Барселона повторно остана покуса за гол поради милиметарски офасјд, но сликата која беше објавена од ВАР во ТВ пренесот дефинитивно не ги убеди фановите дека станува збор за недозволена позиција. Феран Торес мајсторски погоди по додавањето од Педри за 2:0, па иако напаѓачот силно се израдува на постигнатиот гол, судиите го разочараа со подигната рака за офсајд. Барселона до крајот успеа да го зачува минималното водство и победи против Селта ...

Еурофарм Пелистер ќе мора достојно да ја испрати сезоната до самиот крај без оглед на тоа што истата е разочарувачка, па во денови кога се чекаат информации за тренерот кој ќе треба да го води тимот наредната сезона, од Битола пристигна вест која е навистина позитивна за фановите. Пелистер веќе успеа да „врзе“ неколку клучни фигури од актуелниот тим, а денеска ја информираше јавноста дека му е продолжен договорот и на човекот кој е заштитен ...

ФФМ ја затвори 2025-та година со покрената постапка против Муамед Сејдини за проневера на 700 илјади евра од касата на Федерацијата, а набрзо после тоа, го суспендираше поранешниот претседател од вршење на било каква фудбалска дејност во период од две години. Со ова решение, Фудбалската Федерација ги заврши своите ингеренции и го префрли случајот на Сејдини до повисоко законодавни инстанци, но ова утро пристигна информација дека ...

Македонските кадети запишаа втора убедлива победа на Светското првенство во училишен спорт кое се одржува во Скопје, а оваа утрово беше уште поуверлива од онаа над Бугарија остварена вчера. По високите 15 разлика против нашиот сосед, избраниците на Горан Кузманоски се прикажаа во уште подобро светло денеска против Грузија, селекција која беше единствена која ја познаваат нашите ракометари од сите преостанати четири во групата. Иако во ...

Лацио во три наврати испушташе предност во двомечот против Аталанта и мораше да се брани во дополнителните 30 минути игра, но откако успеа во таквата намера, стигна до пенал рулетот во кој во голем херој прерасна Едоардо Мота. Голманот кој пристигна како принудно решение на крајот на зимскиот преоден рок се покажува како добра инвестиција во овој момент, од едноставна причина што со две раце ја зграби шансата која му се укажа по тешката ...

Шеј Гилџус-Александер е главен фаворит за МВП наградата во регуларниот дел од сезоната, а ако продолжи како на стартот во плејофот, има големи шанси да конкурира за такво нешто и за најважниот дел од сезоната. Ѕвездата на Оклахома продолжува онаму кадешто застана и го водеше својот тим до нова победа над Феникс, по која Оклахома го заврши првиот дел од серијата со одбранет домашен терен. Триумфот од 120:107 донесе предност од 2:0 за ...

Хетафе ја продолжи својата извонредна серија во вториот дел од сезоната и се искачи до високото шесто место на табелата, откако вчера на гостински терен успеа да го освои и новиот шампион во Копа дел Реј. Во натпревар во кој гостите од Мадрид не испратија ниту еден директен удар кон голот, на крајот славеа со 0:1 благодарение на автоголот кој си го постигнаа домаќините, а во ситуација кога Реал Сосиедад направи повеќе од доволно за да ...

Тимот на Сеск Фабрегас двапати сериозно го тестираше Интер во период од десет дена и покажа дека може да се надигрува со најдобриот тим во Серија А, но сепак неговиот Комо во два наврати дозволи пресврт и остана со празни раце. Куп пресметката во полуфиналето беше посебно болна за тимот кој е сензација на сезоната во италијанскиот фудбал, но и покрај поразот од 3:2 по водство од 0:2, незадоволството кај Фабре не беше преголемо. Шпанскиот ...

Ерлинг Халанд го постигна голот за победа на Манчестер Сити на гостувањето кај Барнли, погодок кој се покажа како доволен за победа и големи три бода. Сити со новиот триумф се искачи на првото место на табелата и го презема врвот од Арсенал после долго време, но дури и во моменти кога „граѓаните“ дојдоа до местото за кое долго копнеат, новинарите сметаа дека избраниците на Пеп Гвардиола пропуштија голема шанса да ја поправат гол разликата. ...

Серж Гнабри беше важна алка од стартниот тим на Баерн Минхен од стартот на сезоната, а кога тимот дојде во ситуација да се бори за сите трофеи, офанзивниот фудбалер остана без шанса да биде на теренот. Гнабри се повреди на тренингот минатиот петок и не беше во можност да биде на теренот кога Баерн ја потврди титулата во Бундеслигата, но поради тежината на проблемот, тој ќе биде во аут до крајот на сезоната. Скинатиот мускул значи дека Гнабри ...

Челси продолжи да тоне во Премиер лигата и против Брајтон го забележа петтиот пораз во низа, лоша серија по која управата реагираше и му врачи отказ на менаџерот Лиам Росениор. „Сините“ покажуваат многу слабости и едноставно не може целата вина да падне брз Росениор затоа што играчите заборавија да постигнуваат голови, односно ако се тргне на страна соочувањето со нисколигашот Порт Вејл (ФА Куп) премиерлигашот е без погодок од соочувањето со ...

