Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
АП Брера денеска е домаќин на Струга Трим Љум во мечот од 21. коло во Првата македонска лига, меч кој од трибините ќе го проследи едно познато тренерско име-Аврам Грант. Грант е поранешен селектор на Израел, Замбија и Гана, човек кој во кариерата го водеше Челси, но и клубови како Партизан, Вест Хем, Портсмут… Тој е во Струмица на покана на Зоран Балдовалиев, оперативецот на Брера. -Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и ...
Денес, утре и задутре се игра ново коло во англиската Премиер лига (29), но пред истото како заокружување ги имаме најдобрите единаесет на 28. рунда во изборот на поранешниот напаѓач Трој Дини. Дини за реномираниот „Би-Би-Си“ има задача да го избере најдобриот состав по секое коло, а овојпат се одлучи за формација која денеска се поретко ја гледаме на терените 4-4-2. На голот го има Пикфорд, пред него се Тимбер и Салиба од Арсенал, Брентвајт ...
Вејн Руни важи за еден од најдобрите англиски играчи во поновата историја или поточно во 21 век, ас кој остави трага во националниот тим, но и во клубовите кои настапуваше. Денеска легендарниот напаѓач се повеќе го гледаме во улога на стручен аналитичар, па и тренерската кариера која ја започна падна во втор, трет план. Како играч Руни беше дел од Евертон, Манчестер Јунајтед, Ди-Си Јунајтед, Дерби Каунти, односно не му се исполни желбата, а ...
Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз од Хетафе во меч кој донесе нервоза и на крајот беа доделени и два црвени картони. Посебно интересен беше оној на Франко Мастантуоно кој дојде директно и тоа по една препирка со главниот судија Алехандро Муњиз Руиз. Аргентинецот продолжи да зборува откако беше предупреден од Руиз и откако арбитарот го загуби трпениот го испрати асот на „кралевите“ на предвремено туширање. Познато е што Мастантуоно му кажал ...
Пред нас се неколку возбудливи месеци во кои ќе ја имаме завршната фаза во Лигата на шампионите со тоа што веќе е познато кој со кого ќе се соочи во осминафиналето, но и го имаме „костурот“ до самиот крај за тоа кој со кого може да игра, поточно се знае патот до финалето во Будимпешта. Некогашниот англиски репрезентаитвец и екс член на Ливерпул, Челси и Вест Хем, Џо Кол има свој фаворит за титулата, тим кој според него сигурно ќе го гледаме ...
Адама Траоре веќе долго време го гледаме на островот во Премиер лигата каде од почетокот на оваа година има нов клуб и тоа е Вест Хем. Досега одигра 5 натпревари, меѓутоа нема некоја позабележителна улога и засега во новиот клуб се памети по инцидентот што се случи против Челси. Шпанецот важи за навистина моќен фудбалер, човек, ама некои работи ќе мора да промени и тоа на барање на тренерот Нуно Еспирито Санто. Стратегот му забранил на ...
Реал Мадрид пред две кола се избори за првото место на табелата во Шпанија, но потоа дојдоа два неочекувани порази од Осасуна и Хетафе и сега „кралевите“ одново имаат минус четири во однос на најголемиот ривал Барселона. Се очекуваше реакција од Реал по негативниот резултат во Памплона, меѓутоа се случи обратното, екипата доживеа нов шок и тоа во својот дом на „Бернабеу“. Разочарувањето е големо, меѓутоа има уште доста да се игра, ...
Македонската кошаркарска репрезентација потешко од очекувањата славеше над Азербејџан во претквалификациите за Европското првенство. Оваа селекција ја растуривме на домашен терен со 87:49, но вчера во Баку наидовме на силен отпор и моравме да правиме пресврт во вториот дел да триумфираме со 78:70 и го задржиме перфектниот учинок во групата. -Лошо го отворивме натпреварот. Му дозволивме на противникот да постигнат многу лесни поени и да ...
Арсенал излезе како победник во дербито со Челси, средба во која на свој начин дојде до трите бода и ја сочува предноста во однос на второпласираниот Манчестер Сити. „Топчиите“ славеа со 2-1, меѓутоа во финишот се доведоа во ситуација да се бранат, спасуваат и тоа кога имаа играч повеќе на теренот што говори дека некои работи мора да се поправат затоа што и на некои други натпревари екипата се наоѓаше во слична ситуација и знаеше да остане ...
Јужна Америка секогаш знае да донесе неочекувани моменти, ситуации, потези кога е во прашање фудбалот, а токму една таква од многуте ни доаѓа од Бразил. Имено бразилскиот великан и воедно носител на титулата на најдобар клуб во овој дел од светот Фламенго одлучи да му врачи отказ на тренерот Филипе Луис откако екипата победи со 8-0. Имено Фламенго го здроби составот на Мадуреира со вкупни 11-0 во двомечот од полуфиналето од локалното ...
