕвездата на Реал Мадрид се претвори во трагичар кој уште долго нема да може да спие по случувањата во Рабат. Мароко доби пенал во 98-та минута и тоа требаше да претставува последна акција која ќе се види во финалето на АФКОН, а после хаосот кој настана на теренот и 20-минутната пауза поради ...

Робин Ван Перси не е премногу дарежлив кон својот син Шекил и го тера да ја заслужи и најминималната минутажа која ја добива, но младиот 19-годишен напаѓач конечно ги дочека своите „пет минути“ и ги постигна првите голови за првиот тим на Феенорд. Великанот од Ротердам загуби од Спарта во градското дерби во неверојатен меч со 3:4, а младиот Ван Перси режираше две импресивни ситуации по влегувањето во игра. Шекил постигна два неверојатни гола ...

Евролигата ни носи ново двојно коло, поточно многу натпревари кои од денеска до петок ќе се одиграа ширум арените на стариот континент. Меѓутоа пред сите тие битки како одлична најава, загревање ги имаме топ десет потезите кои го одбележаа 22. коло. Позицијата број еден е резервирана за членот на Монако, Хејс со блокадата над Роден во француското дерби со Париз. Евролигата ни носи ново двојно коло, поточно многу натпревари кои од денеска до ...

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп испрати јасна порака кога е во прашање неговата иднина и последните информации дека Реал Мадрид посакува да ги обезбеди неговите услуги. Клоп по завршувањето на приказната со „црвените“ од „Енфилд Роуд“ доби интересна улога во фудбалскиот сектор во Ред Бул, улога која му носи мир, спокојство, улога која му дава поголема слобода, одмор и засега не планира да им се врати на ...

Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Селекцијата на Романија е последниот предизвик за Македонија во првата фаза на Европското првенство кое се игра во Данска, Норвешка и Шведска. Овој дуел за нас доаѓа по квалитетното издание против фаворизираната Португалија каде останавме непоразени (29-29), резултат со кој останавме во игра за место во наредната рунда на шампионатот. Мечот со Романија мора да го добиеме од повеќе ...

Екипата на Комо лесно се рехабилитираше од поразот од Милан и вечерва му одржа лекција на Лацио во последниот натпревар од 21. коло во Серија А. Тимот кој го предводи Сеск Фабрегас славеше со убедливи 3-0 на „Олимпико“ и се зацврсти на шестата позиција на табелата со 37 бода. Во елемент беа Паз и Батурина, Аргентинецот даде два гола, ама и не реализираше удар од единаесет метри, додека Хрватот даде гол и запиша магична асистенција за Нико во ...

Шкендија Арачиново има јасна цел да избори пласман во Првата македонска лига, а тоа уште еднаш го потврдува и последниот потег, ангажманот на искусниот Ален Јашароски. Јашароски е добро познато име на домашната сцена, напаѓач кој има играно за доста клубови, а еден период настапуваше и во Косово каде беше дел од Приштина. Ако биде на посакуваното ниво, неговото знаење, голгетерски инстинкт може да биде од огромно значање за Шкендија на патот ...

Германија го доби дербито со Шпанија (34:32), резултат од кој настрада Србија која официјално е елиминирана од Европското првенство. Србите претходно неочекувано загубија од Австрија и од соочувањето меѓу Германија и Шпанија им одговараше само еден епилог, триумф на „црвената фурија“. Тоа не се случи, па избраниците на Раул Гонзалес го завршуваат турнирот по само три натпревари или поточно залудна беше големата победа над Германија. Инаку ...

Македонија утре го игра последниот натпревар од првата фаза на Европското ракометно првенство, меч со Романија на кој мораме да забележиме победа и со тоа докрај да останеме во игра за место во наредната рунда. Средбата во Хернинг е закажана за 18 часот, а ЕХФ веќе ги одреди арбитрите за ова соочување. Како и на дуелот со Португалија одново ќе имаме судии од Балканот, овојпат тоа е комбинацијата од Словенија, Бојан Лах и Давид Сок. Тоа се ...

