Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Англија ја очекува настап на уште едно големо натпреварување, настап на Светското првенство на кое е меѓу главните фаворити за освојување на пехарот. Долго време „гордиот албион“ бара успех, пехар на најголемата сцена и првенството во САД, Мексико и Канада е нова можност за успех и тоа под водство на Томас Тухел. Фабио Капело имаше можност во кариерата да ја води Англија, ама не се прослави на функцијата и покрај тоа што на располагање имаше ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше одличен меч, а неговата Валенсија успеа да остане непоразена на гостувањето кај Мајорка во мечот од 33. коло во Примера. Димитриевски беше на висина на задачата и успеа да скроти седум од осумте директни шута, поточно беше немоќен само во 49 минута кога Саму Коста одблиску го матираше со удар со глава. 🧤 ¡¡𝗣𝗮𝗿𝗮𝗱𝗼́𝗻 de Dimitrievski!! ❌ La tuvo Virgili para el segundo del Mallorca ⚽️🟧 EN ...
Вечерва на плоштадот Македонија во Скопје беше свечено отворено Светското училишно првенство во ракомет, настан на кој учество ќе земат 21 држава. Околу 700 млади ракометари и ракометарки од светот ќе учествувата на овој турнир што ќе се одржи од 22 до 28 април во шест скопски сали. Натпреварите се играат во две полувремиња од по 25 миннути, а по групната фаза следува четвртфинале, полуфинале, па финале. Нашите кадети се во група со Грузија, ...
Њукасл е далеку од посакуваната форма и резултати во оваа сезона, сезоната во која се очекуваше клубот да направи нов исчекор напред по освоениот пехар (2024/2025) и обезбедениот пласман во Лигата на шампионите. Меѓутоа иако екипата дојде до осминафиналето на ЛШ, целосно потфрли во ПЛ и во моментов е дури на 14. позиција на табелата. Тимот е во криза, врза три порази во низа, му следи гостување во Лондон кај Арсенал што значи е доста ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје го заборавија драматичниот пораз од ТФТ и славеа над Тиквеш со 102:77 во мечот од третото коло од ТОП 6 сегментот во Суперлигата. Домаќиниот водеше со три разлика по првите десет минути (24:21), но потоа го разби противникот во вториот и третиот период со 28:15 и 30:15 и без проблеми дојде до посакуваниот триумф во СЦ „Јане Сандански“. Дејвис беше најрасположениот играч кај „металците“ со дабл-дабл од 22 поени и 13 ...
Некогашниот НБА шампион, Чикаго Булс ќе добие нов тренер откако досегашниот Били Донован одлучи да стави крај на оваа приказна. „Биковите“ направија „чистка“ на почетокот на овој месец разделувајќи се со потпретседателот за кошаркарски операции и генералниот менаџер, па иако тренерот Донован ја имаше довербата на крајот тој одлучи да се повлече од проектот во кој беше главен на клупата во претходниве шест години. -По серија внимателни и ...
Ливерпул се уште го има статусот на актуелен англиски шампион и тоа ќе биде некаде до крајот или до самиот крај на кампањата по што официјално врвот, круната ќе ја преземе Арсенал или Манчестер Сити. „Црвените“ не се прославија и во останатите натпреварувања и покрај огромните вложувања во летниот преоден рок, па изданијата на екипата донесоа многу прашалници околу иднината на менаџерот Арне Слот. Доста навивачи сметаа/сметаат дека е време на ...
Манчестер Сити го доби неделното дерби со Арсенал и на тој начин комплетно се врати во трката за титулата во Премиер лигата. Меѓутоа соочувањето на „Итихад“ не мина без проблеми за победникот затоа што на повреда се пожали Родри и ја напушти играта во 88 минута. Шпанецот е многу важен играч и неговото отсуство може да биде сериозен хендикеп пред клучниот дел од кампањата, но менаџерот Пеп Гвардиола соопшти добри вести кога е во прашање ...
Денес и утре се играат три натпревари од Премиер лигата, три средби кои се интересни поради различни причини. Челси му гостува на Брајтон со надеж дека конечно ќе стави крај на серијата негативни резултати, низа од четири порази со што направи неколку чекори назад во трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите. Манчестер Сити пак утре му гостува на аутсајдерот Барнли, меч на кој ако победи ќе се изедначи со Арсенал на врвот на ...
Три средби беа на програмата во плејофот во НБА лигата, а победи остварија Кливленд Кавалирс, Атланта Хокс и Минесота Тимбервулвс. Кливленд сега има предност од 2-0 против Торонто Репторс, додека Атланта и Минесота направија брејк и носат позитивни 1-1 против Њујорк Никс и Денвер Нагетс пред двата наредни меча кои ги играат пред своите гледачи. Потегот на денот пак е дело на Никола Јокиќ кој имаше моќна завршница преку Руди Гобер. Три ...
