Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Жарко Пешевски останува важен фактор во играта на македонската ракометна репрезентација, а како пикер кој често знае да ги разбива противничките одбрани, знае дека ќе биде важна играта во двата правци на натпреварот против Романија. Македонија има императив да оствари победа после вчерашното реми со Португалија во Хернинг, но иако на хартија влегуваме како фаворити, самите играчи се ...
Португалската ракометна репрезентација не успеа да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Македонија, па селекторот Пауло Переира и неговите избраници ќе треба да го потврдуваат евентуалниот пласман во следната фаза во рамките на последното коло од групата во Хернинг. Португалците ќе се соочат со моќната Данска, која со две убедливи победи веќе обезбеди втора фаза, а ќе бидат фокусирани и на резултатот од дуелот меѓу Македонија и ...
Барселона втора година по ред нема да го памети по добро гостувањето во Сан Себастијан, бидејќи и оваа сезона претрпе пораз од Реал Сосиедад на теренот кој се покажува како неосвоив и за Ханси Флик. Германскиот стручњак загуби одново и на второто гостување на „Реале арена“, но за да биде уште почудно, тоа се случи во доста сомнителни услови како и минатата сезона. Играчите на Барселона мораа да гледаат како им се поништени три голови поради ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Ремито против Португалија кое го остваривме во Хернинг има уште поголемо значење ако се знае дека тоа го направивме без класично лево крило, па во ситуација кога работите изгледаат доста комплицирани на оваа позиција, селекторот Кирил Лазаров ја активираше првата замена. На брифингот со македонските новинари кои го одржа рано утрово, Лазаров посочи дека Петар Атанасијевиќ речиси ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Португалија се изгуби во драматичната завршница со Македонија и ризикуваше да претрпи пораз и покрај тоа што доби двоен напад кој траеше повеќе од 90 секунди, но слободно може да се каже дека пресуден момент за ремито со резултат 29:29 можеби беше и моментот кој е случи на три ипол минути пред крајот. Игор Ѓоргиев во улога на лево крило доби удар од Фраде кога се обидуваше да израмни ...
Кевин Дурант беше главна фигура во сите тимови чии бои ги бранеше во својата НБА кариерата, а така е и сега во Хјустон каде има одврзани раце за креирање добри ситуации во нападот. Кошаркарскиот ветеран полека влегува во завршните сезони од НБА кариерата, но сега на 37-годишна возраст стигна до учинок кој го вбројува во топ 6 најдобри стрелци на сите времиња. Со одличниот учинок кој го имаше рано утрово во победата на Хјустон, Дурант успеа да ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Селекторот Кирил Лазаров мораше да експриментира во вториот дел кога остана без две леви крила во тимот, па така во некои ситуации го гледавме и Игор Ѓоргиев како играч на крилната позиција. Средниот бек на Алкалоид се стави на располагање на репрезентацијта и заедно со Павле Атанасијевиќ ја покриваа левата крилна позиција, а со тоа двајцата ракометари ставија до знаење дека се ...
Никлас Филкруг се претвори за спасител на Милан на уште еден натпревар на кој „росонерите“ имаат проблеми против тим кој жестоко се брани во својата половина, но за разлика од други ситуации, овојпат тимот на Макс Алегри реагираше навреме и постигна гол со кој го скрши отпорот. Погодокот на германскиот фудбалер во 76-та минута донесе минимална предност од 1:0, а во натпревар во кој напаѓаше само еден тим, беше јасно дека тоа ќе биде доволно и ...
Едуард Менди беше еден од клучните актери во невидената драма која ја гледавме во финалето на Африканскиот Куп на нации, бидејќи голманот на Сенегал одигра одлучувачка улога во завршната акција од мечот во регуларниот дел. Откако Садио Мане реши да делува рационално и да ги врати своите соиграчи на теренот по досудениот пенал за Мароко во 98-та минута, Брахим Дијаз доби шанса да донесе историска титула за домашната селекција по пауза од 50 ...
Барселона втора сезона по ред загуби на „Реале арена“ кај Реал Сосиедад, но и втора година по ред тоа се случува во доста сомнителни услови и со одлуки кои ги ставија судиите во прв план. Првото полувреме во Сан Себастијан понуди три поништени гола на гостите и поништен пенал кој беше досуден од Хил Мансано, а бидејќи во една од трите ситуации за офсајд буквално се мереа милиметри, гостите од Каталонија останаа фрустрирани од целата ...