Поранешните играчи на Вардар, Мартин Поповски и Филип Талески имаа забележителни изданија во првенствата на Швајцарија и Унгарија. Во плејаутот во Швајцарија, Поповски блескаше во дресот на Сур Арау, беше прв стрелец со седум погодоци, но и тоа не беше доволно за да се дојде до позитивен резултат против Ханбал Штафа. Домаќините триумфираа со 33:32 и израмнија на 2-2 во борбата за опстанок. Татабања пак во унгарското првенство славеше над ...

Екипата на Лацио избори пласман во големото финале на Купот на Италија и тоа откако вечерва успеа да излезе како победник од неверојатната драма против Аталанта во Бергамо. Првата средба во Рим заврши без победник 2-2, резултат кој значеше дека се е отворено на реваншот, но иако домаќините беа доминантни, упатија скоро 30 удари кон голот на противникот, тие беа оние кои со наведната глава мораа да го напуштат теренот. Имено Лацио имаш само ...

Екипата на Лацио избори пласман во големото финале на Купот на Италија и тоа откако вечерва успеа да излезе како победник од неверојатната драма против Аталанта во Бергамо. Првата средба во Рим заврши без победник 2-2, резултат кој значеше дека се е отворено на реваншот, но иако домаќините беа доминантни, упатија скоро 30 удари кон голот на противникот, тие беа оние кои со наведната глава мораа да го напуштат теренот. Имено Лацио имаш само ...

Барселона успеа да дојде до посакуваните три бода во соочувањето со Селта Виго, но оваа победа нема по добро да се памети на „Камп Ноу“. Каталонците славеа со минимални 1-0 и остануваат на плус девет во однос на Реал Мадрид на шест кола до крајот, меѓутоа лоша вест се неколкуте повреди меѓу кои и онаа на Ламин Јамал. Офанзивецот се избори за пенал во 40 минута, реализираше и се повреди и мораше да го напушти теренот, а првите вести се ...

Баерн Минхен е првиот финалист во Купот на Германија откако вечерва успеа да ја добие битката со Баер Леверкузен на „Бај Арена“, Избраниците на Компани потврдија дека се сила во германскиот фудбал и забележија рутинска победа од 2-0 со по еден гол во двете полувремиња. Кејн на асистенција на Мусиала го отвори резултатот во 22 минута, а точка стави Диаз во 93 на додавање на Горецка. Противник на „баварците“ во финалето во Берлин ќе биде ...

Манчестер Сити од вечерва е нов лидер во Премиер лигата и тоа откако успеа да го совлада Барнли на „Турф Мур“. „Граѓаните“ создадоа многу шанси на ова соочување, меѓутоа ефикасноста не беше на посакуваното ниво и на крајот мораа да се задоволат со минимален триумф од 1-0. Како клучен се покажа голот на Халанд постигнат во петтата минута на асистенција на Доку. Сити сега има 70 бода исто колку што и Арсенал, идентична гол разлика плус 37, ама ...

Екипата на ТФТ загуби од Широки Бријег со 88:69 во првиот натпревар од финалната серија во АБА2 лигата. Македонскиот провлигаш одигра квалитетно прво полувреме и на пауза однесе плус седум (44:37), но по одморот почнаа проблемите за ТФТ кој беше надигра во третиот период со 27:18 за да се потоа целосно се распадне во завршните десет минути кои клубот од БиХ ги доби со 24:7 и на крајот се избори за убедлив триумф од 19 разлика. Говенс со 17 ...

Кошаркарите на Работнички забележаа важен триумф над Чаир 2030 во плејаут сегментот во Суперлигата. Центарците славеа со 94:83 и направија уште еден чекор кон обезбедување на опстанок во најсилната кошаркарска конкуренција. Најмногу, 28 даде најдобриот стрелец во лигата, Виктор Ефремовски (додаде и шест скока и пет асистенции). Грушановиќ додаде 17, Рикиќ имаше 16, Костоски 12, а Робев уште 10.поени. Двоен број на поени – 11, во домашниот тим ...

Џанлуиџи Буфон имаше импресивна кариера, кариерата во која освои голем број на трофеи на клупски и репрезентативен план. Најзначајниот успех, титула дефинитивно е онаа со Италија воо 2006 година, генерацијата која стана светски шампион. Италијаците во тоа финале беа подобри од Франција, финале кое е запаметено по потегот на легендарниот Зинедин Зидан кој во еден момент се „исклучи“ и го „нокаутираше“ Марко Матераци со удар со глава. Оваа ...