Утре се играа првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, мечеви во кои ГФК Охрид Лихнидос ќе биде домаќин на Силекс, а Шкендија ќе ја пречека Шкендија Арачиново. Ова се битки на прволигаши и второлигаши и останува да видиме каков отпор ќе пружат Охрид и Шкендија, поточно дали можат да направат изненадувања. Одредени се арбитрите кои ќе ја делат правдата, па така на стадинот „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде главен Доне Ристовски, ...
Ханси Флик се уште се рехабилитира од елиминацијата која ја доживеа Барселона во Лигата на шампиони, но по една недела пауза, неговиот тим се враќа на задачите во Ла Лига. Барса има обврска да ја доврши работата до самиот крај и да ја освои титулата во Ла Лига, па бидејќи Ханси како тренер веќе освои голем број трофеи во Каталонија, му недостасува само оној најважниот во Европа. Во пресрет на натпреварот со Селта Виго, Ханси уште еднаш ...
Во моментите кога Арсенал правеше убава разлика пред Манчестер Сити во битката за титулата, Тио Волкот си даде за право да го спореди актуелниот тим на Микел Артета со оној победничкиот на Манчестер Јунајтед од 2008-ма година, па иако во таа прилика доби брутален одговор од Вејн Руни, сега уште пожесток беше Патрис Евра. Како гостин во шоуто на Рио Фердинанд, легендарниот француски лев бек даде уште една фамозна изјава за Арсенал, но овојпат ...
Карлос Алкарас беше главна ѕвезда во Мадрид откако ја освои „Лауреус“ наградата за најдобар машки спортист во 2025-та година, но набрзо откако го доби престижното признание, шпанскиот тенисер ги загрижи новинарите за својата состојба. Алкарас се појави на црвениот тепих во Мадрид со специјална заштита на зглобот на раката и беше лимитиран во намерата да одговори на сите фанови кои бараа автограм од него, а откако беше избран за спортист на ...
Свеченото отворање на Светското училишно првенство во ракомет е закажано за денеска од 19:30 часот на плоштадот Македонија, а веќе утре ќе почнат спортските возбудувања кои ќе траат до 29-ти април. Екпедициите од различни страни ширум светот пристигнаа во македонската престолнина и дознаа како ќе изгледаат групите на натперварувањето во Скопје, па покрај тоа што беше одреден „возниот ред“ за двете кадетски репрезентации на Македонија, денеска ...
Арсен Венгер од стартот на сезоната вели дека Арсенал ќе ја освои титулата во Премиер лигата после 22-годишна пауза, а Французинот цврсто се држи до својот став и по поразот на „топчиите“ на „Итихад“. Арсенал загуби од Манчестер Сити со 2:1 и го префрли притисокот на своја страна пред завршниот спринт во Премиер лигата, во кој лесно може да се случи на крајот да решава и гол разликата. Од неделата наваму, голем број англиски медиуми излегоа ...
Леонардо Бонучи го преживеа почетниот егзодус во италијанската Федерација и планот е да остане дел од спортскиот проект на репрезентацијата, која во скоро време треба да добие целосна реконструкција во вид на нов стручен штаб и најблиски соработници. Прво и основно, Италија ќе мора да именува наслендик на Џенаро Гатузо и селекторското прашање е она кое ќе се решава на Апенините во месец мај, па откако во јавноста излегоа неколку познати ...
По освоеното петто место на Медитеранските игри, македонската кадетска репрезентација е пред ново голем предизвик, односно пред настап на училишниот мундијал кој утре ќе стартува во Скопје. Ракометот како спорт број еден во нашата земја повторно ќе земе голем замав во наредните девет дена, а селекторот на кадетската машка репрезентација верува дека тимот ќе се претстави во најдобро светло пред јавноста. Горан Кузманоски вчера го објави ...
Луис Енрике немаше никаква причина за задоволство по натперварот кој го одигра неговиот ПСЖ против Лион, од една страна поради поразот од 1:2, но пред се поради физичките проблеми на Витиња. Клучниот играч за врска се повреди при еден лош доскок и останува да се види дали ќе успее навреме да се рехабилитира за полуфиналето против Баерн Минхен, па во ситуација кога ова беше главна вест од дербито во Париз, во втор план се најде сцената која ...
Во редот на голем број познати имиња кои направија анализа на големото дерби на „Итихад“ се приклучи и Пол Сколс, кој во својата анализа за случувањата на дербито, издвои неколку имиња кои го одбележаа мечот. Победата од 2:1 на Манчестер Сити ја разгорува битката за титулата повеќе од било кога, но ако Сколс остана воздржан од давање прогнози за тоа кој ќе ја освои титулата, реши да направи анализа на перформансите кои ги понудија главните ...
Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Рубен Аморим на 5-ти јануари и годината ја започна на доста турбулентен начин, но неполни четири месеци подоцна, испадна дека одлуката на водечките луѓе беше навистина добра. Отказот за Аморим пристигна по ремито со Лидс на „Еланд Роуд“, а иако неговиот наследник загуби од истиот тим пред извесно време, мора да се нагласи дека Мајкл Карик целосно го препороди подзаспаниот великан и направи да дојде на ...
Хетафе е еден од тимовите кои непријатно го изненади Реал Мадрид во овој втор дел од сезоната, а победата од 0:1 на „Сантијаго Бернабеу“ на почетокот на месец март донесе и една контроверзна ситуација, по која Диего Рико жестоко го нападна Антонио Ридигер. Дефанзивецот на малиот мадридски тим доби колено во глава од Ридигер и остана во шок поради фактот што Германецот не заработи директен црвен картон, па протестите кои ги започна пред речиси ...
Кадетските репрезентации на Македонија во машка и женска конкуренција вчера ги добија своите групи во пресрет на Светското првенство во училишен спорт, а денеска го дознаа и „возниот ред“ за своите натпревари во групната фаза. Машката кадетска репрезентација водена од селекторот Горан Кузманоски се најде во групата А и ќе ги одмери силите со Бугарија, Грузија и Република Српска, при што ова утро дозна и кои денови ќе ги игра своите ...
Тони Крос беше дел од свечената „Лауреус“ церемонија која синоќа се одржа во Мадрид, манифестација на која Германецот доби специјална награда како спортист кој инспирирал многу млади генерации со наследството кое го остави на фудбалот. Крос реши да се пензионира прилично рано и во моменти кога беше во топ форма, па иако во изминативе две години добиваше и предлози да се врати, тој вели дека ужива во слободното време, но и во новите проекти ...
Со 22 години, 3 месеци и 17 денови, Виктор Вембањама стана најмлад добитник на наградата „најдобар дефанзивец“ во НБА лигата, но овој историски податок е уште поимпресивен поради гласањето на одговорните лица. Популарниот Вемби игра сезона од соништата и вчера влезе во самото финале за МВП изборот во НБА лигата, но пред да дојде до разврска за најважната награда, Французинот беше избран за најдобар дефанзивец. Најмладиот добитник на оваа ...
Фил Фоден го загуби статусот на стартер во последните неколку месеци и мора да се задоволи со минутажа на крајот на натпреварите, но и во таква ситуација, англискиот офанзивец останува максимално посветен и професионален во намерата да им помогне на соиграчите. Фоден влезе во завршницата на дербито со Арсенал и на големо го славеше триумфот од 2:1, но во мокменти на еуфорија во Манчестер, потсети и на една своја Инстаграм објава од пред пет ...
Минесота успеа да направи брејк и да израмни на 1:1 во серијата против фаворизираниот Денвер, откако рано утрово ја искористи својата добра игра во завршницата, но и фактот што двете најголеми ѕвезди на Нагетс беа далеку под просекот. Никола Јокиќ и Џамал Мари одиграа навистина лоша последна четвртина за свои стандарди, а тоа посебно важи за Србинот кој форсираше шут и кој промаши речиси се што испрати кон противничкиот кош. Јокиќ нанижа шест ...
Големата пресметка на „Итихад“ заврши со победа на Манчестер Сити од 2:1 и тоа донесе нов заплет во битката за титулата во Премиер лигата, трка која во оваа завршна фаза од месец април и мај ќе биде поразгорена од било кога. „Граѓаните“ го искористија својот „џокер“ и фатија последен приклучок во битката за трофејот, па со победата над Арсенал дојдоа на три бода од лидерот во ситуација кога имаат и натпревар помалку. Во идеални услови за ...
Леонардо Бонучи беше гостин на „Лауреус“ наградите кои се одржаа во Мадрид и имаше можност да се дружи со големи спортски ѕвезди од денешницата, но легендарниот стопер поради своето минато беше интересен и за медиумите. „Марка“ му украде дел од времето и му направи блиц интервју на легендарниот дефанзивец кој сега е составен дел од италијанската репрезентација во спортскиот сектор, па главна тема во овој разговор беше Реал Мадрид. Бонучи даде ...
„Лауреус“ наградите се доделија во текот на вечерта на 20-ти април во шпанската престолнина и градот Мадрид беше домаќин на свечената церемонија, на која видовме доминација на тенисот во двете најважни категории. Карлос Алкарас ја доби најпрестижната награда во машка конкуренција и беше избран за спортист на годината, додека во женска конкуренција, признанието го понесе Арина Сабаленка. „Лауреус“ гласачите уште еднаш покажаа голема ...