Филип Кузмановски испиша историја и стана првиот македонски ракометар кој постигнал 15 голови на еден натпревар на Европско првенство, учинок кој беше клучен во кам-бекот на нашата селекција во обидот да оствари поволен резултат против Португалија. Капитенот беше лидер на тимот кој не се откажа и кој на крајот освои бод против фаворизираната Португалија, па иако селекторот Кирил Лазаров остана горд на изданието на секој играч кој истрча на ...
Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер на одличен начин го отвори вториот дел од сезоната во дресот на Тун во првата швајцарска лига. Напаѓачот одигра клучна улога во победата на лидерот на гостувањето во Цирих кај Грасхопер од 3-1. Инаку Грасхопер е поранешен клуб на Елмин кој како да беше дополнително мотивиран и учествуваше во сите три акции за погодоците на ова соочување, двапати ја имаше улогата на асистент, а на стартот на дуелот ...
Екипата на Пелистер потврди уште едно засилување за продолжението од сезоната, засилување на средината на теренот кое доаѓа од Србија. Нов член на „зелено-белите“ e 22-годишниот Лука Милојевиќ кој првиот дел од тековнава кампања го мина во Вршац на позајмица од Раднички Крагујевац. Одигра вкупно 19 натпревари во првенството и Купот и забележа 1 асистенција. Ова за него е прво искуство надвор од границите на неговата земја. Претходно клубот ...
Музичкиот избор на хрватската ракометна репрезентација за Европското првенство предизвикал скандал во Шведска, па Европската ракометна федерација морала да се инволвира и да пресече во спорната ситуација. Хрватите избрале да ги прославуваат головите со песна од контроверзниот Томпсон, тоа и се случи на првиот натпревар со Грузија, но по реакција на дел од навивачите во арената во Малме, ситуацијата се префрлила кај одговорните во ЕХФ. ...
Барселона во минатото имаше многу проблеми кога гостуваше во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, а иако го поправи тој процент во последните неколку години, сега баскијците дојдоа до втора победа во низа на домашен терен. „Реале арената“ беше неосовива за Ханси Флик и во неговата прва сезона како тренер на Барселона и тогаш претрпе пораз од 1:0, но денеска иако се чинеше дека неговиот тим ќе реагира по идентична негатива, сепак последниот збор ...
Големото финале на Африканскиот куп на нации донесе неверојатна и невидена драма во ова натпреварување, не само поради чудните одлуки на главниот судија во дополнителното време после регуларниот дел, туку и поради реакциите на неколку играчи од домашниот и гостинскиот табор. Мароко како домаќин на турнирот доби шанса да изведе пенал во 98-та минута поради едно влечење во шеснаесетникот на Сенегал, а бидејќи пет минути претходно поништи гол за ...
Данска продолжува да демонстрира моќен и шампионски ракомет во Хернинг, па така оваа вечер продолжи да остварува убедливи победи, овојпат над селекцијата на Романија. По триумфот над нашата селекција со 12 голови разлика, актуелниот светски и олимписки шампион ја наполни и мрежата на Романија, а сите ние се надеваме дека во ист ритам ќе продолжи и со Португалија за два дена. Романците немаа што да бараат во пресметката со фаворизираните Данци ...
Милан повторно се мачеше против тим кој се бранеше со два реда во својата половина на „Сан Сиро“, но за разлика од некои други непријатни епизоди кога се губеа бодови, избраниците на Масимилијано Алегри вечерва успеаја да пронајдат решение за Лече. Гостите дојдоа со намера да се бранат и да ги оддржат почетните 0:0 до самиот финиш, но тоа денеска им успеваше до 76-та минута, кога на вистинско место и во вистинско време се појави Филкруг. ...
Португалија влезе како фаворит во дуелот со Македонија и на стартот на вториот дел се доби впечаток дека тимот на Пауло Переира се одлепува на семафорот, но при преднсот од пет голови разлика, неговите избраници не го искористија малиот пад во концентрацијата на нашиот тим и во финишот се влезе во луда завршница. Добро постваената македонска одбрана ги изнуди Португалците да направат голем број технички грешки во текот на натпреварот, а ...