НБА лигата ги објави стартерите за Ол-старот во Лос Анџелес, собирот на најголемите ѕвезди кој ќе го предводат Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс и Јани Адетокумно од Милвоки Бакс. Вкупно десет имиња се познати или поточно по пет од Западот и уште толку од источната конференција. Освен Лука тука се Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Шеј Гилџес Александер и Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс. 2026 WEST NBA ALL-STAR STARTERS: 🌟Nikola Jokic 🌟Luka ...

Барселона ќе направи неколку промени во играчкиот кадар кога е во прашање овој преоден рок, доведен беше Жоао Кансело од Ал Хилал и кога се во прашање засилувањата тоа треба да биде последно, но кога станува збор за заминувања таа листа може да биде подолго. Талентираниот Дро Фернандез се очекува да потпише за ПСЖ, има уште некои имиња кои висат, а она кое би требало да биде потврдено е трансферот на капитенот Марк Андре Тер Штеген. ...

Србија пред два дена направи големо изнадување со победата над Германија (30:27), но наместо вечерва тој резултат да биде потврден со победа над Австрија, избраниците на Раул Гонзалес направија кикс кој може да ги елиминира од Европското првенство. Нашите северни соседи не ја оправдаа улогата на фаворити и претрпе пораз од Австријците со 26:25 и сега зависат од Шпанија или поточно ќе чекаат триумф на „црвенета фурија“ над Германците. Секој ...

Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Романија е последниот предизвик за македонската ракометна репрезентација во Б групата на Европското првенство. Романиците загубија од Данска и Португалија и тоа во мечеви во кои примија по 40 голови (39:24 и 40:34), додека ние претрпевме пораз од ко-домаќинот на овој настан, а ремизиравме со Португалците со што се уште имаме шанси за пласман во наредната фаза. Потребна ни е победа, ...

Манчестер Сити комплетираше уште една трансфер операција во овој преоден рок или поточно уште едно квалитетно име пристигна на „Итихад“. Пред некое време „граѓаните“ го довеа Антоан Семењо од редовите на Борнмут, додека пак денеска е потврден потписот на дефанзивецот Марк Геји од редовите на Кристал Палас. Марк е англиски репрезентативец, играч кој минатото лето беше на чекор од преселба во Ливерпул, играч кој кој го изминатиов период го ...

Тимот на Пелистер потврди уште две засилувања во овој зимски преоден рок, еден домашен и еден странски фудбалер. Клубот од Битола е посилен за Томче Гроздановски, играч кој по епизодата во Романија во Конкордија се враќа на домашната сцена. -Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот. Дел од ...

Екипата на МЗТ Скопје одлучи да се раздели со еден од македонските играчи-тоа е центарот Оливер Двојаковски. Двојаковски пристигна во таборот на „штрковите“ во вториот дел од минатата сезона, но никогаш немаше забележителна улога во клубот од Аеродром. -Му се заблагодаруваме за ангажманот и професионалниот пристап во периодот поминат во редовите на нашиот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера, -порачаа металците. МЗТ ...

Македонската ракометна репрезентација одигра рамноправен натпревар со Португалија и остана непоразена на вчерашната пресметка во Хернинг со што ги задржавме шансите за пласман во втората фаза на Европското првенство. Против Португалците покажавме карактер, се боревме до самиот крај што секако е потврда дека се движиме во посакуваниот правец затоа што селекцијата од Пиринеите важи за една за најдобрите на стариот континент и на светот. ...

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски се најде во фокусот на ЕХФ со еден од најдобрите одбрани на денот на Европското првенство. Томовски бранеше одлично во финишот од средбата со Португалија, а онаа негова завршна интеревенција се најде во Топ 5 изборот. Тука се уште мајсториите во режија на голманот Валах кој брани за Полска, но и Ебнер, Јакобсен и Портнер. Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски се најде во ...