Шоуто на Џамал Мари во Солт Лејк Сити беше доволно за Денвер Нагетс да им се врати на победите во НБА лигата. Клубот од Колорадо се избори за славје над Јута Џез од 128:125, триумф кој беше повеќе од потребен по поразите на три од последните четири натпревари. Комплетната старна петорка на гостите беше двоцифрена, Мари беше лидер со 45 поени на кои придодаде 8 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки, Јокиќ му беше најголема поддршка со 22 ...
Манчестер Јунајтед е тимот кој е во најдобра форма во Премиер лигата откако составот го презема легендата на клубот Мајкл Карик. По отказот на Рубен Аморим и кратката епизода на Дарен Флечер, управата одлучи да го ангажира Карик до крајот на сезоната како привремено решение, но шесте победи во седумте натпревари, освоените 19 од вкупно 21 бод говорат дека стратегот направи револуција на „Олд Трафорд“. Поради ова се среќни навивачите, па дури ...
Барселона е домаќин на Атлетико Мадрид во вториот натпревар од полуфиналето на Копа Дел Реј, средба која бранителот на трофејот ќе ја започне со негатива од 4-0. Каталонците одиграа катастрофално во првото соочување и претрпеа пораз кој сега им остава минимални шанси да место во наредната фаза, но домаќините нема да се предадат без борба и ќе се обидат да направат чудо на „Камп Ноу“. -Сите знаат што нè очекува. Заостануваме четири гола и мора ...
Столе Димитриевски мораше долго да чека за да добие вистинска шанса во Валенсија, па иако истата ја дочека после повреда на свој соиграч, мора да се нагласи дека македонскиот репрезентативен чувар на мрежата донесе огромна стабилност на голот на „лилјаците“. По активирањето на Столе од 10-ти јануари наваму, Валенсија бележи далеку подобри резултати и избега од опасната зона во Ла Лига, па по послендата победа која „лилјаците“ ја остварија над ...
Арсенал е лидер во Премиер лигата и е во најдобра позиција да го освои пехарот односно да го врати истиот во своите витрини по пауза од повеќе од две децении. Меѓутоа Арсенал не е прв само во таа категорија или поточно неговите навивачи се број еден во елитната конкуренција по една негативна работа. Имено фановите на овој клуб се прогласени за најомразена навивачка база во Премиер лигата по студија направена на социјалните медиуми. ...
Мартин Сатријано зафати импресивен волеј и успеа да го матира Тибо Куртоа, а на крајот тоа се покажа како пресуден фактор во големата победа која ја оствари Хетафе, прва на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од 18 години. Малиот градски ривал ги шокираше „кралевите“ и успеа да профитира од страшната завршница на својот напаѓач, а потоа и фајтерски да се одбрани во свој препознатлив и карактеристичен стил. Хетафе не бираше средства за да стигне до ...
Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Азербејџан во четвртиот натпревар од претквалификациите за Евробскетот 2029. Не блескавме во Баку, особено лошо ја одигравме првата четвртина во која примивме дури 28 поени (28:19), но во преостанатиот дел многу подобро го контролиравме противникот и со пресврт во вториот дел се изборивме за славје од 78:70. Искусниот Стојан Ѓуроски беше еден од двајцата наши играчи кои имаа двоцифрен ...
Шкендија го совлада Пелистер со 2-1 во последниот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Меѓутоа на мечот во Тетово се евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти кои ќе бидат предмет на разгледување и постапување од страна на надлежните дисциплински органи согласно важечките прописи. Согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Прва МФЛ меѓу Шкендија и Пелистер, евидентирани се повеќе ...
Јирген Клоп повеќе од една година ја извршува функцијата на глобален фудбалски директор во конзорциумот Ред Бул, позиција која ја доби по одличните резултати и сезони на клупата на Ливерпул. Сепак, менаџментот на австрискиот гигант не е премногу задоволен од инволвирањето на Клоп во носењето клучни одлуки и размислува за крај на соработката во текот на летото. Ако претходно ова го шпекулираа австриските медиуми, сега извор е француски ...
Мартин Сатријано постигна страшен гол во првото полувреме на „Бернабеу“, а тоа беше доволно за неговиот тим Хетафе да слави на гостувањето кај Реал Мадрид (0:1). Домаќините влегоа како големи фаворити во соочувањето со градскиот ривал, но забележаа и втор пораз по ред во Ла Лига, оставајќи простор за Барселона да го зголеми водството на врвот на табелата. Сатријано успеа на атрактивен начин со неодбранлив волеј удар да го совлада Куртоа во ...