Завршницата на финалето меѓу Мароко и Сенегал на Африканскиот куп на нации понуди неверојатен циркус во режија на неколку актери, започнувајќи од судијата Ндала, па се до неколку фудбалери на гостинската селекција. Главниот арбитар најпрво поништи гол на Сенегал во 93-та минута и почна да ги разгневува фудбалерите во зелени дресови, но дополнителна драма следеше три минути подоцна, кога Брахим беше соборен во шеснаесетникот на гостите. По ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Кирил Лазаров мораше да измислува „топла вода“ и да форсира играчи на неприродни позиции во второто полувреме поради три пеха кои ги доби во краток временски интервал, но и покра сите потешкотии, македонскиот селектор успеа да пронајде решение за кам-бек и позитивен резултат против Португалија (29:29) Македонскиот национален тим се врати од „минус пет“ и покажа неверојатен карактер во ...
Рома продолжи да победува против екипите кои не се борат за горниот дел од табелата во Серија А, па со денешниот триумф на гостувањето во Торино, „волчицата“ се врати во топ четири. Тимот на Џан Пјеро Гасперини на најдобар можен начин го искористи вчерашниот голем кикс на Јувентус, а победата од 0:2 во Торино беше уште послатка поради импресивното деби на Дониел Мален. Големото зимско засилување доби шанса уште на првиот меч од тренерот ...
Македонската ракометна репрезентација освои бод во дуелот со фаворизираната Португалија, но останува и горчлив вкус во ремито со резултат 29:29, од едноставна причина што нашите ракометари пропуштија голема шанса за последен напад за победа. Босанските судии Дино и Амар Коњичанин им оставија долг напад на Португалците кој траеше речиси една минута, а на крајот истиот се претвори и во двоен напад поради импресивната реакција на Мартин ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Македонија одигра возбудливо реми против фаворизираната Португалија на Европското првенство во ракомет, а конечните 29:29 ја оставаат нашата селекција во игра за втората фаза до последниот натпреварувачки ден од првата рунда. Избраниците на Кирил Лазаров покажаа карактер како ретко кога на големите натпреварувања, па наместо да паднат и целосно да се изгубат, денеска се вратија од ...
Португалија влезе како голем фаворит во дуелот со Македонија на Европското ракометно првенство и очекуваше дека со сигурна победа ќе си обезбеди пласман во следната рунда на шампионатот. Но, нашата репрезентација имаше простор да го покаже својот квалитет на теренот во Хернинг и со херојски кам-бек успеа да се избори за реми, кое значи задржување на шансите за пласман во втората фаза. Португалските медиуми не го кријат разочарувањето и велат ...
Македонија успеа да ги преброди сите проблеми со повреди и исклучувањето на искусниот дефанзивец Маркоски, па во интензивен и драматичен финиш, успеа да освои бод против фаворизираната Португалија која влезе во Европското првенство како полуфиналист на Светското првенство. Во едни френетични 60 минути во кои имаше и подеми и падови, селекторот Лазаров успеа да најде решенија и во ситуација кога остана без прирордно лево крило поради повреди, ...
Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и мотивирано против силната Португалија и со ремито во Хернинг останува во игра за пласман во следната рунда на Европското првенство. Филип Кузмановски беше вистински лидер на теренот и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот, а во својата прва изјава не го криеше воодушевувањето од начинот на кој целата екипа играше во текот на целиот натпревар и го освои големиот бод. – Тешко е да ...
Македонската ракометна репрезентација покажа дека може да се носи со амбициозна селекција каква што е Португалија, а на крајот ни недостасуваше и спортска среќа во намерата да направиме и изненадување и да стигнеме до голема победа (29:29). Избраниците на Кирил Лазаров извонредно одговорија на тактичките барања кои ги имаше селекторот, па откако се вратија од „минус пет“, се доведоа во ситуација да размислуваат и на победа по две брилијантни ...
Астон Вила пропушти голема шанса да избие на второто место во Премиер лигата и да биде првиот тим зад Арсенал, откако вечерва претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Евертон. Гостите од Ливерпул од самиот старт дојдоа со намера да ја расипуваат забавата на „Вила парк“, па откако го погодија дирекот, најавија дека се зрели за три бода и покрај тоа што станува збор за тешко гостување. Храбрата игра од тимот на Дејвид Мојс предизвика и мала ...
Карлос Алкарас како светски рекет број еден доби шанса да го затвори првиот натпреварувачки ден на Аустралијан Опен, и тоа против домашниот тенисер Адам Волтон. Шпанскиот тенисер успеа мирно да го преброди првиот тест и без загубен сет се пласираше во втората рунда, но од сите три одиграни сета, највозбудлив беше вториот. Домашниот миленик успеа да го предизвика Карлито и да се избори за тајбрејк, но пред да дојде до тоа, изнуди и неверојатна ...