Екипата на Пари Сен Жермен ја потврди фаворитската улога и славеше над Нант со 3-0 во заостанатата средба од 26. коло во Лига 1. Се очекуваше реакција од шампионот по поразот од Олимпик Лион, реакција која стигна со сигурен настап и два маестрални погодоци. Резултатот го отвори Кварацхелија со удар од пенал во 13 минута, резултат кој беше активен до 37 кога Дуе со мајсторија ја запали публиката во Париз. На стартот на вториот дел повторно се ...

Македонскиот интернационалец, Агон Елези имаше уште еден забележителен настап во дресот на Сараево, тим за кој беше стрелец на втор меч во низа во првенството на Босна и Херцеговина. Елези во минатата рунда погоди атрактивно против Радник Бијељина, додека пак вечерва ја матираше Слога во убедливиот триумф од 4-0. Елези со мајсторија го најави пресвртот на Сараево (Видео) Агон го отвори резултатот во 37 минута по што стрелаа уште Жоао Педро ...

Ламин Јамал има само 18 години, но иако тинејџер уште сега важи за еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој е одличен во дресот на Барселона, ама и за шпанската репрезентација што е уште една потврда за неговиот квалитет, знаење, ама и потенцијал кој може да го искористи во блиска или подалечна идина. Токму затоа е интересно трдењето на новата ѕвезда на Вилјареал, Жорж Микаутадзе кој тврди дека Рајан Шерки е подобар фудбалер од Јамал. ...

Ромелу Лукаку веќе некое време не го гледаме во дресот на Наполи, а ако што стојат работите и тешко дека ќе го видиме до крајот на сезоната. Тој дури и влезе во конфликт со клубот кога е во прашање неговото закрепкување, враќање во ритам и форма, па на крајот му беше дозволено одново да се врати во Белгија и да работи на себе. Меѓутоа според „ХНЛ“ напаѓачот издржал помалку од еден час пред да заработи повреда на зглобот. Голгетерот работи со ...

Бруно Фернандеш е најдобрата инвестиција на Манчестер Јунајтед во изминативе 10-15 години или поточно по завршувањето на ерата на Алек Фергусон на „Олд Трафорд“. Португалецот секоја сезона е конзистентен, најдобар и прави се што може за „црвените ѓаволи“, меѓутоа самиот тој не е доволен за освојување на пехари и најдобар доказ за тоа се двата пехари на клубов во овој период, ФА и Карабао Купот. Пол Погба кој во минатото беше дел од Јунајтед ...

Тимот на Маџари одигра уште еден ефикасен меч и со победа над директниот конкурент Кожув (114:89) успеа да избори место во полуфиналето на Суперлигата, односно топ 4 пласман и настап во доигрувањето за шампионската титула. Скопскиот тим потврди дека е во одлична форма, повторно реализираше 100+ поени (трет пат на последните четири средби) или поточно ова за нив беше најефикасниот натпревар во тековнава кампања. Најдобрите десет минути ...

Серхио Рамос се уште официјално ја нема завршено својата фудбалска кариера, но веќе некое време нема клуб откако ја заврши приказната со Монтереј од Мексико. Поранешниот шпански репрезентативец сега е максимално фокусиран на еден проект за кој се надева дека ќе донесе подобри времиња за Севилја, неговиот матичен клуб, тим за кој како сениор настапуваше во два мандати. Информациите говорат дека Рамос предводи конзорциум, поддржан од ...

Челси игра очајно во последно време, забележа катастрофални резултати, а големата криза и осумте порази на претходните девет натпревари (во сите конкуренции) ја натераа управата на клубот да го разреши тренерот Лиам Росениор. Оваа одлука е донесена по последниот пораз од Брајтон во Премиер лигата (3-0) или поточно водечките луѓе на клубот се решија да му врачат отказ на човекот на кого му дадоа шестгодишен договор во јануари, го промовираа ...

Реал Мадрид го совлада Алавес (2-1) и на тој начин им се врати на победите во шпанската Примера. „Кралевите“ славеа во натпреварот во кој се слушаа свирежи од публиката на „Бернабеу“ и тоа не за противникот туку за дошаните фудбалери. Еден од оние кои беше таргетиран е Винисиус Жуниор кој пак откако даде мајсториски гол ги крена рацете и одлучи да им се извини на навичите. За оваа ситуација свој збор имаше легендата на Реал, Хосе Марија ...

НБА лигата ни донесе нови натпревари, три битки од плејофот во кои победи остварија екипите на Филаделфија Севентисиксерс, Лос Анџелес Лејкерс и Порланд Трејл Брејзерс. Од битките во Бостон, Сан Антонио и Лос Анџелес ги имаме мајсториите на денот, десетте најквалитетни потези, топ листата која ја предводи асот на „келтите“ Џејлен Браун со бруталното забивање над Адем Бона. НБА лигата ни донесе нови натпревари, три битки од плејофот во кои ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
69%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
67%
1012
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
46%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.34
62%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
53%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7687

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Сребро

2352.10

Злато

146150.13

Паладиум

47518.80

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Бакар

11.87

Калај

49.41

Платина

63401.27

Алуминиум

3.52

Иридиум

253540.09