Тод Боли и неговите партнери веќе неколку години менаџираат со Челси, а како косопственик има одговорност и за трансфер политиката и финансиските резултати на клубот. Во едно гостување на конференција, американскиот бизнисмен признал дека Челси платил голема сума за Марк Кукурелја само затоа што во тие моменти Манчестер Сити бил сериозно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец. – Да повлечеш правилни потези уште од почетокот е тешко и ...
Јована Мицовска и Викторија Јовановска од „Макпетрол“ освоија бронзи на Балканското првенство за сениори во Бања Лука. Каратистките на скопскиот клуб ги освоија единствените одличја за Македонија на натпреварувањето. За македонската репрезентација од сениорскиот тим на „Макпетрол“ на регионалниот шампионат настапија шест спортисти. Две бронзени медали се освоени во поединечните настапи, и два медали во екипниот дел. На Балканското првенство ...
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Хетафе донесе еден гол, но и еден контроверзен момент во првото полувреме. Гостите поведоа со атрактивниот гол на Сатријано во 39. минута, но фановите на Хетафе и голем дел од шпанската јавност сметаат дека Антонио Ридигер требало да биде исклучен поради еден неспортски потег. Во еден дуел, германскиот дефанзивец нокаутираше противнички играч (Диего Рико) со удар со колено, но не само што ситуацијата не беше ...
Бундеслигашот РБ Лајпциг е познат по својата успешна и профитабилна стратегија, во која успешно скаутира и ангажира талентирани играчи, а потоа ги продава за многу поголема сума од инвестираната. Германскиот тим и во моментов има неколку играчи за кои се интересираат поголемите европски клубови, но ќе треба да одвојат сериозни суми ако сакаат да ги добијат во своите редови. Медиумите посебно го посочуваат примерот со Јан Диоманде, фудбалерот ...
Даниел Фарке беше лут на судиите поради краткото време за надополнување во второто полувреме на дуелот со Манчестер Сити, а незадоволството го чинеше црвен картон. Харизматичниот менаџер на Лидс во свој стил денеска дури десет минути образложил што се случило по крајот на дуелот на „Иланд Роуд“ и зошто се чувствува посрамено од своето однесување. – Истрчав до судиите, не им кажав ниту еден лош збор, немаше пцовки или нешто слично. – Само ...
Болоња успеа да постигне гол во 90. минута и тоа беше доволно за гостинска победа кај Пиза. Гостите им се вратија на победите во домашното првенство и веќе врзаа три успеси, а денеска стигнаа до трите бода на средбата со екипа која има се помалку шанси да избори опстанок во Серија А. Пиза се држеше до последната минута од регуларното време, кога Јенд Одгард успеа да си обезбеди простор за удар и на атрактивен начин го совлада немоќниот ...
Арсенал постигна два гола по изведен корнер на дербито со Челси, а прекините и посебно корнерите се многу честа солуција за посакувана реализација за избраниците на Микел Артета. „Топчиите“ остануваат на првото место на премиерлигашката табела, но дел од јавноста коментира негативно поради фактот што екипата на Артета веќе постигна 16 голови од корнер и го израмни рекордот во оваа категорија. Легендарниот голман Питер Шмајхел е последниот ...
Реал Мадрид потврди дека Килијан Мбапе бил на дополнителен преглед во Франција, каде што бил потврден неговиот проблем на коленото на левата нога. Напаѓачот во моментов не е во комбинација за настап за својата екипа бидејќи чувствувал болки во коленото, а и Реал не сака да ризикува со својот најдобар и најефикасен фудбалер оваа сезона. – Во договор со клубот и во присуство на претставници на лекарскиот тим на Реал, направени се дополнителни ...
Шкендија се соочи со сериозен отпор во дуелот со Пелистер, но успеа да победи и да намали дел од негативата зад првопласираниот Вардар. Битолскиот состав денеска успеа да поведе уште во 7. минута со голот на Спировски, но Шкендија брзо се врати од почетниот шок и ја презема иницијативата. Ибраими во 21. минута успеа да израмни и брзо го врати натпреварот на почеток, а истиот фудбалер го комплетираше пресвртот во второто полувреме. Искусниот ...
Македонската кошаркарска репрезентација оствари уште една победа во претквалификациите за Европското првенство, а денеска нашите најдобри кошаркари славеа (70:78) на гостувањето кај Азербејџан. Натпреварот во Баку не започна најдобро за избраниците на селекторот Берокал, Азербејџан по првиот период имаше плус девет, а во пред крајот на полувремето стигна и до предност од 18 поени. Пред паузата Македонија успеа да го подобри впечатокот, а во ...