Рома наскоро официјално ќе го потврди новото засилување на бековските позиции, бидејќи вечерва во Рим пристигнал Нахуел Молина. Аргентинскиот репрезентативец досега настапуваше за Атлетико Мадрид, но решил да ја прифати понудата на „волчицата“ и да се врати во Италија, каде и се наметна со своите одлични игри. Стотина фанови на Рома вечерва го пречекале Молина на еден од римските аеродроми, а по лекарските прегледи, тој ќе биде потврден како ...
Џан Пјеро Гасперини изврши притисок врз управата на Рома и побара засилување по неуспешната турнеја која ја имаше тимот на пресезонските подготовки во Англија, па откако пристигна информација дека е договорен Луис Енрике од Интер, денеска пристигна официјална потврда и за трансферот кој се „крчкаше“ неколку недели. Искусниот италијански стручњак ќе добие квалитетно засилување во одбраната во вид на актуелен светски вицешампион и шампион од ...
Калчолигашот Рома официјално го потврди ангажманот на Нахуел Молина, кој во италијанскиот клуб пристигнува од Атлетико Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец зад себе има четири сезони во дресот на мадридскиот клуб, а претходно настапуваше и за Удинезе. Во европскиот фудбал досега запиша 249 настапи и 19 голови. Молина има 28 години и е стандарден репрезентативец на Аргентина, за која досега одигра 65 натпревари. Со националниот тим ги освои ...
Интер имаше зацртано неколку трансфер потези во овој преоден рок, а еден од нив е и обезбедување квалитетна замена за Дензел Дамфрис. Откако го одобри неговиот трансфер во Реал Мадрид, италијанскиот шампион долго беше во потрага по вистинска солуција, а на крајот очигледно се реши за Џад Спенс. Досегашниот фудбалер на Тотенхем деновиве ќе пристигне во Милано, каде по реализираните медицински прегледи ќе потпише за Интер и ќе биде уште едно ...