НБА лигата ни донесе нови натпревари, нова магија, мајстории и екстра моменти кои ги кренаа на нозе кошаркарските фанови. И овојпат имаме топ листа со најквалитетните потези, листа на која се десет акции, ситуации кои оставија најголем впечаток претходниов ден. Местото број еден е резервирано за Сабонис со атракцијата над 216 сантиметри високиот Хансен од Портланд. НБА лигата ни донесе нови натпревари, нова магија, мајстории и екстра ...

Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Македонскиот стручен штаб и македонските ракометари се подготвуваат за последната пречка во првата фаза на Европското првенство, а по одличните впечатоци кои ги оставија на мечот со Португалија, јасно е дека апетитите растат за прва победа. Романија е селекција која мора да се респектира и која не смее да се потцени, но од друга страна, селекторот Лазаров нагласи дека квалитетот е на ...

Килијан Мбапе му правеше друштво на Алваро Арбелоа на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот со Монако, натпревар кој е дел од претпоследната рунда од првата фаза во Лигата на шампиони. По непријатните сцени од саботата, ѕвездите на Реал повторно ќе играат на домашен терен и очекува да се види каква ќе биде реакцијата од „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој изминатиот викенд беа посебно прозвани две ѕвезди. Винисиус Жуниор го извлече ...

Бафоде Диаките од стартот на оваа сезона е член на англискиот премиерлигаш Борнмут, но уште пред да направи трансфер во Англија, младиот стопер го привлече вниманието со своите изданија за Лил. Французинот посебно го привлече вниманието минатата сезона кога играше против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, или поточно во ситуација кога влезе во жолчна расправија со Антонио Ридигер, која на крајот заврши и со бизарен инцидент. Во обид да се ...

Фуксе Берлин ја освои својата прва историска шампионска титула во Бундеслигата со драматична победа во послендното коло, а трофејот кој претставуавше симбол за оставрен успех во музејот на клубот сосема неочекувано беше украден во месец ноември минатата година. Германскиот клуб и откри на јавноста дека останал без шампионскиот трофеј откако двајца мажи упаднале и го украле посакуваниот плен од клупските простории, но речиси три месеци ...

Четвртфиналната фаза во Копа дел Реј донесе осум тима кои влегоа во завршницата на најмасовното натпреварување во Шпанија, а ова попладне беше извршена и ждрешка во седиштето на шпанската Федерација. Тимот кој ја направи најголемата сензација во осминафиналето ќе има шанса за нов натпревар на домашен терен, со тоа што судбината повторно посака да пречека великан од највисок можен калибар. Албасете во четвртфиналната рунда ќе го предизвика ...

Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Филип Кузмановски одигра рекорден натпревар во дресот на македонската репрезентација на едно Европско првенство, бидејќи со 15 голови беше лидер на тимот кој направи извонреден кам-бек против Португалија. Избраниците на Кирил Лазаров се вратија од „минус пет“ и освоија бод против фаворизираниот противник, па еден ден по случувањата во Хернинг, ракометарите полека се подготвуваат за она ...

Новак Ѓоковиќ е убедливо најголемиот шампион на Аустралијан Опен, а како играч кој секогаш е посебно инспириран да игра во Мелбурн, Србинот беше максимално мотивиран и на стартот на годинешното издание. Големиот грен слем рекордер се прикажа во навистина импресивено издание на стартот на првиот грен слем во 2026-та година, не само поради високиот процент на прв сервис и агресивната игра, туку и поради неверојатните поени кои ги освои во ...

Рома му се реваншираше на Торино за елиминацијата во Купот и вчера успеа да слави на гостински терен со 0:2, победа со која „волчицата“ се осамостои на четвртото место на табелата во Серија А. Џан Пјеро Гасперини уште на првиот натпревар увиде дека добива големо засилување во Дониел Мален, а ако го поштедат повредите, за очекување е да одигра и круцијална улога во обидот да се обезбеди влез во Лигата на шампиони до крајот на сезоната. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
10.29
71%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.17
76%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.77
100%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
993
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
8.05
77%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
97%
1005
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
96%
998
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51